TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

На површина последиците од политичкиот вакуум во Косово

А1 - 29.01.2006

По смртта на Ругова, полека излегуваат на површина последиците од создадениот политички вакуум. Стигнаа првите критики од Генералниот секретар на Обединетите Нации . Тој е незадоволен од постигнатите стандарди на Косово. Се одложи и датумот за почеток на преговорите.

Македонија е превентивно претпазлива кон Косово

Дневник - 28.01.2006

ПО СМРТТА НА ИБРАХИМ РУГОВА Дури и да се влоши безбедноста на Косово, тоа нема да се одрази на Македонија, оценува директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Агрон Буџаку. Македонските безбедносни структури се "превентивно претпазливи" и внимателно ја следат состојбата во покраината по ...

Расправа кој ќе го наследи Ругова

Време - 28.01.2006

ПО ПОГРЕБОТ НА КОСОВСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Косовскиот весник „Коха диторе“ тврди дека средбата на еврокомесарот Хавиер Солана со најистакнатите косовски политичари за време на погребот на Ибрахим Ругова завршила со скандал откако Неџат Даци ја напуштил средбата.

Преговори што поскоро

Вечер Прес - 28.01.2006

Кој ќе го наследи Ругова на чело на Косово, кој ќе го води косовскиот преговарачки тим и кога ќе почнат преговорите за статусот се клучните прашања што кружат во јавноста откако почина претседателот Ибрахим Ругова. Косовските и странските медиуми во изминатите денови како најсериозни кандидати ги ...

Католичката мисија на Пјетер Ругова

Дневник - 27.01.2006

БЕЛГРАДСКИ "НИН" ЗА ВРСКИТЕ МЕЃУ КОСОВО И ВАТИКАН Косовскиот претседател во својот гроб ја однесе тајната дали умрел како католик или како муслиман. До неговата смрт многу извори тврдеа, но никој не можеше да ја потврди информацијата дека Ибрахим Ругова ја примил христијанската вера и го зел името ...

Можна постапка против градоначалникот на Дебар

Време - 27.01.2006

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО Јавното обвинителство најверојатно ќе покрене постапка против градоначалникот на Дебар, кој противзаконски ги спушти знамињата на половина копје поради смртта на косовскиот претседател Ибрахим Ругова, велат извори од обвинителството.

Погребан Ругова, Западот бара единство на Косово

Вест - 27.01.2006

ПРИШТИНА, 27 јануари (Ројтерс) - Големи толпи народ се собраа вчера на погребот на косовскиот претседател Ибрахим Ругова кој почина без да го дочека исполнувањето на својот сон за независност на покраината. Приштина беше блокирна од стотиците косовск ПРИШТИНА, 27 јануари (Ројтерс) - Големи толпи ...

Косово се збогува со Ибрахим Ругова

Дневник - 27.01.2006

ДРЖАВНИЧКИ ПОГРЕБ ВО ПРИШТИНА Косовскиот претседател Ибрахим Ругова вчера беше погребан во населбата Валанија кај Приштина, со државнички почести, но не и со верски обреди, покрај гробницата на загинатите припадници на ОВК. Ковчегот на Ругова беше поставен во бел мермерен гроб, на кој со златни ...

Разговорите за статусот на Косово ќе продолжат во февруари

Време - 27.01.2006

ЦРВЕНКОВСКИ ПО СРЕДБИТЕ СО ПЕТЕРСЕН И СО КОСУМИ Боби Христов, Наш известувач од Приштина Смртта на Ругова, која е голема загуба за Косово, нема да предизвика никакво блокирање или стопирање на почнатите процеси на демократизација и стабилизација на покраината, оцени вчера во Приштина претседателот ...

Стабилноста на Косово битна за Македонија

Дневник - 27.01.2006

СЕРИЈА СРЕДБИ НА ЦРВЕНКОВСКИ ВО ПРИШТИНА Сашо Кокаланов Наш известувач од Приштина Смртта на косовскиот претседател Ибрахим Ругова нема да ги блокира почнатите демократски процеси и стабилизацијата на Косово ќе продолжи, што е многу битно за неговите граѓани, но и за нас како непосредни соседи, ...

Погребан Ибрахим Ругова

Време - 27.01.2006

ВЧЕРА ВО ПРИШТИНА Неколку стотици илјади Косовци вчера се простија од својот претседател Ибрахим Ругова, кој во саботата ја загуби борбата со ракот на белите дробови. Погребот почнал во 9.30 часот утрото, кога ковчегот на Ругова, кој дотогаш беше изложен во косовскиот парламент, преку улицата Мајка ...

