TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Српската заедница во Македонија собира потписи за слободата на Вранишковски

Канал5 - 18.09.2005

Од српската заедница во Македонија денеска беа во скопското село Марино. И натаму собираат потписи за ослободување на Јован Вранишковски. На ред им се Петровец, Гази Баба и Илинден. Ги затековме во Марино. Од српската заедница во Македонија денеска беа во скопското село Марино.

Јован Вранишковски останува во затворот "Идризово"

Утрински - 17.09.2005

Врховниот суд делумно го уважи барањето за вонредно преиспитување на пресудата, но казната не се менува За највисокиот суд е неспорно дека како митрополит и епархиски архиереј Вранишковски свесно работел на поткопување на темелите на Македонската православна црква Гордана Дувњак Расчинетиот владика ...

Вранишковски останува во затвор

Дневник - 17.09.2005

ВРХОВЕН СУД Јован Вранишковски ќе си ја дослужи целосно затворската казна бидејќи го сторил кривичното дело за кое е осуден - предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост. Вака решил Врховниот суд откако го разгледал и делумно го уважил барањето за вонредно преиспитување ...

Вранишковски ќе си ја одлежи казната

Време - 17.09.2005

ВРХОВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ Јован Вранишковски останува во затвор, каде што ќе ја издржува 30-месечната затворска казна. Ова го одлучи Врховниот суд на Република Македонија, кој делумно го уважи барањето за преиспитувањето на правосилната пресуда против Вранишковски донесена од Основниот суд Битола, а ...

Вранишковски останува в затвор

Вечер Прес - 17.09.2005

Јован Врнишковски останува в затвор да ја одлежува две и полгодишната казна, изрежена од основниот суд во Битола, а потврдена од Апелациониот суд во градот на конзулите. Оваа најнова одлука за Вранишкоски ја донесе Врховниот суд на Македонија откако на општа седница оцени дека пресудата за ...

Вранишковски останува во затвор

А1 - 16.09.2005

Вранишковски останува во затвор. Вака одлучи Врховниот суд. Барањето на неговиот адвокат за преиспитување на пресудата на Битолскиот суд е делумно уважено од највисокиот суд. Одлуката на врховните судии не му ја намалува казната на Вранишковски.

Потврдена пресудата за Вранишковски

Време - 16.09.2005

ВРХОВЕН СУД Врховниот суд на Република Македонија ја потврди пресудата на битолскиот основен суд, кој на Јован Вранишковски му изрече казна затвор од две и пол години. „Изречената казна е во рамките на предвидената казна и друг облик на нејзино преиспитување не е можен “, соопшти вчера Врховниот ...

Фантомски биле доказите дека пратеникот Стоиљковиќ бил претепан?

Време - 16.09.2005

СУДСКИ СЛУЧАЈ ЕДНА ГОДИНА ТАПКА ВО МЕСТО Огнен Чанчаревиќ Иван Стоиљковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник во Собранието, најверојатно немал тешки телесни повреди како што тврдеше лани, кога двајца скопјани го нападнале пред седиштето на неговата партија во ...

Солана: Вранишковски го загрозува влезот во ЕУ

А1 - 15.09.2005

Врховниот суд утре конечно ќе ја соопшти одлуката за случајот Вранишковски, што би значело негово излегување или останување во затвор. Дали врз неа ќе влијае и реакцијата од Хавиер Солана, според кој, Вранишковски го загрозува влезот на Македонија во ЕУ? Вака Хавиер Солана го теши бискупот Јозеф ...

Солана му одговори на бискупот Хомајер

Време - 15.09.2005

СЛУЧАЈ „ВРАНИШКОВСКИ“ Слободата на изразување и верската слобода се централен аспект на нашата процена на молбата за прием во ЕУ, која минатата година ја поднесе Македонија, се вели во одговорот што му го испратил Хавиер Солана на претседателот на европската бискупска конференција Џозеф Хомајер.

