TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Телата на киднапираните разнесени

Вечер Прес - 18.03.2006

Автомобилот со кој се пренесуваа телата на четворицата македонски Албанци кои беа убиени во Авганистан експлодирал. Според светските новински агенции, во експлозијата на авганистанското полициско возило загинале двајца полицајци, а тројца биле потешко ранети.

Американски војници ги нашле киднапираните

Вечер Прес - 17.03.2006

Американски војници во авганистанската област Кандахар ги пронашле телата на четворица македонски државјани, јави вчера германската агенција ДПА. Телата на тетовците Бесим Алиу (24), Фадил Зенуни (40), и извесен Илбер, како и на скопјанецот Сабри Тахири, биле пронајдени на простор кој бил означен ...

Ги убивме со куршум в глава

Вечер Прес - 15.03.2006

Четворицата македонски државјани, киднапирани во Авганистан, се убиени, објавија вчера западните медиуми, повикувајќи се на талибански извори. Македонските Албанци биле киднапирани од талибанците во саботата, заедно со уште четворица Авганистанци, кои веднаш биле ослободени.

Киднапираните Македонци во Авганистан се убиени?!

Вечер Прес - 14.03.2006

Четворицата Македонци од албанска националност, киднапирани завчера во Авганистан, веројатно се убиени. Се работи за работници ангажирани од тетовската фирма "Еколог". "Вечер" дознава дека тројца се од Тетово, а еден од Скопје.

Киднапирани четворица Албанци

Вечер Прес - 13.03.2006

Четворица Албанци, чии идентитет не е познат, во саботата биле киднапирани во Авганистан, албанските медиуми, повикувајќи се на авганистанската агенција "Авган исламик прес". Медиумите, како што јавува дописникот на Макфакс од Тирана, не ја исклучуваат можноста киднапираните да се државјани на ...