TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Лидерите од регионот повикаа на заедничка акција

Утрински - 22.11.2008

Голем буџет и непродуктивните расходи нема да ги намалат последиците. Александрија Стевковска Симон Илиевски ОХРИД - За да се превенира поголема регионална криза, нужно е да се преземат активни чекори од владите во регионот преку одмерен и таргетиран интервенционизам во најпогодените сектори, порача претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски на вчерашното обраќање на петтиот ...

Финансискиот сектор е стабилен, кризата ќе удри врз фирмите

Утрински - 22.11.2008

Ефекти од глобалниот потрес се очекуваат во реалната економија, посебно во извозот. Александар Пешев Финансискиот сектор во Македонија е стабилен и нема да потпадне под влијание на светската финансиска криза. Ефекти од глобалниот потрес може да се очекуваат во реалната економија, посебно во извозот, пазарот на капитал и куповната моќ на граѓаните, заклучија дискутантите на вчерашната седница на ...

На Балканот му треба и политичка стабилност

Утрински - 22.11.2008

На Балканот му треба и политичка стабилност. ОХРИД - Претседателите на земјите-учеснички на петтиот регионален Економски форум, кој вчера заврши во Охрид, на завршната прес-конференција ги одбегнуваа одговорите на жешките политички теми, како што се проблемот на Македонија со името со Грција и поднесувањето тужба пред Меѓународниот суд во Хаг.

Кризата чука се' погласно

Утрински - 22.11.2008

Се' поизвесно е дека глобалната финансиска криза нема да ја одмине и Македонија наспроти тоа што актуелната власт речиси без исклучок и секојдневно продолжува со тезите дека домашната економија нема да го осети ударот од кризата или, ако биде така, тоа ќе биде незначително.

Нè очекува битка со последиците од кризата

Н.Македонија - 22.11.2008

Глобалната економска криза ќе продолжи и во наредната година, а најголемиот удар во реалниот сектор во Македонија ќе се почувствува во нејзината прва половина. Македонија може да ги ублажи негативните ефекти од финансиската и економската криза доколку одвои повеќе буџетски пари за капитални и јавни инвестиции, претежно во инфраструктурата и енергетиката и доколку спроведува мерки за намалување на ...

Балканот координирано ќе се брани од глобалната криза

Н.Македонија - 22.11.2008

Времето покажа дека економијата на 21 век не може да се управува со инструменти од 20 век. Моќта на слободната рака на пазарот е симната од пиедесталот и државите мора да играат многу поактивна улога во регулирање на економиите. Потребен е заеднички координиран регионален одговор на глобалната финансиска криза и последиците од неа е заклучокот од петтиот регионален економски форум кој вчера ...

Заврши економскиот форум во Охрид

А1 - 21.11.2008

Пораките што дојдоа од претседателите на земјите од Југоисточна Европа учеснички на форумот посветен на економијата не беа најпрецизни и најкорисни за процесите коишто се водат во различни држави од овој регион. Се зборуваше за економијата, за последиците од светската економска криза, за подобрување на инвестициите, за подобрување на инфраструктурата во западниот дел од балканот.

Економски форум во Охрид

BBC - 21.11.2008

Последиците од глобалната економска криза која е присутна во државите од западниот Балкан можат да се надминат едниствено со заедничка акција и соработка на сите земји од регионмот. Ова е заклучокот од петтиот регионален економски форум на државите од Југо-источна Европа што денес заврши во Охрид.

Земјите од регионот да се поврзат да не станат колатерална штета на кризата

Телма - 21.11.2008

Заеднички акции против влијанието на светската економска криза врз земјите на регионот, можности од заеднички инвестиции, развивање на инфраструктурата и продлабочување на соработката. Ова беа доминантни теми во обраќањата на претседателите на земјите од Регионот за време на Регионалниот економски форум што се одржува во Охрид.

Отворените прашања меѓу земјите во регионот ја ограничуваат економската соработка

Канал5 - 21.11.2008

Неопходен е усогласен настап на владите на земјите од југоисточна Европа за ублажување на последиците од светската економска криза, но отворените прашања меѓу овие земји го хендикепираат капацитетот за економска соработка. Претседателите на Македонија, Хрватска, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Бугарија на економскиот форум во Охрид констатираа потреба од итни но и конкретни регионални ...

