TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Новата резолуција за Ирак неприменлива

А1 - 29.09.2002

Предлогот за нова резолуција на Обединетите нации за Ирак содржи строги одредби за разоружувањето и не може да се примени - изјави денеска официјални извори во Москва. „Резолуцијата, онака како што е предложена не може да се примени“ - изјави агенцијата „Интерфакс“ неименуван руски дипломат.

Поддршка бараат и Ирак и Британија

А1 - 29.09.2002

Британскиот премиер Тони Блер денеска го предупреди претседателот Садам Хусеин дека е соочен со јасен избор или сам ќе се разоружа или на тоа „на поинаков начин“ ќе биде присилен од страна на меѓународната заедница. Без оглед на противењето на Русија и Франција се уште е можно во ОН да се однесе ...

Садам Хусеин има рок од седум дена за враќање на инспекторите

А1 - 28.09.2002

САД ја доставија до Советот за безбедност на Обединетите Нации нацрт-резолуцијата со која на ирачкиот претседател Садам Хусеин му се дава рок од седум дена за прифаќање на условите за разоружување и враќање на инспекторите на ОН.

Вашингтон сега почна да го изедначува Хусеин со Ал Каеда

Утрински - 28.09.2002

Се засилува пропагандната реторика на американската администрација ВАШИНГТОН / БАГДАД - Соединетите Американски Држави и Велика Британија постигнаа согласност околу договорот во врска со клучните елементи на новата цврста резолуција на ОН, во која се бара разоружување на Ирак, а администрацијата на ...

САД ќе настапат во Ирак со стандардното сценарио проектили и бомби, па тенкови и војска

Дневник - 28.09.2002

ВОЕНА АНАЛИЗА ЗА ЕВЕНТУАЛНАТА АМЕРИКАНСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА ПРОТИВ САДАМ Првите процени укажуваат дека Американците не смеат ни да помислат да го нападнат Ирак без да ангажираат 100.000 војници со механизација и транспортни возила Американците при евентуалната интервенција врз Ирак сигурно ќе го ...

Американците и Британците бомбардираа ирачки бази јужно од Багдад

Вест - 28.09.2002

ВАШИНГТОН, 28 септември (Ројтерс) - Американските и британски воени авиони вчера бомбардирале две ирачки бази јужно од Багдад откако ирачките сили отвориле оган на еден од нивните авиони со проектили од типот земја-воздух. Авионите за западните сојузници прво погодиле цел во близина на градот Калат ...

Париз и Москва со ист пристап за Ирак

А1 - 27.09.2002

Франција и Русија имаат подеднаков пристап по прашањето на Ирак, соопшти портпаролот на Елисејската Палата, по телефонскиот разговор што синоќа францускиот претседател Жак Ширак го водеше со својот руски колега Владимир Путин.

Буш тврди дека Садам и Ал Каеда работат во договор

Вест - 27.09.2002

Вашингтон, 26 септември - Американскиот претседател Џорџ Буш вчера изјави дека ирачкиот лидер Садам Хусеин и терористичката организација Ал Каеда "работеле во договор", со што првпат експлицитно го поврза Ирак со мрежата на Осама Бин Ладен, која е одговорна за минатогодишните терористички напади во ...

Путин: нема потреба за нова резолуција на ОН за Ирак

Вест - 27.09.2002

МОСКВА, 27 септември (Ројтерс) - Рускиот претседател Владимир Путин вчера повика да се најде политичко решение за ирачката криза преку постоечките резолуции на ОН, потег што би можел да ги поткопа барањата на САД за силна меѓународна акција против Багдад.

Американски авиони бомбардираа цивилен аеродром во Ирак

Вест - 27.09.2002

БАГДАД, 27 септември (Ројтерс) - Ирак вчера соопшти дека американски воени авиони извеле воздушен напад врз цивилниот аеродром во Басра оштетувајќи ги радарските системи и главата зграда. "Американските авиони во средата навечер извршија нова агресија кога го нападнаа меѓународниот аеродром во ...

САД бараат кандидати во Ирак за соборување на Садам Хусеин

А1 - 26.09.2002

САД побараа од ирачката армија да подготви попис на кандидати за евентуална воена обука за задачи со кои би им се помогнало на американските сили во Ирак и би придонело за соборување на претседателот Садам Хусеин, соопштија ирачки воени извори.

