TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата треба да ги врати бегалците во своите домови

Утрински - 21.07.2004

Три години по воениот конфликт Собранието усвои заклучоци конкретно да им се помогне на раселените лица и да се обнови меѓуетничката доверба во кризните реони ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Владата и сите државни институции треба да сторат сў за да ги вратат бегалците во своите домови, да ја обноват довербата ...

Раселените веќе трета година живеат во мизерни услови

Време - 21.07.2004

СОБРАНИСКА СЕДНИЦА Собранието вчера ја усвои Информацијата за внатрешнораселените лица од липковскиот регион и од Арачиново, поднесена од постојаната анкетна комисија за заштита на човековите права и слободи. Блаже Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, во расправата за оваа точка, посочи дека раселените ...

Политички надмудрувања меѓу пратениците за раселените

А1 - 20.07.2004

Политички надмудрувања меѓу македонските пратеници, за тоа кој повеќе направил за раселените. Вака може да се опише продолжетокот на собраниската расправа, разгледувајќи ја информацијата за раселените од Липковскиот регион и Арачиново.

Раселените сместени на хартија

Дневник - 20.07.2004

СОБРАНИЕ По три години од воениот конфликт во Македонија, вчера пратениците прв пат расправаа за внатрешнораселените лица од Арачиново и од Липковскиот регион По три години од воениот конфликт во Македонија, вчера пратениците прв пат расправаа за внатрешнораселените лица од Арачиново и од ...

Со демагогија не се решава проблемот на раселените

Време - 20.07.2004

СОБРАНИЕ Со демагогија нема да се реши проблемот со раселените лица. Условите во кои тие живеат повеќе од три години се загрижувачки и затоа треба да се притисне Владата да преземе мерки со кои ќе го реши овој проблем - апелира вчера Иван Атанасовски, пратеник од СДСМ од Куманово, на собраниската ...

Собранието по три години ја отвори расправата за раселените

Утрински - 20.07.2004

За настраданите од воениот конфликт во 2001 година дури сега расправаат пратениците Слободан Чашуле: Како ќе одиме во Европа кога луѓето не можат да се вратат дома ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Македонскиот парламент вчера, три години по воениот конфликт, првпат отвори дебата за раселените лица од Липковскиот ...

Собраниска седница за раселените лица

А1 - 19.07.2004

Раселените од воениот конфликт во 2001-та од Липковскиот регион и Арачиново живеат во колективните центри во лоши услови. Неколку генерации се сместени во една соба, 60-тина лица користат два тоалети добиваат еднолична храна. Децата немаат услови за учење.