TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Поздравено усвојувањето на законот за амнестија

А1 - 09.03.2002

Американскиот Стејт Департмент го поздрави усвојувањето на законот за амнестија во македонскиот парламент истакнувајќи дека тоа претставува значаен момент во исполнувањето на Охридскиот рамковен договор и клучен елемент на мирот и помирувањето во Македонија.

Амнестија според владината верзија

Утрински - 09.03.2002

ЗАКОН Без присуство на јавноста, завчеравечер во доцните часови парламентот го усвои Законот за амнестија ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Македонскиот парламент завчеравечер, во доцните часови, поточно во 22,30, го донесе Законот за амнестија, во истата форма во којашто беше предложен од Владата и без никаква ...

Робертсон го поздрави донесувањето на Законот за амнестија

Утрински - 09.03.2002

НАТО Генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, вчера го поздрави усвојувањето на Законот за амнестија од страна на македонскиот парламент и потцрта дека "тоа е нов клучен елемент во имплементацијата на мировниот план". Како што пренесува МИА, Робертсон смета дека Законот претставува нова етапа ...

Амнестијата - охрабрување за пролетна офанзива

Утрински - 09.03.2002

Поддршки и критички забелешки за изгласаниот закон Законот за амнестија доби остри критики од македонските политички партии, кои уште еднаш предупредуваат на опасноста од донесувањето на овој акт. Дел од партиите го оценуваат Законот како катастрофално лош, па дури и погубен чин за државава, кој ...

Пратениците послушно ја изгласаа амнестијата, а ВМРО-вската елита уживаше на концерт во Универзална

Вест - 09.03.2002

АМНЕСТИЈАТА МОЖЕ ДА ПОЧНЕ Завчерашното повлечи-потегни околу изгласувањето на Законот за амнестија било само добро изрежирано сценарио на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со исклучително маркетиншки цели Собранието на Македонија доцна завчеравечер експресно го донесе Законот за амнестија.

Законодавците си ги врзаа рацете за да ги ослободат престапниците

Дневник - 09.03.2002

СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА Донесувањето на законот за амнестија го поздравија НАТО, УНХЦР И ОНА, а повеќе македонски партии го оценија како срамен чин, издејствуван под силен меѓународен притисок Со 64 гласа за, 12 против и 8 воздржани, македонскиот парламент доцна прексиноќа го ...

Зар крај, зар вистина е крај?

Дневник - 09.03.2002

Уводник - Катерина Блажевска Парламентот го истурка Законот за амнестија. Нешто слично како кога на раскрсница туркате старо "фиќо" што не може да запали. Притиснаа овдешните амбасадори, притисна Солана, а на крај и Робертсон со сиот НАТО-габарит го притисна Трајковски.

Законот го означи крајот на правната држава

Дневник - 09.03.2002

ПРАВНИЦИТЕ ЗА АМНЕСТИЈАТА Законот за амнестија е неприменлив и во практиката ќе предизвика многу проблеми. Неговото донесување претставува комплетно дерогирање на македонското правосудство и го означи крајот на правната држава, единствени се во ставот правниците.

Припадниците на ОНА амнестирани од кривичен прогон

А1 - 08.03.2002

Синоќа 15-тина минути по 22 часот, Парламентот со 64 гласа за, 12 против и осум воздржани го донесе законот за амнетсија. Во деценијата на македонскиот парламентаризам и директните преноси од собрание синоќа за прв пат јавноста не можеше да го следи финишот од расправата за амнестијата и гласањето, ...

ВМРО - Македонска е против донесениот закон за амнестија

А1 - 08.03.2002

ВМРО - Македонска смета дека вчера изгласаниот закон за амнестија не и беше потребен во таква форма бидејќи него го критикуваше и Human Rights Watch и некои европски институции. Во својата апсурдност државата сега наместо шверцерите и криминалцитте ќе ги гони бизнисмените кои го немаат платено ...

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ амандмански го спасуваат законот за амнестија

Утрински - 08.03.2002

Жолчна парламентарна дебата околу "милоста" на Али Ахмети и неговата паравојска Соња Крамарска ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, вчера, одвоено одлучија амандмански да го спасуваат законот за амнестија, чие изгласување во парламентот беше доведено во прашање поради измените што министерот за правда, Иџет Мемети, ...

Разликите во сенка на можното усвојување на законот

Дневник - 08.03.2002

ПРАТЕНИЧКА РАСПРАВА за амнестиЈата Законот за амнестија вчера ги подели пратениците - на една страна Албанците, кои тврдеа дека понудениот текст е прифатлив, а на друга Македонците, кои имаа повеќе од сериозни забелешки за него.

Робертсон ги "испегла" Трајковски, Георгиевски и Црвенковски

Дневник - 08.03.2002

ВО БРИСЕЛ ПАДНА ДОГОВОР ЗА АМНЕСТИЈАТА И ЗА ХАГ Генералниот секретар на НАТО изврши притисок врз македонското раководство да ја прифати амнестијата така како што е предложена, но и неподелената јурисдикција на Хашкиот трибунал Македонија во принцип се согласува со ставот на НАТО злосторствата ...

