ГОДИШНИНА ОД ХОЛОКАУСТОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ Со букети цвеќиња положени на новиот споменик на холокаустот во кругот на Тутунскиот комбинат и со солзи во очите, скопската јавност вчера им оддаде почит на 7.200 македонски Евреи што на 11 март 1943 година биле испратени во логорот на смртта ...
61 ГОДИНА ОД ХОЛОКАУСТОТ Вчера во кругот на "Тутунски комбинат - Скопје", со кадиш молитва за мртвите, свежо цвеќе и со откривање на спомен-обележје, беше одбележана 61-годишнина од депортирањето на 7.200 македонски Евреи во концентрациониот логор Треблинка во северна Полска.
По повод годишнината од холокаустот на македонските Евреи, денеска во 13 часот, во големата сала на градскиот Совет, градоначалникот Ристо Пенов традиционално организира прием и коктел за претставниците на Еврејската заедница на Македонија.
ШЕСТ ДЕЦЕНИИ ОД ХОЛОКАУСТОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ Еврејската заедница одбележува 61 година од депортирањето на 7.200 македонски Евреи во логорот на смртта „Треблинка“. Комеморацијата, која почна вчера во Штип и во Битола, ќе продолжи денеска во Скопје.
КОМЕМОРАЦИИ Во Штип вчера во присуство на повеќе гости и претставници на Еврејската заедница во Македонија се одржа комеморација по повод 61-годишнината од депортацијата на Евреите од Штип. Тогашните окупаторски фашистички власти во логорот Треблинка во Полска депортираа 551 од вкупно 560 Евреи од ...
ЕВРЕЈСКА ЗАЕДНИЦА По повод 61 година од депортирањето на 7.200 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка, Еврејската заедница во Република Македонија в четврток на 11 март ќе одржи комеморација. Манифестации по тој повод ќе има во Скопје, Штип и Битола.