TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Индира Кастратовиќ најдобра за месец мај

Утрински - 13.06.2002

Македонската ракометна репрезентативка Индира Кастратовиќ е избрана за спортист на Македонија за месец мај. При гласањето, во кој беа вклучени спортските редакции на 13 медиуми од земјава и две организации, Кастраровиќ доби 75 гласа.

Индира Кастратовиќ - најдобар спортист за месец мај

Дневник - 12.06.2002

ИЗБОР НА СПОРТИСТ НА МЕСЕЦОТ Индира Кастратовиќ, ракометарката на Кометал Ѓорче Петров, е избрана за најдобар спортист на Македонија за месец мај. Кастратовиќ го предводеше својот тим во освојувањето на титулата европски шампионки во ракомет.

Зоран Кастратовиќ поднесе неотповиклива оставка

Вест - 12.06.2002

РАКОМЕТ - СЕЛЕКТОРОТ НА СЕНИОРКИТЕ ГО ОСТВАРИ НАЈАВЕНОТО Селекторот на женскиот сениорски ракометен национален тим, Зоран Кастратовиќ, поднесе неотповиклива оставка на својата функција само два дена по неуспехот во квалификациите за Европското првенство во Данска годинава.

Почестите за Индира Кастратовиќ

Вест - 12.06.2002

ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ НА МАКЕДОНИЈА ЗА МЕСЕЦ МАЈ Ракометарката на Кометал Ѓорче Петров и репрезентативката Индира Кастратовиќ е избрана за спортист на месец мај во Македонија, во изборот на Сојузот на спортови на Македонија , Агенцијата за млади и спорт и 13 медиуми.

Репрезентацијата ќе оди на комплетен ремонт

Дневник - 11.06.2002

ПО НЕУСПЕХОТ ПРОТИВ ЧЕШКА По најавите на трите најискусни ракометарки, Гордана Нацева, Милева Велкова и Индира Кастратовиќ, за повлекување од играњето во репрезентацијата, Ракометниот сојуз на Македонија ќе мора да размислува за комплетно подмладување на репрезентацијата во пресрет на следните ...

Прекината петгодишната серија настапи на ЕП и на СП

Дневник - 10.06.2002

РАКОМЕТ - СЕНИОРКИТЕ НЕ УСПЕАЈА ДА СЕ ПЛАСИРААТ НА ЕП ВО ДАНСКА И покрај победата против Чешка, 32-30, нашите сениорки ќе мора да паузираат една сезона пред повторно да им се укаже шанса да се борат за место на завршниот турнир на СП во 2003 година Женската сениорска ракометна репрезентација на ...

Размислувам да се откажам

Утрински - 10.06.2002

Зоран Кастратовиќ: Селекторот на македонската репрезентација Зоран Кастратовиќ, видно разочаран по натпреварот, на прашањето дали размислува да поднесе оставка, одговори: "Апсолутно, да. За мене како тренер, без разлика каков состав имавме, ова е исклучителен неуспех и нормално е да размислувам во ...

Лебедова песна на македонскиот женски ракомет

Вест - 10.06.2002

ЗАПРЕ КОНТИНУИТЕТОТ НА УЧЕСТВА НА СЕНИОРКИТЕ НА ГОЛЕМИТЕ НАТПРЕВАРУВАЊА Робинкова во прегратка на својата колешка Запре походот на македонскиот женски ракомет кон големите натпреварувања. Не така одамна, цело Скопје излезе на неговите улици за да ја поздрави една од најголемите сензации во ...