Законот за амнестија пред парламентарците

А1 - 07.03.2002

Парламентот денеска ја започна расправата за итно донесување на законот за амнестија, како клучен услов за враќање на безбедноста во земјата, враќање на полицијата и на раселените лица во кризните региони, но и за реинтегрирање на поранешните членови на расформираната ОНА.

Амнестијата не помина и во Комисијата за внатрешна политика

Утрински - 07.03.2002

Законот за "ослободување" на бившите членови на ОНА единствена точка на денешната собраниска седница Главната забелешка на Комисијата беше дека во законот што се предлага има одредби кои не биле договорени на лидерските средби ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Собраниската Комисија за внатрешна политика и одбрана ...

Законот за амнестија го суспендира судскиот систем

Утрински - 07.03.2002

Павле Трајанов, лидер на Демократски сојуз Законот за амнестија е еклатантен пример на суспензија на правосудниот систем и врв на политичката демагогија, и нема никаква врска со намалувањето на тензиите и смирувањето на ситуацијата, оцени вчера Павле Трајанов, лидер на Демократски сојуз.

Апел до пратениците да не го изгласаат законот за амнестија

Утрински - 07.03.2002

Отворено писмо на Здружението "Македонски херои" Скопје - Здружението на ранетите и членовите на загинатите припадници на безбедносните сили на Македонија "Македонски херои", жртви на албанскиот тероризам, длабоко се разочарани од одлуката во парламентот да се расправа за законот за амнестија.

НАТО предупредува:Или амнестија или војна!

Дневник - 07.03.2002

брисел Според изјавата на претседателот Борис Трајковски, ако законот за амнестија не биде прифатен, македонските Албанци повторно ќе го кренат оружјето, предупредува дипломат на НАТО во Брисел. Според извори во Алијансата, во законот за амнестија мора јасно да се каже дека сета судска надлежност е ...

Законот за амнестија отстапува од договореното

А1 - 06.03.2002

На пратениците утре ќе им се понуди да гласаат за закон за амнестија што не е договорен пред десетина дена меѓу четворицата лидери Георгиевски, Црвенковски, Имери и Џафери кај претседателот Трајковски, тврди СДСМ. Договорот бил со законот да се амнестираат сите државјани на Македонија и оние кои ...

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ најавуваат амандмански интервенции

Утрински - 06.03.2002

Поделени партиските реакции околу Предлог-законот за амнестија Донесувањето на законот за амнестија многу веројатно ќе заврши во истиот лавиринт како и со законот за локална самоуправа. Иако Предлог-законот во Собранието треба да се најде на дневен ред на утрешната седница, со назнака дека треба да ...

Законот за амнестија во лавиринт

А1 - 05.03.2002

Донесувањето на законот за амнестија многу веројатно ќе заврши во истиот лавиринт како и со законот за локална самоуправа. Иако предлог законот во собранието на дневен ред треба да се најде в четврток со назнака дека треба да се донесе по итна постапка, неговата собраниска имплементација оди тешко, ...

Амнестијата не опфаќа криминалци

А1 - 05.03.2002

Донесувањето на закон за амнестија е важен сегмент полицијата да може да се врати во селата од кризните региони, но Албанците не смеат да веруваат дека ќе бидат ќе бидат амнестирани и извршителите на кривични дела. Овој став денеска го соопшти висок западен дипломат во Скопје, инсистирајќи да ...

Собраниската комисија не му даде виза на законот за амнестија

Утрински - 05.03.2002

Многу дилеми околу контроверзниот закон за "ослободување" на припадниците на ОНА Матичната собраниска Комисија за политички систем, вчера не му даде виза на Предлог-законот за амнестија што треба да се донесе по итна постапка.

Затворениците ќе го слават Али Ахмети

Вест - 05.03.2002

ОНА ИЗДЕЈСТВУВА ОПШТА АМНЕСТИЈА Ќе се амнестираат сите поранешни припадници на ОНА - државјани на Македонија, лица со законски престој, како и оние кои имаат имот или семејство во Република Македонија. Во знак на добра волја, државата ќе им про Законот за амнестија, кој вчера влезе во собраниска ...

Законот за амнестија со сите недостатоци в четврток во Собранието

Дневник - 05.03.2002

ПО КОМИСИСКИОТ ФИЛТЕР Почетниот рок на примена на амнестијата, лицата и делата што ќе бидат опфатени со неа и исклучивата надлежност на Хашкиот трибунал да покренува постапки против сторителите на дела што нема да бидат амнестирани се пунктовите во предлог-законот за амнестија за кои членовите на ...

Предлог законот за амнестија во собраниска процедура

А1 - 04.03.2002

Предлог законот за амнестија денеска одвај мина низ собраниската комисија за политички систем и според најавите ќе се најде на седницата на парламентот закажана за в четврток. По повеќечасовна полемична дискусија за предлог законот за амнестија гласаше еден пратеник, еден беше против, а пет беа ...