TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ракометарките наградени со 35.000 евра

Вест - 15.06.2007

ЗА ПЛАСМАНОТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФРАНЦИЈА Премија од 35.000 евра ќе поделат членките на нашата женска ракометна репрезентација како награда за пласманот на Светското првенство во Франција во декември. Ракометната федерација на Македонија ќе издвои 20.000 евра од оваа сума, а остатокот го вети ...

Директорот се премисли и им подари пет илјади евра повеќе

Време - 15.06.2007

АМС ГИ НАГРАДИ РАКОМЕТАРКИТЕ Иако за пласманот на Светското првенство во ракомет за сениорки директорот на Агенцијата за млади и за спорт (АМС) Ивица Георгиевски вети награда од 10.000 евра, тој се премисли и на вчерашниот прием во Агенцијата им додели пет илјади евра повеќе.

Ракометарките наградени со 35.000 евра

Утрински - 15.06.2007

Најдобрите македонски ракометарки ќе поделат 35.000 евра за успехот во баражот со Белорусија и за пласманот на 18. Светско првенство што во декември годинава ќе се одржи во Франција. Од вкупната сума 20.000 евра ги доделува Ракометната федерација на Македонија, а 15.000 евра Агенцијата за млади и ...

Тања Андрејева го избра Кометал ЃП пред Франција

Дневник - 15.06.2007

Репрезентативниот ракометен голман Тања Андрејева денеска треба да потпише договор со Кометал ЃП. Таа имаше договорено средба со претставниците на францускиот второлигаш Лион. Со неа на преговори беа и Александра Славковска и Мирјана Грчевска.

Награда за ракометарките

Вечер Прес - 15.06.2007

За женската, сениорска, ракометна репрезентација на Македонија, вчера во Агенцијата за млади и спорт беше приреден прием, по повод пласманот на нашите девојки на Светско првенство што ќе се одржи годинава во Франција. За убавиот успех и своето петто учество на СП, репрезентативките и Стручниот штаб ...

Од баражот произлегоа две засилувања

Вест - 14.06.2007

КОМЕТАЛ ЃП СЕ КОМПЛЕТИРА Кометал Ѓорче Петров го искористи баражот за СП во Франција против Белорусија и за да си најде соодветни засилувања. Непосредно пред враќањето од Минск, челниците на клубот потпишаа договори со голманката Алесија Сафонова и со пикерот Ирина Арцјоменко.

Да се избегнат Бразил, Јужна Кореја и Хрватска

Време - 14.06.2007

ЗА ЖДРЕПКАТА НА 20 ЈУНИ ВО ПАРИЗ Македонската женска ракометна репрезентација би сакала да ги избегне силните противници, како Бразил, Јужна Кореја и Хрватска, кои се во вториот барабан за ждрепката за групите на Светското првенство (СП) во Франција во декември.

Две Белорусинки во Кометал

Утрински - 14.06.2007

Репрезентативките на Белорусија, голманката Алесија Сафонова и пикерот Ирина Арцјоменка, ги засилија редовите на Кометал Ѓорче Петров. Контактите со нив постоеја отпорано, а тие се финализирани со потпишување договор на аеродромот во Минск додека македонските ракометарки го чекале авионот за Виена ...

Сафонова и Артјоменко за ЛШ

Вечер Прес - 14.06.2007

По реваншот од баражот на нашата репрезентација со Белорусија во Минск, Управата на клубот потпиша договори со голманот на белоруската репрезентација Алесија Сафонова и со пикерот Ирина Артјоменко Македонскиот женски првак Кометал Ѓ.Петров, кој во новата сезона со новиот стратег Драган Нишевиќ ...

Сениорките ќе поделат 30.000 евра вкупна премија

Дневник - 13.06.2007

За пласманот на СП во Франција, ракометарките на Македонија ќе поделат вкупна премија од 30.000 евра. Од тоа, 10.000 евра се ветени пари од Агенцијата за млади и спорт, а другите 20.000 евра од претседателот на РФМ, Трифун Костовски.

Кометал ЃП од Могилев се врати со две засилувања

Дневник - 13.06.2007

Тренерот на Кометал ЃП, Драган Нишевиќ, од Могилев, Белорусија, се враќа и со две засилувања . Голманката Алеса Сафонова (28) и пивотменот Ирина Артјоменко (27), потпишаа договори со Кометал ЃП и треба да се јават на подготовките кон крајот на јули.

Триумфот над Белорусија големо остварување за македонскиот ракомет

А1 - 12.06.2007

Стотина љубители на ракометот ги поздравија нашите хероини кои по 5-ти пат влегоа во светската ракометна елита. Свесни за ослабениот квалитет на националниот тим, без оглед на факторот среќа во ждрепката, триумфот над Белорусија во баражот девојките го доживуваат како големо резултатско остварување.

Ракометарките низ „иглени уши“ до СП во Франција

Утрински - 12.06.2007

Македонија загуби од Белорусија со 25:21 во реваншот, но доволно за пласман на мундијалот поради победата во Скопје од 26:21 Македонија ќе ја продолжи низата од настапи на големите натпреварувања со пласманот на Светското првенство за ракометарки во Франција, изборен и покрај поразот од 25:21 во ...

Нишевиќ го положи првиот испит

Дневник - 12.06.2007

Сега останува со Кометал ЃП да се врати во самиот европски врв Исполнета е првата задача, поставена пред новиот тренер на Кометал ЃП и селектор на женската репрезентација, Драган Нишевиќ - пласман на СП во Франција. Останува уште втората - враќање на ѓорчепетровки во врвот на европскиот женски ...

Македонија петти пат ќе игра на СП

Време - 12.06.2007

РЕВАНШ БАРАЖ-МЕЧ ЗА ПЛАСМАН НА СП, БЕЛОРУСИЈА - МАКЕДОНИЈА 25-21 (11-11) Македонската женска ракометна репрезентација, и покрај поразот од Белорусија во Могилев со 21-25 во реванш-натпреварот од баражот за Светското првенство во Франција, се провлече и петти пат се пласира на завршницата на еден ...

Петто СП за десет години

Вест - 12.06.2007

НАШИТЕ НАЈДОБРИ РАКОМЕТАРКИ ИЗДРЖАА ВО БЕЛОРУСИЈА Нашата женска ракометна репрезентација ќе ја гледаме на уште едно големо натпреварување, трета година по ред. Избраничките на Драган Нишевиќ ја одбранија предноста од пет гола против Белорусија на реваншот Нашата женска ракометна репрезентација ќе ...

Македонките во светската елита

Вечер Прес - 12.06.2007

Иако загуби од домаќинот Белорусија со 25:21, тие ја одбранија "петката" од Скопје и патува на СП во декември во Париз, Што е нивно 5-то учество на мундијалите Македонија го продолжува континуитетот на учества на големите европски и светски натпреварувања.