TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Инвеститорот бара 30 милиони евра сам да ја урне зградата крај Вардар

Утрински - 28.10.2006

БИЛЈАНА АНГЕЛОВСКА „Владата нека подготви 30 милиони евра, нека ни даде рок да најдеме извршители и сами ќе почнеме да ја уриваме зградата“, изјави за „Утрински“, Александар Тортевски, правен застапник на „ЛИАН ЛБО инженеринг“, фирмата која е инвеститор на објектот во Градски парк, додавајќи дека ...

Сомнителна е изградбата на целата зграда зад Градски

А1 - 27.10.2006

Не само за поткровјето, туку за целата зграда зад Градскиот стадион е сомнително како се издадени дозволите за градба. Од одговорност се амнестираат и Ристо Пенов, кој во времето кога е донесен генералниот урбанистички план беше градоначалник на Скопје, и Виолета Аларова, градоначалничка на Центар.

Одбиен непристојниот предлог на Тортевски

Дневник - 27.10.2006

Понудата од Тортевски од името на инвеститорите е уште една потврда дека зградата кај Градскиот стадион е незаконски изградена Понудата од адвокатот Александар Тортевски од името на инвеститорите е уште една потврда на сомневањето дека зградата кај Градскиот стадион е незаконски изградена, оцени ...

Тортевски: Нека му е со среќа на Министерот, знам кај е судот

Вест - 27.10.2006

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ НЕПОЗНАТО ЛИЦЕ ЗА СЛУЧАЈОТ КИНЕСКИ SИД Министерството за транспорт и врски вчера соопшти дека до Основното јавно обвинителство-Скопје поднело кривична пријава против непознат сторител за кривично дело барање или примање поткуп.

Инвеститорот нуди пари за да не се урива „монструмот“

Утрински - 27.10.2006

Понудата потврда дека објектот е незаконски изграден БИЛЈАНА АНГЕЛОВСКА Инвеститорот на зградата во Градски парк понуди да уплати двојно повисока сума за комуналии со цел објектот да не се урива, а средствата во висина од 300.000 евра, колку што би чинело рушењето, да се дадат на Домот за деца без ...

Нови градежници под истрага!

Вечер Прес - 27.10.2006

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски вчера поднесе кривична пријава против непознат сторител за барање и примање поткуп. Тој до скопското Јавно обвинителство се обрати откако истече рокот од 24 часа кој Јанакиевски му го даде на адвокатот Александар Тортевски за обелоденување на имињата ...

Нема компромис за поткровјето дивоградба зад Градски

А1 - 26.10.2006

Нема компромис за поткровјето дивоградба зад Градскиот стадион. Се урива. Сепак, законот е изигран и од инвеститорите, фирмата „ЛИАН Л.Б.О.“, и градоначалничката на Центар Виолета Аларова. Со дополнителни дозволи е сменета првобитната намена на објектот.

Тортевски не му кажува на Јанакиески кои се емисарите што ракетирале во Германија

Канал5 - 26.10.2006

Адвокатот Тортевски не сака да му каже на Министерот Јанакиески кои се владините емисари за кои вчера обвини дека го ракетирале германскиот сопственик на зградата кај Градски парк. Ако се инсистира ќе кажел пред суд. Адвокатот Тортевски не сака да му каже на Министерот Јанакиески кои се владините ...

Почна да се урива спорниот потпокрив на зградата во Градски парк

Утрински - 26.10.2006

Инвеститорите обвинуваат дека целиот случај е резултат на неуспешно рекетарство од Министерството ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА Стотина работници од вчера изутрина почнаа да го уриваат спорниот потпокрив на зградата во Градски парк, откако завчера Министерството за транспорт и врски изврши притисок врз ...

Почна војната против урбаната мафија

Време - 26.10.2006

ОПШТИНАТА ЦЕНТАР И ИНВЕСТИТОРИТЕ ВЧЕРА УРИВАА НА ЗГРАДАТА ЗАД СТАДИОНОТ Работници од фирмата „Евроинг“ ангажирани од општината Центар и градежниците што ја креваат зградата зад Градскиот стадион вчера заедно го уриваа покривот на овој објект.

Јанакиески бара Тортевски да ги каже рекетарите

Вест - 26.10.2006

ИНВЕСТИТОРИТЕ НА КИНЕСКИОТ SИД ВО СКОПЈЕ ОБВИНИЈА ДЕКА ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ИМ БАРАЛЕ РЕКЕТ Ако адвокатот Тортевски не ги соопшти јавно имињата на вработените во Министерството за транспорт и врски што изнудувале рекет од фирмите МЏ "РИКОМ интернационал" и "ЛИАН ЛБО инжинеринг", министерот Јанакиески ...

Аларова: Судски налог баравме по налог на Министерството за транспорт

Вест - 26.10.2006

ГРАДЕЖНИТЕ ИНСПЕКТОРИ ОД ЦЕНТАР ВЧЕРА УРИВАА НА ГРАДИЛИШТЕТО ДО СТАДИОНОТ ВО ГРАДСКИ ПАРК ВО СКОПЈЕ Градежните инспектори на Општина Центар вчера утро во 10 часот почнаа да го уриваат поткровјето на комерцијално-деловниот и хотелски комплекс "Кампинг" до стадионот во градски парк во Скопје, што го ...

