TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Заменик-министер им помагал на шиитските милиции

Дневник - 10.02.2007

Американски и ирачки сили денеска го уапсија заменик-министерот во ирачкото Министерство за здравство. Како што соопштија ирачките официјални извори, уапсениот Хаким Замили бил високо поставен член на политичката група на радикалниот шиитски водач Моктада Садр, а е уапсен поради сомневање дека им ...

Жртви во почетокот на офанзивата во Багдад

Време - 09.02.2007

НАПАДИ ВО ИРАК Американско-ирачката офанзива за смирување на Багдад почна неславно, со уривање американски транспортен хеликоптер „чинук“ со седум војници и со бомбашки напад во југоисточен Багдад, кој однесе 12 жртви. - Единица за противвоздушна одбрана на исламскиот емират во Ирак урна хеликоптер ...

Околу четири милиони Ирачани ја напуштиле државата

Макфакс - 09.02.2007

Багдад Околу четири милиони жители на Ирак ги напуштиле своите домови од почетокот на војната, а околу два милиони се населиле во Јордан, Сирија, Либан, Јемен и Египет. Ирак, месечно, го напуштаат околу три илјади лица, во внатрешноста се селат околу 50 илјади, а досега, таму се преселиле околу два ...

Нови американски жртви во Ирак

Макфакс - 09.02.2007

Багдад Тројца американски војници се убиени во четвртокот во ирачката провинција Ал Анбар, соопшти денеска американската команда во Ирак. Истиот извор наведе дека војниците загинале при судир со бунтовници во Ал Анбар. Во истата провинција, ден порано загинаа четири американски војници.

Најмалку 12 загинати во нови насилства во Ирак

А1 - 08.02.2007

Автомобил-бомба експлодира денеска во југоисточен Багдад, при што загинаа најмалку шест и се ранети десет лица. Експлозијата се случила во близина на сунитската џамија Ал-Амен што се наоѓа во областа Нисан. Во Бакуба, североисточно од Багдад, загинаа четворица полицајци и цивил во напад врз патрола.

Почна офанзивата во Багдад

Време - 08.02.2007

НАПАД НА АМЕРИКАНСКАТА И ИРАЧКАТА ВОЈСКА Американската и ирачката војска завчеравечер ја почнале својата операција за преземање на контролата врз градот Багдад од исламистичките сунитски и шиитски групи. Акцијата почнала во сунитската населба Азамија, во североисточниот дел на градот, каде што ...

Нови насилства во Ирак, загинаа најмалку 12 лица

Канал5 - 08.02.2007

Автомобил-бомба експлодира денеска во југоисточен Багдад при што загинаа најмалку шест и се ранети десет лица. Багдад, 8 февруари (МИА) - Автомобил-бомба експлодира денеска во југоисточен Багдад при што загинаа најмалку шест и се ранети десет лица, пренесува МИА.

Уапсен висок претставник на ирачкото Министерство за здравство

Канал5 - 08.02.2007

Хакин ал-Замили, заменик-секретар во ирачкото Министерство за здравство, е уапсен денеска во рамки на заедничка американско-ирачка акција во Багдад, пренесува МИА. Багдад, 8 февруари (МИА) - Хакин ал-Замили, заменик-секретар во ирачкото Министерство за здравство, е уапсен денеска во рамки на ...

Меѓународна конференција за враќање на мирот во Ирак

Макфакс - 08.02.2007

Багдад Меѓународна конференција наменета за повторно враќање на мирот во Ирак ќе се одржи на 10. март во Багдад, соопшти денеска ирачкиот премиер Нури ал Малики. „Ирачката влада испрати службени покани на земјите од регионот, постојаните земји членки на Советот за безбедност на Обединетите нации ...

Најмалку 15 лица загинале во автомобил-бомба во Ирак

Макфакс - 08.02.2007

Багдад Најмалку 15 лица се загинати, а 50 се ранети во јужен Ирак, во експлозија на автомобил-бомба, соопшти локалната полиција. Експлозијата се случила во 10.30 часот по локално време, во близина на пазар во градот Азизаја, 90 километри јужно од Багдад.

Најмалку 56 загинати во два бомбашки нападa во Багдад

Макфакс - 08.02.2007

Багдад Најмалку 56 луѓе загинаа, а повеќе од 100 се повредени во денешните две експлозии на автомобили-бомби во источниот дел на Багдад, соопшти ирачката полиција. Според изјави на очевидци, автомобилите експлодирале во моментот кога покрај нив поминувале американски војници, но засега нема ...

Ракети „земја-воздух“ откриени крај Багдад

Макфакс - 08.02.2007

Багдад – Ирачките сили за безбедност откриле 50 ракети од типот „земја-воздух“ во склад за оружје крај Багдад. „Тоа се ракети „земја-воздух“ од руско производство, исправни за употреба“, изјави Касим Мусауи, портпарол на ирачката команда, одговорна за новите безбедносни мерки во Багдад.

