TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДОМ ги претстави своите носители на листи

А1 - 03.06.2006

Под мотото „Да се остане човек“, ДОМ ги претстави носителите листите и кандидатите за пратеници. Во изборната единица еден, носител на листата е Лилјана Поповска, во двојката Љупчо Николовски-Фуфо, во тројката Ванчо Цанев, четворката Јордан Трајков, во петката Пеце Цветановски, во шестката Зорица ...

Александар Македонски и Гоце Делчев во поход за Скопје

Време - 03.06.2006

ИСТОРИСКИ ИМИЊА НА КАНДИДАТСКИТЕ ЛИСТИ Александра М. Митевска Александар Македонски и Гоце Делчев на овие избори ќе се борат за довербата на граѓаните, рамо до рамо со лидерите на најекспонираните партии на политичката сцена.

Пионери и ветерани на изборниот терен

Време - 02.06.2006

СЕКОЈ РЕГИОН СО СВОЈА КОНКУРЕНЦИЈА Александра М. Митевска Интересни дуели се очекуваат на изборите во шесте изборни единици, бидејќи за носители на листи се кандидирани и партиски ветерани и луѓе кои се истакнати во своите средини или професии, но се уште не се докажани во политиката.

Во „шестката“ копја ќе кршат Џафери и Ахмети

Време - 02.06.2006

АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ ГИ ПРЕТСТАВИЈА КАНДИДАТИТЕ ДПА и ДУИ, двете партии што ќе ја водат главната битка за гласовите на Албанците, завчеравечер ги претставија носителите на кандидатските листи. Најинтересно ќе биде во шестата изборна единица, каде што копјата ќе ги кршат лутите ривали Арбен Џафери и ...

Груевски во „единицата“ ќе трча „со крупни чекори“

Време - 02.06.2006

ВМРО-ДПМНЕ НА КОНВЕНЦИЈА ГИ ПРЕТСТАВИ КАНДИДАТИТЕ Под слоганот „Македонија има сила за крупни чекори“ ВМРО-ДПМНЕ завчера на конвенција во Универзалната сала во Скопје ги претстави носителите на листите и кандидатите за пратеници за претстојните избори.

ДУИ предлага десет Македонци во „единицата“

Утрински - 02.06.2006

КУРИОЗИТЕТИ Демократската унија за интеграција во коалиција со Партијата за демократски просперитет, на листата од дваесет пратенички кандидати во Скопскиот регион, предлага десет Македонци. Во Шестата изборна единица, која е добитна комбинација за албанскиот политички блок, поранешниот министер за ...

ДА излезе со промоција на изборните листи

А1 - 01.06.2006

Првиот човек на ДА, Васил Тупурковски, денеска излезе со промоција на изборните листи. Носители ќе ...

Ќе се избира од131 листа со 2.620 имиња

Време - 01.06.2006

КАНДИДАТУРИТЕ СТАСАА ВО ДИК Граѓаните на овие избори ќе можат да гласаат за вкупно 131 кандидатска листа со по 20 кандидати распоредени во шесте изборни единици. Доколку ДИК ги потврди сите кандидатури, на изборите ќе настапат 31 политички субјект и две независни листи - во Кавадарци и во Битола, ...

Во трка за пратеници ќе учествуваат 2.620 кандидати

Утрински - 01.06.2006

Подносители на листи се 25 партии, шест коалиции и двајца независни кандидати На атрактивната пратеничка фотелја атакуваат 2.620 кандидати распоредени на 134 листи во шест изборни единици. Со свои претенденти за петтиот парламент се тркаат 33 подносители, од кои 25 се политички партии, шест ...

ДПА на избори со контроверзни команданти

Утрински - 01.06.2006

ДУИ и ДПА за изборите се откажаа од повеќето досегашни министри и пратеници БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Раководствата на ДУИ и ДПА се одлучија за длабоки резови на листите со кандидати за пратеници на претстојните парламентарни избори.

