TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Словачка протера двајца Чеси кои протестираа против Буш

А1 - 26.02.2005

Словачката власт минатата ноќ ги протера двајцата Чеси кои за време на посетата на претседателот на САД Џорџ Буш на Братислава го запалија американското знаме. Полицијата ги уапсила двајцата Чеси кога за време на говорот на Буш пред Словаците на 24-ти февруари го запалија американското знаме од ...

Буш и Путин разменијадефиниции за демократија

Дневник - 26.02.2005

АМЕРИКАНСКО-РУСКИ САМИТ ВО БРАТИСЛАВА Претседателите на САД и на Русија постигнале согласност дека Иран и Северна Кореја не треба да имаат пристап до нуклеарно оружје и ги разгледувале начините за заштита на Америка и на Русија од терористички или од проектилски напади, јави МИА.

Чеси, Словаци и Унгарци без визи во САД!

Вечер Прес - 26.02.2005

Американскиот претседател Џорџ Буш, во средата, при посетата на Словачка, вети дека во најскоро време граѓаните на Чешка, Словачка и Унгарија, ќе можат без визи да патуваат во САД. Оваа изјава на Буш наиде на големо одобрување во овие земји, каде јавноста, според последните сондажи, остана по малку ...

Најзагрижени за сопствените народи

Вечер Прес - 26.02.2005

Братислава, 26 февруари (МИА) - Американскиот претседател Џорџ Буш завчерашните разговори со неговиот руски колега Владимир Путин ги оцени како мошне важни, динамични и конструктивни. На заедничката прес-конференција по средбата во Братислава, Буш изјави дека постигнале согласност дека Иран и ...

Буш и Путин за нови мерки против нуклеарниот тероризам

Утрински - 25.02.2005

Американско-руски самит на последниот ден од европската турнеја на Џорџ Буш Буш на самитот ќе се обиде на Путин да му ја продаде визијата за демократијата од неговиот втор мандат БРАТИСЛАВА - Американскиот претседател Буш и рускиот претседател Владимир Путин прифаќаат нови мерки за борба против ...

Мерцедесот на Путин 10 пати поефтин од кадилакот на Буш

Вест - 25.02.2005

СЛОВАЧКА ПОТРОШИ 10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА РУСКО-АМЕРИКАНСКИОТ САМИТ Во главниот град организирани се три зони на безбедност, за што се потрошени седум милиони долари, а останатите три милиони се за се друго врзано за настанот Братислава/Москва, 24 февруари (Ројтерс) - Вчерашната средба меѓу ...

САД и ЕУ со економски стимул против нуклеарките во Иран

Вест - 25.02.2005

БРАТИСЛАВА, 25 февруари (Ројтерс) - Американскиот претседател Џорџ Буш вчера изјави дека тој и европските лидери се на ист став во поглед на тоа да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје и додаде дека ќе ги разгледа нивните сугестии за нудење економски стимуланси.

Буш и Путин со различни гледишта на самитот во Братислава

А1 - 24.02.2005

Самитот Буш-Путин во словачката престолнина Братислава е веројатно најчувствителната фаза на европската турнеја на американскиот претседател. Борбата против меѓународниот тероризам, со заеднички мерки и соработка во битката против евентуалниот нуклеарен тероризам, е прашање за кое Москва и ...

Буш се сретна со 20-тина европски политичари и интелектуалци

А1 - 24.02.2005

На маргините од американско-рускиот дијалог, Буш собра дваесетина европски политичари и интелектуалци, како „Шампиони на демократијата“. Меѓу нив и Мирјана Лазарова Трајковска, судија на Уставниот суд на Македонија. Трајковска личниот повик од Белата куќа го добила за својот ангажман како ...

Буш на смирување со Шредер

Утрински - 24.02.2005

Американскиот претседател вчера беше во германскиот град Мајнц за да ги стопли односите со сојузникот Америка и Европа, по несогласувањата, повторно се поврзаа МАЈНЦ - Американскиот претседател Џорџ Буш вчера беше во посета на Германија за да ги подобри односите со канцеларот Герхард Шредер, еден ...

