TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Косуми нема да оди на седницата на Советот за безбедност

А1 - 22.05.2005

Косовскиот премиер Бајрам Косуми нема да оди на седницата на Советот за безбедност на Обединети нации, што в петок треба да се одржи во Њујорк, бидејќи не сака да учествува седницата во својство на набљудувач. Советот за безбедност на Обединети нации го повика Косуми заедно со шефот на УНМИК Сорен ...

Косуми: „Постигнат е голем напредок во односите со Србите“

А1 - 21.05.2005

Длабоко сум уверен дека Косово за една година, благодарејќи на ангажирањето на меѓународната заедница, ќе биде сосема поинакво во однос на она што е денеска, изјави косовскиот премиер Бајрам Косуми во посебна изјава за белградската агенција Бета.

Македонија го победи УНМИК

А1 - 21.05.2005

Македонија извојува победа над УНМИК, но само во тенис. На денешниот дипломатски тениски турнир рекетите ги вкрстија шефот на канцеларијата на УНМИК во Скопје Олег Левитин и советникот од кабинетот на претседателот Црвенковски, Емил Крстевски.

Брисел се согласува со планот за Косово?

Време - 21.05.2005

КОСОВСКИТЕ МЕДИУМИ НАЈАВУВААТ По објавувањето на американскиот план за решавање на косовскиот статус без исполнување на потребните стандарди, Европската Унија реагираше со најава за своја платформа за Косово, Обединетите нации велат дека нема се да оди толку брзо колку што сакаат САД, а Србија ...

Во Косово има голем напредок, известува Петерсен

Утрински - 21.05.2005

Советот за безбедност идната недела ќе го разгледува извештајот за состојбата во српската покраина Покраината направила напредок во почитувањето на правата на малцинствата ПРИШТИНА - Шефот на ОН администрацијата на Косово идната недела пред Советот за безбедност на ОН ќе ги изнесе информациите дека ...

Косово не смее да влијае на границите на Македонија и Албанија

Утрински - 21.05.2005

Барнс ВаШингтон - Конечното решение за Косово не смее да ги смени границите на Балканот, поточно не смее да има влијание врз границите на Албанија и Македонија. Ова го изјави американскиот државен потсекретар Николас Барнс, зборувајќи за Косово во Институтот ,,Вудро Вилсонни во Вашингтон.

Петерсен му пишал преодна на Косово

Дневник - 21.05.2005

ВО ИЗВЕШТАЈОТ ДО СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН Меѓународниот администратор на Косово во следната недела ќе го извести Советот за безбедност на Обединетите нации дека провинцијата постигнала голем напредок при примената на сите стандарди, со што ќе биде отстранета и последната прпрека за решавањето на ...

Косово во Обединетите нации, Србија во Европската Унија

Време - 20.05.2005

САД ГО ПРЕТСТАВИЈА СВОЈОТ КОСОВСКИ ПЛАН Американскиот Стејт департмент вчера го претстави својот план за разврска на Косово. Според планот што го претстави Николас Барнс, трет човек во американското министерство за надворешни работи, наесен ќе почнат преговори меѓу Србија и Косово, откако Косовците ...

Македонија се подготвува за разрешницата на Косово

Утрински - 20.05.2005

Македонскиот државен досега немаше стратегија пред решавањето на финалниот статус на протекторатот Место трговски претставник во Приштина, најдобро е доколку Владата таму испрати искусен дипломат со комплетен тим кој одблизу би ја отсликал ситуацијата СаШко Димевски САД вчера требаше да го ...

Америка е за независност на Косово

Дневник - 20.05.2005

АНАЛИТИЧАРИ ОЦЕНУВААТ САД најавија активно вклучување во процесот за трајна стабилизација на Косово, тврдејќи дека не сакаат да го прејудицираат исходот, но Вашингтон е поблиску кон независноста како решение на косовското прашање, оцени Тед Гејлен Карпентер од вашингтонскиот институт Кејто, јави ...

САД: Решение за статусот на Косово до крајот на 2006-та

А1 - 19.05.2005

Соединетите Американски Држави не зазеле став за тоа дали Косово треба да добие независност, но имаат намера да им помогнат и на двете страни да преговараат за конечниот статус на покраината и да поднесат решение пред ООН до крајот на 2006 година.

Ругова сака одбележување на границата по конечниот статус на Косово

А1 - 19.05.2005

Косовската страна ќе достави предлог до македонската влада - Косово да ја признае линијата на разграничување, но договорот да биде потпишан меѓу Македонија и Косово, по решавањето на неговиот статус. Овој предлог го најавил претседателот на Косово ругова, а го пренесува македонското издание на ...

Приштина на разговори со Белград дури по признавање на косовските институции

Вест - 19.05.2005

Белград, 19 мај - Приштина вчера го услови почетокот на разговорите со Белград со барање српската страна да ја признае "легитимноста на косовските институции и позитивниот развој на Косово". "Српскиот премиер и Белград треба да го признаат позитивниот напредок.