За 120 места во трка 2.620 кандидати

Дневник - 01.06.2006

До Државната изборна комисија до прексиноќа на полноќ, кога истече рокот за пријавување, биле доставени 131 изборна листа од 31 партија и две од група гласачи До Државната изборна комисија до прексиноќа на полноќ, кога истече рокот за пријавување, биле доставени 131 изборна листа од 31 партија и ...

Марјановиќ носител во „двојката“

Дневник - 01.06.2006

Претседателот на Лигата за демократија, Ѓорѓи Марјановиќ, ќе биде носител на кандидатската листа во Втората изборна единица Претседателот на Лигата за демократија, Ѓорѓи Марјановиќ, ќе биде носител на кандидатската листа во Втората изборна единица, додека во „единицата“ на чело на листата ќе биде ...

2620 желни за 120 фотелји

Вечер Прес - 01.06.2006

Вкупно 2620 кандидати ќе се борат за 120 пратенички листи. Во предвидениот рок до ДИК се поднесени листи од 31 политичка партија или коалиции и 2 листи на независни кандидати. Последната листа на кандидати на Социјалдемократската партија на Македонија била поднесена во 23 часот и 56 минути, на само ...

Опозицијата се претстави

Вечер Прес - 01.06.2006

Со минимални измени во распоредот на кандидатите, ВМРО-ДПМНЕ вчера и официјално ги претстави изборните листи на здружената опозиција. На листите во првата, четвртата и петтата изборна единица до десетото место нема никакави измени.

Лигата за демократија ги објави носителите на кандидатски листи

А1 - 31.05.2006

Лигата за демократија денеска соопшти дека на претстојните парламентарни избори ќе настапува самостојно во пет изборни единици. Носители на кандидатските листи се: На листите, 57% се мажи, 43% се жени, а 20% ги сочинуваат млади луѓе до 30 години.

Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

А1 - 31.05.2006

Во Универзалната сала во Скопје започна конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на која е предвидено да се промовираат листите и носителите на листите на оваа партија за претстојните избори, односно ќе ги промовираат кандидатите за пратеници за следниот парламентарен состав.

ВМРО-Народна и НСДП ги објавија носителите на пратеничките листи

Вест - 31.05.2006

Новата социјалдемократска партија на Тито Петковски и ВМРО-Народна вчера ги промовираа кандидатските листи за парламентарните избори. Лидерот на новите социјал-демократи Тито Петковски е носител на листата во првата изборна единица, а по него следуваат Горан Мисовски и Лилјана Штерјоска.

Изборот на кандидатите е право на Груевски

Време - 31.05.2006

ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ Најверојатно сметале дека нема зошто да ме консултираат, вели Ганка Самоиловска-Цветанова, поранешна потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, откако нејзиното име не се најде на ниту една од кандидатските листи за пратеници на оваа партија. - Излегов од партиските тела.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си бараат грешки по листите

Време - 31.05.2006

ОТКАКО ГИ ОБЈАВИЈА КАНДИДАТИТЕ Кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ не заслужуваат коментар, ама загрижени сме што на нив се најде и Благородна Дулиќ, поранешната потпретседателка на ДИК. Вака вчера реагираше СДСМ, откако нивните противници ги соопштија имињата на кандидатите во добитните комбинации ...

Лидерите и се навртеа на првата изборна единица

Време - 31.05.2006

КАНДИДАТСКИТЕ ЛИСТИ СТАСАА ДО ДИК Александра М. Митевска Само три партии - ПЕО, ДРУМ и ТМРО до вчера попладне ги доставиле кандидатските листи за пратеници до ДИК. Другите чекаа до последен момент, бидејќи рокот за доставување на кандидатурите истече на полноќ.

ВМРО-ДПМНЕ и го враќа долгот на Дулиќ

Утрински - 31.05.2006

Обвинување Социјалдемократите вчера реагираа поради кандидатурата на Благородна Дулиќ, која е номинирана на трето место на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Втората изборна единица. "Не можеме да останеме имуни за коментар за кандидатурата на Дулиќ, која заедно со Трајко Велјановски, е добро запаметена по ...

