TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

СДСМ испушти шанса достоинствено да го прослави Илинден

Вест - 05.07.2003

ВМРО- ДПМНЕ ЈА КРИТИКУВА ВЛАСТА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ЈУБИЛЕЈОТ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВНОСТ На 100-годишнината на Илинден нема духовно обединување на целиот македонски народ, тврди најголемата опозициона партија Владата на СДСМ ја испушти историската шанса одбележувањето на 100-годишнината на Илинден ...

ВМРО-ДПМНЕ : Неспособната власт ќе ги разедини Македонците за Илинден

Дневник - 05.07.2003

ОПОЗИЦИЈАТА "ПУКА" СО ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА Власта недостојно и несоодветно ја одбележува стогодишнината од Илинденското востание, врши национално разединување, а одвоените сто милиони евра најверојатно се украдени, обвини вчера најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Или(н)ден или ноќ

Дневник - 05.07.2003

Уводник - Георги Барбаровски Јасно е како бел ден зошто Илинден нема да го прославиме онака како што прилега за таков јубилеј, зашто на зорт-на сила туркаме некакви програми, умерено македонски и прекумерно анемични, доволно задоцнети за многу рано да ни се стемни за никој да не чуе, да не види и ...

ВМРО-ДПМНЕ нуди помош за прославата на 100-години Илинден

А1 - 04.07.2003

ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на актуелната власт и понуди „бесплатна експертска помош за организирање на прославата по повод 100-годишнината од Илинденското востание“, бидејќи, како што смета партијата, „четири недели пред одржувањето на централната манифестација, Владата направила ...

Трајковски ќе говори во Крушево, а Црвенковски во Скопје

Утрински - 04.07.2003

Претседателот и премиерот се договорија за Илинден Претседателот на државата и премиерот се договорија и ги поделија улогите за претстојното големо илинденско чествување. Претседателот Борис Трајковски ќе одржи говор пред насобраните граѓани на Мечкин Камен, на 2 Август, а премиерот Црвенковски ќе ...

Илинден заглавен меѓу државните кабинети

Дневник - 04.07.2003

неполн МЕСЕЦ ПРЕД ЦЕНТРАЛНАТА ПРОСЛАВА Одговорните вината ја фрлаат врз медиумите, кои ја расипале комуникацијата меѓу шефот на државата и министерот за култура Медиумите ги направиле проблемите во комуникацијата меѓу претседателот Борис Трајковски и министерот за култура Благој Стефановски за ...

ВМРО-ДПМНЕ нуди своја програма за прослава на 100 години Илинден

Канал5 - 04.07.2003

,, Времето се скусува , а власта се однесува крајно несериозно кон одбележувањето на манифестацијата -100 години Илинден ,, оценуваат во Вмро Дпмне. Во најголемата опозициска партија се прашуваат- на што се троши милионот евра , што државата ги одвои з ,, Времето се скусува , а власта се однесува ...

Програмата за Илинден нема да се скрати, средства ќе се обезбедат

Утрински - 03.07.2003

Министерот за култура демантира дека илинденските прослави ќе бидат скромни ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ Нема да се скрати програмата за одбележување на 100-годишнината од Илинденското востание и за нејзина реализација ќе се обезбедат потребните средства. Она што се пласира во јавноста се обични шпекулации.

Сто коњаници ќе ја почнат прославата на Илинден

Утрински - 03.07.2003

Подготвена програмата за големиот јубилеј Централното чествување на Илинден ќе почне на 27 јули со тргнувањето на илинденскиот марш од плоштадот "Македонија" во Скопје. По маршрутата на коњаниците во сите градови во кои тие ќе пристигнат, ќе се одржува пречек со пригодна програма, а сите 100 ...

Актуелната власт го утна вековниот јубилеј

Дневник - 03.07.2003

ГРАЃАНИТЕ ЗА ПРОСЛАВАТА НА ИЛИНДЕН Граѓаните не ги прифаќаат оправдувањата дека не е време за мегаломански проекти Граѓаните не почувствувале празнична атмосфера во годината кога се прославува стогодишнината од Илинден. Тие, без оглед на тешката економска и социјална состојба во земјава, не ги ...

СДСМ против СДСМ за Илинден

Вест - 02.07.2003

КАВГИ ВО ВЛАДЕЈАЧКАТА ПАРТИЈА ПРЕД ГЛАВНАТА ПРОСЛАВА НА МАКЕДОНСКАТА ИЛИНДЕНСКА ЕПОПЕЈА Висок функционер од СДСМ вината ја фрла врз претседателот на државата Борис Трајковски дека "човекот сака да биде претседател на Одборот за прослава", а не сторил ништо за да ги натера спонзорите да ги дадат ...

Некој се плаши од македонството на Илинден

Дневник - 02.07.2003

"СТО ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ДРЖАВНОСТ" Прва жртва на чествувањето е традиционалното државничко обраќање од Мечкин Камен, смета историчарот Тодоровски, а за академикот Блаже Ристовски проблемот е во тоа што најодговорните се занимаваат со други работи Скандал до скандал ја следат прославата на ...

Илинден оставен на цедило

Дневник - 01.07.2003

БАНКРОТИРА ПРОГРАМАТА "СТО ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ДРЖАВНОСТ" Министерството за култура чека претседателот Трајковски да го свика Одборот за одбележување на празникот за да понуди нова, редуцирана програма Нема пари за прославата на стогодишнината од Илинденското востание.

Илинденците избрзаа со востанието, потомците доцнат со прославата

Дневник - 01.07.2003

Коментар - Бранко Ѓорѓевски Еден месец пред чествувањето на стогодишнината на македонската државност, треба да бидеме "задоволни" ако на крајот се организира каква-таква прослава. Последната вест е дека дури и за "скратената програма" недостигаат 17 милиони денари, за кои беше предвидено да се ...

Ликовна колонија во чест на Илинден

Дневник - 30.06.2003

КРУШЕВО Четворица млади уметници ќе учествуваат на ликовната колонија која денеска почнува во Крушево. Во текот на неделава тие ќе насликаат по четири дела на хартија, во чест на стогодишнината од Илинденското востание. Уметниците ќе создаваат мотиви од градот - архитектура, споменици и манастири.