Нови напади во Ирак, 17 убиени

Макфакс - 08.02.2007

Багдад Најмалку 17 лица се убиени, а 27 се ранети во денешната експлозија на автомобил- бомба во јужен Ирак, пренесуваат агенциите. Бомбата експлодирала на пазар, кој го посетувале Шиитите, а според медицинските лица, бројот на жртвите би можел да се зголеми.

Најмалку 10 лица загинаа при експлозија на бомба во Ирак

Макфакс - 08.02.2007

Багдад Најмалку 10 лица загинаа, а седум се повредени, изутрината во експлозија на автомобил бомба во Багдад. Ирачката полиција соопшти дека бомбата експлодирала во јужниот дел на Багдад, во трговската област ...

Седум загинати во пад на американски хеликоптер во Багдад

Макфакс - 08.02.2007

Багдад Сите седум патници на американскиот воен хеликоптер загинаа при уривањето на леталото во близината на Багдад, соопшти претставник на американското министерство за одбрана. Истиот извор не сакаше да ја открие причината за уривањето на хеликоптерот, што се случи доцна синоќа.

Уапсен ирачки заменик министер за здравство

Макфакс - 08.02.2007

Багдад Американски и ирачки сили денеска го уапсија заменик министерот во ирачкото Министерство за здравство. Како што соопштија ирачките официјални извори, уапсениот Хаким Замили бил високо поставен член на политичката група на радикалниот шиитски водач Моктада Садр, а е уапсен поради сомневање ...

Ирански дипломат грабнат во Багдад

Вест - 07.02.2007

БАГДАД, 7 февруари (Ројтерс) - Вооружени напаѓачи во униформи на ирачки војници киднапирале висок ирански дипломат во Багдад, соопштија вчера ирански и ирачки владини претставници, а Техеран ја обвини американската војска и побара негово итно ослободување.

Нови експлозии во Ирак

Макфакс - 07.02.2007

Багдад Пет лица загинаа, а десетина се ранети при експлозија на автомобил-бомба што се случи денеска во центарот на Багдад, пренесуваат агенциите. Неколку часа претходно во Багдад експлодираше друга автомобил-бомба која уби две, а рани четири лица.

Седуммина загинати и 48 ранети во експлозија на автомобил бомба

Макфакс - 07.02.2007

Багдад Најмалку седум лица загинаа, а 48 се ранети при експлозија на два автомобил-бомби во Киркук, 250 километри северно од Багдад, јавуваат агенциите. Бомбите, според полицијата, експлодирале во гаража во кварт населен од Курди.

САД доставиле 4.милијарди долари во Ирак

Макфакс - 07.02.2007

Вашингтон Американските Федерални резерви во Ирак имаат доставено четири милијарди долари во готово во Багдад, откако контролата во земјата ја презедоа Ирачаните. Парите, кои беа држени од САД, доаѓале од ирачкиот извоз на нафта, програмите на Обединетите нации, како и од замрзнатите имоти што ...

Најмалку 15 загинати во нападите во Ирак

Макфакс - 07.02.2007

Багдад Најмалку 15 луѓе загинаа во нападите што се случија денеска ширум Ирак, соопшти полицијата. Меѓу загинатите се двајца вработени во Ирачката медиска мрежа во Багдад, финансирана од владата, како и една владина службеничка убиена во Мосул.

Наскоро офанзива во Багдад

Време - 06.02.2007

ПО ИСПРАЌАЊЕТО ЗАСИЛУВАЊА Американската и ирачката армија најавија дека многу скоро ќе почнат чистка на терористичките групи во Багдад. - Постојано ќе го зголемуваме притисокот врз вооружените групи и криминалците - изјави американскиот полковник Чип Луис. Американскиот претседател Џорџ В.

Ирачките сили и САД готват финална пресметка со бунтовниците

Утрински - 06.02.2007

Ако наскоро не се исполни ветувањето за дополнителни сили, ситуацијата би можела да се влоши уште повеќе БАГДАД - Ирачкиот потпретседател од редовите на сунитите го повика Вашингтон да го забрза распоредувањето на дополнителните американски војници за да се сопре, како што го нарече, ...

Осумнаесет лица загинаа во Багдад

Утрински - 06.02.2007

БАГДАД - Во две автомобил-бомби во посебни населби во Багдад вчера загинаа 18 лица, а 60 се повредени, соопшти полицијата. Во најголемата експлозија на автомобил-бомба во населбата Саидија во јужен Багдад, која е верски измешана, загинаа 10 лица, а 20 беа повредени.

Убиени пет полицајци и тројца цивили

Макфакс - 06.02.2007

Багдад П ет полицајци и тројца цивили се убиени при бомбашки и напади со минофрлачи во Багдад и околината, соопшти полицијата. Двајца полицајци се убиени додека патролирале во југоисточниот дел на Багдад. Во нападот е ранети и еден нивни колега.