Расколите донесоа нови носители кај големите партии

Утрински - 31.05.2006

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори ќе излезат со драстично променет лик БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Подмладување, распределба на функциите, силна конкуренција и внатрепартиски раздори. Овие четири фактори беа одлучувачки двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на претстојните ...

ДИК го чешла минатото на сите пратенички кандидати

Утрински - 31.05.2006

Партиските, коалициските и независните пратенички кандидати мора да имаат беспрекорно чисто казнено минато за да добијат виза на листите. Во спротивно, ќе бидат исфрлени од изборниот натпревар. Државната изборна комисија однапред се осигурува дали некој претендент за иден член на парламентот ...

Жените бараат да се отфрлат листите со помалку дами

Утрински - 31.05.2006

Припадничките на понежниот пол ќе ги казнат партиите кои нема да го почитуваат Изборниот законик Жените бараат од Државната изборна комисија да ги отфрли кандидатските листи на партиите на кои тие нема да се најдат на секое трето место, со што ќе го прекршат Изборниот законик.

Запознајте ја изборната единица!

Дневник - 31.05.2006

Што ли ќе им кажат на земјоделците, политичарите, кои во животот повеќе престојувале во Брисел и во Вашингтон отколку во македонските градови и села? Како ќе ги убедат дека ќе ги штитат нивните интереси, кога обработена нива или живинарска фарма виделе само на телевизија? По обелоденувањето на ...

Ахмети и Џафери во директен судир

Дневник - 31.05.2006

Лидерите на владејачката ДУИ и на опозициската ДПА, Али Ахмети и Арбен Џафери, ќе ги предводат партиските листи на своите партии во шестата изборна единица. Пратеничката Теута Арифи ќе биде втора, а лидерот на ПДП Абдулади Вејсели трет на партиската листа на коалицијата ДУИ-ПДП за оваа изборна ...

Лидерско дерби во „единицата“ женски дуел во „четворката“

Дневник - 31.05.2006

Синоќа на полноќ истече рокот за доставување на партиските листи за шесте изборни региони. Иако за носителите, распоредот беше одамна познат речиси за сите партии, под притисок на незадоволните општински комитети и на партиските лоби-групи, листите се прекројуваа до последен момент.

До ДИК доставени 131 кандидатска листа

Канал5 - 31.05.2006

Вкупно 2.620 кандидати ќе се тркаат за 120 те пратенички места во македонскиот парламент. Триесет и една партија и две независни листи доставија синоќа на полноќ 131 изборна листа во Државната изборна комисија. Вкупно 2.620 кандидати ќе се тркаат за 120 те пратенички места во македонскиот парламент.

Груевски на конвенција ги промовира 120-те кандидати за пратеници

Канал5 - 31.05.2006

Под слоганот „Македонија има сила“- Вечерва на конвенција опозиционата коалиција „За подобра Македонија“ ги промовираше носителите на листи за пратеници - економска слобода вети претседателот на ВМРО ДПМНЕ Груевски, завршување на транзицијата и работа за невработените.

НСДП ги промовира листите со кандидати за пратеници

А1 - 30.05.2006

Новата социјалдемократска партија денеска ги промовира листите со кандидати за пратеници за претстојните парламентарни избори што биле утврдени на синоќешната седница на Централниот одбор. Носител на листата во првата изборна единица е Тито Петковски, а по него следуваат Горан Мисовски и Лилјана ...

ВМРО-НП ги објави кандидатските листи

А1 - 30.05.2006

ВМРО - Народна партија денеска ги објави првите пет кандидати за избор на пратеници во шесте изборни единици на претстојните парламентарни избори. Носител на кандидатската листа во првата изборна единица е Ѓорги Оровчанец , актуелен пратеник во Собранието и професор на Медицинскиот факултет, а ...

