TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Одложено 22. прволигашко коло

Вест - 17.03.2007

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО КУМАНОВО Викендов на прволигашките терени нема да се игра фудбал. Првично беше предвидено да се играат само четири средби од 22. коло, откако комесарот за натпреварување на ФФМ, Миле Спиркоски, ги одложи натпреварите Вардар-Ренова и Напредок-Башкими додека не се расчистат ...

Одложено 22-то коло од Првата лига

Утрински - 17.03.2007

Комесарот за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реши да се одложи комплетното 22 коло од Првата лига на фудбалското првенство на Македонија по барање на еден дел на прволигашите кои се загрижени за регуларноста на шампионатот.

Македонските фудбалски прволигаши викендов на принуден одмор

А1 - 16.03.2007

Комесарот за натпревари во ФФМ, Миле Спиркоски го одложи целото 22-ро коло во нашата најквалитетна конкуренција, се додека не биде решен случајот со прекинатиот меч меѓу Башкими и Вардар од завчерашното 21-во коло. Неговата првична одлука беше да ги одложи само средбите Вардар-Ренова и ...

Вардар го преслуша Металург

Време - 16.03.2007

СУПЕРЛИГА, МАЖИ, 18. КОЛО Ракометарите на Вардар про со третата победа над шампионот Металург, сега на гости со 34-26 (17-13), се мошне близу до враќање на титулата по пауза од две години. По овој триумф Вардар има 51 поен, шест повеќе од Металург, кој го претрпе третиот пораз сезонава.

Костовски: Делегатот не смееше да дозволи мечот да почне

Вест - 16.03.2007

ПРЕС НА ФК ВАРДАР ПО ПРЕКИНАТИОТ НАТПРЕВАР ВО КУМАНОВО Делегатот Илија Стефанов не смеел да дозволи натпреварот во Куманово воопшто да започне, рече Атанас Костовски, претседателот на Вардар, на вчерашната прес-конференција закажана по инцидентот на неделната средба од 21.

Нов инцидент во Куманово

Време - 16.03.2007

ПРВА ЛИГА, 21. КОЛО Македонскиот фудбалски шампион Работнички Кометал ќе стартува од првата позиција во последната, трета етапа во оваа сезона во Првата лига. Ова откако со триумфот со 4-0 над Напредок го верификува лидерското место, по одиграното 21.

Вардарците тврдат дека во Куманово биле тепани од редари на домашната екипа

Утрински - 16.03.2007

„Фудбалерите на Вардар беа нападнати на своите работни места и во Куманово не им беше дозволено да ја извршат работата за која се платени“, со овие зборови го започна вчерашниот брифинг в.д. претседателот на Вардар, Атанас Костовски, што се одржа во хотелот „Тасино чешмиче“ во Скопје.

Вардаровите контри убиствени за Металург

Утрински - 16.03.2007

Во Автокоманда црвено-црните славеа со 34:26 во дербито на 18. коло во машката Т-Мобил суперлига По двегодишен пост на ракометарите на Вардар Про им се насмевнува новата шампионска титула во домашната сцена. „Црвено-црните“ славеа кај Металург со 34:26 во дербито на 18. коло во Т-Мобил Суперлигата.

Титулата се враќа во Кале?

Дневник - 16.03.2007

Вардар про има шест бода предност и трет триумф во однос на градскиот ривал Металург Ракометната титула во машка конкуренција по две сезони најверојатно ќе се врати во СРЦ „Кале“, по 3. победа на Вардар про против Металург, овој пат во Автокоманда, од 34-26 (17-13).

Вардарец тепан со железен предмет

Дневник - 16.03.2007

Соиграчи го извлекле од толпата Ертан Демири, кај кого бил утврден потрес на мозокот Потрес на мозокот бил констатиран кај вардаровиот фудбалер Ертан Демири, на прегледот во Ургентниот центар во Скопје, по инцидентот завчера, на Градскиот стадион во Куманово.

