TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Финале во мал фудбал

Време - 04.05.2007

АВТОКОМАНДА Финалните натпревари од лигата во мал фудбал меѓу основните училишта што се наоѓаат на подрачјето на општината Гази Баба ќе се одржат денеска во спортската сала во населбата Автокоманда, информираат општинарите. На завршниот турнир ќе учествуваат 12 екипи со вкупно 144 учесници.

Сезонски работници ќе го одржуваат зеленилото во Гази Баба

Утрински - 04.05.2007

Петнаесет невработени лица наредниве три месеци ќе бидат ангажирани за одржување на зеленилото и хигиената во Општина Гази Баба. Нивното ангажирање како сезонски работници е резултат на партнерскиот проект на Општината и Министерството за локална самоуправа и Програмата на Владатаза вработување ...

Турнир во мал фудбал за основците во Автокоманда

Утрински - 03.05.2007

Во спортската сала во Автокоманда утре ќе се одржи завршниот турнир во мал фудбал помеѓу основните училишта од Општина Гази Баба. Ќе се натпреваруваат 12 екипи, а ќе учествуваат 144 учесници. Предвиден е и ревијален дел во кој ќе се одиграат уште два натпревара помеѓу Петтата полициска станица и ...

Финале во мал фудбал

Вечер Прес - 03.05.2007

Финалето на лигата во мал фудбал меѓу основните училишта во Општина Гази Баба е закажано за утре во спортската сала во Автокоманда. На завршниот турнир ќе учествуваат 12 екипи со 144 учесници. Турнирот ќе започне во 10 часот и ќе трае до 16 часот.

Гази Баба на подолго ги бара домовите на културата

Дневник - 02.05.2007

Домовите во Ченто, Автокоманда и во Колонија Идризово преминаа во надлежност на Општината, но периодот од 10 години, според нив, е прекраток за да се инвестираат големи пари Општина Гази Баба не е задоволна од десетгодишниот закуп на културните домови што ги доби на управување од градските власти и ...