TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Продолжува блокадата на железничкиот сообраќај

А1 - 15.02.2003

И денеска продолжува блокадата на железничкиот сообраќај. Вработените бараат исплата на декемвриската и јануарската плата. Средбата на раководството со петте синдикати на МЖ кои се за целосна блокада не донесе резултати. Синдикалците го блокираат и домашниот и меѓународниот сообраќај, а единствено ...

Железничарите го превезуваа само челикот на „Макстил"

Утрински - 15.02.2003

Повторно блокада на домашниот и на меѓународниот сообраќај ЗДЕНКА ПАВКОВИЌ Железничарите вчера наутро го почнаа штрајкот што претставниците на петте синдикати на МЖ го најавија пред речиси две недели, со кој целосно го блокираа домашниот и меѓународниот железнички сообраќај.

Железничкиот сообраќај парализиран, се пропуштаат само возовите за "Макстил"

Дневник - 15.02.2003

ШТРАЈК ВО "МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ" Ако до утре, кога треба да почне транспортот на нафтените деривати за државните резерви, не биде прекинат штрајкот на железничарите, дериватите ќе се превезуваат со камион-цистерни на "Млаз" од Богданци, соопштуваат од Министерството за економија Меѓународниот, ...

Железничкиот сообраќај во целосен прекин

А1 - 14.02.2003

Половина од вработените раководени од петте синдикати во „МЖ“, со околу 1.800-тини членови, целосно го блокираа домашниот сообраќај но ги пропуштија меѓународните возови кон Грција и кон Србија, а до 11 часот возеа и товарните возови.

Од денеска целосна блокада на железничкиот сообраќај

Утрински - 14.02.2003

ШТРАЈК Од денеска вработените во "Македонски железници" повторно стапуваат во штрајк со кој, според најавите на Штрајкувачкиот одбор, кој ги претставува петте од вкупно шест синдикати на МЖ, ќе се блокира целокупниот железнички сообраќај во земјава.

Железничарите ќе штрајкуваат и за плати и за фирмата

Дневник - 14.02.2003

ДЕНЕСКА ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК НА МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ Штрајкувачите презентираа барање од "Макпетрол" до МЖ за обезбедување една гарнитура од 20 вагон-цистерни за превоз на дизел гориво и моторни бензини Вработените во јавното претпријатие "Македонски железници" од денеска ќе стапат во генерален штрајк ...

Најавена целосна блокада на железничкиот сообраќај

А1 - 13.02.2003

Железничарите од утре изутрина целосно ќе го стопираат железничкиот сообраќај, и домашниот и меѓународниот. Одлуката за започнување на штрајкот највен од пред десетина дена, е донесена денеска напладне со образложение дека Владата не им ги исполни барањата: исплата на платите за декември и јануари ...

„Македонски железници“ го презема транспортот на нафтата

А1 - 12.02.2003

„Македонски железници“ го презема транспортот на нафтата што државата го увезе за стоковите резерви преку „Макпетрол“. Владата на последната седница донела одлука, останатата количина на нафтени деривати што е купена а сеуште не е донесена во Македонија, да се транспортира преку МЖ.

Штрајковите "изеле" 20 милиони евра

Дневник - 12.02.2003

ШТИП Во последнава деценија во штрајкови на штипските претпријатија биле изгубени околу четири милиони работни часови. Најмногу се штрајкувало во текстилниот комбинат "Македонка" - 2,6 милиони работни часови, потоа во "Астибо" 630.000, па во ЗИК "Црвена ѕвезда", "Селена", "Метална".