Косово се прости од Ибрахим Ругова

Утрински - 27.01.2006

Илјадници луѓе вчера присуствуваа на погребот на косовскиот претседател во Приштина Салата каде што се одржуваше комеморацијата беше опседната со илјадници луѓе кои молеа да влезат внатре Од наШиот известуваЧ Димитар Чулев ПРИШТИНА - Претседателот на Косово, Ибрахим Ругова, кој почина во саботата, ...

Ќе нема дестабилизација на Косово

Вечер Прес - 27.01.2006

Претседателот на Македонија, Бранко Црвенковски, вчера присуствуваше на погребот на косовскиот претседател Ибрахим Ругова. Пред погребот, тој имаше средба со шефот на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК) Сорен Јесен Петерсен, со косовскиот премиер Бајрам Косуми, германскиот министер за надворешни ...

Погребан Ибрахим Ругова

Вечер Прес - 27.01.2006

Посмртните останки на косовскиот претседател Ибрахим Ругова, десетина минути пред 15 часот, беа погребани без верски обреди, на приштинските гробишта Веланија, веднаш до гробницата на загинатите припадници на ОВК. Во придружба на почесната гарда на Косовскиот заштитен корпус, ковчегот со телото на ...

Започна погребната церемонија за Ругова

А1 - 26.01.2006

Косово се раздели од неговиот претседател. Илјадници граѓани од сите краеви на Косово се собраа во Приштина да му оддадат последна почит на нивниот покоен претседател Ибрахим Ругова. Поворката помина низ главните улици на Приштина .

Смртта на Ругова нема да го дестабилизира регионот

А1 - 26.01.2006

Илјадници граѓани на Косово се собраа денеска во Приштина, на погребот на нивниот претседател, Ибрахим Ругова. Го покрија со знамето на Дарданија кое, додека беше жив, го афирмираше како знаме на идната независна држава Косово. Му ја пееја и химната на Косово, различна од албанската.

Подготвен и Скопскиот аеродром

Вест - 26.01.2006

Приштинскиот аеродром побарал од Скопскиот аеродром да им стави на располагање капацитети за прифаќање на авиони. Единствениот аеродром на Косово има мал капацитет и нема да може да ги прифати сите авиони со кои ќе слетаат делегациите на погребот на претседателот Ибрахим Ругова.

Погребот без верски обележја

Време - 26.01.2006

ПО СМРТТА НА КОСОВСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ИБРАХИМ РУГОВА Комитетот што го организира погребот на косовскиот претседател Ибрахим Ругова, закажан за денеска, соопшти дека погребот ќе има „национален и државен карактер“, забележително исклучувајќи го верскиот карактер, јави новинската агенција АФП.

Погребот на Ругова по македонско сценарио

Вест - 26.01.2006

УНМИК ПОБАРА ПОМОШ ОД КАБИНЕТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЦРВЕНКОВСКИ На УНМИК им било препорачано од неколку земји за помош да се обратат до Македонија, која церемонијата на погребот на трагично починатиот претседател на државата Борис Трајковски го организираше до совршенство.

МТВ 2 ќе врши пренос од погребот на Ругова

Дневник - 26.01.2006

ПОМОШ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА КОСОВО Јавното аеродромско претпријатие "Македонија" и Македонската телевизија ќе им помогнат на косовските власти во организацијата на погребот на претседателот Ибрахим Ругова. Дел од авионите на странските делегации, што денеска ќе пристигнат за последното испраќање на ...

Илјадници луѓе се простуваа од починатиот претседател Ругова

Утрински - 26.01.2006

Косово во длабока тага за човекот кој пред 16 години ја поведе битката за независност Многу странски државници се очекуваат на погребот Од наШиот известуваЧ Димитар Чулев ПриШтина - Илјадници луѓе вчера во Приштина чекаа со часови на главната приштинска улица "Мајка Тереза° да му оддадат почит на ...

ВО ПРИШТИНА ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН КОСОВСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ИБРАХИМ РУГОВА

Канал5 - 26.01.2006

Косовскиот претседател Ибрахим Ругова, кој почина на 22 јануари од рак на белите дробови, ќе биде погребан денеска во 14 часот на гробиштата населбата Велонија во Приштина. Приштина, 26 јануари (МИА) - Косовскиот претседател Ибрахим Ругова, кој почина на 22 јануари од рак на белите дробови, ќе биде ...