Носителите договорени, конечните листи денеска

Време - 30.05.2006

ВМРО-НП Љубчо Георгиевски, неформален лидер на ВМРО-НП, е носител на кандидатската листа за пратеници во петтата изборна единица. Прва на листата во скопско-кумановската изборна единица е Весна Јаневска. Листата во тројката ја предводи Марјан Додовски, во четворката Ден Дончев, а во шестката Ѓорѓи ...

Поповска носител во единицата, Фуфо во двојката

Време - 30.05.2006

КАНДИДАТСКИ ЛИСТИ НА ДОМ Лилјана Поповска, претседателка на Демократската обнова на Македонија, е носителка на кандидатската листа за пратеници во првата изборна единица. Угостителот Љупчо Николовски - Фуфо ќе ја предводи кандидатската листа во втората, скопско-кумановска изборна единица, објави ...

ВМРО-ДПМНЕ ги скрои пратеничките листи

Вест - 30.05.2006

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е носител на кандидатската листа за пратеници на коалицијата "За подобра Македонија" во првата изборна единица, потпретседателот на партијата Трајко Славевски на двојката, Владимир Ѓорчев на тројката, Силвана Бонева на четвртата единица, на петтата Љубиша Георгиевски и на ...

Сите луѓе на Бранко на листата на Бучко

Вест - 30.05.2006

ПРЕМИЕРОТ СИ ЛЕГНА НА БРАШНОТО Претседателот Бранко Црвенковски успеа да вдоми десетина свои луѓе на листите на СДСМ за пратеници, кои можат да се надеваат да влезат во Парламентот Претседателот Бранко Црвенковски ги вдоми сите свои луѓе што ги остави во СДСМ откако го напушти лидерското место во ...

Извисија Ганка Самоиловска и Сашко Кедев

Време - 30.05.2006

ВМРО-ДПМНЕ ГИ ОБЈАВИ КАНДИДАТСКИТЕ ЛИСТИ Никола Груевски, Трајко Славевски, Владимир Ѓорчев, Силвана Бонева, Љубиша Георгиевски и Антонио Милошоски се носители на листите за пратеници што ВМРО-ДПМНЕ ги предложи во шесте изборни единици.

Лидерски, дипломатски и портпаролски пресметки во изборните региони

Утрински - 30.05.2006

На помалку од 24 часа до последниот рок, познати се главните партиски фаворити за изборите Партиите, конечно, ги отворија картите со објавувањето на имињата на носителите на листите и на другите кандидати за пратеници на претстојните парламентарни избори.

Фуфо против Пенов во двојката

Дневник - 30.05.2006

Демократска обнова за Македонија (ДОМ) на парламентарните избори ќе настапи самостојно, освен во „шестката“, каде што ќе настапи со опозициската коалиција „За подобра Македонија“. Носител во првата изборна единица е претседателката на партијата, Лилјана Поповска, прв во „двојката“ е угостителот ...

Груевски и Андов рамо до рамо во „единицата“

Дневник - 30.05.2006

Ганка Самоиловска-Цветанова, Сашко Кедев, Ефтим Манев, Петар Наумовски и Ѓорги Паљошковски се изоставени од листите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и Стојан Андов, партиски лидери на ВМРО-ДПМНЕ и на ЛП, ќе ја предводат листата на здружената опозиција во првата изборна единица што го опфаќа градот ...

ДУИ и ДПА тактизираат до последен миг,

Дневник - 30.05.2006

Во политичкиот блок на Албанците се' уште тактизираат и официјално не ги откриваат носителите на листите Во политичкиот блок на Албанците се' уште тактизираат и официјално не ги откриваат носителите на листите. ДПА вечерва во Скопје ќе одржи конвенција на која ќе ги претстави своите кандидати за ...