Петмина завршија во Ургентен центар

Вечер - 16.03.2007

Немилите сцени почнале уште пред средбата со Башкими, а кулминирале со тепачка на полувремето, во која најмногу настрада Демири, кој бил удрен со тврд предмет во главата, поради што немало услови да се продолжи мечот Наместо прекрасен фудбалски дуел, надополнет со погодоци и аплаузи за актерите, ...

Вардар удри печат на титулата

Вечер - 16.03.2007

Во дербито, во Автокоманда, кое решаваше за првото место Вардар го надигра и совлада актуелниот првак Металург со 34:26 (17:13) По една сезона Вардар повторно го враќа во своите витрини шампионскиот пехар, откако во дербито, во Автокоманда кое решаваше дали ќе продолжи неизвесноста околу тоа кој ќе ...

Вардар бара реакција од ФФМ за инцидентот во Куманово

А1 - 15.03.2007

Фудбалскиот клуб Вардар ги отфрли шпекулациите дека вчерашниот инцидент во Куманово на натпреварот со Башкими е поради нетрпеливост на двата клуба. Од црвено-црниот табор рекоа дека вардаровите фудбалери биле малтретирани пред мечот и на паузата меѓу двете полувремиња, а при тоа Демири добил потрес ...

Прекинат натпреварот Башкими-Вардар

Вест - 15.03.2007

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА Натпреварот во Куманово помеѓу Башкими и Вардар не го дочека крајот, бидејќи гостинските фудбалери не излегоа на теренот по паузата на полувремето. Првиот дел од оваа средба од 21. коло на Првата фудбалска лига заврши без голови.

Прекинат дуелот во Куманово, вардарци одбија да го доиграат второто полувреме

Утрински - 15.03.2007

Мислам дека не постоеше причина за прекин на мечот, изјави делегатот на средбата, Илија Стефанов од Богданци ЕМИЛ КИТАНОВСКИ Фудбалерите на скопски Вардар решија да не го одиграат второто полувреме на првенствениот меч во Куманово, против тимот на Башкими, откако пред почетокот на натпреварот, и ...

Пеев нападнат на стадионот во Куманово

Дневник - 15.03.2007

Натпреварот Башкими - Вардар беше прекинат во 46. минута, откако црвено-црните одбија да излезат на теренот. Претставник на Вардар, кој сакаше да остане анонимен, ни соопшти дека пред почетокот на средбата и на паузата помеѓу двете полувремиња вардарци биле цел на закани и напади од неслужбени лица.

Вардарци нападнати во Куманово

Вечер - 15.03.2007

По физичката пресметка на полувремето, "црвено-црните" не го продолжија натпреварот со Башкими (0:0) Прекуредното 21. прволигашко коло донесе вонредни проблеми за телата на Фудбалската федерација на Македонија. Средбата во Куманово, меѓу Башкими и Вардар е прекината по првото полувреме, при ...

Ракомет: Вардар чекор до враќање на шампионската титула

А1 - 14.03.2007

Ракометарите на Вардар се наоѓаат на чекор до враќање на шампионската титула во своите витрини, по убедливиот триумф од 34:26, над единствениот конкурент за пехарот, металург, во супер дербито од 18-то суперлигашко коло во салата Автокоманда.

Работнички ја сочува предноста од шест бода на табелата

А1 - 14.03.2007

Работнички Кометал ја сочува предноста од шест бода на врвот на прволигашката фудбалска табела во домашното првенство, но главна вест од денешното 21-во коло е сепак прекинот на натпреварот во Куманово меѓу Башкими и Вардар. Според тврдењата од црвено-црниот табор, петмина вардарови играчи биле ...

Меч за титулата за вардарци

Вест - 14.03.2007

РАКОМЕТ - ДЕНЕСКА ГОЛЕМОТО ДЕРБИ ВО АВТОКОМАНДА Во случај на уште една совршена вечер за нив во Автокоманда, вардарци уште денеска би можеле да се прогласат за нови ракометни шампиони на Македонија. Во услови на една толку слаба лига, каква што ни е Суперлигата сезонава, шесте бода заостаток би ...

