TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бучковски и Црвенковски задоволни од македонската кандидатура

А1 - 17.12.2005

Државниот врв го дочека моментот во кој можеше да ликува и да слави. Неколку часа по добивањето на позитивниот одговор од Унијата околу македонската кандидатура, и премиерот Бучковски и претседателот Црвенковски се решија да и се обратат на јавноста. Двајцата не можеа да ја скријат еуфоријата.

Црвенковски тужи, Костов тактизира, Бучковски кулира

Време - 17.12.2005

ПОРАДИ ТАЈНИТЕ БАНКАРСКИ СМЕТКИ Адвокатот на претседателот Бранко Црвенковски, Нико Поленак, завчера поднел кривична пријава за непознат сторител и за Никола Младенов, директор на неделникот „Фокус“, поради сомневање дека е сторено кривично дело фалсификување исправа.

Црвенковски ја достави тужбата, го чека Обвинителството

Утрински - 17.12.2005

Тужбата за фалсификат на шефот на државата против †Фокус" отвора многу дилеми Црвенковски мора да води сметка од странка во спорот да не ја преземе и улогата на обвинител БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Претседателот на државата, Бранко Црвенковски, може да влезе во правен ќор-сокак, обидувајќи се да издејствува ...

Бучковски, Јордановски и вицепремиерите на средба кај Црвенковски

А1 - 16.12.2005

По низата јавни и прикриени судири и препукувања преку медиумите на релација Претседател-Премиер, Црвенковски и Бучковски денеска се сретнаа да се договорат, што ќе се прави по евентуалните позитивни вести од Брисел. Заедно со претседателот на Собранието Јордановски, вицепремиерите Шеќеринска и ...

Бучковски негира дека стои зад објавувањето на тајните сметки

А1 - 16.12.2005

Перверзија и бесмислица. Премиерот Бучковски за печатените медиуми ја отфрли тезата дека е поврзан и стои зад објавувањето на тајните сметки на Црвенковски и Костов. Тој повтори - во моментов имал поголеми приоритети од аферата за швајцарските сметки . За нив не сакаше да зборува.

Бучко и Љубчо немале врска со сметките на Бранко и на Хари

Време - 16.12.2005

ПО ИНФОРМАЦИИТЕ ДЕКА НЕКОЈ ОДНАТРЕ ГИ НАКАЛЕМИЛ ШВАЈЦАРСКИТЕ КОНТА Претседателот на Владата имал многу поголеми приоритети и преокупации од „швајцарските сметки“ на претседателот Бранко Црвенковски и на банкарот Хари Костов. Така вчера изреагира премиерот Владо Бучковски на објавените информации ...

Бучковски тврди дека не ги мести Црвенковски и Костов

Утрински - 16.12.2005

Битката за политичка превласт во државава ги турка „швајцарските сметки“ на политички терен Бучковски: Некому му пречи сето ова што позитивно се случува во Република Македонија. Не треба да се биде преголем аналитичар за да се заклучи кому не му одговора сето ова БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Перверзија и ...

Прчевски: Не размислувам за оставка!

Утрински - 16.12.2005

По многубројните прозивки на државниот јавен обвинител Ниту јас, ниту моите соработници не отстапуваме од она што го кажавме во последното соопштение до јавноста, бидејќи сметаме дека постапуваме законски, потенцира државниот јавен обвинител Гордана Дувњак "Ниту јас, ниту моите соработници не ...

Прчевски ја чека пријавата од Црвенковски

Дневник - 16.12.2005

СЛУЧАЈ "ТАЈНИ ШВАЈЦАРСКИ СМЕТКИ" Обвинителството ќе работи по кривичната пријава што ја најави претседателот на државата Бранко Црвенковски и ќе преземе се што е во негова надлежност ако оцени дека во неа има елементи за сомневање дека е направено кривично дело, изјави вчера јавниот обвинител, ...

