TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пронајден „мерцедесот“ на министерот Маневски

Дневник - 23.02.2007

Осомничени за кражбата се скопјаните С.Р. (20) и Ф.Р. (20) кои учествувале во неколку кражби на автомобили Службениот „мерцедес“ на министерот за правда Михајло Маневски, кој беше украден пред две недели во центарот на Скопје, е пронајден завчера во Дебар.

Пронајден украдениот "мерцедес" на министерот Маневски

Вест - 23.02.2007

ВО ДЕБАР, ВО БЛИЗИНА НА ТУРСКАТА БАЊА Сами Реџепи (20) и Феми Реџепи ( 20 ) од скопското село Глумово се крадците на "мерцедесот" на министерот за правда Михајло Маневски, кој пред две недели беше украден од пред зградата на Министерството во центарот на Скопје.

Најден "мерцедесот" на Маневски, фатени двајца крадци

Вечер Прес - 23.02.2007

Службениот мерцедес "Е 350" на Михајло Маневски македонскиот министер за правда кој беше украден на 10 февруари годинава, завчера бил најден од полицијата во Дебар, соопшти МВР. За кражбата се уапсени двајца братучеди С.Р. (20) од Скопје и Ф. Р. (20) од селото Глумово.

Мерцедесот на Маневски пронајден во Дебар

А1 - 22.02.2007

Службениот „Мерцедес“ на министерот Михајло Маневски е пронајден во Дебар, синоќа после 18 часот. Владиниот „Мерцедес Е-350“ бил оставен во центарот на градот во близина на старата градска бања. Новиот сопственик му ставил тетовски регистарски таблички ТЕ-689-ЦО. Врз него нема оштетувања.

Познати крадците на Мерцедесот на Маневски

А1 - 22.02.2007

Во Дебар пронајден украдениот министерски „Мерцедес“ на Михајло Маневски. Бил оставен во центарот на градот, во близина на старата градска бања, во возна состојба и со мало оштетување на едната страна. Десетина дена полицијата го бараше возилото.

Пронајден украдениот мерцедес на Министерството за правда

Канал5 - 22.02.2007

МВР соопшти дека синоќа го пронашла мерцедесот на Министерството за правда. За кривичното дело се осомничени С.Р.(20) од Скопје и Ф.Р.(20) од Глумово – скопско, кои се товарат дека учествувале и во неколку други кражби на луксузни возила.