TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Груевски ги разгледува барањата на Ахмети, ќе му одговори следната недела

Утрински - 24.02.2007

Во Владата не сакаат да ги коментираат условите на првиот интегративец Премиерот Никола Груевски сериозно ќе ги разгледа барањата кои лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му ги упати како одговор на обидите за заживување на политичкиот дијалог во земјава.

ДУИ без ЕУ, САД и НАТО не разговара со Груевски

Вест - 24.02.2007

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе ја прифати поканата за дијалог од премиерот Никола Груевски само ако во него учествуваат претставници на ЕУ, НАТО и САД. "За нас дијалог може да има само ако во него учествуваат претставници од Европската унија, САД и НАТО.

Ахмети бара за да не му дадат

Утрински - 24.02.2007

ЕДИТОРИЈАЛ БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Има една сцена во американските филмови кои се занимаваат со извиканата тема за тамошните матурски вечери. Покрај главните средношколски „фаци“ кои се секогаш на центарот на подиумот и во фокусот на камерите на тие прослави, обично на маргините на салата во еден ред ...

ДУИ и натаму условува

Вечер Прес - 24.02.2007

Во Владата сериозно се разгледуваат барањата кои во четвртокот, лидерот на ДУИ Али Ахмети преку писмо му ги испрати на Премиерот Никола Груевски како услов за продолжување на политичкиот дијалог. Во нив Ахмети како и досега уште еднаш побара задолжително присуство на странските дипломати во ...

Ахмети ќе чека една недела за одговор на Груевски

А1 - 23.02.2007

Ахмети ќе чека една недела за одговор на Груевски. Премиерот сериозно ќе го разгледа најновото писмо на лидерот на ДУИ, по што ќе одговори дали ќе прифати САД, ЕУ и НАТО да им бидат сведоци на средбите. Неофицијално, Груевски би прифати нивно присуство, но Ахмети да ги повлече своите условувања.

Груевски размислува за писмо на Ахмети

Канал5 - 23.02.2007

Писмото на Ахмети е на бирото на Груевски. Одговорот нема да биде брз. „Премиерот сериозно го разгледува и го анализира писмото на Ахмети – ќе му пише во текот на идната седмица“. Ова е официјалниот одговор од кабинетот на претседателот на владата за возвратното писмо на лидерот на ДУИ.

Ахмети ќе разговара пред странци

Дневник - 23.02.2007

За нас, политичкиот дијалог ќе биде дијалог само ако во него учествуваат и претставници од ЕУ, САД и од НАТО, се вели во писмото што вчера лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му го упати на премиерот Никола Груевски. - Ова не е услов, но сите чекори што ги направивме изминативе години ги направивме со ...

Ахмети попушти

Вечер Прес - 23.02.2007

Доколу Груевски прифати да се расформира Комитетот за односи со заедниците и Владата да се избира по принципот на Бадинтер, ДУИ ќе ја поддржува власта и нема да бара и таа да биде дел од неа ДУИ ќе ги гласа сите закони што ќе ги предложи Владата, доколку таа прифати да се расформира Комитетот за ...

ДУИ за дијалог, но само со меѓународни претставници

А1 - 22.02.2007

Без САД, ЕУ и НАТО, Ахмети нема да седне со Груевски. Му одговори на Премиерот - бил за дијалог, но само во присуство на меѓународни претставници. „Господинот Ахмети, меѓу другото, вели дека секако верува дека и господинот Груевски, како и самиот господин Ахмети, не сака и не би сакал РМ да има лош ...

Ахмети не стои зад протестите

Време - 22.02.2007

СПОРЕД ДУИ Али Ахмети не ги организираше протестите во Приштина, а таквите информации се пласирани од провладини медиуми чија задача е да го рушат угледот на партијата, тврдат во ДУИ. Според Ермира Мехмети, портпаролка на партијата, Ахмети на денот на протестите бил во Подградец, Албанија, на ...

Ахмети до Груевски: Дијалог само со меѓународни посредници

Канал5 - 22.02.2007

Во писмото упатено до премиерот Никола Груевски за продолжување на политичкиот дијалог претседателот на ДУИ Али Ахмети како главно барање го поставува расформирањето на парламентарниот Комитет за односи меѓу заедниците. Во интервјуто за Алсат, лидерот на ДУИ вели дека е побарано дијалогот да почне ...

Груевски чека одговор од Ахмети

Вечер Прес - 22.02.2007

Лидерот на ДУИ денеска по седницата на претседателството на партијата писмено ќе му одговори на премиерот Груевски на неговата покана за тет-а-тет средба или продолжување на политичкиот дијалог преку работни групи. Ако одговорот биде позитивен, ДУИ најверојатно повторно ќе побара сите идни средби ...

ДУИ со душа чека покана од Груевски

Време - 21.02.2007

СПОРЕД ПАРТИСКИ ИЗВОРИ Демократската унија за интеграција е спремна да влезе во Владата и да ја прифати евентуалната покана од премиерот Никола Груевски, тврдат неофицијално за „Време“ високи извори од партијата. Според изворите, ДУИ и нејзиното потесно раководство овој став веќе почнале срамежливо ...

Велиу не се откажува од приштинскиот браник

Дневник - 20.02.2007

Пратеникот и претседател на Здружението на ветераните на ОНА Фазли Велиу вчера барал средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети за в очи да му каже дека како поранешни водачи на ОНА сега треба да бидат во Приштина и „да им помогнат на браќата“.

Ахмети в четврток ќе одговори на писмото на премиерот Груевски

Утрински - 19.02.2007

ТЕТОВО - Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, в четврток ќе одговори на писмото на Никола Груевски за предлогот за заедничка средба и договор за политички консензус по одделни прашања и состојби во земјата. Вака било договорено на маратонската проширена седница на Централното претседателство на ДУИ што се ...

Ахмети го опоменал Фазли Велиу

Дневник - 19.02.2007

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го предупредил Фазли Велиу поради учеството на насилните протести во Приштина, на прексиноќешната седница на партиското претседателство, дознава „Дневник“. Партиските извори наведуваат дека Ахмети директно го прашал Велиу за мотивите да присуствува на протестите што се ...