Светската финансиска криза ќе трае

Канал5 - 21.11.2008

Нема директна поддршка за реалниот сектор во земјава изјави вицепремиерот Зоран Ставрески на собраниската Комисија за економски прашања. Негативните последици од светската економска криза ќе се намалат со капитални инвестиции, а со други владини мерки реалниот сектор ќе стане поконкурентен. - Тоа е глобална криза и не може да се решава со парцијални мерки, туку треба глобални мерки.

Охрид: Кризата полесно ќе се надмине со регионална економска соработка

Алсат-М - 21.11.2008

Претседателите на шест земји од југоисточна Европа на петтиот Економски форум во Охрид, излегоа со заеднички став дека земјите од регионот, подобро ќе ја надминат светската финансиска криза доколку тесно соработуваат, како што тоа го прават САД и ЕУ.

Балкански одговор на кризата

Дневник - 21.11.2008

Неопходна е регионална соработка, порачаа лидерите на шест балкански држави. Повеќе лидери на балкански држави од Форумот во Охрид упатија порака за економско обединување на регионот за да се ублажат последиците од глобалната економска криза. Српскиот претседател Борис Тадиќ го откажа присуството правдајќи се со презафатеност.

Балканот во рецесија

Утрински - 21.11.2008

Негативните влијанија од глобалната криза најмногу ќе се почувствуваат во инвестициите и извозот. Александрија Стевковска Симон Илиевски Последиците од финансиската криза која го зафати светот допрва ќе се почувствуваат во балканските земји.

Светската криза тропна на Балканот

Време - 21.11.2008

Нина Кепеска Македонија сака своите позитивни искуства и предизвиците со кои се соочува во услови на глобална економска криза да ги сподели со партнерите од регионот, истакна министерот за економија Фатмир Бесими во воведното обраќање на Регионалниот економски форум за ЈИЕ, кој вчера почна во Охрид.

Средба на претседателите од регионот на економскиот форум во Охрид

Алсат-М - 21.11.2008

Регионалниот економски форум за Југоисточна Европа (РЕФ СЕЕ 2008) што се одржува во Охрид под работен наслов „Конкуренти и партнери на патот кон Европската унија“ денеска продолжува со средбата на претседателите на државите од регионот. Свои обраќања пред учесниците на Форумот ќе имаат претседателите на Хрватска Стипе Месиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Албанија Бамир Топи, бугарскиот ...

Бесими: Инвестициите ќе се пролонгираат

Вест - 21.11.2008

Програмата која ја има Македонија, посебно реформите за намалување на придонесите, подобрување на деловната клима, намалувањето на трошоците за бизнис во земјава нудат стабилност и сигурност во справувањето на нашата држава со економската криза, изјави вчера во Охрид министерот за економија Фатмир Бесими, кој учествуваше во работата на Петтиот регионален економски форум, насловен "Конкуренти и ...

Економисти: Кризата ќе ја почувствуваме по Нова Година

Алсат-М - 21.11.2008

Да се намалат каматните стапки на кредитите наменети за стопанството, побараа членовите на собраниската Комисија за економски прашања. Со оваа мерка би требало да се поттикнат инвестициите за да се намали ударот од глобалната економска криза која според експертите во државава, ќе се почувствува на почетокот од наредната година.

Завршен ден на Регионалниот економски форум

Алсат-М - 21.11.2008

Пленарната сесија на која ќе дискутираат претседателите на државите од регионот ќе се одржи денеска во Охрид, во рамки на Регионалниот економски форум. На форумот, кој се одржува под покровителство на претседателот Бранко Црвенковски, ќе учествуваат претседателите на Бугарија, Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска и Црна Гора.

Средба на претседателите на држави од регионот

Сител - 21.11.2008

Владата и Народната банка да преземат мерки за справување со финансиката криза. Довербата во банките мора да се зголеми, финансиската стабилност да се задржи, јавната потрошувачка, висината и структурата на буџетот да се прилагодат кон новата реалност. Оваа е пораката на претседателот на државата, Бранко Црвенковски на економскиот регионален форум, овде во Охрид.

Средба на претседателите на држави од регионот во рамките на РЕФ СЕЕ 2008 што се одржува во Охрид

Кирилица - 21.11.2008

Свои обраќања пред учесниците на Форумот ќе имаат претседателите на Хрватска Стипе Месиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Албанија Бамир Топи, бугарскиот претседател Георги Прванов, претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Небојша Радмановиќ, како и претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, кој е и покровител на РЕФ СЕЕ 2008.

