TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Лозарите од Тиквешијата утре со протести пред Владата

А1 - 19.02.2006

Исплата на грозјето во целост, цени повисоки за плус 2 денари за килограм, побара денеска регионалниот Сојуз „Агротиквешија“ во Кавадарци. Утре на протести пред Владата, исто како тутунарите; таму треба да ги бараме нашите права, порачаа од Сојузот.

Лозарите утре на штрајк пред Владата

Канал5 - 19.02.2006

Во обид да си ги добијат своите пари кавадаречките лозари се разединуваат. Едните петти ден протестираат пред Тиквеш, ќе останат таму и утре, решителни се бараат да им се исплати минатогодишната реколта. Во обид да си ги добијат своите пари кавадаречките лозари се разединуваат.

Протестите на лозарите се вжештуваат

А1 - 18.02.2006

Од ниските температури и дополнителните нервози, по четиридневни протести, лозарите во кавадаречко почнаа да колабираат. Со солзи во очите, 80-годишниот дедо Ѓорѓи, преморен, побара столче за да седне, но не му дозволи обезбедувањето во „Тиквеш“. „Имам 80 години.

Тиквеш: Кога ќе имаме пари ќе платиме

Вест - 18.02.2006

ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ СЕ СРЕТНА НАСАМО СО ЈАНЕВСКИ Премиерот Владо Бучковски вчера во хотелот "Холидеј ин" имаше полчасовна средба насамо со бизнисменот Свето Јаневски. Двајцата Охридска сала ја напуштија неволни да кажат за што разговарале.

Свето Јаневски ги нарече лозарите „уличари“

Време - 18.02.2006

ПРОТЕСТИ ВО КАВАДАРЦИ Блокадите и протестите во Кавадарци пред винарскиот комбинат „Тиквеш“ на повеќе од 1.000 производители на грозје вчера продолжија порадикално, откако главниот сопственик Светозар Јаневски им рекол на земјоделците дека „не разговара со уличари“, јави Македонското радио - Радио ...

Лозарите ја блокираа винарската визба "Тиквеш"

Утрински - 18.02.2006

Лозаропроизводителите се обидоа насилно да влезат во управната заграда на кавадаречкиот комбинат Капиите на визбата се блокирани со механизација, а членовите на Советот на општината ја прекинаа седницата и се вклучија во протестот Ангел Данов КАВАДАРЦИ - По соопштувањето на веста дека на вчерашната ...

Лозарите се судрија со полицијата пред "Тиквеш"

Дневник - 18.02.2006

РАСТЕ РЕВОЛТОТ ВО КАВАДАРЦИ Над 1.000 кавадаречки лозари вчера се обидоа насилно да влезат во административната зграда на "Тиквеш", но беа спречени од кордон полицајци и од градоначалникот Панчо Минов, кој беше тампон-зона помеѓу двете страни.

Лозарите во понеделник на протест пред Владата

Канал5 - 18.02.2006

Револтот кај лозарите го достигна врвот. Утре ги продолжуваат протестите во Кавадарци, в понеделник се селат во Скопје пред Владата. Доста е велат од арогантното однесување и чекање. Си ги бараат парите кои како што велат со мака ги заработиле. Револтот кај лозарите го достигна врвот.

Лозарите се обидоа насилно да влезат во „Тиквеш“

А1 - 17.02.2006

Нервозата кај тиквешките лозари, кои 6 месеци чекаат „Тиквеш“ да им ги даде парите, денеска кулминира. По тридневни протести, над 1000 лозари се обидоа насолнио да влезат во „Тиквеш“, револтирани од пораката на Свето Јаневски дека нема желба да преговара со уличари.

Ултиматум до „Тиквеш“

Време - 17.02.2006

ПРОТЕСТИ НА ЛОЗАРИТЕ Неколку стотици лозари од Тиквешијата, кои протестираа вчера пред капијата на винарската визба „Тиквеш“, му поставија ултиматум на директорот на винаријата Свето Јаневски до денеска напладне да им даде точен датум од кога ќе почне исплатата на нивните пари за ланскиот откуп на ...

Лозарите на блокади

Вест - 17.02.2006

АКО НЕ ГИ ДОБИЈАТ ЛАНСКИТЕ ПАРИ ЗА ГРОЗЈЕТО И ДВА ДЕНАРА ПРЕМИЈА ПО КИЛОГРАМ Лозарите од Тиквешијата бараат исплата на грозјето од ланската реколта, 20 отсто поголема цена и плус два денара премија за секој откупен килограм. Тие најавија протести и блокади на патиштата за следната недела, а ако не ...

Протестите на лозарите крај распламтените огнови

Утрински - 17.02.2006

Незадоволство поради неисплатените пари за откупеното грозје Ангел Данов КАВАДАРЦИ - Лозарите од Кавадарци и понатаму се на нозе. Некои од нив пред винарската визба "Тиквеш" останаа и во текот на ноќта покрај распламтениот оган, а организаторот најавува дека тој продолжува и понатаму сў до ...