Најмалку шест загинати, и 26 повредени во експлозија

Макфакс - 06.02.2007

Багдад Најмалку шест лица загинаа, а 26 се повредени, меѓу кои и две официјални лица, во експлозија што изутрината одекна во Министерството за јавни работи, во Багдад. Ирачкиот шиитски потпретседател Адел Абдел Махди и министерот за јавни работи Ријад Граиб, се полесно повредени во експлозијата на ...

Досега невидена операција на САД

Вечер Прес - 06.02.2007

Вчера во главниот град на Ирак е отворен командниот центар за надгледување на акцијата Наскоро ќе почне кампања на ирачките и американски сили за стабилизација на Багдад, потврдија за западни медиуми високи претставници на армијата на САД.

Најмалку 25 загинати во неколку инциденти во Ирак

А1 - 05.02.2007

Во неколку инциденти во Ирак денеска загинаа најмалку 25 лица, од кои најголемиот дел во Багдад, каде коалиционите сили најавија „досега невидена акција“ против бунтовниците во државата. Бомбаш-самоубиец активирал експлозив што го носел во камионот во близина на бензиска станица во југоисточниот ...

Петмина убиени во бомбашки напади

Време - 05.02.2007

ИРАК: НАСИЛСТВАТА ПРОДОЛЖУВААТ Со серија бомбашки напади во главниот ирачки град Багдад вчера биле убиени пет лица, помеѓу кои четири полицајци. Новите напади следувале само еден ден откако камион-бомба усмртил 130 луѓе, а ранил повеќе од 300, јави новинската агенција АФП.

Нови инциденти предизвикани од бунтовниците во Ирак

Канал5 - 05.02.2007

Во неколку инциденти во Ирак денеска загинаа најмалку 25 лица, од кои најголемиот дел во Багдад каде коалиционите сили најавија „досега невидена акција“ против бунтовниците во државата. Багдад, 5 февруари (МИА) Во неколку инциденти во Ирак денеска загинаа најмалку 25 лица, од кои најголемиот дел во ...

Багдад ќе се чисти од терористи

Дневник - 05.02.2007

Ирачките власти соопштија дека подготвуваат голема офанзива против сунитските бунтовници, кои во Багдад вчера при самоубиствен бомбашки напад убија 135 луѓе, а ранија речиси 300, јави Ројтерс. - Бомашот-самоубиец го активирал експлозивот во својот камион во време кога на пазарот во квартот Ал ...

Убиени четворица американски војници

Макфакс - 05.02.2007

Багдад Четворица американски војници се убиени, а двајца се ранети во провинцијата Диџала, северно од Багдад, во повеќе бомбашки напади, соопшти денеска американската војска во Ирак. Во соопштениот се наведува дека војниците се убиени вчера откако експлодирале повеќе експлозивни направи во близина ...

Ирачкиот претседател со критика до американските војници

Макфакс - 05.02.2007

Багдад Ирачкиот претседател Џалал Талибани доцна синоќа упати остра критика до американските војници за апсењето на синот на еден од шиитските водачи. Тој преку официјално комунике изрази длабоко жалење и изненаденост и побара виновниците да бидат опоменати.

Започна операцијата „наметнување на законите“ во Багдад

Макфакс - 05.02.2007

Багдад Операцијата „наметнување на законите“ на ирачката влада започна да се спроведува во Багдад. Наметнување на законите во ирачката престолнина, каде живеат шест милиони жители, се спроведува преку поставување нови безбедносни пунктови, проверка на автомобилите и зголемен број на контроли.

Најмалку две лица загинаа во експлозија до иранската амбасада во Багдад

Макфакс - 05.02.2007

Багдад Најмалку две лица загинаа, а осум се повредени во експлозија што изутрината се случи во центарот на Багдад, во близина на иранската амбасада, соопшти министерството за одбрана. Експлозијата била предизвикана од автомобил бомба, паркиран на педесеттина метри од иранската амбасада во Ирак, во ...

Најмалку 22 загинати во експлозија пред универитетот во Багдад

Макфакс - 05.02.2007

Багдад Најмалку 22 лица загинаа, а 31 лице е повредено при експлозија на бомба што денеска беше активирана од бомбаш самоубиец пред универзитетскиот комплекс во Багдад. Ирачката полиција соопшти дека најголем дел од жртвите се студенти.

Експлозии во Багдад - две жртви

Макфакс - 05.02.2007

Багдад Две лица загинаа, а девет се ранети во серија експлозии ширум Ирак, соопшти денеска полицијата. Во центарот на Багдад, едно лице загина, а шест се ранети во експлозија на ракета, а во експлозија на бомба поставена во контејнер во источниот дел на градот загина случаен минувач, додека три ...

Најмалку 19 загинати во новиот бран напади во Ирак

Макфакс - 05.02.2007

Багдад Најмалку 19 цивили загинаа во новиот бран напади во Ирак, соопштија денеска безбедносни извори. Според истите извори, 13 лица загинаа во две експлозии на автомобил бомба во Багдад, додека во југозападниот дел на ирачката престолнина осум лица загинаа, а 39 се повредени кога бомбаш самоубиец ...