TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Финансии ја демантира Комисијата за спречување корупц

Форум - 07.12.2008

Маја Парнаџиева, државен советник во Министрството за финасии, единствено е претставник во Управниот одбор на Фондот за осигурување депозите, известуваат денеска од Министерството. Вчера, исто така и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Косана Николиќ Мазнева демантираше дека извршува повеќе функции, акко што соопшти Државната комисија за спречување корупција „Во врска со постапката на Државната комисија за спречување на корупцијата, што се води за ...

Мазнева-Николиќ била и во надзорниот на ОХИС

Алфа - 07.12.2008

Косана Мазнева-Николиќ не била само претседателка на УО на Македонски Железници. Според податоците објавени на официјалниот сајт на Македонска Берза и на СЕИ НЕТ информаторот за котирани акционерски друштва, кои редовно ги ажурира информациите за сите компании кои се јавуваат на официјалниот пазар на хартии од вредност, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Мазнева Николиќ е член и на Надзорниот одбор на ОХИС.

Парнарџиева членува единствено во Управниот одбор на Фондот за осигурување на депозити

Нетпрес - 07.12.2008

Парнарџиева членува единствено во Управниот одбор на Фондот за осигурување на депозити Во врска со постапката на Државната комисија за спречување на корупцијата, што се води за утврдување судир на интереси (кумулација на функции) од аспект на членување на службени лица во Управни и Надзорни одбори на Јавни претпријатија, Фондови, Агенции и Комисии, министерството за финансии известува дека Маја Парнарџиева, државен советник во министерството, ...

Советничката на Ставрески претерала со членство во управни одбори

Утрински - 06.12.2008

Димовска без одговор дали најде конфликт на интереси кај директорите на УЈП, Горан Трајковски, на Царинската управа, Ванчо Каргов, и на Заеднички служби на Владата, Васе Доневски. Антикорупционерите се' уште ...

Пратениците да се откажат од членството во управни одбори

Н.Македонија - 06.12.2008

Осум лица незаконски членуваат во управни и надзорни одбори на јавни претпријатија, фондови, агенции и комисии, утврди Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Николиќ-Мазнева: Имам само пратеничка функција

Форум - 06.12.2008

Претничката од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Косана Николиќ Мазнева ги демантира информациите што ги изнесе Државната комисијата за спречување на корупција, според кои таа извршува повеќе функции истовремено ...

Молк од најголем дел од државните функционери кои ги прозва вчера антикорупциската комисија

Канал5 - 06.12.2008

По повикот на Антикорупциска да се повлечат од двојните функции поради конфликт на интереси - дел од осумте државни службеници ги отфрлаат, други пак не сакаат да го коментираат заклучокот на комисијата.

Антикорупциска селективна кон злоупотребите?

Алфа - 05.12.2008

За осум функционери кои членуваат во повеќе управни одбори некој од нив дури и во 4, Aнтикоруписка утврдила дека има судир на интереси.

Државните функционери да се самоисфрлат од управните одбори

Дневник - 05.12.2008

Кај Косана Николиќ-Мазнева, Наташа Стојмановска, Петар Есмеров, Иво Котевски, Маја Парнаџиева, Славче Трпески, Рухи Бакиу и Владимир Цветиновски, антикорупциската утврдила судир на интереси. Власта не се ...

Антикорупциската комисија утврди конфликт на интереси кај осуммина државни функционери

Канал5 - 05.12.2008

Од 21 проверуван, Антикорупциската утврди судир на интереси за 8 државни службеници кои во исто време се и членови на управни одбори.

Членовите на повеќе управни одбори да се повлечат

Сител - 05.12.2008

Судир на интереси кај државните службеници кои членуваат во повеќе управни одбори, утврди Антикорупциската Комисија. Пратеничката Мазнова членувала и во Управниот одбор на Македонски железници.

Антикорупциска констатира судир на интереси кај повеќе државни службеници

Нетпрес - 05.12.2008

Државната комисија за спречување на корупција постапила по 21 предмет од аспект на членување на службени лица во Управни и Надзорни одбори, утврдила судир на интереси кај повеќе лица, беше кажано на денешниот ...