TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Молотов коктел опожари три автомобили

Време - 17.03.2006

ВЧЕРА УТРО Непознати напаѓачи фрлиле молотов коктел врз автомобил „ауди а4“, сопственост на триесет и осумгодишна скопјанка, вчера на паркинг во близината на ТЦ Скопјанка. Во пожарот целосно било изгорено аудито, а огнот зафатил уште два автомобили што биле паркирани во негова близина.

Подметнат пожар во "ауди А-4"

Вест - 17.03.2006

Непознат сторител вчера со запаливо сретство предизвикал пожар во автомобил "Ауди А-4" со хрватски регистерски ознаки што било паркирано на пакиралиштето на улицата Владимир Комаров во близина на трговскиот центар Скопјанка. Од пожарот аудито кое го Непознат сторител вчера со запаливо сретство ...

Хрватско "ауди А4" пеплосано во подметнат пожар

Дневник - 17.03.2006

ВО НАСЕЛБАТА АЕРОДРОМ ВО СКОПЈЕ Автомобил "ауди А4" е целосно уништен, а уште два автомобила се опожарени во пожар, кој бил подметнат во аудито паркирано пред зградата број 18, а на улицата Владимир Комаров, вчера во 2.50 часот, во скопската населба Аеродром.

Подметнат пожар пеплоса три автомобили

Вечер Прес - 17.03.2006

Во голем подметнат пожар, кој се случи вчераутро, околу 3 часот, на паркинг простор во скопската населба Аеродром изгореа три автомобили. Меѓу возилата целта на пожарот бил луксузен и скап автомобил со загрепски таблички "ауди А6" вреден околу 50 илјади евра, сопственост на Д.М. (38) од Скопје.

Два автомобила изгореа позади „Скопјанка“

А1 - 16.03.2006

Два автомобила изгореа ноќеска на улицата „Владимир Комаров“, позади трговскиот центар „Скопјанка“ во Аеродром. Во инцидентот нема повредени. Во МВР велат дека пожарот бил подметнат околу два часот по полноќ. Пожарот почнал под „Ауди А4“, зафатил уште една „Опел Астра“, што целосно изгорела.

Подметнат пожар под автомобил во Скопјанка

Канал5 - 16.03.2006

Два автомобили изгореа околу 3 часот изутрина во населбата Аеродром, на улицата Владимир Комаров на паркинг просторот. Два автомобили изгореа околу 3 часот изутрина во населбата Аеродром, на улицата Владимир Комаров на паркинг просторот. Луѓето од МВР велат дека пожарот е подметнат.