TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Фарма за свињи, за крави, за кокошки, мотел, ресторан, деловни простории... палата на Водно

А1 - 24.03.2002

Во фокусот на неделава што измина два скандала: дворец во градба во елитната населба Водно без платени комуналии на име на Соња Таковска - сестрата на премиерката Снежана Георгиевска и серијалот написи во „Дневник“ насловен - „Краците на октоподот на Снежана и Љупчо Георгиевски“.

Соња Таковска ја стопираше градбата на палатата

Вест - 23.03.2002

СЛУЧАЈОТ МИСТЕРИОЗНА ПАЛАТА НА ВОДНО СЕ ЗАПЛЕТКУВА Документацијата за куќата на Соња Таковска вчера е повлечена од градот и од подрачната единица на Министерството за транспорт и врски, со што, практично, куќата не е повеќе предмет на градот и на Општината, туку Дворецот на Соња Таковска на Водно ...

Премиерот ќе поднесе кривична пријава против "Вест"

Утрински - 23.03.2002

По написите за изградба на луксузен дворец на семејството Георгиевски на Водно Даниела Трпчевска Премиерот Љупчо Георгиевски ќе поднесе кривична пријава против главниот и одговорен уредник на "Вест", по повод написите објавени во весникот.

Мистериозната Соња Таковска има матичен број 2005960496501

Дневник - 23.03.2002

ПРОДОЛЖУВА ЕНИГМАТА ЗА ЕЛИТНАТА ВИЛА НА ВОДНО Документацијата за палатата ја повлекло студиото "Ајвар", а скопската урбанистичка инспекција се прогласи за ненадлежна за контрола на градбата на Водно Расчистувањето на аферата со изградбата на луксузната вила на падините на Водно има нов почеток.

Делчево повторно Царево Село - царот е премиерот Георгиевски

А1 - 22.03.2002

Дали премиерот и неговото семејство се корумпирани. Медиумите објавуваат информации, индиции и докази кои одат во тој правец. Весникот „Дневник“, наведувајќи ги матните трансакции на премиерското семејство, пишува дека преку краците на октоподот на Снежана и Љупчо Георгиевски во некогашното Царево ...

Граѓанинот икс го подигнал налогот за плаќање на градските комуналии

Вест - 22.03.2002

При крај на работното време, завчера околу 15 часот, непознат маж со брада го подигнал налогот на име Соња Таковска за плаќање комуналии во Градскиот комитет за урбанизам. Надлежните велат дека не знаат кој бил, но и дека тоа не им е важно, бидејќи во процедурата за плаќање комуналии не се бара ...

Сестрата на Снешка е во Катлановска Бања, ама не сака да дава изјави за дворецот на Водно

Вест - 22.03.2002

Соња Таковска, една од сестрите на Снежана Георгиевска, вчера не сакаше да даде изјава околу изградбата на 1.000-квадратниот дворец на Водно, на улица Питу Гули број 7. Таа во моментов се рехабилитира во Катланово од операција на ногата.

Некој ни ја мести куќата на Водно

Вест - 22.03.2002

СНЕЖАНА ГЕОРГИЕВСКА ПРОЗБОРЕ Сопругата на премиерот Снежана Георгиевска, вчера конечно прозборе во јавноста за куќата што на име на нејзината сестра се гради на Водно. Сопругата на премиерот Снежана Георгиевска, вчера конечно прозборе во јавноста за куќата што на име на нејзината сестра се гради на ...

Сопругата на премиерот тврди дека не гради вила на Водно

Утрински - 22.03.2002

По информациите за новиот семеен дворец на Георгиевски Сопругата на премиерот, Снежана Георгиевска, тврди дека семејството Георгиевски нема каква и да е врска со палатата којашто се гради во населбата Водно. Според неа, станува збор за една непрекината кампања што се води против семејството ...

ПО СКАНДАЛОТ СО ЕЛИТНАТА ПАЛАТА ВО СКОПЈЕ

Дневник - 22.03.2002

ПО СКАНДАЛОТ СО ЕЛИТНАТА ПАЛАТА ВО СКОПЈЕ Во скопскиот Комитет за урбанизам непознато лице вчера го подигнало налогот за плаќање комуналии од 90.000 евра, што треба да се изврши во рок од пет дена Сопругата на премиерот Љубчо Георгиевски, Снежана, вчера демантираше секаква поврзаност на своето ...

Георгиевска се заканува со кривични пријави

А1 - 21.03.2002

Семејството Георгиевски нема никаква врска со палата која се гради на Водно, твдри сопругата на премиерот Снежана Георгиевска. Иако името на сопственичката Соња Таковска се совпаѓа со името на нејзината сестра, како и со адресата на живеење на булевар „АВНОЈ“, каде што се наоѓа станот на Премиерот, ...

Законот против перење пари ја фаќа и свеската на Љубчо

Вест - 21.03.2002

НАРАЧАТЕЛКАТА НА МИСТЕРИОЗНИОТ ДВОРЕЦ НА ВОДНО НЕ ГО ПОДИГНАЛА НАЛОГОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ КОМУНАЛИИ Како и да се платат комуналиите од 90.000 евра, тој што плаќа мора да биде проверен, па макар бил и роднина на висок функционер Соња Таковска и вчера не ги плати комуналиите за дворецот од 1000 квадратни ...

