Големиот број нови градби и брзата урбанизација на градските населби предизвика тешкотии при "пресметувањето" на градскиот буџет кој во моментот се ревидира со цел да се утврди неговата вистинска слика по пренесувањето на одредени надлежности во единиците на локалната самоуправа.
Во изборот за најскапа и најгламурозно облечена матурантка во пиринскиот крај, во Бугарија, победи Силвија Парапунова од Петрич. Таа е матурантка на елитната јазична гимназија во Благоевград и буквално ја оставила кокуренцијата далеку зад себе кога на матурскиот бал се појавила со облека од Италија ...
Од среда, со почеток во 20.20 часот на фреквенцијата на "Канал 5'' стартува новата емисија на Мелита Ракичевиќ, која по извесна пауза повторно се враќа на малите екрани. Новото забавно шоу насловено "Сфера". Името всушност кажува за тоа дека гостите, по двајца во секоја емисија, ќе бидат од ...
"Како сакате. Преговорите можат да траат две години, ама вие од 1 јуни имате 10 насто царина". Ова биле завршните зборови на косовските лобисти, предводени од Андреј Виковски, претставникот на УНМИК по завчерашните лути преговори со македонскиот тим.
Пожар, што избувнал завчеравечер, го уништил театарот "Станиславски" во Москва, кој и пред две години беше опожарен, па оттогаш е затворен. Пожарот избувнал близу сцената и набрзо се проширил кон покривот, јавуваат руските медиуми.
Министерството за Одбрана нема официјален став за завчерашниот инцидент во кафе-барот "Миднајт", во којшто при "полициска контрола заради пречекорување на работното време" беше повреден мајорот Зоран Блажевски, командант на специјалната единица "волци".
Во чест на денот на македонските и сесловенските просветители Кирил и Методиј и по повод втората годишнина од формирањето на Македонското здружение "Кочо Рацин" од Белград и Заедницата на Македоците во Србија и Црна Гора, денес во 20 часот во хотелот "Метропол" во Белград, Македонското здружение ...
Британските композитори ги доделија наградите за најдобри авторски остварувања во изминатата година. За авторски тим на годината е прогласена младатаа група Keane, чиј дебитански албум наедно беше и најпродаван албум во минатата година во Велика Британија, и е награден и со Брит Авардс награда.
Скопје, 27 мај (МИА) - Британските бендови Faithless и X-Press2, американскиот Тхиеверѕ Цорпоратион и Гус Гус од Исланд утревечер на Скопски саем ќе настапат на повеќечасовниот концерт "Skopje Sounds Good", прв фестивал под отворено небо во организација на продукцијата "Авалон".
Легендата на македонската народна музика Ѓорѓи Димчевски со својата повеќе од педесет години професионална работа се вбројува меѓу најистакнатите музички дејци. Неговото творештво како виолинист, композитор, диригент, собирач на македонски народни песни и ора, обработувач и надградувач, раководител ...
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Здружението на новинарите на Македонија вчера ги презентираа резултатите од програмата "Страници за меѓусебно разбирање" и ја промовираа стотата страница "Меѓутоа" со која завршува двегодишниот проект.
Добрата поезија настанува како краток спој на невообичаената перцепција и скоковитата судбина, како асимилација на претрупаниот живот во навидум недозволените споеви, созвучја и споредби, кои ви отвораат очи, душа и ум, дека се во светот се наоѓа во едно непрекинато соседство.
Македонската информативна агенција МИА јавува дека за интернет-продажбата на билетите за концертот на "Бијело дугме" на белградскиот Хиподром, владее големо интересирање, соопшти денеска Ај-Пи-Ес, кој заедно со белградска "Југобанка" стана ексклузивен дистрибутер на влезниците за тоа случување.
Неколку десетици војници на НАТО и девет оклопни возила завчера ја блокирале куќата на сестрата на Лилјана Зелен-Караџиќ на Пале, а портаролот на НАТО-штабот, Дерек Чепел изјави дека акцијата покрената во потрага на информации и докази за Радован Караџиќ, како и лицата кои ја сочинуваат мрежата за ...