Буш и остави на Европа да диктира притисок врз Иран

Дневник - 24.02.2005

АМЕРИКАНСКО-ГЕРМАНСКИ САМИТ ВО МАЈНЦ Американскиот претседател Џорџ Буш вчера во Германија изјави дека ситуацијата во Иран не може да се споредува со таа во Ирак пред воената интервенција, но не се откажа целосно од можноста за воена акција, јави Ројтерс. - Иран не е Ирак.

Буш и Шредер се смирија по караницата за Ирак

Вест - 24.02.2005

ГЕРМАНИЈА, 24 февруари (Би-Би-Си) - Американскиот претседател Џорџ Буш и германскиот канцелар Герхард Шредер покажаа единство по нивното разидување околу војната во Ирак. ГЕРМАНИЈА, 24 февруари (Би-Би-Си) - Американскиот претседател Џорџ Буш и германскиот канцелар Герхард Шредер покажаа единство по ...

Средбата во Братислава нема да донесе нешто ново

Утрински - 24.02.2005

Москва не очекува дека денешниот состанок Путин - Буш би можел да промени нешто Во интервју Бжежински тврди дека Путин ќе има непријатен разговор, додека во Москва речиси никој не верува во тоа Од наШиот дописник Бранко ВлаховиЌ МОСКВА - Претстојната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и ...

Во Атина запален автомобил поради посетата на Буш на ЕУ

А1 - 23.02.2005

Автомобил со американски регистерски таблички беше запален денеска од локална анархистичка група во знак на протест против посетата на американскиот претседател Џорџ Буш на Европа. Според грчките власти автомобилот, што бил во сопственост Грк со американско државјанство, е запален во атинскиот ...

Францускиот помфрит се врати на менито на Буш

Утрински - 23.02.2005

Американскиот претседател му подаде рака на помирување на Ширак Прашан дали ќе го покани Ширак на неговиот ранч во Крафорд, Тексас, Буш одговори: "Ми треба добар каубој° БРИСЕЛ - Американскиот претседател Џорџ Буш му се обрати на францускиот лидер со неговото име Жак, јадеше француски помфрит и се ...

Учтив аплауз за американскиот претседател во Брисел

Утрински - 23.02.2005

Реакции по обраќањето на американскиот претседател Америка ја поддржува силна Европа како цврст партнер за слободатата во светот, рече Буш БРИСЕЛ - Во првиот голем говор за надворешната политика по неговиот реизбор, претседателот Џорџ Буш во понеделникот ги искажа вистинските зборови пред ...

Америка и Европа во нова ера

Утрински - 23.02.2005

Спектакуларното приближување на двата најмоќни континента ќе воспостави нови односи во светот Историска посета на американскиот претседател Џорџ Буш на европскиот континент БРИСЕЛ - Американскиот претседател Џорџ Буш им се додворуваше на европските лидери во серијата состаноци и последователни ...

Францускиот помфрит пак на мени

Вест - 23.02.2005

БРИСЕЛ (Ројтерс) - Американскиот претседател Џорџ Буш му се обраќаше на францускиот лидер со првото име Жак, јадеше француски помфрит и низ шега го покани противникот на неговата војна против Ирак на својот ранч во Тексас со зборовите "Барам добар каубоец".

Затворениот Мајнц го очекува Буш

Утрински - 23.02.2005

посета БРИСЕЛ - Претстојната посета на претседателот Буш на германскиот град Мајнц се најавува како шанса Берлин и Вашингтон да ги подобрат односите, но за многу жители во овој град на Рајна таа е само непосакувана непријатност.

Помфритот пак е француски

Време - 23.02.2005

СРЕДБА БУШ-ШИРАК На луксузната вечера за помирување меѓу претседателите на САД и на Франција, Џорџ В. Буш и Жак Ширак, по јастогот и говедското филе со сос „борделе“ биле послужени пржени компирчиња. Американскиот претседател рекол дека тоа повторно е „френч фрајз“, односно француски помфрит, како ...