Лозарите и ноќе го блокираат "Тиквеш"

Дневник - 17.02.2006

ПРИТИСОК ЗА ИСПЛАТА НА ГРОЗЈЕТО Кавадаречките лозари ги продолжија завчерашните протести пред "Тиквеш" и во текот на ноќта. Крај голем оган и со туршија го изразија незадоволството од тоа што се уште не им е платено грозјето и се заканија дека ќе го радикализираат протестот ако веднаш не добијат ...

Лозарите во недела пак ќе протестираат

Канал5 - 17.02.2006

Расте нервозата кај лозарите кои веќе трет ден ја блокираат винарската визба Тиквеш. И денеска останаа без одговор кога ќе ги добијат парите за предаденото грозје. Влезот на визбата повторно под силно полициско и приватно обезбедување.

Лозарите се закануваат со протести пред Владата

А1 - 16.02.2006

По вчерашните протести, синоќа на температура од минус 9 степени, покрај оган, дел од лозарите останаа пред капиите на „Тиквеш“. Денес со ултиматум: Утре до пладне чекаат одговор на барањето: визбата веднаш да почне со исплата на парите од предаденото грозје, во спротивно, ќе следуваат порадикални ...

И лозарите се подготвуваат за протести

Време - 16.02.2006

БЛОКАДА НА „ТИКВЕШ“ Повеќе од 1.000 лозари вчера протестираа пред капиите на винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци барајќи Свето Јаневски да им ги исплати тешко спечалените пари за грозјето. Револтирани од игнорантскиот однос на менаџерите на визбата, тие вчера најавија дека ќе протестираат пред ...

Над 1.000 лозари протестираа пред "Тиквеш"

Утрински - 16.02.2006

Лозаропроизводители од Тиквешијата бараат да им се исплатат парите Ангел Данов КАВАДАРЦИ - Над илјада лозаропроизводители од Тиквешијата, предводени од градоначалникот на Општина Кавадарци, Панчо Минов, и од советниците вчера протестираа пред винарската визба "Тиквеш".

Лозарите бараат итна исплата на грозјето

Дневник - 16.02.2006

ПРОТЕСТ ПРЕД "ТИКВЕШ" ВО КАВАДАРЦИ Околу 1.000 лозари од Тиквешко вчера протестираа пред винарската визба "Тиквеш" од Кавадарци, незадоволни поради неисплатеното грозје. Притоа настана мал инцидент, кога возач на цистерна на "Тиквеш" се обиде да мине со камионот низ масата народ, по што ...

И лозарите најавуваат протести пред Владата

Канал5 - 16.02.2006

И лозарите најавуваат протести пред Владата. Револтирани се зошто винарските визби не им ги исплаќаат парите од ланската реколта. Бараат и дополонителни два денари за килограм грозје и 20 отсто повисока цена. И лозарите најавуваат протести пред Владата.

Лозарите од Тиквешијата го слават Св. Трифун

А1 - 14.02.2006

Со пресна погача, со црвено вино и со режење на првата фиданка, лозарите од Тиквешијата го одбележаа празникот Св. Трифун. Дилемата, дали ќе има прослава, по повикот од регионалниот сојуз „Агротиквешија“ да се бојкотира манифестацијата, поради неплатеното грозје, се разреши рано наутро кога ...

Лозарите од Тиквешијата се борат за гола живеачка

А1 - 13.02.2006

Одработени, а неплатени повеќе од 10.000 евра чекам со месеци, се жали 74-годишниот лозар од Кавадарци Коле Колев, кој лани предал над 50 тони грозје во „Тиквеш“. Сиромаштија, што да ви кажам, полошо не може да биде. Ќе излезам в град, ќе си ги кажам маките со лозарите, но што фајде од тоа.

Или пари за грозјето или протести

Утрински - 13.02.2006

Градоначалникот Панчо Минов му постави ултиматум на Свето Јаневски Ако до среда не почне исплатата на откупеното грозје, ќе следуваат протести пред капиите на комбинатот Иво последното писмо од градоначалникот Панчо Минов упатено до првиот човек на винарската визба ”Тиквеш” не е даден прецизен ...

Градоначалникот на Кавадарци ќе протестира пред "Тиквеш"

Дневник - 13.02.2006

АКО ДО СРЕДА НЕ ПОЧНЕ ИСПЛАТАТА НА ЛАНСКОТО ГРОЗЈЕ Градоначалникот на Кавадарци Панчо Минов и неговите соработници ќе протестираат пред вратите на "Тиквеш" ако до среда винарската визба не почне да го исплаќа ланското грозје. Протестот ќе трае се додека кавадаречката визба не им плати на лозарите.