Владата на Бугарија веќе доби капар од 200 000 евра од љубители, кои сакаат да ја купат јахтата на некогашниот бугарски претседател Тодор Живков, објави вчера бугарскиот весник "Труд". Имено, досега четири фирми изразиле желба да учествуваат во наддавањето за јахтата.
ПИШУВА: Предраг ДИМИТРОВСКИ "Ова е човекот кој ја основа модерна Кина. Неговите заслуги се поголеми од неговите грешки. Со тоа случајот Мао Це Тунг е завршен. Тој останува само дел од нашата историја". Ова е суштината на заклучокот на еден од конгресите на Комунистичката партија на Кина одржан во ...
Пропадна тендерот за продажба на големата зграда на поранешниот Дом на печатот, бидејќи заклучно со вчерашниот ден, за атрактивната четиринаесеткатница за која беа побарани најмалку девет милиони евра, никој не покажал интерес.
Израелската фирма "МЕР груп", која стои зад проектот што и се нуди на Владата за овозможување говорни услуги, брз интернет и кабелска телевизија со користење на домашната електродистистрибутивна мрежа, е исклучително сериозна компанија, чија опрема се користи за телекомуникациски, безбедносни и ...
Десетмина гости во кафе-барот "Миднаит" во ТЦ "Бисер", меѓу нив и командантот на Специјалната единица при АРМ, вчера завршија в болница откако таму десетина минути по полноќ, триесетина "Алфи" изведоа "показно-тактичка вежба за апсење на криминалци".
Ливерпул ја освои петтата европска титула во историја откако во јубилејното 50. финале на најелитното натпреварување на "стариот континент" направи, досега, незабележан "кам - бек" во второто полувреме. Милан со головите на Малдини и Креспо по првите 45 минути водеше со 3:0, а "росонерите" се ...
Маж на околу 40-годишна возраст вчера, околу 13 часот, е прегазен на пешачкиот премин пред Гимназијата "Јоспи Броз Тито", во центарот на Скопје. Според очевидци во моментите кога лицето ја поминувало улицата на него налетало "фолксваген-комби" со скопски таблички.
Јавните градски претпријатија и по еден месец од назначувањето на привремени вршители на должност директор, не добија стручен раководен кадар како што беше најавено од скопскиот градоначалник Трифун Костовски. Во поголемите опозициони партии, најавуваат дека "многу скоро" ќе се водат разговори и на ...
Професорката Софија Тодорова се пресели од Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување во Државната комисија за хартиии од вредност. Трансферот, што "Вечер-спец" го најави пред повеќе од еден месец, е веќе официјализиран и во "Службен весник", а со него таа го ослободува претседателското ...
Македонските претставници вчера не присуствуваа на вонредно закажаната седница на бордот на "Мобимак", на која очигледно требаше да се изгласа смена на сегашниот директор Јован Петровски и да се назначи Атила Сендреи, Мајкл Лоренс или некој сосема друг привремено на оваа функција.
Баба Буника на "Евросонг" беше вистинско откровение за сите. Групата за која таа го вложи својот потенцијал "Здоб си здуб" од Модавија, (шесто место) велат дека на сцена таа ги удирала тапаните како никогаш порано. Баба Буника е нивни фан број еден.
Етно-групата "Баклава" тргнува на турнеја во Словенија. По покана на Македонскиот културен центар од Словенија, и во соработка со Универзална сала Скопје, "Баклава" ќе одржи самостојни концерти во Крањ на 27 мај, во салата на Македонскиот културен центар, и во Љубљана, на 28 мај, во реномираната ...
По една година подготовка на сценариото, два месеца разработка на шоуто, продукцијата "Томато" стартува со новиот забавен циклус "О ла ла"... Вниманието на гледачите, секој понеделник на А-1 (сателит) од 22 до 23 часот, ќе се обиде да го задржи Хелена Роза, заедно со четири прекрасни девојки во ...
Разиграни деца и заинтересирани минувачи, буквално изненадени од македонското оро и песна, беше сликата на плоштадот "Санта Марија" во делот на Рим наречен "Трастевере". Италијанците го видоа "Тешкото", го слушнаа виртуозното свирење на Влатко Стефановски, извонредниот глас на Тоше Проески.
