TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нема нови случаи на шап и лигавка во Англија

А1 - 11.08.2007

Зоната на засилен надзор во реонот на четвртата фарма на која имаше сомневање за шап и лигавка, во Доргинг, јужна Англија, е укината, поради негативни тестови на оваа сточна болест, соопштија британските власти. Примероците земени од добиток на фармата во грофовијата Сари беа тестирани, бидејќи ...

Легионерска болест покрај шапот и лигавката во Велика Британија

Утрински - 11.08.2007

ЛОНДОН - Велика Британија потврди случај на лице заболено од Легионерска болест и истакна дека жртвата работела во лабораторијата која е во центарот на појавувањето на болеста шап и лигавка. Сепак официјални лица истакнаа дека не постои причинска поврзаност и дека засегнатото лице целосно ...

Трет случај на шап и лигавка во Англија

Дневник - 10.08.2007

Британските ветеринари открија трет случај на заразната сточна болест шап и лигавка во областа Сари, во јужна Англија, јави МИА. Објавувањето на информацијата уследи набргу откако владата на премиерот Гордон Браун соопшти дека ги олеснува мерките со кои беше забранет транспортот на добиток.

Tрет случај на шап и лигавка во Англија

А1 - 09.08.2007

Откриен трет случај на шап и лигавка во јужна Англија Британските ветеринарни експерти открија и трет случај на заразната сточна болест шап и лигавка во областа Сари во јужна Англија, јави дописникот на МИА од Лондон. Објавувањето на оваа информација следуваше набргу по синоќешното соопштение на ...

Епидемијата е саботажа!?

Дневник - 09.08.2007

Поверојатно е дека вирусот можел да се рашири по вода,во што помогнале обилните дождови и поплавите Можно е избувнувањето на сточната болест шап и лигавка, која зазема епидемиски размери во Британија, да било саботажа, тврди лондонскиот весник „Индепендент“.

Потврден втор случај на шап и лигавка во Британија

Вест - 08.08.2007

ЛОНДОН, 8 август (Ројтерс) - Болеста шап и лигавка е регистрирана на втора фарма на југот на Англија, соопшти вчера Владата во Лондон. Британската министерка за животна средина Хилари Бен изјави дека на фармата веќе почнало уништувањето на добитокот.

Забранет увоз на животни и на месо од Велика Британија

Дневник - 08.08.2007

Управата за ветеринарство го забрани увозот на живи животни и производи од животинско потекло од Велика Британија поради појавата на болеста шап и лигавка во таа земја, јави МИА. Управата испратила писмо до сите ветеринарни друштва во земјава да обрнат поголемо внимание заради навремено откривање ...

Македонија го забрани увозот на месо од Велика Британија

Утрински - 08.08.2007

На нашиот пазар подолго време нема месни производи со потекло од Велика Британија, велат надлежните Мерката е донесена откако во оваа земја е регистрирана болеста шап и лигавка Македонија го забрани увозот на живи животни и производи од животинско потекло од Велика Британија откако во оваа земја е ...

Забранет увозот на животни и производи од животинско потекло од Велика Британија

Вест - 08.08.2007

Ветеринарната управа, согласно препораките на Европската комисија, забрани и увоз на пилешко месо од сите земји каде што е дијагностициран птичји грип. Управата за ветеринарство на Македонија го забрани увозот на живи животни и на производи од животинско потекло од Велика Британија поради појавата ...

Второ жариште на шап и лигавка во Јужна Англија

А1 - 07.08.2007

Второ жариште на сточната болест шап и лигавка е откриено во кругот на затворената и заштитена зона, околу фармата во областа Сари во јужна Англија, каде заразата беше првпат откриена пред неколку дена, потврди британското Министерство за животна средина, храна и земјоделски прашања.

Македонија забрани увоз на месо од Британија

А1 - 07.08.2007

Управата за ветеринарство го забрани увозот на живи животни и производи од животинско потекло од Велика Британија поради појавата на болеста шап и лигавка во таа земја. Управата, како што соопшти, испратила писмо до сите ветеринарни друштва во кое им укажува дека треба да обрнат поголемо внимание ...

ЕУ забрани извоз на добиток и на месо од Британија

Дневник - 07.08.2007

Поради појавата на шап и лигавка во Британија, Европската Унија вчера го забрани извозот на добиток и на месни производи од оваа членка, јави Макфакс. - Европската комисија усвои мерки со кои ќе се забрани извозот на месо, месни производи и млеко од Британија - најави портпаролот на ЕК, Филип Тод.