И на скопскиот аеродром ќе слетуваат делегации за погребот

Утрински - 26.01.2006

Скопскиот аеродром денеска ќе му даде логистичка поддршка на приштинскиот аеродром, кој не е во можност да ги прими сите авиони со кои ќе допатуваат државните делегации за да присуствуваат на погребот на починатиот косовски претседател Ибрахим Ругова.

Погребан претседателот на Косово Ибрахим Ругова

Канал5 - 26.01.2006

Претседателот на Косово Ибрахим Ругова е погребан на гробиштата во приштинската населба Веланија. Ковчегот со телото на лидерот на косовските Албанци беше положен до гробницата на загинатите припадници на ОВК. Претседателот на Косово Ибрахим Ругова е погребан на гробиштата во приштинската населба ...

Тадиќ чека дозвола да дојде на погребот на Ругова

Дневник - 26.01.2006

ЕДЕН ДЕН ПРЕД ЗБОГУВАЊЕТО СО КОСОВСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ И вчера во Приштина не беше сосема сигурно дали на погребот на Ибрахим Ругова денеска ќе присуствува и Борис Тадиќ, откако медиумите и анонимни косовски функционери оценија дека српскиот претседател е непожелен на церемонијата.

Изборите и реформите ќе го диктираат патот кон ЕУ

Канал5 - 26.01.2006

Парламентарните избори и реформите ќе ја диктираат брзината на Македонија на патот кон Европската Унија, уште еднаш потврдија претставниците на ЕУ, овојпат во Приштина. Парламентарните избори и реформите ќе ја диктираат брзината на Македонија на патот кон Европската Унија, уште еднаш потврдија ...

Денеска погребот на Ругова

Вечер Прес - 26.01.2006

Околу 40 делегации на држави и претставници на меѓународни организации ќе присуствуваат денеска во Приштина на последното испраќање на претседателот на Косово, Ибрахим Ругова(61), соопшти Одборот за закоп формиран од косовската Влада.

Без верски церемонии и гости од Србија

Дневник - 25.01.2006

ИБРАХИМ РУГОВА ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН УТРЕ ВО ПРИШТИНА Починатиот претседател на Косово, Ибрахим Ругова, ќе биде погребан утре на гробиштата во Приштина, без верска церемонија. Погребот ќе биде спроведен според протоколот на претседателскиот кабинет, а церемонијата ќе ја раководи Саљи Цацај, политички ...

Градоначалникот го прекршува законот од почит кон Ругова

Време - 25.01.2006

ЗНАМИЊАТА ВО ДЕБАР НА ПОЛОВИНА КОПЈЕ Сунчица Стојановска Општината Дебар драстично го прекршува законот за употреба на знамињата и за тоа треба да одговора, велат правниците откако градоначалникот завчера ги спушти на половина копје знамињата пред општината во знак на жалост поради смртта на ...

Ругова ќе биде погребен на гробиштата на ОВК

Време - 25.01.2006

ПО СМРТТА НА КОСОВСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Починатиот косовски претседател Ибрахим Ругова утре ќе биде погребен на гробиштата на загинатите припадници на Ослободителната војска на Косово, јави српската новинска агенција Бета. - Негова желба беше да биде погребен на гробиштата на мачениците, односно на ...

Косово не дозволува Тадиќ да дојде на погребот на Ругова

Вест - 25.01.2006

Приштина, 25 јануари - Косово вчера го одби барањето на српскиот претседател Борис Тадиќ да присуствува на погребот на Ибрахим Ругова. "Борис Тадиќ не е добредојден на погребот, особено по неговите последни коментари", изјави висок косовски официјален претставник.

Ругова го чувале смрзнат три недели!?

Дневник - 25.01.2006

Љубинко Тодоровиќ, заменик на косовскиот омбудсман, тврди дека косовскиот претседател починал пред три недели и оти неговата смрт била објавена во "вистински момент" за да може да се одложат преговорите, пишува српскиот таблоид "Старт".

Тадиќ не е добредојден на погребот на Ругова

Утрински - 25.01.2006

Косово го одби барањето од српскиот претседател Тадиќ го упати барањето во понеделникот, истакнувајќи дека би било соодветно за српскиот претседател да оди во Косово кое е дел од територијалниот интегритет на Србија ПРИШТИНА - Косово вчера го одби барањето од српскиот претседател да присуствува на ...