Врховниот суд прифати дел од жалбата на Вранишковски

Канал5 - 15.09.2005

Врховните судии оцениле дека има можност да се преиспита одлуката за која е изречена санкција за верското убедување и проповедање на Јован Вранишковски, но го отфрлиле барањето во делот каде што тој е осуден за растурање на верска литература со спорна содржина.

МПЦ го заштити името како индустриска сопственост

Време - 14.09.2005

ВЕРСКИ СЛОБОДИ Државата да му дозволи на Јован Вранишковски да ја регистрира својата православна охридска архиепископија, бидејќи е бесмислено законското решение што не дозволува регистрација на две црковни заедници од иста вера, рекоа верските претставници на вчерашната конференција „Слободата на ...

Врховниот суд отвори расправа за Вранишковски

А1 - 13.09.2005

Врховниот суд веќе расправа за случајот Вранишковски. Во моментов се работи на испитување на правосилноста на пресудата донесена од битолскиот суд, според која Вранишковски доби 30 месеци затвор, а Апелациониот суд ја потврди.

Пратениците не се мешаат во судски одлуки

Дневник - 13.09.2005

СОБРАНИЕТО ПРОТИВ АМНЕСТИЈА НА ВРАНИШКОВСКИ Владејачкото мнозинство и опозицијата на денешната собраниска седница најверојатно нема да го поддржат предлог-законот за амнестија на Јован Вранишковски, предложен од пратеникот Иван Стоиљковиќ, бидејќи не сакаат да се мешаат во одлуките на судот.

Собранието нема да поддржи амнестија за Вранишковски

Утрински - 13.09.2005

ИНИЦИЈАТИВА Во Собранието нема расположение за иницијативата на пратеникот на ДПС, Иван Стоиљковиќ, со закон да се амнестира расчинетиот владика Јован Вранишковски. Стоиљковиќ за предложениот закон за амнестија нема поддршка ниту од една парламентарна партија, така што е сосема извесно дека тој ...

Верските слободи # лежат на срце на ЕУ

Дневник - 13.09.2005

СОЛАНА ЗА СЛУЧАЈОТ ВРАНИШКОВСКИ Слободата на изразувањето и религиозните слободи се принципи кои и лежат на срце на ЕУ и тоа е централен аспект на оценката за барањето за членство на ПЈР Македонија. Ова е суштината на одговорот што шефот на европската дипломатија Хавиер Солана му го упати на ...

Пратениците против колегата Стоиљковиќ

Вечер Прес - 13.09.2005

Пратениците нема да го поддржат предлог-законот за амнестија, поднесен од Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите. За законот, што всушност треба да помогне да се ослободи Јован Вранишковски, вчера не расправаше ниту собраниската Законодавно-правна комисија, која се повика на ...

Одбиен предлог-законот за амнестија за Вранишковски

А1 - 12.09.2005

Владата го одби предлог-законот за амнестија на пратеникот Стоиљковиќ, лидер на Демократската партија на Србите, а нејзин коалиционен партнер. Стоиљковиќ бара амнестија за расчинетиот владика Јован Вранишковски, односно за лицата кои последниве 6 години се осомничени и осудени за кривични дела ...

Владата против закон за амнестија на Вранишковски

Утрински - 12.09.2005

Отфрлен предлогот на пратеникот Стоиљковиќ Владата негативно се изјасни за предлог-законот за донесување закон за амнестија, кој го предлага пратениот Иван Стоиљковиќ, а со кој треба да се обезбеди амнестија за расчинетиот владика Јован Вранишковски.

Пратениците не сакаат да го амнестираат Вранишковски

Време - 12.09.2005

НЕУСПЕШНА ИНИЦИЈАТИВА Повеќето пратенички групи вчера се изјаснија дека нема да го поддржат законот за амнестија што го предложи пратеникот од Демократската партија на Србите Иван Стоиљковиќ, во обид да издејствува ослободување на Јован Вранишковски.