Во „Автокоманда“ се решава шампионот

Време - 14.03.2007

ДЕНЕСКА РЕДОВНО КОЛО КАЈ МАЖИТЕ Металург - Вардар про (сала „Автокоманда“, 18 часот) е дерби-дуелот вечерва од 18. коло од машката ракометна Суперлига, во кој ќе се решава шампионот на Македонија. Во првиот меѓусебен дуел во „Кале“ во есенскиот дел славеа „црвено-црните“ со 33-31 (13-14).

Нема алтернатива - само победа

Вечер - 14.03.2007

На мегдан ќе излезат двата, единствени, кандидати за шампионската титула, актуелниот првак Металург и Вардар, моментно прв во суперлигашкото првенство Вечерва салата во Автокоманда (18 ч.) ќе биде мегдан на суперлигашкото ракометно дерби меѓу актуелниот првак Металург и моментниот лидер во ...

Работнички среќно го премости Вардар

Време - 13.03.2007

ПРВА ЛИГА, 20. КОЛО Македонскиот фудбалски шампион Работнички Кометал направи огромен чекор напред кон освојување на третата титула по ред, откако завчера во големото соседско дерби, помалку среќно, победи со 2-0 против Вардар во 20. коло во Првата лига.

Никој не ни направи толку шанси како Вардар

Време - 13.03.2007

ЃОРЕ ЈОВАНОВСКИ Одамна некој не ни направил толку шанси како Вардар, призна тим-менаџерот на македонскиот фудбалски првак Работнички Кометал, Ѓоре Јовановски, по големото соседско дерби, кое со многу среќа го добија „романтичарите“ и направија предност од шест бода на табелата.

Среќата сојузник против Вардар

Вест - 13.03.2007

БРИФИНГ НА РАБОТНИчКИ КОМЕТАЛ Среќата беше наш сојузник на неделното дерби против Вардар, изјави тим-менаџерот на Работнички Кометал, Ѓоре Јовановски, на вчерашниот брифинг со новинарите. Според него, "црвено-црните" имале повеќе шанси, но посреќната екипа дошла до трите бода.

Металург наплати за трошоците

Дневник - 13.03.2007

Тутунски комбинат Бренд се спаси да не ги плати службените лица и трошоците за користење на салата, играјќи како домаќин во Автокоманда, во Скопје, но Металург немаше милост, па ги испрати дома со полна мрежа голови. Поразот од 23-47 ја отсликува вистинската состојба во која се наоѓа поранешниот ...

Дербито за шампионот

Вест - 12.03.2007

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА Работнички Кометал се одлепи на врвот на Првата фудбалска лига по победата над Вардар во вчерашното дерби и поразот на Македонија Ѓорче Петров во Кичево. Соседскиот дуел на Градскиот стадион во Скопје го одбележа 20.

Вардар играше, Работнички победи

Утрински - 12.03.2007

Со триумфот од 2:0 во дербито на 20. коло, „романтичарите“ ја зголемија својата предност на шест бода на врвот на табелата ЕМИЛ КИТАНОВСКИ Дербито на фудбалското првенство на Македонија меѓу градските ривали Вардар и Работнички Кометал не ги оправда очекувањата на речиси шестилјадната публика на ...

Работнички Кометал го чисти патот кон титулата

Дневник - 12.03.2007

Во дербито Вардар создаваше шанси, го погоди и дирекот, но шампионот погоди преку Велковски и Пејчиќ од пенал за нова победа Актуелниот фудбалски шампион и лидер Работнички К. си го расчистува патот кон хет-трик титулата по убедливата победа од 2-0 против Вардар во дербито на 20. коло. Работнички К.

Работнички К. со плус 6

Вечер - 12.03.2007

Лидерот на табелата славеше против лутиот противник Вардар (2:0), а во прилог му оди и поразот на вториот кандидат за титулата Македонија ЃП која загуби во Кичево, од Напредок (1:0) Актуелниот првак Работнички К. го потврдува својот квалитет во годинашново првенство на Првата фудбалска лига.