Регионот да ја продлабочи економската соработка

Макфакс - 21.11.2008

Заеднички акции против влијанието на светската економска криза врз земјите на регионот, можности од заеднички инвестиции, развивање на инфраструктурата и продлабочување на соработката. Ова беа доминантни теми во обраќањата на претседателите на земјите од Регионот за време на Регионалниот економски форум што се одржува во Охрид.

Земјите во ЈИЕ мора да соработуваат за да ги намалат последиците од економската криза

Кирилица - 21.11.2008

Глобалната економска криза нема да го одмине регионот и затоа се потреби итни координирани мерки и поголема меѓусебна соработка за намалување на последиците, оценија претседателите на земјите од Југоисточна Европа на Регионалниот економски форум во Охрид. Покрај индивидуалните напори на секоја земја да се справи со последиците, Црвенковски укажа и на потребата од регионална соработка.

Македонија ќе се соочи со глобалната финансиска криза

Форум - 21.11.2008

Собраниската комисија за економија, оджа седница за влијанието на глобалната финансиска криза врз македонскиот финансиски систем и врз реалната економија, и чекорите кои треба да ги преземат надлежните институции за да се избегнат негативните последици. Најмногу се погодени фирмите од металургијата, оние кои работат со неметали и кабли, а агробизнисот е отпорен на кризните промени.

Завршен ден на Регионалниот економски форум

Макфакс - 21.11.2008

Пленарната сесија на која ќе дискутираат претседателите на државите од регионот ќе се одржи денеска во Охрид, во рамки на Регионалниот економски форум. На форумот, кој се одржува под покровителство на претседателот Бранко Црвенковски, ќе учествуваат претседателите на Бугарија, Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска и Црна Гора.

Со повеќе буџетски пари за инвестиции ќе се одговори на кризата

Вечер Прес - 21.11.2008

Со повеќе буџетски пари за инвестиции ќе се одговори на кризата. Глобалната економска криза ќе продолжи и во наредната година при што најголемиот удар во реалниот сектор ќе се почувствува во нејзината прва половина. Македонија може да ги ублажи негативните ефекти од финансиската и економската криза ако одвои што повеќе буџетски пари за капитални и јавни инвестиции, претежно во инфраструктурата и ...

Регионот здружено да одговори на светската криза

Вечер Прес - 21.11.2008

Треба да ја подобриме економската соработка преку зголемување на заемната трговија и преку инвестиции во инфраструктурни проекти ако сакаме да ја сочуваме макромонетарната стабилност и развојот на нашите економии во наредните две години, беше речено на форумот во Охрид. Земјите од Југоисточна Европа треба да ја зајакнат економската соработка и заеднички да одговорат на предизвиците од глобалната ...

Во земјава нема да дојде до рецесија

Н.Македонија - 21.11.2008

Александар С. Димковски На Македонија не и се заканува рецесија. Можно е да има извесно забавување на економскиот пораст, но тоа е далеку од рецесија, порачаа министерот за економија Фатмир Бесими и вицегувернерот на Народната банка Димитар Богов вчера на регионалниот економски форум на државите од Југоисточна Европа, кој се одржува во Охрид.

Регионален економски форум во Охрид

А1 - 20.11.2008

Во речиси празната сала во хотелот Метропол во Охрид, и во отсуство на високи владини функционери од сите земји, присутните експерти се согласија дека, економската криза е веќе на Балканот. Прашањето што ги подели е колку длабоко ќе навлезе во локалните економии и дали ќе се остварат црните сценарија. „Тоа е ефектот што ќе го почувствуваат и земјите во транзиција, земјите од нашиот регион.

Регионален економски форум во Охрид

BBC - 20.11.2008

Странските инвеститори поради глобалната економска криза се помасовно носат одлуки за одлагање на своите инвестиции во регионот. Постои можност поради актуелната состојба на економски план инвеститорите кои беа заинтересеирани да вложуваат кај нас, да се повлечат и да вложуваат во нивните држави, сметаат дел од економските аналитичари од регионот кој во Охрид учествуваат на петтиот регионален ...

Бесими: Кризата се одразува и врз Македонија

А1 - 20.11.2008

Кризата во светската економија, што се рефлектира со намалување на побарувачката и потрошувачката, негативно се одрази врз домашните производители во второто полугодие од годината, истакна министерот за економија Фатмир Бесими на Економскиот форум што се одржува во Охрид.