Дали Албанците сакаат да ги одложат преговорите?

А1 - 24.01.2006

Со 15 дневната жалост за Ругова, Албанците купуваат време и за да добијат одложување на почетокот на преговорите за идниот статус на Косово, изјави директорот на меѓународната кризна група Алекс Андерсон. Тој истакнува дека за овие две недели можна е промена на политичката сцена во покраината.

Косово ќе жали 15 дена за Ругова

Дневник - 24.01.2006

Одборот за погребната церемонија на косовскиот претседател Ибрахим Ругова објави 15-дневна национална жалост. Денот кога ќе биде погребан Ругова ќе биде неработен, а во другите денови нема да има културни и спортски активности.

Претседателот Црвенковски на погребот на Ругова

Утрински - 24.01.2006

Според извори од Кабинетот Претседателот Бранко Црвенковски ќе ја предводи македонската делегација која в четврток во Приштина ќе присуствува на погребот на косовскиот лидер Ибрахим Ругова. Тоа практично ќе биде прв престој на македонскиот шеф на државата во Косово.

Тројца кандидати за две функции

Дневник - 24.01.2006

ПОЛИТИЧКИ КОМБИНАЦИИ НА КОСОВО ПО СМРТТА НА РУГОВА Засега никој не се осмелува да прогнозира кој би можел да го наследи Ибрахим Ругова на функцијата претседател на Косово, но аналитичари во провинцијата укажуваат дека е многу поважно кој ќе биде новиот претседател на Демократскиот сојуз на Косово, ...

Ругова ќе биде закопан покрај загинатите учки

Вест - 24.01.2006

ПРИШТИНА, 24 јануари (Ројтерс) - Косовскиот претседател и пацифист Ибрахим Ругова ќе биде закопан неделава покрај загинатите борци од војната во покраината од 1998-99 година, во редок гест на единство меѓу етничките Албанци. "Негова желба беше да биде закопан на гробиштата на мачениците", соопшти ...

Преговорите одложенина неодредено време?

Дневник - 24.01.2006

По смртта на косовскиот претседател Ибрахим Ругова, преговорите за статусот на Косово ќе бидат одложени на неодредено време, оценува францускиот весник "Фигаро". - По смртта на Ругова остана празнина, за која ќе биде тешко да се пополни, бидејќи ниту еден од потенцијалните наследници ја нема ...

Три фракции во партијата на Ругова

Време - 24.01.2006

ПО СМРТТА НА КОСОВСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ По смртта на косовскиот претседател Ибрахим Ругова, албанските медиуми се занимаваат главно со фалби за покојниот претседател, додека српските медиуми најавуваат борба меѓу неговите наследници.

Црвенковски ќе ја води делегацијата

Време - 24.01.2006

Македонската делегација на погребот на Ибрахим Ругова ќе ја предводи претседателот Бранко Црвенковски, а во неа ќе бидат и вицепремиерот Муса Џафери и министерката за надворешни работи Илинка Митрева. Се очекува на погребот да присуствуваат низа шефови на држави, како Стипе Месиќ од Хрватска и ...

Одложена посетата на Бучковски на Албанија

Утрински - 24.01.2006

Поради смртта на Ругова Премиерот Владо Бучковски ја одложи тридневнната посета на Албанија поради смртта на косовскиот претседател Ибрахим Ругова. Во Албанија е прогласена тридневна жалост по повод смртта на Ругова. Бучковски требаше да се сретне во Тирана со албанскиот премиер Сали Бериша и со ...

Косово на испит

Вечер Прес - 24.01.2006

Смртта на претседателот Ибрахим Ругова ги одложи преговорите за статусот на Косово и ја отвори вратата за нова дестабилизација на покраината. Ругова, чиј авторитет и популарност кај косовското население беа неприкосновени, не остави наследник кој ќе може барем делумно да го компензира неговото ...

Граничниот појас кон Косово дополнително обезбеден

А1 - 23.01.2006

Албанската погранична полиција денеска ја зголеми безбедноста за еден степен во граничниот појас кон Косово, по смртта на косовскиот претседател Ибрахим Ругова, јави дописникот на Макфакс. „Безбедноста е зголемена од трет на втор степен, што подразбира зголемување на бројот на погранични полициски ...

