TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бесплатен софтвер „Офис“ од „Ај-би-ем“

Време - 19.09.2007

ПРЕДИЗВИК ЗА „МАЈКРОСОФТ“ Компанијата „Ај-би-ем“ ги претставила новите бесплатни програми за процесирање зборови, правење табели и презентации, наречени „Ај-би-ем Лотус симфони“ за кои се предвидува дека ќе претставуваат сериозен предизвик за „Мајкрософт“ и за неговиот софтвер „Офис“.

„Мајкрософт“ ја изгуби битката со ЕУ

Дневник - 18.09.2007

Судот на Европската Унија ја потврди одлуката на Европската комисија од 2004 година против „Мајкрософт“, со што извојува важна победа за европските компании против американскиот софтверски гигант. Првостепениот суд на ЕУ ја отфрли жалбата на „Мајкрософт“ речиси по сите точки.

„Мајкрософт“ ја загуби судската битка со ЕУ

Утрински - 18.09.2007

БРИСЕЛ, ЛУКСЕМБУРГ - Европските антитрустовски регулатори вчера извојуваа историска победа над „Мајкрософт“ кога суд на ЕУ ја потврди одлуката на Европската комисија од 2004 година дека американскиот софтверски гигант ја злоупотребил доминацијата на пазарот.

Мајкрософт да плати 500 милиони евра

Вечер Прес - 18.09.2007

Отфрлена е жалбата на софтверскиот гигант Мајкрософт на решението на Европската комисија од 2004 година, со кое да плати казна од 497 милиони евра поради монополската положба на пазарот на оперативни системи. Европскиот суд вчера поддржа поголем дел од антимонополско решение на Европската комисија ...

Европскиот суд ја отфрли жалбата на „Мајкрософт“

А1 - 17.09.2007

Европскиот суд денеска ја одби жалбата на „Мајкрософт“ и ја потврди антимонополската пресуда против компјутерскиот „џин“ од 2004 година и рекордната казна. Аналитичарите оценуваат дека ова е голема победа на ЕУ што ја потврдува улогата на блокот како водечки светски регулатор.

Надградба на датотеки без одобрување од корисникот

Време - 17.09.2007

„МАЈКРОСОФТ“ Надградбата на оперативните системи „Виндоус икс-пе“ и „Виндоус виста“ се врши без одобрување од сопствениците на тие софтвери, неодамна било откриено на службените форуми на „Мајкрософт“ и други веб-одредишта. Досега корисниците на „Аутоматик апдејт“ биле уверени дека надградбата на ...

Мајкрософт ја изгуби жалбата до Европскиот суд за решението од 2004 година

Канал5 - 17.09.2007

Европскиот суд поддржа денеска поголем дел од антимонополско решение на Европската комисија од 2004 година против Мајкрософт, пренесува МИА. Луксембург, 17 септември (МИА) - Европскиот суд поддржа денеска поголем дел од антимонополско решение на Европската комисија од 2004 година против Мајкрософт, ...