Отворен петиот Регионален економски форум на претседателите од ЈИЕ

Алсат-М - 20.11.2008

Со поздравни обраќања на претседателот на РЕФ СЕЕ 2008 Марин Иванишевиќ и на македонскиот министер за економија Фатмир Бесими, во Охрид почна петтиот Регионален економски форум за Југоисточна Европа „Конкуренти и партнери на патот кон ЕУ“. Форумот чиј покровител е претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, продолжува со тркалезната маса на тема „Влијанието на кредитната криза ...

Македонија најави 4 милијарди евра инвестиции во инфраструктурата

Алсат-М - 20.11.2008

Mакедонскиот министер за економија Фатмир Бесими најави дека Македонија во наредните неколку години има зацртано да инвестира три до четири милијарди евра во изградба и подобрување на инфраструктурата. Бесими ова го рече на отворањето на петтиот по ред Регионален економски форум на претседателите на државите од Југоисточна Европа 2008 (РЕФ СЕЕ) што започна денеска во Охрид.

Бесими: Македонија очекува да го продолжи позитивниот економски тренд и покрај глобалната криза

Канал5 - 20.11.2008

Македонија сака своите позитивни искуства и предизвиците со кои се соочува во услови на глобална економска криза да ги сподели со партнерите од регионот, истакна министерот за економија Фатмир Бесими во воведното обраќање на Регионалниот економски форум за ЈИЕ што денеска почна во Охрид.

Регионален економски форум на претседателите од ЈИЕ во Охрид

Алсат-М - 20.11.2008

Охрид денеска и утре е домаќин на петтиот Регионален економски форум на претседателите на државите од Југоисточна Европа 2008. Покровител на конференцијата е претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски. Учеството на Форумот го потврдија претседателот на Хрватска Стипе Месиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Бугарија Георги Прванов, на Албанија Бамир Топи, членот на Претседателството ...

Отворен петиот Регионален економски форум на претседателите од ЈИЕ

Канал5 - 20.11.2008

Со поздравни обраќања на претседателот на РЕФ СЕЕ 2008 Марин Иванишевиќ и на македонскиот министер за економија Фатмир Бесими, денеска во хотелот „Метропол“ во Охрид почна петтиот Регионален економски форум за Југоисточна Европа „Конкуренти и партнери на патот кон ЕУ“.

Денеска и утре во Охрид се одржува претседателски економски форум

Канал5 - 20.11.2008

Тренд спротивен на глобализацијата, затворање на инвестициите во националните граници на западните земји е еден од одложените негативни ефекти кои земјите на југоисточна Европа ќе го почувствуваат глобалната економска криза. По денешната експертска анализа утре во Охрид на темата конкуренти и партнери на патот кон ЕУ на глобалниот економски форум ќе дебатираат претседателите на 6 држави – ...

Бесими: Кризата не не заобиколи

Дневник - 20.11.2008

Светската економска криза се прелеа и врз македонската економија, рече вчера министерот за економија Фатмир Бесими на отворањето на Петтиот регионален економски форум на претседателите на државите од Југоисточна Европа 2008 во Охрид, информира МИА. - Поради кризата во светската економија, се намали побарувачката и потрошувачката. Тоа се рефлектира врз нашите домашни производители.

Регионален економски форум во Охрид

Телма - 20.11.2008

"Конкуренти и партнери на патот кон Европската Унија“ е тема на дводневниот регионален економски форум, кој од денеска се одржува во Охрид. На форумот, кој се одржува под покровителство на претседателот Бранко Црвенковски учествуваат претседателите на Бугарија, Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска и Црна Гора.

Македонија и БиХ во добри политички односи, економската соработка заостанува

Нетпрес - 20.11.2008

Претседателот Бранко Црвенковски денеска во Охрид, во рамките на Регионалниот економски форум за Југоисточна Европа, оствари средба со претседавачот на претседателството на Босна и Херцеговина, Небојша Радмановиќ, кои оцениле дека односите меѓу двете држави се мошне добри, особено на политички план, но и дека економската соработка не го следи тоа ниво.

Бесими: Македонија очекува инвестиции од 3 до 4 милијарди евра

Нетпрес - 20.11.2008

Независно од финансиски потешкотии во економските сектори во речиси сите земји,во наредните 6 до 7 години планираме во областа на енергетиката и инфраструктурата да бидат инвестирани 3 до 4 милиради евра,ијави денес во Охрид министерот за економија Фатмир Бесими,кој учествувашево работата на Петтиот регионален економски форум Конкуренти и партнери на патот кон ЕУ,што се одржува под покровителство ...