Адвокатот на Црвенковски ја поднел тужбата за фалсификат против Младенов и непознат сторител

Канал5 - 16.12.2005

Адвокатот на Црвенковски, Поленак доставил кривична пријава против Никола Младенов и непознат сторител за фалисфикување на исправа. Според информациите на Канал 5 пријавата била доставена вчера попладне. Адвокатот на Црвенковски, Поленак доставил кривична пријава против Никола Младенов и непознат ...

Прчевски: Hемам намера да поднесам оставка

Вечер Прес - 16.12.2005

Јавното обвинителство ќе се вклучи во истрага за аферата "швајцарски сметки", објавена во неделникот Фокус. Според републичкиот јавен обвинител Александар Прчевски, тие ќе започнат постапка доколку претседателот Бранко Црвенковски поднесе кривична пријава против неделникот за сторено кривично ...

Младенов: Црвенковски ја замајува јавноста

А1 - 15.12.2005

Црвенковски ја замајува јавноста. Случајот со тајните сметки сака да го пренесе на политички терен. Наместо да трага по вистината, тој сега го бара кој ги дал сметките. Вредноста на тој документ е никаква. Прво се обидуваше да не манипулира со дозволата за пристап, потоа кој е надлежен со Прчевски, ...

Тајните сметки се фалсификат

Вест - 15.12.2005

БРАНКО СЕ МАЧИ ДА ДОКАЖЕ ДЕКА Е ЧЕСЕН Претседателот Црвенковски добил допис од швајцарската Американ експрес банка во кој се тврди дека за нив наведената сметка и приложениот банкарски извод се непознати Претседателот на државата Бранко Црвенковски добил допис од Банката во кој се тврди дека за нив ...

Црвенковски знаел кој му ја накалемил аферата

Време - 15.12.2005

ДВЕ НЕДЕЛИ ОД ПОЈАВАТА НА „ТАЈНИТЕ СМЕТКИ“ Диана Младеновска Претседателот Бранко Црвенковски знаел кој му ги дал на неделникот „Фокус“ факсимилите од „швајцарската сметка“, на која тој наводно имал 12 милиони американски долари, тврди извор близок до Црвенковски.

Сам ја водам битката, но ќе ја добијам

Време - 15.12.2005

ЦРВЕНКОВСКИ РЕШЕН ДА ЈА РАСЧИСТИ АФЕРАТА Кај нас може да се докаже дека некој е корумпиран само ако го фатите жив со обележени пари во рацете, ја прокоментира вчера претседателот Бранко Црвенковски правната конфузија што се создаде со аферата „Швајцарски сметки“.

Сопругата на Прчевски налетала на провалниците

Време - 15.12.2005

БИТОЛА Три непознати лица протрчаа надолу покрај нас додека се качувавме по скалите. Тие најверојатно биле провалниците во нашиот стан. Сигурно ги известил нивниот обезбедувач пред зградата, изјави вчера Петар Прчевски, син на државниот јавен обвинител, чиј стан во Битола завчера беше провален ...

Кој го мести претседателот на државата?

Утрински - 15.12.2005

Аферата „Швајцарски сметки“ е продолжување на битката за политичка превласт во државата Фрапантните шпекулации одат дотаму што, покрај обвинувањата дека во аферата е вмешан бившиот премиер Георгиевски, се обвинува и власта, па дури и лично премиерот Бучковски Кој го мести претседателот Бранко ...

Црвенковски разорачан од институциите на системот!

Утрински - 15.12.2005

По аферата со швајцарските сметки и конфузијата во државните институции Претседателот на државата Бранко Црвенковски е разочаран од конфузијата која, според него, владее во институциите кои треба да се справат со криминалот и корупцијата.

Синот на Прчевски тврди дека во станот влегле тројца мажи

Утрински - 15.12.2005

По провалата во домот на државниот јавен обвинител Што барале провалниците во станот на Прчевски БИТОЛА - Битолската полиција трага по организирана група провалници кои завчера се обидоа да го ограбат станот на државниот јавен обвинител Александар Прчевски.

Синот на Прчевски ги видел провалниците

Дневник - 15.12.2005

ПО ПРОВАЛАТА ВО СТАНОТ ВО БИТОЛА Петар Прчевски, син на државниот јавен обвинител Александар Прчевски, вчера изјави дека ги видел провалниците во нивниот стан во Битола, по кои трага полицијата. Петар Прчевски, со мајка си Лидија, во понеделникот околу 17 часот се враќал дома.