Партиите ги открија адутите за изборите

Дневник - 30.05.2006

Најжестоката битка на претстојните парламентарни избори ќе се води во првата скопска изборна единица, каде како носители на листите, ќе се судрат лидерите на владејачката коалиција и на здружената опозиција Владо Бучковски и Никола Груевски Најжестоката битка на претстојните парламентарни избори ќе ...

Изборните листи поминаа глатко

Вечер Прес - 30.05.2006

Без несогласување и со акламација поминало составувањето на изборните листи на здружената опозиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. "Кај нас немаше "тепачка" за место на изборните листи, бидејќи одиме на победа на парламентарните избори", изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по завчерашниот ...

Лиле во единица, Фуфо во двојка

Вечер Прес - 30.05.2006

Лилјана Поповска ќе биде носител во првата, скопска изборна единица од новоформираната партија Демократска обнова на Македонија. Како прв на листата во втората изборна единица ДОМ го промовираше Љупчо Николовски-Фуфо, кој е задоволен што повторно ќе ги одмери силите со Ристо Пенов, кој се јавува ...

Се степаа, ама меѓу себе

Вечер Прес - 30.05.2006

Многумина лути и разочарани функционери е исходот од првичните пратенич ки листи кои врвот на СДСМ ги состави по безбројни консултации и пазарења викендов во Куманово. Според партиски извори, листите се кроеле до доцна вечер во неделата, во крајно напната атмосфера, на неколку претседателства и ...

СДСМ ги утврди кандидатските листи за пратеници

А1 - 29.05.2006

Социјалдемократскиот сојуз на синоќешната конвенција во Куманово ги утврди кандидатските листи за пратеници во шесте изборни единици за претстојните парламентарни избори. СДСМ на синоќешната конвенција, како што изјави портпаролот на Изборниот штаб Дејан Мицковиќ, ја усвои и изборната програма 3Е - ...

Албанскиот блок тактизира со носителите на изборни листи

А1 - 29.05.2006

Партиите од албанскиот блок се уште тактизираат. Се плашат први да излезат со имињата на носителите на листи на кандидатите за пратеници. Од ДПА ништо не открија на денешната промоција на новиот Инфо центар подготвен специјално за изборите.

Партиите ги дефинираат своите изборни листи

А1 - 29.05.2006

Скопје ќе биде изборната единица во која ќе се види кој од лидерите е најсилен: Бучковски, Груевски, Оровчанец, Рамковски, Поповска, најверојатно и Петковски. И во двојката, Куманово, има двајца лидери. ЛДП: Ристо Пенов, Народна: Весна Јаневска, вториот човек од ДПМНЕ, Трајко Славевски, двајца ...

На проверка независна листа од Изборната единица 5

Утрински - 29.05.2006

ДИК Државната изборна комисија на вчерашната седница го разгледа Предлог-решението за потврдување на листата кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија во Изборната единица 5, поднесена од група избирачи.

Коалицијата „За“ мачно ги скрои листите

Утрински - 29.05.2006

ЛДП имаат шест „добитни“ места на заедничките листи од коалицијата „За Македонија заедно“ ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Владејачките социјалдемократи на викендот во тензична атмосфера ги кроеја изборните листи. Врвот на партијата два дена се обидуваше да ја најде волшебната формула за компромисно решение со ...

Конвенција на СДСМ - утврдени листите на кандидати за пратеници

Канал5 - 29.05.2006

Социјалдемократскиот сојуз на синоќешната конвенција во Куманово ги утврди кандидатските листи за пратеници во шесте изборни единици за претстојните парламентарни избори Куманово, 30 мај (МИА) - Социјалдемократскиот сојуз на синоќешната конвенција во Куманово ги утврди кандидатските листи за ...

Познати листите на двете најголеми партии – владејачката СДСМ и опозициската ВМРО ДПМНЕ

Канал5 - 29.05.2006

Груевски во најголема тајност во Скопје- Бучковски на отворена сцена во Куманово– ги скроија листите на пратеници со кои истрчуваат на парламентарните избори. Двајцата се директни конкуренти во првата скопска изборна единица.