TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Треба да се отвори прашањето за химната и за грбот

Дневник - 03.12.2005

АЛИ АХМЕТИ, ЛИДЕР НА ДУИ lГосподине Ахмети, учите македонски јазик читајќи весници. Ќе почнете ли да ги читате и законите во Македонија за да ги почитувате? - Ги читам и ги спроведувам законите на Република Македонија, а во дел од нив учествував и со мои согледувања.

Европското знаме денеска “полни“ 50 години

Макфакс - 03.12.2005

Брисел Европското темно сино знаме со 12 златни ѕвезди денеска празнува половина век постоење. Знамето го усвои Советот на Европа на 13 декември 1955 година кога броеше само 14 земји. Од тогаш ја симболизираше амбицијата и реалноста на Европа,а сега се вее речиси насекаде низ стариот континент.

Никој не се одважува да го тужи Али Ахмети

Утрински - 02.12.2005

Скандалот со албанското знаме и натаму останува без разрешница Скандалот со педесетметарското албанско знаме што беше истакнато на стоковната куќа "Илинден" во Скопје, а под кое партискиот врв на ДУИ организираше народна прослава, се уште е без разрешница.

Ахмети не му дава отчет на СДСМ

Дневник - 01.12.2005

АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ ГИ СКАРА СДСМ И ДУИ Лидерот на ДУИ Али Ахмети нема намера да и објаснува на СДСМ зошто на прославата на Денот на албанското знаме не било истакнато и државното знаме. Партијата на Владо Бучковски завчера побара од Ахмети да даде сериозно објаснување зошто не го почитувале Законот ...

Нема кој да го спроведе Законот за знамињата

Време - 30.11.2005

ПО ПРОВОКАЦИЈАТА НА ДУИ ПРЕД СТОКОВНАТА „ИЛИНДЕН“ Александра М. Митевска СДСМ и ЛДП бараат одговорност поради неистакнувањето на македонското знаме на манифестацијата пред стоковната куќа „Илинден“, која ја организира општината Чаир, на која присуствуваше целото раководство на ДУИ, а Министерството ...

Од каде е педесетметарското знаме?

Дневник - 30.11.2005

Од ДУИ вчера не можеа да се добијат прецизни информации за педесетметарското знаме, со кое завчера при прославата на Денот на албанското знаме целосно беше прекриена едната фасада од стоковната куќа "Илинден" во центарот на Скопје. ДУИ првпат го употребила знамето на локалните избори.

Државата не е техничка грешка

Дневник - 30.11.2005

Мариела ТраЈковска Техничка грешка е тоа што на прославата го нема државното знаме, заклучи лидерот на владејачката ДУИ Али Ахмети, додека со поглед кон сцената на кое беше распослано педесетметарското албанското знаме безуспешно го бараше и државното.

СДСМ бара сериозно објаснување од Ахмети

Дневник - 30.11.2005

"ТЕХНИЧКА ГРЕШКА" НА ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ СДСМ бара од лидерот на ДУИ Али Ахмети сериозно објаснување зошто на прославата на Денот на албанското знаме го изоставиле државното знаме, бидејќи не прифаќа дека тоа е од технички причини.

Сеуште нема пријава за непоставување државно знаме

А1 - 29.11.2005

Никаде не е поднесена, ниту покрената прекршочна пријава за непоставување државно знаме покрај развиорените албански знамиња по Скопје и Тетово. Во МВР повторуваат - законот за употреба на знамињата не е прецизен и не определува кој треба да покрене санкции , спротивно мислат во Министерството за ...

Албанците протестираа за употреба на албанското знаме

Време - 29.11.2005

КУМАНОВО Во организација на одборот на студентите од Куманово, Скопје и Тетово во Куманово вчера се одржа мирен протест на Албанци на кој присуствуваа повеќе од 500 лица. Протестот се одржа под мотото „Куманово го заслужува знамето“.

Законот се почитуваше од вчера на пладне

Време - 29.11.2005

ТЕТОВО Законот за знамиња во Тетово се почитуваше од вчера напладне. Од неделата па до 12 часот вчера, тетовската локална самоуправа на јарболите низ градот ги имаше истакнато само знамињата на општината и на Република Албанија. Околу пладне почнаа да се поставуваат и државни знамиња.

Прославата се претвори во приватна забава на ДУИ

Време - 29.11.2005

ЕУФОРИЧНО ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ Неколку стотини етнички Албанци вчера се собраа на платото пред стоковната куќа „Илинден“ и на улиците низ Чаир за да го прослават Денот на албанското знаме. Се славеше и 600-годишнината од раѓањето на Скендербег, како и роденденот на Адем Јашари, убиен ...

Албанците од Куманово бараат истакнување на албанското знаме

Утрински - 29.11.2005

Вчера се славеше во општините каде што мнозинството од жителите се од албанската популација КУМАНОВО, ТЕТОВО, ГОСТИВАР - Во организација на Студентската младина на Куманово вчера се одржа мирен протест со барање да се измени Законот за употреба на националните симболи со што Албанците ќе имаат ...

Скопје под албанско знаме

Дневник - 29.11.2005

ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА Пред стоковната куќа "Илинден" во Скопје, без државното знаме, вчера беа прославени 28 ноември - Денот на албанското знаме, 600-годишнината од раѓањето на Скендер-бег, роденденот на командантот на УЧК Адем Јашари и Денот на независноста на Албанија.

Прослава на Денот на албанското знаме без македонското

А1 - 28.11.2005

Во центарот на Скопје напладне се прославуваше Денот на албанското знаме без македонското. Ахмети одговара, причините биле технички. „Некоја техничка грешка е“, изјави Али Ахмети , претседател на ДУИ. ДУИ во истовреме го славеше и роденденот на Адем Јашари , кој во почетокот на борбите на ОВК на ...

Денеска во Тетово се вее и македонското знаме

А1 - 28.11.2005

Општина Тетово ја исправи грешката. Од претпладнево, на сообраќајниците низ градот се поставени и македонски државни знамиња. Општинските власти денеска останаа без коментар за грешката - зошто беше пречекорен законот за употреба на знамињата.

Косово доби знаме со петокрака

Дневник - 28.11.2005

Властите во Приштина како официјално знаме на Косово го признаа тоа што веќе со години го предлага косовскиот претседател Ибрахим Ругова, јави МИА. Весникот "Лајм" објави дека новото знаме, кое само според петокраката и натписот "Дарданија" се разликува од албанското национално знаме, денеска ќе се ...

Педесет метарско албанско знаме на стоковната „Илинден“

Канал5 - 28.11.2005

ДУИ ја искористи првата шанса да не го испочитуваа законот за знамиња - празнувањето на албанското знаме помина без државното иако законот задолжително бара покрај знамето на заедницата, да стои и знамето на Република Македонија.