Црвенковски со доказ дека нема сметка

Дневник - 15.12.2005

СТИГНА ОДГОВОРОТ ОД АМЕРИКАН ЕКСПРЕС Претседателот Бранко Црвенковски завчера добил писмено известување од филијалата на Американ експрес банка во Швајцарија дека во неа нема сметка на негово име. Ова вчера на прес-конференција го соопшти претседателот и најави дека против авторот на текстот во ...

Црвенковски и Костов со потврди дека не поседуваат сметки

А1 - 14.12.2005

Немам тајна сметка во Швајцарија. Црвенковски уште еднаш, Американ експрес банка му одговорила - сметката и банкарскиот извод за нив не биле познати. Одговорот од банката веќе го пратил во Антикорупција. Засега нема да тужи за клевета, мала била казната .

МВР води истрага за упадот во станот на Прчевски

А1 - 14.12.2005

По вчерашниот упад во станот на државниот јавен обвинител Александар Прчевски во Битола, битолската полиција води истрага против организирана провална група. Крадците ја скршиле бравата и влегле во станот околу 17 часот, а соседите ништо не забележале . „Мајка ми ништо не слушна, ниту виде.

Дали Прчевски замина во Швајцарија?

Време - 14.12.2005

НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАДЕ Е ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ Александар Прчевски, државниот обвинител, завчера попладне се качил на авион за Љубљана, од каде што, според се уште непотврдени информации, продолжил за Швајцарија. Дали обвинителот тргнал во потрага по „тајните сметки“ на поранешните премиери Бранко ...

Провален станот на Прчевски, тој нема абер

Вест - 14.12.2005

ВЧЕРА НОЌТА ВО БИТОЛА Непознато лице вчера ноќта провалило во станот на државниот јавен обвинител Александар Прчевски во Битола, потврдија во МВР. Според првичните информации провалникот со погоден алат влегол во станот на улицата Младински бригади, кај Декорпод, сопственост на јавниот обвинител но ...

Конта и контиња

Време - 14.12.2005

ГЕОРГИ БАРБАРОВСКИ Јавност што има толку висок праг на толерантност, што беспоговорно и редовно ги избира тие што ја лажат, ја изневеруваат, ја крадат и ја манипулираат, воопшто не е тешко да ја зацементирате во нејзината духовна и економска сиромаштија.

Провален станот на државниот обвинител

Време - 14.12.2005

БИТОЛА Непознати лица вчера помеѓу 17 и 18 часот извршиле провала во станот на државниот јавен обвинител Александар Прчевски во Битола, во станбениот комплекс на ул. Младински бригади, наспроти Домот за доенчиња. Според Розинка Петровска, портпаролката на СВР Битола, провалниците ја скршиле бравата ...

Георгиевски: Црвенковски е најголем крвник на вмровската идеја

Утрински - 14.12.2005

Изјава на неформалниот лидер на ВМРО-Народна партија Ако постои коалиција во Македонија, тоа е коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Црвенковски, вели Георгиевски СУЗАНА ТАСЕВА СТРУМИЦА - "Јас сум голем скептик и ова очигледно отфрлање на кандидатурата на Република Македонија е една тешка катастрофална ...

Провален станот на Прчевски

Утрински - 14.12.2005

Битола БИТОЛА - Непознати сторители завчера попладне провалиле во станот на јавниот обвинител Александар Прчевски во Битола, но останале со празни раце. Од битолската полиција не сакаат да зборуваат за овој случај, но сепак потврдија дека имало обид за провала.

Црвенковски и Костов ќе мора да се тужат самите за Прчевски да отвори истрага

Утрински - 14.12.2005

Непопустливоста на јавниот обвинител би можела да доведе до апсурдни ситуации во аферата †Швајцарски сметки" Правниците велат дека не е можно некој да се тужи сам себеси. Такво нешто нема во правото Претседателот на државава Бранко Црвенковски и експремиерот Хари Костов најверојатно ќе мораат да се ...