Тешко ќе најдеме пазар како Косово

Време - 19.05.2005

КОСОВСКИТЕ ЦАРИНИ ЗАСЕГНУВААТ ИЛЈАДНИЦИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ СЕМЕЈСТВА Александра К. Мишовска Повеќе од 3.000 семејства ќе бидат погодени ако Косово реши да ги царини со 25 отсто раноградинарските производи и преработките што влегуваат во покраината.

САД го преземаат случајот Косово

Време - 19.05.2005

ПОЧНУВА РАЗВРСКАТА НА ИДНИОТ СТАТУС НА ПРОТЕКТОРАТОТ? Пред комисија на американскиот конгрес вчера требаше да се одржи расправа за идниот статус на Косово, откако американскиот Стејт департмент соопшти дека веќе не инсистира Косово да достигне одредено ниво демократски развој пред да може да стане ...

САД сакаат побрзо решавањето на статусот на Косово

Утрински - 19.05.2005

Вашингтон ја притиска меѓународната заедница околу српската покраина ВАШИНГТОН - Соединетите Американски Држави во вторникот соопштија дека сакаат меѓународната заедница побрзо да се придвижи кон решавањето на статусот на српската покраина Косово, кој остана неодреден по балканските војни во ...

САД коваат нова стратегија за Косово

Дневник - 19.05.2005

НАЈАВА НА СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ САД подготвуваат нова стратегија за решавање на идниот статус на Косово, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Ричард Баучер, јави Макфакс. Според него, стратегијата ќе биде во согласност со целите за подобрување на регионалната стабилност и заштита на ...

Владата се помири со царините од Косово

А1 - 18.05.2005

Косовските власти ја подготвија својата верзија од договорот за воведување царини, не чекајќи ниту на преговори ниту на договор со македонската власт. Со два анекси Косово планира да воведе царини, не по 25% како што прво мислеше туку под 10% за индустриски и за земјоделски производи.

Баучер: САД подготвуваат нова стратегија за Косово

А1 - 18.05.2005

САД подготвуваат нова стратегија за решавање на прашањето за идниот статус на Косово, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Ричард Баучер. Според него, стратегијата ќе биде во согласност со целите за подобрување на регионалната стабилност и заштита на правата на сите граѓани на ...

Демаркација на границата ќе има, но не се знае кога!?

Утрински - 18.05.2005

УНМИК Шефот на Канцеларијата за врски на УНМИК во Скопје, Олег Левитин, вчера ја демантираше изјавата дадена за Радио Слободна Европа во однос прашањето околу демаркацијата на границата кон Косово. Левитин појасни дека не е точна информацијата дека УНМИК го променил својот став во врска со тоа ...

Царини за нафтените деривати, цементот куртули

Дневник - 18.05.2005

ТРГОВСКИ ПРЕГОВОРИ СО КОСОВО Косово нема да воведе царина за македонскиот цемент, нафтените деривати најверојатно ќе се царинат, а за земјоделските производи допрва ќе се преговара. "Дневник" дознава дека ова е начелно договорено во досегашните разговори помеѓу претставниците на македонската Влада ...

Владата ги преспала промените на Косово

Време - 17.05.2005

ПО НАЈАВИТЕ ЗА НОВ РЕЖИМ НА СЕВЕРНАТА ГРАНИЦА Боби Христов Македонските власти признаваат дека неспремни ги дочекале контроверзните најави од косовските власти и администрацијата на УНМИК за промени во трговскиот режим и за новите мерки за премин на границата.

Ругова се плаши од атентат од Македонија

Вест - 17.05.2005

Ибрахим Ругова, претседател на Косово лично се залагал да се воведат визи за Македонија. Ругова на ова инсистирал затоа што смета дека обидите за атентат врз него доаѓаат од Македонија и дека атентатори се криминалци од Косово што сега престојуваат и се кријат во Македонија.

Границата ќе се демаркира пред да се реши статусот на Косово

Утрински - 17.05.2005

Портпаролот на УНМИК во Скопје Прашањето за демаркацијата на границата на Македонија со Србија и Црна Гора, во делот со Косово нема да остане нерешено и за него ќе се одлучи пред да се дефинира конечниот статус на Косово, е ставот на УНМИК.

Владата ќе ја омекне политиката спрема Косово

Утрински - 17.05.2005

Кабинетот на Бучковски смета дека Македонија нема конзистентна стратегија во однос на протекторатот Место популизам, Владата ќе се залага за прагматизам и сеопфатна стратегија спрема протекторатот Слободанка Јовановска Владата ќе ја менува политиката спрема Косово и поентата на тоа нема да биде ...

Коштуница и Косуми ќе се сретнат на крајот на мај?

Утрински - 17.05.2005

Се крши српско-косовскиот мраз пред преговорите за статусот на покраината Тоа би била прва средба на српски и албански лидер по интервенцијата на НАТО врз Југо- славија во 1999 година ПРИШТИНА - Премиерот на косовските Албанци, Бајрам Косуми, е подготвен овој месец да се сретне со српскиот премиер ...

