TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонија ремизираше со БиХ на гости

Дневник - 21.09.2002

ФУТСАЛ Македонската репрезентација во футсал ремизираше, 4-4, со селекцијата на Босна и Херцеговина во првиот пријателски меч, одигран во гратчето Грачаница. Вториот дуел беше закажан за синоќа, а веќе в понеделник и вторник Македонија во Скопје ја пречекува репрезентацијата на Словенија.

Стојковски стрелец на два погодока

Утрински - 21.09.2002

Реми (4:4) на нашите "футсалци" во првиот меч на гости против БиХ Без тројцата најдобри поединци, Горан Митев (поради приватни причини), Горан Јаневски (поради повреда) и Тодоровски кој заработи повреда во 10 минута по што го напушти паркетот, македонската футсал репрезентација во првиот натпревар ...

Осум "контролки" со БиХ, Словенија и со Хрватска

Утрински - 18.09.2002

Пред квалификациите за ЕП во мал фудбал САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ По базичните подготовки во Охрид и во СРЦ "Кале", македонската репрезентација во мал фудбал утрово патува за Босна и Херцеговина, каде што утре и в петок со "контролките" против домашната селекција ќе стартува со серијата од осум ...

Селекцијата на БиХ прв спаринг партнер

Вест - 18.09.2002

Нашата репрезентација во мал фудбал започнува со одигрување на контролни мечеви Во рамките на подготовките на нашата репрезентација во мал фудбал за квалификациите за Европското првенство, што од 4 до 10 ноември ќе се одржат во Шпанија, утре и задутре во Грачаница ќе одиграат двомеч со соодветната ...

Силни подготовки за ЕП

Дневник - 17.09.2002

ФУТСАЛ Македонската футсал-репрезентација в четврток и в петок ќе одигра два пријателски натпревара со соодветната селекција на Босна и Херцеговина, во гратчето Грачаница. Веднаш потоа, идниот понеделник и вторник, нашите најдобри футсалци ќе ги одмерат силите со Словенија, но во Скопје.