TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

По двочасовен прекин, рударите на "Саса" се вратија во јамите

Утрински - 14.09.2002

Проблемите на рудникот од Македонска Каменица ќе се решаваат по изборите ШТИП - Вчера рано изутрина рударите од Рудникот за олово и цинк "Саса" во Македонска Каменица ја прекинаа работата, барајќи веднаш да им биде исплатена платата за минатиот месец.

Рударите од "Саса" ќе штрајкуваат по изборите

Дневник - 14.09.2002

ОДЛУКА НА РУДАРСКИОТ СИНДИКАТ Рударите од рудниците за олово и цинк "Саса" од Македонска Каменица го одложија најавениот штрајк со глад, а новиот термин ќе го договорат по парламентарните избори. Диме Стојменовски, претседателот на рударскиот синдикат, рече дека оваа одлука ја донеле со цел нивниот ...

„Саса“ го одложи штрајкот по изборите

А1 - 13.09.2002

Рударите на Саса и покрај најавите дека денеска ќе влезат во рударските јами и ќе почнат штрајк со глад поради неисполнување на нивните барања, тоа не го направија. Како што не информираа од синдикатот на Саса, штрајкот е одложен за по изборите за да се избегнат квалификациите дека тој е политички ...

Министерството за финансии ќе им ја даде бараната плата на рудариите на „Саса“

А1 - 11.09.2002

Рударте на „Саса“ се изненадени од веста дека владата нема да ја одржи својата последна владина седница поради партиската изборна кампања, а на која требаше да се донесе одлука за исплата на 500.000 евра за плати и репроматријали.

Фетаи, заедно со синдикатот, ќе го продава "Саса"

Вест - 11.09.2002

РУДАРИТЕ ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ШТРАЈКУВАА ПРЕД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА Министерот за економија Бесник Фетаи, вчера на рударите им ветил плата и репроматеријали до петок и учество во приватизацијата на рудникот, а доколку тоа не се случи, рударите повторно ќе штрајкуваат со глад в Ако до петок ...

Рударите итно бараат милион денари за плати и за репроматеријали

Дневник - 11.09.2002

НА ПРЕГОВОРИТЕ СО МИНИСТЕРОТ ФЕТАИ Рударите од "Саса" од Македонска Каменица в петок ќе почнат штрајк со глад во рудничките јами, ако Владата најдоцна до утре не обезбеди милион денари за августовската плата и за репроматеријали.

Судбината на Саса ќе се решава по изборите

А1 - 10.09.2002

Судбината на загубарот од Македонска Каменица, рудници Саса, ќе треба да ја решава новата влада по изборите. Ваквиот заклучок следуваше по денешната средба меѓу рударите и министерот за економија Бесник Фетаи. На состанокот на работниците им било соопштено дека единствениот заинтересиран купувач за ...

Рударите од Саса повторно на штрајк со глад

А1 - 09.09.2002

Рударите од рудникот Саса повторно ќе го активираат штрајкот со глад, но и ќе излезат на јавен протест пред државните институции. Утре 50 рудари ќе дојдат во Скопје на протести пред владата, а доколку не им биде прифатени, како што велат последното предупредување, најавуваат реактивирање на ...