Се одолжува гласањето во ОН за резолуција за Ирак

Утрински - 26.09.2002

Пред главниот инспектор на ОН за оружје да се состане со ирачките експерти идната недела Одлуката на Ирак да ги прими инспекторите за оружје по четиригодишен прекин ја "збуни" дебатата во Советот ВАШИНГТОН - САД се соочуваат со тешкотии околу усвојувањето на резолуција во ОН за разоружување на ...

Ирак го осуди досието на Блер како пропаганда

Вест - 26.09.2002

БАГДАД, 26 септември (Ројтерс) - Кабинетот на ирачкиот претседател Садам Хусеин вчера ги осуди "лагите и клеветите" во досието на британскиот премиер Тони Блер велејќи дека Багдад ќе даде темелен одговор на овој документ. "Тоа досие е лажна пропаганда која нема материјални и убедливи докази", се ...

Човекот што стои меѓу војната и мирот во Ирак

Капитал - 26.09.2002

Мини-портрет: Ханс Бликс, главен инспектор на УНМОВИКЧовекот што стои меѓу војната и мирот во ИракБликс (74), кој пред две години ги прекина пензионерските денови што ги минуваше во својата куќичка на Антарктикот, сега треба да одлучи дали Ирак ќе ја почувствува сета моќ на армијата на САД Ханс ...

Чувствителни информации на САД за оружјето на Ирак

А1 - 25.09.2002

Американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд објави мошне чувствителни и отрезнувачки информации за хемиското и нуклеарно вооружување на Ирак, соопшти генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон на неформалната средба на министрите за одбрана на Алијансата што се одржа во Варшава.

Блер тврди дека Садам има планови за брз напад со хемиско оружје

Утрински - 25.09.2002

Британската влада објави досие за воената моќ на ирачкиот претседател ЛОНДОН - Велика Британија вчера соопшти дека ирачкиот претседател Садам Хусеин поседува воени планови со кои би можел да почне напад со оружје за масовно уништување во рок од 45 минути.

Блер покажа досие за оружјето на Ирак, Багдад го отфрли

Вест - 25.09.2002

Британија вчера го објави долгоочекуваното досие во кое се вели дека ирачката војската е подготвена да лансира оружје за масовно уништување 45 минути по издавањето на наредбата, обвинување што Багдад веднаш го отфрли како неосновано ЛОНДОН, 25 септември (Ројтерс) - Британија вчера го објави ...

Ако нареди Садам напладне, во 13 часот Тел Авив ќе биде затруен?!

Дневник - 25.09.2002

БЛЕР ОБЈАВИ "ДОСИЕ ИРАК" Ирачкиот претседател Садам Хусеин со биолошко и хемиско оружје им се заканува на регионот и на светската стабилност, а паралелно развива и поубиствено нуклеарно оружје, тврди британската власта во "досието Ирак" што го објави вчера за да ги оправда плановите за воена ...

Кина би размисликла за нова резолуција на ОН за Ирак

Вест - 25.09.2002

ПЕКИНГ, 25 септември (Ројтерс) - Кина како постојана членка на Советот за безбедност на ОН вчера соопшти дека би сакала да ја разгледа новата резолуција на САД и Британија во врска со употребата на сила доколку Ирак не ги исполни барањата за инспекцијата на оружјето.

Блер: Ирак развива оружје за масовно уништување

А1 - 24.09.2002

Британскиот премиер Тони Блер на вчерашниот состанок на владата изјави дека нема никакви сомненија оти ирачкиот претседател Садам Хусеин продолжува да развива оружје за масовно уништување. Британскиот премиер оцени дека проблемот со ирачкото вооружување се влоши во годините во кои во таа земја не ...

Ирак под инспекторска лупа

Утрински - 24.09.2002

Колку се реални ирачките биолошко-хемиско-нуклеарни закани за другиот дел од светот Димитар Чулев Ќе бидат потребни недели па и месеци, инспекцискиот тим на ОН задолжен за Ирак да го изготви првиот нацрт-извештај за моменталната опременост на режимот во Багдад со биолошко, хемиско и нуклеарно ...