TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Збор кој потера и остана...

Вечер Прес - 30.09.2006

Академик Матеја Матевски во својот проштален говор од својот пријател и колега по збор, Петре М.Андреевски ќе рече: "Денес, додека тој почива покрај градините и нивите на Црна, ние го одбележуваме сеќавајќи се веќе, неговото дело, спомнувајќи го неговото име со почит и со љубов што ги заслужуваат ...

Живејачка целосно посветена на пишаниот збор

Време - 29.09.2006

КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ ВО МАНУ Денеска е трет ден откако Петре домува во својот вечен дом крај црквата „Св. Атанас“ во своето родно село Слоештица. Трет ден откако Петре М. Андреевски им се врати на својот корен, на својот камен, на својата вода, под своето небо да самува со своите ...

Направете му споменик на Петре М. Андреевски среде Скопје

Вест - 29.09.2006

ЗОШТО ГО САКАМ СКОПЈЕ?-ЗЛАТКО ОРИЃАНСКИ, музичар "Се на светов е со две лица. Од секогаш така. Ќе најдат луѓето долина, река, ќе постелат черга. Ќе посадат градина, ќе никне куќа, ќе се изродат деца. Ете град... Како очите ми гледаат, Скопје е и бело и весело, и темно и студено.

Власта го заборави Петре М. Андреевски

Вест - 29.09.2006

ВЧЕРА НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ВО МАНУ И на погребот во Слоештица и на вчерашната комеморација во МАНУ не дојде никој од официјалните личности од државниот врв, освен претседателот на Собранието на Македонија Љубиша Георгиевски Во присуство на семејството, бројни колеги, пријатели и почитувачи на неговата ...

Делото на Петре М. Андреевски е редок духовен и јазичен храм

Утрински - 29.09.2006

МАНУ и ДПМ вчера одржаа заедничка комеморативна седница за Петре М. Андреевски Невена Поповска „За малкумина се вели дека сж што минувало под нивното перо било од најчиста светлина и благородна материја на убавината. Тоа со радост го велиме за Петре М.

Комеморација за животот и делото на Петре М. Андреевски

А1 - 28.09.2006

Ѕвездата на Петре М. Андреевски е меѓу избраните во соѕвездието на литературните великани, се истакна денеска на комеморацијата за животот и делото на овој наш истакнат творец. Писателот и академик Андреевски е синоним за македонскиот литературен подвиг, а неговото дело отсјајува една цела епоха од ...

Комеморација за Петре М.Андреевски

Време - 28.09.2006

ДЕНЕСКА ВО МАНУ Комеморација за писателот Петре М. Андреевски денеска напладне ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите. Истакнатиот македонски писател почина на 72 години. Петре М. Андреевски е добитник на врвни литературни признанија.

Академијата на комеморативна седница се прости од Петре М. Андреевски

Канал5 - 28.09.2006

Тажната средба во академијата без благородноста на Петре М. Андреевски будно сите ги потсети дека Македонија осиромашува за ретка личност и творец. Тажната средба во академијата без благородноста на Петре М. Андреевски будно сите ги потсети дека Македонија осиромашува за ретка личност и творец.

Замина крупно име на македонската литература

Утрински - 27.09.2006

Во родното село Слоештица, Демирхисарско, вчера беше погребан големиот автор Петре М. Андреевски Невена Поповска Во родното село Слоештица, Демирхисарско вчера беше погребан големиот автор Петре М. Андреевски. Писател кој високо ја потврди својата дарба и ги афирмира можностите на македонскиот ...

Поетот и исконот

Утрински - 27.09.2006

Си замина еден од нашите големи јазички гении Смртта не го поштеди ни Петре М. Андреевски, иако тој изрече најголем комплимент - ја изедначи со љубовта и песната. Го пишувам ова и се присеќавам, ко по заминувањето од животот на Велика, дека во сето негово книжевно дело стоеше смртта „како ...

Петре М. Андреевски - достоинство за македонскиот национален и културен идентитет

Дневник - 27.09.2006

Подеднакво успешен во поезијата, во прозата и во драмата, Андреевски создаде специфичен раскажувачки и поетски стил Со смртта на академик Петре М. Андреевски македонската литература загуби великан чии пишани зборови изградија темел врз кој ќе се гради нашата современа книжевност.

Погребан Петре М.Андреевски

Време - 27.09.2006

ВО СЛОЕШТИЦА Посмртните останки на писателот Петре Андреевски се погребани вчера, на гробиштата во неговата родна Слоештица. Писатели, колеги и почитувачи на неговото дело се збогуваа од авторот на култниот роман „Пиреј“ и на книгата најубава македонска љубовна поезија „Дениција“.

Почина бардот на македонската литератра

Вест - 26.09.2006

ИН МЕМОРИАМ: ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ Вчера утрината во 9 часот, во својот дом во Скопје ненадејно почина бардот на македонската литература, поет, раскажувач, драматичар, критичар преведувач, неповторлив романсиер и хроничар на едно време и еден живот: академик Петре М. Андреевски.

Не откорнатик како пирејот

Време - 26.09.2006

ПОЧИНА ПЕТРЕ АНДРЕЕВСКИ Весна Дамчевска Петре Андреевски, еден од најпреведуваните македонски писатели чие творештво го вброи во врвовите на домашната литература, почина синоќа во 74-та година од животот. Велат, заминал тивко, во сон, несвојствено за енергичноста со која до последен миг го живееше ...

Почина големиот писател Петре М. Андреевски

Утрински - 26.09.2006

Во македонската лирика Андреевски повлече една од најдлабоките бразди, афирмирајќи творечка личност со посебен сензибилитет Невена Поповска Во 72 година од животот, вчера почина истакнатиот македонски писател и академик Петре М. Андреевски. Со смртта на Петре М.

Почина академик Петре М. Андреевски

Дневник - 26.09.2006

Со смртта на нашиот прозаист, поет, драмски автор и академик, Македонија изгуби автор чии дела оставија силен печат на нашата модерната книжевност Великанот на македонската книжевност и миленикот на генерации читатели, Петре М. Андреевски, почина вчера во Скопје, во 72-та година од животот.

Почина Петре М. Андреевски

Вечер Прес - 26.09.2006

Вчера во Скопје, во 72. година од животот ненадејно почина истакнатиот македонски поет, романсиер, раскажувач и драмски автор, Петре М. Андреевски. Со неговата смрт македонска литература и култура губат еден од најзначајните творци кој остави длабоки траги со врвни остварувања во доменот на ...

Почина Петре М. Андреевски

А1 - 25.09.2006

Петре М. Андреевски, истакнатиот македонски писател, почина утрово на 72-годишна возраст. Роден во селото Слоешница, Демир Хисар, дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел како уредник во Македонската телевизија, бил уредник на списанието „Разгледи“, бил претседател на Друштвото на ...

Почина Петре М. Андреевски

Канал5 - 25.09.2006

Истакнатиот македонски писател Петре М. Андреевски денеска почина на 72 години. Петре М. Андреевски е добитник на врвни литературни признанија. Скопје, 25 септември (МИА) - Истакнатиот македонски писател Петре М. Андреевски денеска почина на 72 години. Петре М.