Средба на претседателот Црвенковски и претседавачот на Претседателството на БиХ Радмановиќ

Кирилица - 20.11.2008

Кабинетот на претседателот Црвенковски соопшти дека на средбата е оценето оти односите меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина се мошне добри, особено на политички план, но и дека економската соработка не го следи тоа ниво. Притоа, Црвенковски и Радмановиќ потенцирале дека двете земји се заинтересирани за развивање на економските односи, особено во областа на енергетиката.

Македонија и Босна ќе ја засилат економска соработка

Форум - 20.11.2008

Македонија и Босна и Херцеговина имаат добри односи, но треба повеќе да се работи на заедничка економска соработка, заклучија Претседателот Бранко Црвенковски и Небојша Радмановиќ, претседавач на Претседателството на БиХ Претседателите остварија заедничка средба на маргините од Петтиот Економски регионален форум што денеска и утре се одржува во Охрид.

Бесими - ќе продолжи позитивниот економски тренд

Сител - 20.11.2008

Македонија сака своите позитивни искуства и предизвиците со кои се соочува во услови на глобална економска криза да ги сподели со партнерите од регионот, истакна министерот за економија Фатмир Бесими во воведното обраќање на Регионалниот економски форум за ЈИЕ што денеска почна во Охрид.

Регионален економски форум на претседателите од ЈИЕ во Охрид

Алфа - 20.11.2008

Охрид денеска и утре е домаќин на петтиот Регионален економски форум на претседателите на државите од Југоисточна Европа 2008 (РЕФ СЕЕ), што годинава се оддржува под покровителство на претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, пренесува МИА.

Регионален економски форум на претседателите од ЈИЕ

Сител - 20.11.2008

Охрид денеска и утре е домаќин на петтиот Регионален економски форум на претседателите на државите од Југоисточна Европа 2008 (РЕФ СЕЕ), што годинава се оддржува под покровителство на претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски.

Глобалната економска криза тема на Регионалниот економски форум

Алфа - 20.11.2008

50 процентна е можноста балканските земји да ги зафати рецесија, а глобалната криза ќе се одрази доста негативно врз извозот на земјите, затоа што тој се темели на производи што ја губат цената, изјави Владимир Глигоров од виенскиот институт. Сите земји ги ревидираат стапките на раст и одбираат различни модели за справување со кризата.

Охрид: Црвенковски утре домаќин на регионален економски форум

Р.С.Европа - 20.11.2008

Охрид денеска и утре ке биде домакин на Регионалeн економски форум за Југоисточна Европа под покровителство на претседателот на Македонија, Бранко Црвенковски. На Форумот своето своето учество го потврдија претсеадтелот на Албанија Бамир Топи, Претсеадва~от на претсеаделството ан Босна и Херцегоина Небојша Радмановиќ, претсеадтелот на Хрватска Степан Месиќ и претсеадтелот н Црна Гора Филип ...

Регионален економски форум во Охрид

Макфакс - 20.11.2008

„Конкуренти и партнери на патот кон Европската Унија“ е тема на дводневниот регионален економски форум, кој од денеска се одржува во Охрид. На форумот, кој се одржува под покровителство на претседателот Бранко Црвенковски, ќе учествуваат претседателите на Бугарија, Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска и Црна Гора.

Црвенковски покровител на Регионалниот економски форум во Охрид

Нетпрес - 20.11.2008

Претседателот на Македонија Бранко Црвенковски е покровител на петтиот состанок на Регионалниот економски форум за Југоисточна Европа, кој, од денеска и утре се одржува во Охрид, во хотел Метропол, во организација на Ревикон. На форумот своето учество го потврдија Претседателот на Албанија, Бамир Топи, Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Небојша Радмановиќ, Претседателот на ...

Македонија со 4 милијарди евра за инфраструктурата

Макфакс - 20.11.2008

Mакедонскиот министер за економија Фатмир Бесими најави дека Македонија во наредните неколку години има зацртано да инвестира три до четири милијарди евра во изградба и подобрување на инфраструктурата. Бесими ова го рече на отворањето на петтиот по ред Регионален економски форум на претседателите на државите од Југоисточна Европа 2008 (РЕФ СЕЕ) што започна денеска во Охрид.

Бесими: Кризата се одразува и врз Македонија

Макфакс - 20.11.2008

Kризата во светската економија, што се рефлектира со намалување на побарувачката и потрошувачката, негативно се одрази врз домашните производители во второто полугодие од годината, истакна министерот за економија Фатмир Бесими на Економскиот форум што се одржува во Охрид.

