TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тирана конечно ја одобри првата партија на Македонците

Дневник - 09.06.2005

ПО ТРИкратно ОДЛАГАЊе Судот во Тирана ја одобри регистрацијата на првата партија на Македонците во Албанија. Нивната партија Македонска алијанса за европска интеграција ќе влезе во судскиот регистар како 83. политичка партија во Албанија. - Конечно добивме своја партија.

Регистрирана партијата на Македонците во Албанија

Утрински - 09.06.2005

Македонската алијанса за европска интеграција излегува на албанската политичка сцена ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ Судот во Тирана вчера ја регистрира Македонската алијанса за европска интеграција, партија на Македонците од Албанија. Ова претставува значајна придобивка за македонското малцинство, зашто тоа на ...

Формирањето на МАЕИ-историски момент за Македонците во Албанија

Макфакс - 09.06.2005

Тирана Заедницата на македонските друштва во Албанија, регистрацијата на првата политичка партија на Македонците во Албанија, ја оцени како историски момент за македонското малцинство во оваа земја. Како што јавува Макфакс од Тирана, Заедницата на синоќешната средба го изнела ставот дека ...

Регистрирана првата македонска партија во Албанија

Вечер Прес - 09.06.2005

Враќање на идентитетот на Македонците, нивно интегрирање во институциите во Албанија, отворање на македонски училишта е само дел од програмата на првата политичка партија на Македонците во Албанија, која вчера доби дозвола за регистирање од страна на Основниот суд во Тирана.

Регистрирана првата партија на Македонците во Албанија

А1 - 08.06.2005

По 15 години политичка активност на македонската заедница во Албанија, судот во Тирана денеска го прифати барањето за регистрација на првата политичка партија на македонското малцинство во Албанија. Иницијаторите на Македонската алијанса за европска интеграција очекуваат дека на идните избори во ...

Регистрирана првата партија на Македонците во Албанија

Макфакс - 08.06.2005

Тирана Судот во Тирана, денеска, по три претходни расправи, го прифати барањето за регистрација на првата партија на Македонците во Албанија, што ќе се вика “Македонска алијанса за европски интеграции“, јавува Макфакс. “Ова е историски момент за Македонците во Албанија.