По две недели поминати во куќата, двајца од четиринаесеттемина кандидати ќе треба да си заминат дома. Резултатите од гласањето се уште не се познати, но судејќи според досегашната состојба, бодовна и прикажаното, најголеми шанси за одење дома од девојките имаат Дијана, Христина и Маида, додека, ...
Рускиот нафтен гигант "Лукоил" соопшти вчера дека планира да игра поголема улога на американскиот пазар и дека не се откажува од намерата да гради нафтовод меѓу Русија и САД. "Сега на пазарот во САД пласираме околу осум милиони тони нафтени производи годишно.
Сараево - го соборив светскиот рекорд во стадионска продажба на билети! Луѓе, во Гинисовите рекорди сме - врескал од возбуда менаџерот на "Бијело дугме", Рака Мариќ, потврдувајќи ја веста дека билетите за настап на сараевскиот стадион "Кошево" се распродадени во еден ден! Имено, од девет наутро до ...
Во Русија наскоро ќе се појави автомобил "шевролет", но од украинско производство. Нив веќе ги нарекуваат "грбави запорожци". Станува збор за голема бизнис-зделка на фирмата "Шевролет Ланос", под капата на компанијата "Укравто", која ќе почне производство на овој тип возила во фабриките на ...
Евро-обврзниците, или поточно евро-бондовите што ќе ги издаде македонската влада ќе завршат во девизните резерви. Ова е дефинитивна одлука на Владата, која беше принудена да направи компромис меѓу реформското крило во Владата, пред се надворешните експерти и бизнисмените за емисија на евро-бондови, ...
Вработените во Градската хируршка болница во Скопје, деновиве со референдум ќе се изјаснуваат за најавената селидба на оваа болничка установа во Воената болница. Организаторот на ваквото "најдемократско" изјаснување цени дека на овој начин најдобро ќе им парира на оние кои ја зацртале селидбата, со ...
- Не сакам како независна личност да влезам во партиски дилови. Апелирам до политичките партии кои се застапени во Советот на градот, конструктивно да пријдат кон решавањето на сите проблеми, бидејќи Скопје нема време да чека.
Агим Јонуз, заменик-портпаролот на премиерот Владо Бучковски, кој престојува со државната делегација во Рим, е задолжен за информирање на македонските известувачи. Но, за жал, тој нема допирни точки со новинарите, ниту ги брифира за средбите, ниту пак знае каде се и што прават.
Извршниот директор на една од најевтините европски авиокомпании "Рајан ер", Мајкл О'Лири, побара од Европската Унија итна либерализација на авиосообраќајот со земјите од Балканот за поттикнување на нивниот економски развој и туризам.
По потпишувањето на колективните договори меѓу Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и министерствата за труд и социјална политика, за образование и наука и за култура, до јули ќе биде утврдена и минималната плата во дејностите со околу 30.000 вработени.
Во двобројот на "Фајненшел тајмс" од 22 мај, на простор поголем од половина страница, е објавен платен оглас со следниот наслов: "Предупредување до компаниите кои размислуваат да инвестираат во Србија". Во поднасловот стои дека е тоа отворено писмо за српскиот потпретседател на Владата, Мирољуб ...
Реконструкцијата на тротоарите на делот од крстосницата од улица "Даме Груев" до булеварот "Мито Хаџивасилев-Јасмин", спроти музејот на град Скопје, ќе започне за десетина дена. Ова го најавија надлежните од Општина Центар, кои пред неколку месеци ветија дека ќе го уредат и ова парче што ...
Македонските уметници направија вистински спектакл во вилата Пиколомини во Рим каде беше организирана првата од трите македонски вечери, приредени во чест на светите Кирил и Методиј. Гостите беа воодушевени од македонските ора изведени од ансамблот "Танец", звуците на македонската песна преточени ...
БИТОЛА.- По повод 3-годишнината од отворањето на Рускиот конзулат, годишнината од обновувањето на Рускиот крст и денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, вчера во Битола беше извршено осветување на Рускиот крст, подигнат во сеќавање на некогашниот руски конзул, Александар Аркадиевич ...
Кичевската полиција поднесе пријава против четриесет и тригодишната Ф.Р., вработена како референт за патни исправи во ОВР Кичево. Осомничената ја злоупотребила службената положба и овластување и во април годинава, иако законот не го дозволува тоа, на лице од Зајас, Кичевско, кое привремено ...