Сервер:Смртта на Ругова може да предизвика радикализација на Косово

А1 - 23.01.2006

Смртта на косовскиот претседател Ибрахим Ругова можно е да предизвика радикализација на приликите на Косово во зависнот од тоа која политичка опција на косовските Албанци ќе победи во борбата за власт, ијзави американскиот аналитичар Даниел Сервер.

Телото на Ругова изложено во косовското собрание

А1 - 23.01.2006

Ковчегот со телото на починатиот претседател на Косово Ибрахим Ругова денеска е изложен во холот на Собранието во Приштина, а прв почит му оддаде косовскиот премиер Бајрам Косуми со делегација од Владата. Почит на починатиот Ругова му оддадоа и шефот на американската канцеларија во Приштина Филип ...

Шалот на Ругова

Дневник - 23.01.2006

митко билЈаноски Ибрахим Ругова не се разделуваше од свилениот шал. Еднаш рече дека си ветил оти нема да го извади шалот се додека Косово не биде независно. Ругова завчера почина, со шалот на врат. Човекот што целиот живот го посвети на борбата за независност на косовските Албанци не дочека да го ...

Почина Ибрахим Ругова

Време - 23.01.2006

КОСОВСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЈА ЗАГУБИ БИТКАТА СО РАКОТ Косовскиот претседател Ибрахим Ругова во средата почина, по кратка борба со рак на белите дробови, на 61-годишна возраст. - Борбата со ракот ја водеше со големо достоинство и храброст, до последниот здив - изјави Мухамед Хамити, портпарол на Ругова.

Смртта на Ругова не треба да го дестабилизира регионот

Дневник - 23.01.2006

РЕАКЦИИ ПО СМРТТА НА КОСОВСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Се надеваме дека смртта на косовскиот претседател д-р Ибрахим Ругова нема да го дестабилизира Косово, порачаа и претседателот Бранко Црвенковски и Владата во своите писма со сочувство упатени до претседателот на косовското Собрание Неџат Даци.

Телото на Ругова изложено во косовското Собрание

Канал5 - 23.01.2006

Ковчегот со телото на починатиот претседател на Косово Ибрахим Ругова денеска е изложен во холот на Собранието во Приштина, а прв почит му оддаде косовскиот премиер Бајрам Косуми со делегација од Владата. Приштина, 23 јануари (МИА) - Ковчегот со телото на починатиот претседател на Косово Ибрахим ...

Смртта на Ругова ги одложи преговорите за Косово

Дневник - 23.01.2006

ПЕТДНЕВНА жАЛОСТ ВО ПОКРАИНАТА Смртта на косовскиот претседател Ибрахим Ругова, привремено ги одложи преговорите за статусот на Косово, закажани за в среда во Виена. Ругова, симболот на борбата за независност на провинцијата, почина завчера од рак на белите дробови, оставајќи голема празнина во ...

Косово пет дена ќе жали за починатиот Ибрахим Ругова

Вест - 23.01.2006

ПРИШТИНА (АП) - Косовските законодавци, некои со солзи, вчера со едноминутно молчење му оддадоа почит на покојниот косовски претседател Ибрахим Ругова кој почина во саботата и ветија дека ќе продолжат да се борат за остварување на неговиот животен сон - независност од Србија.

Замина човекот со црвениот шал

Утрински - 23.01.2006

Како се развиваше политичкиот подем на Ибрахим Ругова Косовците повеќе го преферираа мирниот човек отколку извиканите команданти Петдневна жалост прогласија косовските власти по смртта на Ибрахим Ругова, човекот чие име за косовските Албанци и сега и во минатото и, најверојатно, и во иднина ќе се ...

Ругова почина, неизвесно е кој ќе го пополни неговото место

Утрински - 23.01.2006

По смртта на претседателот Косово, влегува во уште еден историски трусен период Димитар Чулев Косовскиот претседател Ибрахим Ругова ја загуби битката со ракот на белите дробови и почина во саботата претпладне во својата резиденција во Приштина, во кругот на своето семејство, на 61 година.

Петдневна жалост на Косово

Вечер Прес - 23.01.2006

Приштина, 23 јануари (МИА) - Косовското Собрание објави петдневна жалост по повод смртта на претседателот Ибрахим Ругова, кој почина завчера на 61- годишна возраст. Погребот на Ругова ќе се одржи в четврток на 26 јануари, изјави вчера за косовското радио портпаролот на Ругова, Мухамет Хамити.