Градежниците испрале 5 милиони евра во 2005-та година?!

Вечер Прес - 26.10.2006

Градежна фирма ангажирана од инвеститорот Лиан ЛБО инжинеринг вчераутро започна со рушење на спорното поткровје во резиденцијата зад Градскиот стадион. Еден час подоцна на работниците им се придружи и фирмата Евроинг, ангажирана од Општина Центар.

Почна уривањето на зградата кај градскиот стадион

А1 - 25.10.2006

Инвеститорот на зградата кај градскиот стадион и општина Центар се скараа, за тоа кој да го урива спорното поткровје. Инвеститорите започнаа сами, со образложение дека никој не можел да ги спречи да го урнат тоа што го граделе. Градоначалничката на Центар, пак, не им дозволи сами да уриваат.

Нема кој да го урне незаконскиот дел од зградата-монструм во Скопје

Утрински - 25.10.2006

Иако од Владата најавија уривање, за што таа нема ингеренции, Општината не ја спроведе акцијата ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА Прашање на ден е кога ќе се урива дел од зградата зад Градскиот стадион во Скопје, тврдат од Општина Центар, која треба да го санкционира вториот потпокрив на дел од објектот.

Драмата со безбедноста на Јанакиевски доби контраудар- емисари од министерството барале мито

Канал5 - 25.10.2006

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска повика јавно да бидат објавени имињата на службениците во Министерството за транспорт и врски кои наводно се обиделе да изнудат рекет од инвеститорите на градежниот објект кај Градскиот стадион, пред почетокот на неговото уривање.

Аларова треба да замине

Дневник - 25.10.2006

Градоначалничката на скопската општина Центар Виолета Аларова, наместо прва да застане на страната на законот, вчера ја сопре акцијата за уривање на незаконски изградениот потпокрив на зградата во Градскиот парк во Скопје Градоначалничката на скопската општина Центар Виолета Аларова, наместо прва ...

Кој го исплаши министерот

Вест - 25.10.2006

НЕУСПЕШЕН ОБИД ЗА УРИВАЊЕ НА ПОТКРОВЈЕТО НА ЗГРАДАТА КАЈ ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО СКОПЈЕ Од кабинетот на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески одбија да дадат детали за заканите по неговата лична безбедност откако обелодени дека треба да се урива дел од објектот што го градат фирмите МЏ ...

Почна да се урива поткровјето на зградата во Градскиот парк

Канал5 - 25.10.2006

Се урива поткровјето на зградата во Градски парк. Први инвеститорите сами го рушеа она што незаконски го изградиле. Подоцна им се придружија и инспекторите ангажирани од општината Центар. Уривањето го надгледуваше полицијата. Немаше инциденти. Се урива поткровјето на зградата во Градски парк.

Аларова јa заштити дивоградбата

Дневник - 25.10.2006

Министерот за транспорт добил закани за физичка ликвидација, бидејќи барал уривање на спорното поткровје Виолета Аларова, градоначалничка на општината Центар, вчера ги спречи градежните инспектори да го урнат незаконски изграденото поткровје на зградата кај Градскиот стадион во Скопје.

Аларова, багерот е ваш!

Време - 25.10.2006

Пишува: Елена Ристеска Зградата зад стадионот вчера куртули. Уште еднаш покажа дека е над законот. Наместо да го урнат дивоизграденото поткровје, општинарите од Центар вчера ја одложија акцијата зашто немале судски налог. Всушност, тие цела година одлагаат, не чепкаат ништо на оваа зграда и си ...

Ќе се урива ли поткровјето на зградата во градскиот парк?

А1 - 24.10.2006

Ништо од спекакуларното најавеното уривање на поткровјето на зградата во градскиот парк. Со силно полициско обезбедување градежната инспекција на општина Центар дојде до објектот зад градскиот стадион, ниту започна со уривањето, ниту влезе во објектот. Немале судски налог.

Министерот Јанакиевски ја повика Аларова да го урне поткровјето на зградата во Градски парк

Канал5 - 24.10.2006

Под силно полициско обезбедување, општина Центар утринава тргна да го урива поткровјето на зградата во Градскиот парк. Лично министерот за транспорт и врски, Јанакиески ја повикал Аларова да го спроведе решението. Багери немаше.

Аларова ќе прави сообраќаен мост за зградата во парк

Вест - 24.10.2006

НА МЕСТОТО НА СЕГАШНИОТ ПЕШАЧКИ МОСТ Пешачкиот мост во близина на зградата која скопјани ја оценија како ругло во паркот градоначалничката Аларова има идеја да го преадаптира во сообраќајница Пешачкиот мост на реката Вардар во близина на зградата која скопјани ја оценија како ругло во паркот ќе ...