Криминални групи од поранешните југословенски простори и од Бугарија се почесто оперираат на територијата на Белград, во што имаат логистичка поддршка од српското подземје, изјави заменик-началникот на српското МВР, Милош Вукобрат.
Црквата "Св. Илија" во населбата Аеродром, која градежно беше довршена на празникот "Илинден" минатата година, наскоро треба да биде затворена, односно објектот да добие врата од масивно дрво, по што во внатрешноста на објектот ќе се постави и иконостас.
Поради вмешаност во нелегална трговија со дрога, полицијата во Велес изготви кривична пријава против Р.М. Кај осомничениот дваесетгодишен велешанец, на 30 април годинава, за време на одржувањето на “техно-хепенинг”, кај Велешкото Езеро, бил направен претрес. Во таа "пригода" кај Р.М.
На осигурителниот пазар во земјава се случуваат страотни турбуленции. Постојните осигурителни компании бележат енормни падови во приходите, се позабележително е селењето на осигурениците од една во друга компанија, низ Македонија мешетарат неколку странски компании од кои две австриски кои собираат ...
Забавниот парк "Луна" е при крај со подготовките за летната сезона, а се бара решение со кое и реквизитот познат како "панорама" би се ставил во употреба. Од вкупно четиринаесетте постоечки во ова забавно катче најголем дел се целосно реновирани и подготвени да ги примат посетителите.
Десетгодишнината од постоењето на Ротари клубот Скопје и 100-годишнината од Ротари во светот ќе биде одбележано в петок со свеченост на која се поканети околу 450 ротаријанци од Грција, Бугарија, Србија и Црна Гора и нашата земја.
Претседателот на Украина, Виктор Јушченко, и предложил на претседателката на Владата, Јулија Тимошенко, да поднесе оставка затоа што не ги почитува правилата на "тимска работа" и не работи по законите на пазарната економија. Таа информација, за која веќе неколку дена се шушка во Киев, ја потврди ...
Извештајот на НАТО за годишниот напредок на Република Македонија на патот кон Алијансата, што ќе биде претставен в петок во Брисел, е веќе готов и е многу поволен, особено во делот на реформите во одбраната, изјави министерот за одбрана Јован Манасиевски во интервју за Радио Слободна Европа.
Во Акциониот план за трансформација на здравствениот сектор не се влезени приватните болници. Иако никој јавно не прецизира, според упатените, тоа значи дека со нив во догледен период, најверојатно, нема да се склучуваат договори со кои тие ќе можат да работат со сини, осигурителни карти.
Клиниката за кардиологија набавува нов апарат за ангиографија, кој ќе се плаќа со парите од странските пациенти што ги користат нејзините услуги. Тендерот за неговата набавка е веќе објавен, а ова е прво вакво технолошко-техничко зајакнување во атарот на Клиничкиот центар, на кој поради состојбите ...
"Ќе ме апсите или да си влезам у кафана?", било прашањето на Искра Џамбазова, упатено до полицајците, кои прексиноќа, пред кафулето "Мода" во Скопје, го утврдувале идентитетот на возачот, што час и половина претходно се обидел да прегази четири момчиња на пешачкиот премин кај ГТЦ.
Грчкиот премиер Костас Караманлис не успеа да го убеди американскиот претседател Џорџ Буш да го повлече признавањето на уставното име на Македонија. Караманлис на средбата со Буш истакнал дека по многу години направен е напор за решавање на прашањето за употреба на името на "ПЈРМ", но оти ставот на ...
Родителите на Михаил Ходорковски, поранешниот газда на "Јукос", ја напуштија судницата пред завршување на рочиштето на кое, веќе петти ден по ред, се читаше пресудата во обединетиот случај против Ходорковски, Платон Лебедев и Андреј Крајнов.
Шпионажата е постапка на собирање податоци, најчесто во воени, но и политички и економски цели. Таа главно е резултат на организирана работа и ретки се поединците, кои на своја рака се уфрлаат во шпионските редови. Се развила уште во стариот Египет, а голема улога одиграла во Елизабетанска Англија, ...