Провала во станот на Прчевски

Дневник - 14.12.2005

БИТОЛА Непознати разбојници се обиделе да провалат во станот на државниот јавен обвинител Александар Прчевски во Битола. Инцидентот се случил завчера во попладневните часови, кога во неговиот стан на улицата Младински бригади немало никој.

Црвенковски може да го гонат за прикривање имот

Дневник - 14.12.2005

експертите ги обЈаснуваат правните процедури за "отворање" на таЈните сметки Прикривање потекло на несразмерно стекнат имот е делото за кое треба да се гонат претседателот на државата и поранешниот премиер за да може против нив да се отвори истрага за наводните швајцарски сметки, вели професорот на ...

Црвенковски ќе го тужи „Фокус“ за фалсификат

Канал5 - 14.12.2005

Ова е писмото тврди Црвенковски што го добил од швајцарската банка „Американ експрес“ дека за нив се непознати изводите од сметките што ги објави „Фокус“ Генералниот менџаер на банката напишал дека тие не ги препознаваат или не ги признаваат ниту сметката ниту изводот.

Прчевски не мора да трага по вистината за тајните сметки

А1 - 13.12.2005

Прчевски може, но не мора да трага по вистината за тајните сметки на Црвенковски и Костов - се јавија дел од експертите. Тие велат, Претседателот сам да си побара докази дека нема сметки и да поднесе тужба за клевета. Јавниот обвинител да се вклучи, ако има отстапување од имотот што го пријавил ...

Ограбен станот на Прчевски во Битола

А1 - 13.12.2005

Синоќа помеѓу 17 и 18 часот, непознати сторители извршиле провала во станот на државниот јавен обвинител Александар Прчевски во Битола, во станбениот комплекс на улица „Младински бригади“ наспроти домот за доенчиња. Според портпаролот на СВР Битола Розинка Петровска, провалниците насилно ја скршиле ...

Прчевски: Сметките во „Фокус“ се копии

Време - 13.12.2005

ЕДИНАЕСЕТ ДЕНА ПО ОТВОРАЊЕТО НА АФЕРАТА „ТАЈНИ СМЕТКИ“ Диана Младоновска Изводите од банкарските сметки пласирани во весниците претставуваат копии, кои во кривично-правна смисла не се исправни и не се подобни да служат како доказ, соопшти вчера државниот обвинител Александар Прчевски.

Прчевски се дистанцира од контата на Хари и Бранко

Вест - 13.12.2005

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕНАДЛЕЖНО ЗА ТАЈНИТЕ СМЕТКИ НА ДРЖАВНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ Најбараната личност минатата недела, државниот обвинител Александар Прчевски, вчера за случајот "тајни швајцарски конта на Бранко Црвенковски и Хари Костов" рече дека Обвинителството и натаму нема да презема ништо, се додека ...

Црвенковски го прозва Прчевски за наводните тајни банкарски сметки

Утрински - 13.12.2005

Јавното обвинителство и шефот на државата меѓусебно се конфронтираа околу наводите обајвени во неделникот "Фокус" Претседателот на државата јавно изјавува дека единствен начин да се заработат таквите суми пари е врз основа на криминални активности.

Лекот за аферите е правната процедура, смета Камбовски

Утрински - 13.12.2005

Аферата за наводни тајни банковни сметки добива димензија на масовна хистерија во која секој обвинува секого Откривањето на банкарски податоци, особено од странски банки, е можно само со судски налог, бидејќи банките ги штитат интересите на своите клиенти, смета професорот по кривично право Ризично ...

Претседателот Црвенковски непријатно изненаден од обвинителот

Дневник - 13.12.2005

СЛУЧАЈ ТАЈНИ СМЕТКИ ВО ШВАЈЦАРИЈА Шефот на државата Бранко Црвенковски е "изненаден од леснотијата со која обвинителот Прчевски се ослободува од обврската да покрене постапка" за утврдување на фактичката состојба за написите во неделникот "Фокус".

