TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Постхумно признание за Тоше Проески

Време - 15.03.2008

СООПШТЕНИЕ НА МЗТ ФОН УНИВЕРЗИТЕТ ОФМ признанието за најистакнат одбојкарски работник постхумно му го додели на трагично загинатиот Тоше Проески, кој беше капитен и член на ОК Синалко. Наградата му е доделена за заживувањето на одбојкарскиот спорт во Крушево, а ја прими неговиот соиграч и другар ...

Во чест на Тоше, нема да се спомене негово име

Време - 15.03.2008

НА „ГЛУМЦИТЕ ПЕАТ“ Марин Бабиќ, првиот човек на манифестацијата „Глумците пеат“, која традиционално се одржува на 27 март, открива дека со неповторливата музичка големина Тоше Проески, непосредно пред трагичниот настан, се договарале и тој да запее на оваа сцена.

Ќе се подигне меморијален споменик на Тоше во Крушево

Време - 14.03.2008

СОБРАНИЕТО ЈА ПРИФАТИ ИНИЦИЈАТИВАТА Македонското Собрание вчера ја прифати Иницијативата за подигање меморијален споменик на Тодор Проески во Крушево. Парламентот побара од Владата да подготви и да достави Предлог-одлука за подигање меморијален споменик.

Каролина во Австралија плачела за Тоше

Вест - 14.03.2008

Поп-sвездата Каролина, која во моментов е на турнеја во Австралија, имала голема посетеност на своите концерти во Перт, Мелбурн и во Сиднеј. Како што јавува новинската интернет-агенција "Нетпрес", додека ја пеела песната "Немир", заедно со малиот Боби Андонов, не можела да ги сопре солзите, затоа ...

Во Крушево ќе се гради спомен-куќа на Тоше

Вечер Прес - 14.03.2008

Министерството за транспорт и врски до крајот на месецов треба да почне со изградба на патот од Крушево до манастирот кој го градеше Тоше, "Св. Преображение", а истовремено објектот ќе биде обезбеден и со струја Во Крушево ќе се гради меморијален споменик на Тоше, одлучи денес Македонското собрание.

Во октомври голем концерт во чест на Тоше на Градски

Утрински - 13.03.2008

Месецов ќе почне да се гради патот до манастирот „Св. Преображение“ во Крушево Голем меѓународен концерт со гостувања на многу популарни домашни и странски пејачи во чест на Тоше Проески ќе се случува во октомври на местото на кое трагично загинатата македонска и балканска пејачка ѕвезда го одржа ...

Каролина задоволна од посетеноста на настапите

Вечер Прес - 13.03.2008

Австралиската турнеја на Каролина Гочева, ако може да им се верува на впечатоците што ни стигаат од таму, минува во најдобар ред. Посетеноста на настапите во Перт, Мелбурн и Сиднеј била на одлично ниво. Каролина во Австралија гостува вторпат и овојпат за разлика од првиот, кога беше со Тоше ...

Идната недела ќе почне вештачењето на џипот на Тоше

Утрински - 12.03.2008

„Туарегот“, кој е клучен во истрагата за несреќата, допрва ќе се расклопува на Машинскиот факултет Горан Адамовски Вештачењето на џипот „туарег“, во кој се возеше Тоше Проески кога се случи трагичната сообраќајка во Нова Градишка, се' уште не е почнато.

Заврши меѓународниот конкурс за спомен куката за Тоше Проески во Крушево

Канал5 - 12.03.2008

На почетокот од септември ќе биде поставен камен темелникот од спомен куќата на Тоше во Крушево. На 700 метри квадратни од кои 200 е објект што до пред две години го користеше угостителското претпријатие Монтана, а другото ќе бидат тераси и дворно место.

Антонија Шола со албум на македонски јазик

Вест - 11.03.2008

Хрватската поп-sвезда Антонија Шола го заврши снимањето на новиот албум на македонски јазик.Текстовите за песните се на Шола, а преводите на Огнен Неделковски и Весна Малинова. Инструменталниот дел е снимен во студио во Загреб, а вокалите во студиото "Аворд" во Скопје.

По 26 цреши во чест на Тоше

Време - 11.03.2008

НОВИ ПРЕДЛОЗИ ДО ФОНДАЦИЈАТА „ТОДОР ПРОЕСКИ“ До Фондацијата „Тодор Проески“ секојдневно пристигнуваат разни идеи од обожавателки и обожаватели на омилениот идол. Една од идеите била доставена до оперскиот пејач Борис Трајанов, а се однесува на акција во секој град во Македонија да се засадат по 26 ...

Награда за животно дело за Тоше на „Беовизија“

Утрински - 11.03.2008

На завчерашната прва вечер на српскиот избор на песна за Евровизија - „Беовизија“, Тоше Проески постхумно беше награден со признание за животно дело. Во преполниот „Сава центар“ во Белград публиката со овации го дочека и испрати придружниот бенд на Тоше Проески „Блу фанки индивидуалс“, кој ја ...

Каролина во Австралија плачела за Тоше

Дневник - 11.03.2008

Поп-ѕвездата Каролина Гочева на своето второ гостување во Австралија заплакала кога на сцена со малиот Боби Андонов ја испеала нумерата „Немир“, јави агенцијата „Нет прес“.Песната, која пред неколку години Каролина ја испеа во дует со трагично загинатата ѕвезда Тоше Проески, предизвикала многу ...

Публиката на „Беовизија“ ја отпеа „Чија си“ во чест на Проески

Дневник - 11.03.2008

Неколкуилјадната публиката во белградскиот центар „Сава“, што завчера ја следеше првата полуфинална вечер на„Беовизија“,на нозе , со голем аплауз и пеејќи ја песната „Чија си“, и' оддаде почит на трагично починатата ѕвезда Тоше Проески, кому постхумното му беше доделена наградата за животно дело.

Експертите го расклопија туарегот на Тоше

Вечер Прес - 11.03.2008

Српскиот весник "Курир" не се откажува од приказната дека Тоше е убиен. Според нив, неисправни биле сопирачки на "туарегот". Наводниот "убиец" имал можност да го оштети автомобилот на Тоше или во Скопје пред патувањето или во Хрватска Вештачењето на Туарегот во кој загина македонската поп-икона ...

Македонски албум во чест на пријателството

Вечер Прес - 11.03.2008

Хрватската пејачка и актерка Антонија Шола, која кај нас е позната благодарение на соработката со Тоше Проески, но и серијата "Забранета љубов", го најавува својот албум на македонски јазик. Материјалот на кој носечката тема "Божји пат" или "Небу под облаке" е посветена на нејзиниот голем пријател ...

Написот во „Курир“ за „туарегот“ на Тоше е полн со невистини

Време - 10.03.2008

МВР СО ОФИЦИЈАЛНА ИНФОРМАЦИЈА „Произволен и полн со невистини“, вака го оцени портпаролот на Министерството за внатрешни работи Иво Котевски написот во белградскиот „Курир“ за повтореното вештачење на системот за сопирање на „Туарегот“, во кој на 16 октомври во Хрватска загина Тоше Проески.

МВР демантира дека го побаралo џипот на Тоше

Утрински - 10.03.2008

Македонската полиција демантира дека го побарала „туарегот“ на Тоше Проески на дополнителна експертиза во Скопје поради сомневање дека биле подметнати неисправни сопирачки. Написот во српскиот весник „Курир“, кој се повикува на наводни полициски извори, се оценува како произволен и полн со ...