Ругова ги бара атентаторите во Македонија?!

Дневник - 17.05.2005

приштина Косовскиот претседател Ибрахим Ругова добил информации дека обидите за атентати врз него се од структури што доаѓале или често престојувале во Република Македонија. Ваквите разузнувачки информации, кои се однесувале и на последниот обид за атентат во Приштина, го мотивирале косовскиот ...

Прво границата, па статусот на Косово

Дневник - 17.05.2005

УНМИК со нов став Не се точни информациите дека границата на Македонија во делот со Косово ќе се решава по дефинирањето на конечниот статус на Косово, изјави за Радио Слободна Европа портпаролот на УНМИК во Македонија, Олег Левитин.

Разговори за Косово веќе во мај?

Дневник - 17.05.2005

ПОНУДА НА БЕЛГРАД Српскиот премиер Војислав Коштуница му предложи на косовскиот премиер Бајрам Косуми на 24 мај во Призрен да се одржи средба, на која двете страни би почнале преговори за уредување на состојбата во провинцијата, јави Ројтерс.

Советот за безбедност, а не Ругова ќе реши за царините

Вечер Прес - 17.05.2005

Советот за безбедност а не Ругова или Владата на Косово може да воведе царини кон Македонија. Ова вчера го изјавија надлежни царински експерти кои тврдат дека беспотребно се крева тензија околу либерализацијата на протокот на стоки и луѓе кон северозападниот сосед.

Третиот пат бара целосно ембарго кон Косово

А1 - 16.05.2005

Коалицијата „Третиот пат“ смета дека за најавите на УНМИК и Косово за воведување визи и царини кон Македонија, како и за одлагање на одбележувањето на границата на Македонија со Србија и Црна Гора во делот на Косово, Владата треба да преземе реципрочни мерки, но да оди и чекор понапред како што е ...

Владата со меко сценарио против косовските царини

А1 - 16.05.2005

Владата подготвува меко сценарио за да стави крај на трговската војна меѓу Македонија и Косово. Откако Приштина сериозно се закани дека ќе ја спушти царинската рампа, македонската Влада дури по еден месец од најавите се реши на првиот чекор - ќе се обиде со арно да ја наведе Приштина повторно да ...

УНМИК нема мандат да ја демаркира границата

А1 - 16.05.2005

„Не се точни информациите дека прашањето за границата на Македонија во делот со Косово ќе се решава по дефинирањето на конечниот статус на Косово“, изјави за Радио Слободна Европа портпаролот на УНМИК во Македонија Олег Левитин.

Границите непроменливи, обележувањето ќе чека статус

Време - 16.05.2005

ДЕМАРКАЦИЈАТА ПРЕД НОВИ ИСКУШЕНИЈА Постојната граница на Србија со Албанија и со Македонија не може да биде поместена, ниту преименувана во косовска државна граница, порача министерот за надворешни работи на Србија и Црна Гора, Вук Драшковиќ.

Македонија не смее да се доведе во подредена положба спрема Косово

Утрински - 16.05.2005

Бранко Црвенковски за визниот режим со покраината "Македонија не смее да се доведе во подредена положба во однос на Косовоои, вели претседателот Бранко Црвенковски, коментирајќи ја идејата на Владата реципрочно да одговори на иницијативата на УНМИК за воведување визен режим меѓу Македонија и ...

Македонија во подредена позиција во однос на Косово

Дневник - 16.05.2005

ЦРВЕНКОВСКИ ЈА КРИТИКУВАШЕ ВЛАДАТА Македонија не смее да се доведе во подредена позиција во однос на Косово и ние не смееме да се доведеме во ситуација тие последователно да ни поставуваат повеќе услови, изјави прексиноќа претседателот Бранко Црвенковски, по последните разговори што со косовските ...

Коштуница не прифаќа каква било независност на Косово

Дневник - 16.05.2005

БЕЛГРАД Српскиот премиер Воислав Коштуница изјави дека за Србија не е прифатлива каква било независност на Косово. На состанокот на главниот одбор на Демократската партија на Србија, Коштуница повтори дека став на целиот државен врв е дека најдобро решение за Косово е широка автономија со ...

Ставот на Владата на РМ, демаркација па конечен статус на покраината

Канал5 - 16.05.2005

Mакедонската влада ќе продолжи да инсистира прашањето за демаркацијата на границата кон Kосово да се затвори пред почетокот на преговорите за конечниот статус на покраината, и покрај спротивните изјави од Приштина.. Високи владини извори за Канал 5 денеск Mакедонската влада ќе продолжи да инсистира ...

УНМИК чека "легитимен" партнер

Вечер Прес - 16.05.2005

ПИШУВА: Маријана ЗИКОВСКА Не успева офанзивата на македонските власти за итна демаркација на делот кон Косово. Обидот на Манасиевски да ја омекне косовската страна, заврши со уште потврди ставови на Петерсен, Ругова, Косуми. Упорноста на македонската страна отворањето на разговорите за статусот на ...