Кривично дело е македонски државјани да имаат сметки во странски банки

Канал5 - 13.12.2005

Законот за Народна банка го демантира Прчевски. Кривично дело е македонски државјани да имаат сметки во странски банки, објаснува денеска првиот човек на Дирекцијата за спречување на перење на пари, контра јавниот обвинител кој го тврдеше спротивното. Законот за Народна банка го демантира Прчевски.

Прчевски нема абер да покрене истрага

Вечер Прес - 13.12.2005

Јавниот обвинител Александар Прчевски нема абер да покрене истрага за наводните тајни сметки на претседателот Бранко Црвенковски и екс-премиерот Хари Костов. Десет дена откако беше прозван да ги употреби сите расположливи механизми за утврдување на вистинската состојба, Прчевски, во нему познат ...

Швајцарска пародија!

Вечер Прес - 13.12.2005

Лавината тргна и, како што стојат работите, тешко дека ќе може да се сопре, а за последиците од неа ќе треба доста време за колку толку да се санираат. Швајцарските "конта" или бројот на припадниците на домашната политичка елита кои ги поседуваат се зголемува.

Црвенковски-изненаден

Вечер Прес - 13.12.2005

Претседателот Бранко Црвенковски е изненаден од леснотијата со која републичкиот јавен обвинител Александар Прчевски се ослободува од обврската да покрене постапка за утврдување на фактичката состојба во однос на написите во неделникот "Фокус" - се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Прчевски: Банкарските сметки не се кривично дело

А1 - 12.12.2005

Прчевски му откажува послушност на Црвенковски. И покрај повиците, тој по свое - банкарските сметки не се кривично дело. За А1 изјави дека ништо нема да бара од швајцарските банки. Претседателот Црвенковски изненаден од леснотијата со која обвинителот бега од својата обврска, по трет пат го повика ...

Црвенковски изненаден од одлуката на Прчевски

А1 - 12.12.2005

По реакцијата на Прчевски, се огласи и кабинетот на Црвенковски. Претседателот е изненаден од леснотијата со која Прчевски се ослободува од обврската да покрене постапка за утврдување на фактичката состојба во однос на написите во неделникот „Фокус“.

Се множат швајцарските конта, Прчевски во илегала

Време - 12.12.2005

И ДРЖАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ВО АФЕРАТА СО ТАЈНИТЕ СМЕТКИ Државниот јавен обвинител Александар Прчевски и натаму не реагира, иако и самиот се најде во аферата со тајните сметки, откако магазинот „Форум плус“ во последниот број објави дека и тој има конта во швајцарски банки.

И Прчевски имал швајцарски конта!

Утрински - 12.12.2005

„Форум" објави слипови од две сметки на државниот јавен обвинител во износ од 380.000 долари И Александар Прчевски имал швајцарски конта, тврди "Форум" во последниот број, објавувајќи слипови од две сметки на државниот јавен обвинител, во комбиниран износ од 380.000 долари.

Прчевски е натрапник на функцијата

Дневник - 12.12.2005

ТМРО Со одбивањето да отвори истражна постапка за тврдењата дека претседателот Бранко Црвенковски поседува тајни банкарски сметки во Швајцарија, Јавниот обвинител Александар Прчевски ја узурпира функцијата и стана нејзин натрапник, обвини Ванчо Шехтански, лидер на партијата ТМРО.

Прчевски не се дава-нема да преземе ништо - банкарските сметки не биле криминал

Канал5 - 12.12.2005

Прчевски ќе чека. Нема да истражува дали Црвенковски и Костов имаат милиони долари тешки банкарски сметки во швајцарски банки како што пишува весникот „Фокус“. На јавноста и напиша. Прчевски ќе чека. Нема да истражува дали Црвенковски и Костов имаат милиони долари тешки банкарски сметки во ...

И Прчевски има сметки во Швајцарија?

Вечер Прес - 12.12.2005

Има ли и државниот јавен обвинител, Александар Прчевски, сметки во швајцарските банки, прашува неделникот "Форум". Според информациите што тие ги добиле од анонимни извори, обвинителот Прчевски поседува две швајцарски конта, со комбиниран износ од 380.000 долари.