Бесими: Македонија очекува да го продолжи позитивниот економски тренд и покрај глобалната криза

Кирилица - 20.11.2008

Бесими пред учесниците на Форумот ги презентира актуелните економски состојби и движења во Република Македонија, предвидените очекувања и ефекти од светската економската криза, како и активностите што Владата ги презема за продолжен финансиски и стопански развој. - Во Република Македонија се забележуваат позитивни економски движења. Во првата половина од годинава БДП порасна за од шест проценти.

Македонија е далеку од рецесија

Форум - 20.11.2008

Македонија е далеку од рецесија и длабока економска криза, тврди Димитар Богов, вицепремиер во Централната банка, и покрај предупредувањата на економските експерти од регионот на Економскиот форум во Охрид. „Растот од 4-5 проценти е забавување на високите стапки на раст што беа во претходниот период, но тоа не е рецесија“, изјави Богов.

Средба на Црвенковски и претседавачот на Претседателството на бих Радмановиќ

Сител - 20.11.2008

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска во Охрид, во рамките на Регионалниот економски форум за Југоисточна Европа, имаше средба со претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Небојша Радмановиќ. Кабинетот на претседателот Црвенковски соопшти дека на средбата е оценето оти односите меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина се мошне добри, особено на ...

ЈИЕ индиректно ќе биде погодена од економската криза

Нетпрес - 20.11.2008

Општи се предвидувањата дека регинот на Југоисточна Европа како и останатите економии во подем ќе бидат погодени индиректно од меѓународната криза, изјави Димитар Богов, вицегувернерот на Народна банка на Македонија на Регионалниот економски форум за Југоисточна Европа, што дене и утре се одржува во Охрид.

Светската криза индиректно ќе го дрмне ЈИЕ

Вечер Прес - 20.11.2008

Тренд е делумно да се зголемат јавните инвестиции на сметка на приватните вложувања, бидејќи ако нема државни вложувања тогаш економскиот раст ќе биде многу понизок во сите земји од ЈИЕ - вели македонскиот вицегувернер Димитар Богов. Регионот на Југоисточна Европа и останатите економии во подем ќе бидат индиректно погодени од светската криза, бидејќи ќе се намалат директни инвестиции и ќе дојде ...

Претседателите од ЈИЕ утре во Охрид

Сител - 19.11.2008

Охрид утре и задутре ќе биде домаќин на петтиот по ред Регионален економски форум на претседателите на државите од Југоисточна Европа 2008 (РЕФ СЕЕ), што годинава ќе се оддржува под покровителство на претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски.

Регионален економски форум на претседателите од ЈИЕ во Охрид

Кирилица - 20.11.2008

Учеството на Форумот го потврдија претседателот на Хрватска Стипе Месиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Бугарија Георги Прванов, на Албанија Бамир Топи, членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Небојша Радмановиќ, високи претставници на влади, на водечки компании, банки и деловни асоцијации, како и припадници на академски заедници и претставници на 50 медиумски куќи од државите во ...

И малите фирми бараат помош од Владата

Н.Македонија - 19.11.2008

Малите и средните претпријатија не можат да останат имуни на светските економски движења и државата ќе мора да преземе соодветни мерки за надминување на кризата во која се најде македонската економија. Ова е одговорот на македонските бизнисмени на тврдењето на министерот за економија Фатмир Бесими, дека „Македонија може да има корист од светската финансиска криза“.

Малите претпријатија ја движат македонската економија

Н.Македонија - 18.11.2008

Македонија може да има корист од влијанието на светската финансиска криза, бидејќи големите компании можат да ги пренасочат своите бизниси на пазари како македонскиот, изјави вчера министерот за економија Фатмир Бесими, пренесе МИА. Коментирајќи ги обвинувањата од опозицијата за престојот на економската владина делегација во САД минатата недела, Бесими изрази задоволство од резултатите од ...

Фатмир Бесими: Македонија може да има корист од влијанието на светската финансиска криза

Кирилица - 17.11.2008

Коментирајќи ги обвинувањата од опозицијата за престојот на економската владина делегација во САД минатата недела, Бесими изрази задоволство од резултатите од посетата, истакнувајќи дека пред врвни светски компании од областа на информатиката, комуникацијата и технологијата биле презентирани можности за инвестирање во Македонија.