Кабинетот на премиерот не бил надлежен за приватни и "трачерски" прашања

Вест - 21.03.2002

НИ ВЧЕРА НЕ ДОБИВМЕ ОДГОВОР ДАЛИ НАРАЧАТЕЛОТ НА ДВОРЕЦОТ НА ВОДНО ИМА ВРСКА СО СЕМЕЈСТВОТО ГЕОРГИЕВСКИ Советниците за контакт со јавноста во кабинетот на премиерот Љубчо Георгиевски, и вчера се двоумеа дали да влезат кај него и да го прашаат "за една таква тема каква што е изградбата на луксузна ...

Сестрата на премиерката должи 90.000 евра за комуналии

Утрински - 21.03.2002

Рокот за плаќање на давачките за спорниот објект на Водно истече, инспекторите молчат ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА Рокот за плаќање на комуналните давачки за вилата која се гради на Водно на улицата "Питу Гули" број 7, а чија сопственичка е Соња Таковска, сестра на сопругата на премиерот Снежана Георгиевска, ...

Пенов со градежната инспекција ќе ја среди дивоградбата на свеската на премиерот

Дневник - 21.03.2002

ПО СКАНДАЛОТ СО ЛУКСУЗНАТА ВИЛА НА ВОДНО Од "Благовестие" информираат дека госпоѓата Георгиевска нема врска со мистериозната палата и дека совпаѓањето со името на нејзината сестра е случајно Ристо Пенов, градоначалникот на Скопје, ќе ја повика градежната инспекција да го испита случајот со ...

Дворецот на Водно дивоградба

А1 - 20.03.2002

Куќата од илјада квадрати во населбата Водно, која според документите е сопственост на библиотекарката Соња Таковска, сестра на сопругата на премиерот, е дивоградба. Сопственикот и покрај две поднесени барања од градот, се уште не ги платил комуналиите во скопскиот буџет.

Георгиевски молчи за инвестицијата на свеската

Вест - 20.03.2002

За документираниот случај со градењето на екстравагантната палата , на Водно, налик на холивудските, чиј нарачател е библиотекарката Соња Таковска, свеска на премиерот Љубчо Георгиевски, вчера не успеавме да добиеме коментар од него.

Сестрата на премиерката не платила комуналии за дворецот на Водно

Вест - 20.03.2002

СКОПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ТВРДИ ДЕКА ПАЛАТАТА ШТО СЕ ГРАДИ ВО ЕЛИТНАТА НАСЕЛБА Е ДИВОГРАДБА Градежна дозвола за дворецот од 1.000 квадрати кој во моментов се гради во скопската елитна населба Водно, по проект нарачан од Соња Таковска, која е и сопственик на плацот, нема, зашто не се платени комуналии ...

Во Владимирово велат: "Соња не е тука, она си гради куќа во Скопје"

Вест - 20.03.2002

"ВЕСТ" ИСТРАЖУВА Соња Таковска од беровското село Владимирово, сестра на премиерката Снежана Георгиевска, вчера како да исчезна. Најпрво ја побаравме на нејзиното работно место како библиотекарка во основното училиште во Берово. "Таковска веќе извесно време е на боледување.

Струмица стана пашалак на семејствата Таковски и Јаневи

Утрински - 20.03.2002

Градот под Беласица под контрола на две моќни вмровски семејства Иван Бојаџиски СТРУМИЦА - Републичкиот завод за статистика објави дека во 2001 година Струмица е општина со најголем пораст на сиромаштијата. Во двеилјадитата 23 отсто од населението било сиромашно, а лани процентот на сиромашните се ...

Свеската на премиерот не платила ниту денар комуналии за палатата на Водно

Дневник - 20.03.2002

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ ОБВИНУВА Досега биле испраќани неколку опомени за неплатени комуналии на име на инвеститорот на објектот, Соња Таковска, но попусто Градската каса на Скопје досега не примила ниту денар за комуналии за објектот на Водно што се гради на име на Соња Таковска, сестра на ...

Балдската на премиерот гради дворец на Водно

А1 - 19.03.2002

„Сестрата на премиерката нарачала дворец на Водно“, пишува на насловната страница во денешниот број на весникот „Вест“. На локација од 3.500 квадрати во елитниот дел на Водно се гради дворец голем 1.000 квадратни мерки за кој проектот го нарачала госпоѓата Соња Таковска, која е сопственик на ...

Таковски: Размислувам да им пуштам на кумановчани поради Далаверски

Вест - 19.03.2002

Пред утрешниот првенствен меч со Куманово претседателот на Беласица ГЦ во недоумица Пред утрешниот многу важен натпревар од 21 коло на Првата фудбалска лига меѓу Беласица ГЦ и Куманово, претседателот на струмичкиот прволигаш Ванчо Таковски е во мисла да им ги препушти трите бодови на кумановчани.

Сестрата на премиерката нарачала дворец на Водно?

Вест - 19.03.2002

ЧИЈА Е МИСТЕРИОЗНАТА ПАЛАТА ШТО СЕ ГРАДИ ВО ЕЛИТНАТА СКОПСКА НАСЕЛБА? На локација од 3.500 квадрати се гради дворец голем 1.000 квадратни метри, за кој проектот го нарачала г-ѓата Соња Таковска, која е сопственик на локацијата и живее во станот на Љубчо и Снешка Георгиевски во насел Најнова ...