TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

За каков било лек - трк на матичен лекар!

Вечер Прес - 02.11.2008

Од Бирото за лекови најавуваат ригорозни казни за аптеките кои нема да го почитуваат законот. Од 1000 регистрирани лекови 200 можат да се купат без рецепт како што се на пример лековите за главоболка, за температура, сите витамини, масти за реума, некои ензимски препарати. Ако ви тече носот и имате вцрвенето грло повеќе нема да бидете сам свој лекар да одлучите кој антибиотик да го купите во ...

Нема лек без приложен рецепт

Сител - 01.11.2008

Наместо да оди на подобро здравствената состојба може да се влоши со земање на погрешен лек. Ако досега и покрај законското решение луѓето беа навикнати без рецепт да купуваат и хормони и антивирусни лекови како тоа да се бомбони, сега за тоа ќе мора да посетат лекар кој ќе им издаде рецепт.

При лек, болните без лек

Утрински - 31.10.2008

При изобилство лекови, болните останаа без лек. Во аптеките, не само за фондовските лекови, се бара рецепти и за медикаментите кои пациентите сакаат да си ги купат. Се бара рецепт за антибиотик, за лек за желудник, а нема исклучоци, ни за хроничните болни. Тие мора да имаат рецепт ако сакаат да купат лек за астма, за срце или, пак, за покачен крвен притисок. Во спротивно, нема лек.

Лековите за хроничните болни без рецепт

Вест - 30.10.2008

Хроничните болни неопходните лекови ќе можат да ги земаат без рецепт. Иако Бирото за лекови издаде строга наредба дека без лекарска белешка никој не смее да издаде каков било лек, неважно дали со сино картонче или без него, ваквата одлука, објаснуваат оттаму, е од практични, пред се, здравствени причини на пациентите. "Состојбата со издавање лекови на хроничните пациенти мора да се толерира.

Рецептите главоболка и за лекарите

Дневник - 30.10.2008

Бирото ќе дозволи извештај од специјалист да важи како рецепт за хроничните болни, а Фондот предупредува дека нема да може да се земе лек без рецепт, бидејќи повторно лекови ќе се издаваат неконтролирано. Фондот за здравство најавува дека за хронично болните наскоро на еден рецепт ќе им се даваат по три кутии од потребниот лек. Навалица за рецепти кај матичните лекари е регистрирана откако почна ...

Ако немаш рецепт, не добиваш лек

Дневник - 30.10.2008

Бирото за лекови најавува полесно издавање лекови за хронично болните. Во ниту една аптека во земјата од вчера не се издава лек без рецепт, тврдат од Бирото за лекови. Строгиот режим на издавање лекови нема да важи само за витамини, масти, аналгетици, капки за очи, минерали, средства против зголемена телесна температура и слично.

Казните за аптекарите и за лекарите ги оставија хронично болните без терапија

Утрински - 30.10.2008

Пациентите не можат да ја набават месечната терапија, бидејќи матичните лекари им даваат помалку рецепти. Јасмина Јовановска. Хронично болните се во паника дека останаа без нивната месечна терапија. Во аптеките не само што не можат да ја земат месечната доза лекови на рецепт, туку сега не можат ни да купат лек без рецепт.

Навалица од болни што сами се лекувале

Н.Македонија - 30.10.2008

Полни чекалници, нервозни лекари, а уште понервозни пациенти може да се видат во голем број ординации на матичните лекари. Откако, по неколку години аптеките престанаа да издаваат лекови без рецепт, сега лекарите работат многу повеќе. Но освен зголемен обем на работа, велат дека имаат и расправии со пациенти што самостојно купувале и се навикнале да пијат седативи.

До кога казните ќе ги плашат аптекарите

Н.Македонија - 28.10.2008

Значи можело! Сите аптеки почнаа да издаваат лекови на рецепт, само требаше да им се заканат со високи парични казни. Исплашени дека ќе мора да платат од 25.000 до 50.000 евра, но и дека ќе ја загубат лиценцата за работа, аптекарите конечно воведоа ред во издавањето лекови. Сега останува да видиме само колку долго ќе трае уредното работење.

„Зегин“ почна да бара рецепти за лековите што ги продава

Н.Македонија - 28.10.2008

Во аптеките на „Зегин“ вчера не можеше да се куп лек без рецепт. За разлика од минатата недела и викендов, аптекарите на оваа фирма вчера бараа лекарски препораки за лековите за кои тие се неопходни. „Зегин“ беше единствената аптека во Скопје во која успеавме да купиме лекови без рецепт. Аптекарите без никаков проблем ни продадоа антибиотик „ампицилин“, но и седативи „апаурин“ и „дијазепам“.

Пациентите тешко стигнуваат до потребните лекарства

Утрински - 27.10.2008

Матичните лекари не препишуваат доволно рецепти, а во аптеките ниту на приватно не може да се купи лек без рецепт. Јасмина Јовановска. Пациентите кои имаат потреба од лекови на товар на државата станаа жртви на санкциите што ги применува Фондот за здравствено осигурување спрема матичните лекари, а Бирото за лекови спрема аптекарите.

Антибиотици само на рецепт!

Вечер Прес - 27.10.2008

Според Илчо Захариев, директор на Бирото за лекови, овој начин на употребата на лекови е според сите светските стандарди, но и е дел од нашата законска регулатива. Лекот не е храна и не може да се зема без лекарски рецепт. Лековите задолжително треба да бидат препишани од матичен лекар или лекар специјалист, но откако пациентот е прегледан и е утврдена неговата дијагноза, бидејќи покрај тоа што ...