TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Украина – За НАТО на референдум

Макфакс - 14.09.2008

Одлуката за евентуален прием на Украина во НАТО сојузот ќе се донесе на референдум, најави украинскиот претседател Виктор Јушченко. Тој, во интервју за германскиот весник “Велт“, изјави дека Украина, доколку биде повикана во Алијансата, ќе организира референдум.

Тимошенко испрашувана пет часа за труењето на Јушченко

А1 - 12.09.2008

Украинскиот премиер, Јулија Тимошенко вчера била испрашувана пет часа во рамки на истрагата за труењето на украинскиот претседател, Виктор Јушченко. Пред распитот Тимошенко предложила да се побара мислење од „најдобрите странски лаборатории“ во разјаснувањето на таа афера.

Украинците се плашат од распаѓање на земјата

Утрински - 12.09.2008

Украинците се плашат од распаѓање на земјата МОСКВА - Околу 40 отсто од граѓаните на Украина се плашат од раскол во земјата, а дури 76 отсто се плашат дека би можело да дојде до голема економска криза.

Јушченко: Украина не може да ги признае Јужна Осетија и Абхазија

Нетпрес - 12.09.2008

Украинската влада не може да ја признае независноста на Јужна Осетија и Абхазија, бидејќи тоа би можело да ги “наруши принципите на територијалниот интегритет на Украина“, изјавил денес претседателот Виктор Јушченко.

Тимошенко испрашувана пет часа за труењето на Јушченко

Макфакс - 12.09.2008

Украинскиот премиер, Јулија Тимошенко вчера била испрашувана пет часа во рамки на истрагата за труењето на украинскиот претседател, Виктор Јушченко. Пред распитот Тимошенко предложила да се побара мислење од „најдобрите странски лаборатории“ во разјаснувањето на таа афера.

Јушченко-Руската флота во Црно море извор на проблеми

Макфакс - 11.09.2008

Руската флота во Црно море лоцирана на Крим е извор на „многубројни проблеми“, изјави украинскиот претседател Виктор Јушченко, во интервју за француски „Монд“. „Присуството на Руската федерација во Црно море создаде повеќе нерешени проблеми, и тоа не само воени“, рече Јушченко.

Јушченко со политичка потера против убавата Јулија

Утрински - 10.09.2008

Премиерката на Украина е обвинета дека е државен предавник Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - Премиерката на Украина доби покана на 11 септември да дојде во државното обвинителство, бидејќи за неа се доставени материјали кои би требало да потврдат дека е државен предавник.

ЕУ и Украина сакаат потесна соработка

Форум - 10.09.2008

ЕУ сака да ги засили односите со Украина, но во догледно време нема шанса да се исполни желбата на Киев за членство на оваа земја во Унијата. Ова го соопштија францускиот претседател Никола Саркози и украинскиот колега Виктор Јушченко по вчерашниот самит ЕУ-Украина во Париз.

Тимошенко: Претседателскиот кабинет подготвува „државен удар“

А1 - 09.09.2008

Украинскиот премиер Јулија Тимошенко го обвини кабинетот на претседателот Виктор Јушченко дека подготвува државен удар со иницијативата за воведување претседателска власт.

ТИМОШЕНКО: "ЈУШЧЕНКО ПОДГОТВУВА ДРЖАВЕН УДАР"

Телма - 09.09.2008

ТИМОШЕНКО: "ЈУШЧЕНКО ПОДГОТВУВА ДРЖАВЕН УДАР" Украинскиот премиер Јулија Тимошенко го обвини кабинетот на претседателот Виктор Јушченко дека „подготвува државен удар“.

Средба ЕУ - Украина

Форум - 09.09.2008

Во Париз денеска ќе се одржи средба на високо ниво ЕУ - Украина. Според најавите ќе се разговара за продлабочување на врските меѓу Унијата и Украина како и околу перспективите за визни олеснувања за украинските државјани. На овој состанок нема да и се ветува членство на Украина во ЕУ.

ПАРИЗ ДОМАЌИН НА СРЕДБАТА НА ВРВОТ ЕУ-УКРАИНА

Сител - 09.09.2008

Првично беше предвидено домаќин на форумот на биде туристичкото место Евиан на брегот на езерото Леман, но до промена дојде бидејќи посетата на францускиот претседател Никола Саркози на Москва и Тбилиси продолжи повеќе од очекуваното, се наведува во соопштението.

Јушченко подготвува државен удар

Вечер Прес - 09.09.2008

Украинскиот премиер Јулија Тимошенко го обвини кабинетот на претседателот Виктор Јушченко дека "подготвува државен удар". Тоа е нејзината оценка за иницијативата на некои украински гувернери "за воведување директна претседателска власт".

ЕУ нуди соработка со Украина, не и членство

Макфакс - 09.09.2008

Европската унија (ЕУ) ќе и понуди на Украина воспоставување поцврсти врски, но не и ветување за членство. Еврокомесарот за надворешни работи Бенита Фереро Валднер пред денешната средба со украинскиот претседател Виктор Јушченко рече дека каква и да е спогодба за присоединување е премногу сериозен и ...

Тимошенко ќе се кандидира за претседател?

Вечер Прес - 08.09.2008

Премиерот на Украина Јулија Тимошенко изјави дека "сериозно размислува" за да се кандидира на претседателските избори за нов шеф на државата, откако уште еднаш се растури коалицијата со претседателот Виктор Јушченко.