Македонската ветеринарна управа го забрани увозот на животни и месо од Велика Британија

Канал5 - 07.08.2007

Управата за ветеринарство на Република Македонија го забрани увозот на живи животни и производи од животинско потекло од Велика Британија поради појавата на болеста „шап и лигавка“ во таа земја. Скопје, 7 август (МИА) - Управата за ветеринарство на Република Македонија го забрани увозот на живи ...

Нови жариште на болеста шап и лигавка во Англија

Канал5 - 07.08.2007

Второ жариште на сточната болест шап и лигавка е откриено во кругот на затворената и заштитена зона, околу фармата во областа Сари во јужна Англија, каде заразата беше првпат откриена пред неколку дена, потврди британското Министерство за животна средина, храна и земјоделски прашања.

ЕУ забрани увоз на месо и жив добиток од Велика Британија

Вест - 07.08.2007

БРИСЕЛ, 7 август (Ројтерс) - Европската комисија вчера објави забрана за увоз на месо и жив добиток од Велика Британија поради појавата на болеста шап и лигавка во јужна Англија. Според одредбата на ЕУ, се забранува увоз на свежо месо, како и добиток, свињи, овци, кози и млечни производи, изјави ...

Сомнителен нов случај на шап и лигавка во јужна Англија

Макфакс - 07.08.2007

Лондон Втор случај на шап и лигавка најверојатно е откриен на една фарма на југот на Англија, а за потврда ќе бидат потребни дополнителни испитувања, соопштија денеска официјални извори. „Потребни се дополнителни тестови за да се потврди дека станува збор за шап и лигавка во овој нов случај, ...

Потврден втор случај на шап и лигавка во Британија

Макфакс - 07.08.2007

Лондон Болеста шап и лигавка е регистрирана на втора фарма на југот на Англија, соопшти денеска Владата во Лондон. Британската министерка за животна средина Хилари Бен изјави дека на фармата веќе почнало уништувањето на добитокот.

Забранет увозот на месо од Британија

Макфакс - 07.08.2007

Скопје Македонската ветеринарна управа го забрани увозот на животни и животински продукти од Велика Британија поради појавата на болеста шап и лигавка. Ветеринарната управа забрани и увоз на пилешко месо од земјите каде што е утврден птичји грип, согласно препораките на ЕК.

Македонија ќе забрани увоз на месо од Британија!

Вечер Прес - 07.08.2007

Според процедурите што важат при појава на вакви болести, ќе биде донесена забрана за увоз на месо и месни преработки од Британија - велат од Ветеринарната управа Македонија иако не увезува месо и месни производи од Велика Британија, сепак ќе донесе забрана.

Забранет увозот на месо и добиток од Британија

А1 - 06.08.2007

Европската комисија денеска објави забрана за увоз на месо и жив добиток од Велика Британија, поради појавата на болеста шап и лигавка во јужна Англија. „Согласно одредбата на ЕУ, се забранува увоз на свежо месо, како и добиток, свињи, овци, кози и млечни производи“, изјави Филип Тод, портпарол на ...

Вирусот побегнал од лабораторија

Време - 06.08.2007

БРИТАНИЈА Британските власти стравуваат дека вирусот на опасната добиточна болест шап и лигавка, која се појави на фарма во областа Сари, побегнал од лабораторија за истражување на добиточните болести, јави новинската агенција АФП.

Изворот на шапот и лигавката се бара во лабораториите

Вест - 06.08.2007

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Полицаец го чува запечатениот влез на една од фармите каде била откриена шап и лигавка ЛОНДОН, 6 август (Ројтерс) - Британските власти кои водат истрага за појавата на заразната болест шап и лигавка вчера пребараа две лаборатории што се наоѓаат на неколку километри од местото каде ...

ЕУ забранува извоз на стока и месо од Велика Британија

Макфакс - 06.08.2007

Брисел Поради појавата на шап и лигавка во Велика Британија, Европската унија(ЕУ) од денеска и официјално ќе го забрани извозот на стока и месни производи од оваа држава. „Европската комисија(ЕК) ќе усвои мерки со кои ќе се забрани извозот на месо, месни производи и млеко од Велика Британија“, ...