"Жак би бил добар каубој"

Дневник - 23.02.2005

БУШ ПОЛИТИЧКИ ФЛЕРТУВА СО ЕВРОПА Американскиот претседател Џорџ Буш прексиноќа политички флертуваше со својот француски колега, обраќајќи му се со "Жак", и го покани на гости на својот ранч во Тексас, оценувајќи дека од него може да стане добар каубој, јави Ројтерс.

Брисел парализиран од посетата на Буш

Вест - 22.02.2005

Брисел, 22 февруари - Брисел од вчера и денес е под голема безбедносна операција поради посетата на американскиот претседател Џорџ Буш, кому ова му е прва посета на странска земја по добивањето на вториот мандат. Медиумите во Белгија коментираат дека посетата на Буш ќе претставува голем проблем за ...

Западот нема да се дели на „идеалистичките САД“ и „циничната Европа“

Време - 22.02.2005

ЕВРОПСКА ТУРНЕЈА НА АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЏОРЏ В. БУШ На САД им е потребна силна Европа, бидејќи ни треба силен партнер во тешката задача за промовирање на мирот, изјави американскиот претседател Џорџ В. Буш на својата посета на Брисел, замислена како обид за помирување со старите сојузници.

Америка и Европа се неразделни

Дневник - 22.02.2005

БУШ НА ТУРНЕЈА НИЗ ЕВРОПА Американскиот претседател Џорџ Буш вчера во Европа најави нова ера во односите меѓу трансатлантските сојузници, чија заедничка цел треба да биде ширење на семето на демократијата низ Блискиот Исток, но неговите пораки беа во сенка на жестоките демонстрации во Брисел.

Кралски гламур и масовни протести

Вечер Прес - 22.02.2005

БРИСЕЛ, 22 ФЕВРУАРИ (МИА). - Американскиот претседател Џорџ Буш, кој завчера пристигна во Брисел, вчера ја почна официјалната програма од четиридневната посета на Европа, со средби со белгискиот крал Алберт Втори и премиерот Ги Верхофстат. Денеска во зградата на Советот, Буш ќе се сретне со 25.

Анкета: Буш еден од најзабележителните претседатели

А1 - 21.02.2005

Американците го сметаат Џорџ Буш за еден од најзабележителните претседатели во историјата на САД, покажа анкета спроведена во пресрет на Денот на претседателите, еден од националните празници на САД. Патриотизмот на Буш помладиот го сврсти меѓу Џорџ Вашингтон, Абрахам Линколн, Франклин Рузвелт, Џон ...

Буш ја започна четиридневната посета на Европа

А1 - 21.02.2005

Американскиот претседател Џорџ Буш, кој синоќа пристигна во Брисел, денеска ја почнува официјалната програма од четиридневната посета на Европа, со средби со белгискиот крал Алберт Втори и премиерот Ги Верхофстат. Попладнево Буш ќе му се обрати на белгискиот народ, а неговиот говор ќе биде во ...

Буш не ја гледа Европа како противтежа на САД

Утрински - 21.02.2005

Пред посетата на американскиот претседател Џорџ Буш на Брисел Од наШиот дописник Тони ГламЧевски Нанси - Првата европска турнеја на американската државна секретарка за надворешни работи, Кондолиза Рајс, ја стави во прв план определбата од двете страни на Атлантикот да се воспостави конструктивен ...

Балканот ќе ги сплотува САД и ЕУ

Дневник - 21.02.2005

ЏОРЏ БУШ НА САМИТ ВО БРИСЕЛ Претставниците на ЕУ ги демантираат шпекулациите дека Вашингтон би можел унилатерално да ја признае независноста на Косово Наша дописничка од Брисел Меѓу САД и ЕУ не постојат никакви разлики во ставовите за Балканот.