TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Шведска потврди постоење на птичји грип

А1 - 23.10.2005

Шведска доцна синоќа потврди постоење на најмалку еден случај на птичји грип, но се уште не е познато дали станува збор за Х5Н1 тип кој е опасен по животот на луѓето. Портпаролот на Националниот ветеринарен институт на Шведска, Гунила Халгрен изјави дека птичји грип е констатиран кај една од четири ...

Велика Британија забрани увоз на птици од целиот Свет

А1 - 23.10.2005

Британската Влада ја повика Европската унија да го забрани увозот на живи птици од целиот Свет, откако еден папагал, заразен со птичји грип, угина во карантин во Велика Британија. Британскиот заменик-министер за природна средина Бен Бредшо изјави дека очекува поддршка од европските партнери и оти ...

Целосно стопиран увозот на ризични производи од Хрватска

А1 - 23.10.2005

Македонија нема да преземе дополнителни заштитни мерки на границата по откриениот птичји грип во Хрватска. Директорот на ветеринарната управа Чокревски за А1 денеска изјави, дека целосно е стопиран увозот од Хрватска на ризични производи и дека според него нема шанси до македонската граница да ...

10.000 домашни птици уништени во Хрватска

А1 - 23.10.2005

Десет илјади домашни птици се уништени во Хрватска како мерка против ширењето на вирусот на птичји грип, кој во петокот беше откриен кај 12 угинати лебеди во источните делови на земјата, соопшти денеска Хрватското радио. Акцијата за уништување на птиците е спроведена во радиус од три километри ...

Грција бара од соседите да ја укинат забраната за увоз на грчки птици

А1 - 23.10.2005

Грчкото Министерство за земјоделство денеска ги повика Македонија, Албанија и Бугарија да ја укинат забраната за увоз на грчки птици, откако испитувањата покажаа дека во оваа земја нема птичји грип. Заменик министерот за земјоделство Александрос Контос испратил писмо до заменик министерот за ...

Појава на птичји грип и во Шведска

Канал5 - 23.10.2005

Шведска доцна синоќа го потврди првиот случај на птичји грип. Вирусот е откриен кај една од четирите угинати патки, пронајдени во областа ексилстун, 100 километри западно од Стокхолм. Шведска доцна синоќа го потврди првиот случај на птичји грип.

Слободан Чокревски: „Очекував подобра соработка од медиумите“

А1 - 22.10.2005

„ Мислам дека јавноста е сведок, а и медиумите, дека ние максимално сериозно пристапивме кон оваа криза “, изјави во интервјуто за А1 Слободан Чокревски, директор на Управата за ветеринарство. Во Хрватска официјално е потврден вирусот на птичји грип, не оној опасниот, како што велат.

Во Британија потврден случај на птичји грип

А1 - 22.10.2005

Во Велика Британија е потврден прв случај на птица заболена од птичји грип, соопшти синоќа началникот на британската Ветеринарна служба Деби Рејнолдс. Таа нагласи дека вирусот е откриен кај еден папагал, кој се наоѓал во карантин откако минатиот месец бил донесен во Велика Британија од Суринам.

Птичји грип откриен во Хрватска

А1 - 22.10.2005

Птичјиот грип долета и во Хрватска. 6-те лебеди најдени мртви во областа Ораховац, Славонија, внесоа паника. Најверојатно лебедите долетале од Украина, но точно не е утврдено. Областа и 20 километри околу неа се ставени во карантин, а за разлика од македонската, хрватската птица веднаш беше ...

Побарани 143, одобрени 13 милиони денари

Време - 22.10.2005

ВЛАДАТА ИЗДВОИ ПАРИ ЗА БОРБА ПРОТИВ ПТИЧЈИОТ ГРИП Од 143 милиони денари, колку што заедно бараат Министерството за земјоделство и Министерството за здравство, за спроведување на мерките за заштита од птичјиот грип, Владата на завчерашната седница одобри само 13 милиони денари.

Ветеринарството доби 98 милиони денари за борба против птичји грип

Вест - 22.10.2005

На Министерството за земјоделство и на Ветеринарната управа Владата завчера им одобри 98 милиони денари за борба против птичји грип и Њу каселската чума. Интервентно од Министерството за финансии управата ќе добие 5 милиони денари со кои ќе набави тестови за испитување на птичји грип и вакцини за ...

Кокошката могилка со голема помпа беше испратена за Лондон

Утрински - 22.10.2005

Владата ја утврди стратегијата за борба против болеста Ургентно од Буџетот се повлечени пет милиони денари за борба против птичјиот грип Јасмина Јовановска Мострите од кокошката могилка за која постои сомневање дека е заразена од птичји грип, по четиридневни подготовки, со голема помпа вчера ...

Кина пријави нов случај на птичји грип во Пекинг

Утрински - 22.10.2005

Птичјиот грип е длабоко раширен кај птиците низ Азија Кина соопшти дека ситуацијата ќе биде многу тешка во следниве неколку месеци, во текот на есента и на зимата ПЕКИНГ - Птичјиот грип е длабоко раширен кај популацијата на птиците низ Азија, а Кина и други земји сега се соочуваат со голем ...

Вирусот Х5Н1не мутиралод татко на син

Дневник - 22.10.2005

ТАЈЛАНД Тајландските медицински власти се убедени дека вирусот Х5Н1 не мутирал во тип што се пренесува од човек на човек, иако од птичји грип е болен седумгодишниот син на мажот што завчера почина од таа болест, јави Ројтерс.

Да имаше птичји грип во Могила, и кај мене ќе се јавеа симптоми

Дневник - 22.10.2005

ИНТЕРВЈУ: МЕТОДИЈА ДОДОВСКИ, ШЕФ НА КАТЕДРАТА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ВЕТЕРИНАРНА МЕДИЦИНА Телефоните нонстоп ѕвонеа додека го правевме интервјуто со проф. д-р Методија Додовски, шеф на катедрата на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје.

Атина излажала дека има птичји грип во Грција

Дневник - 22.10.2005

ЈАВНОСТА ИМ Е ГНЕВНА НА ВЛАСТИТЕ Грчката јавност жестоко ја нападна владата во Атина затоа што го измислила случајот на птичји грип и предизвикала огромни загуби во живинарството, јави Макфакс. Грчките власти во понеделникот објавија дека на фарма на островчето Инусес е откриен птичји грип, но ...

Хрватска официјално соопшти присуство на птичји грип

Канал5 - 22.10.2005

Во Хрватска и во Велика Британија е излорирана полесната форма на птичјиот грип, вирусот Ха 5.. Дали во угинатите лебеди и папагалчето го имало и високо патогениот вирус Ха 5- Ен 1 ке кажат дополнителните анализи во Вејн бриџ, што се во тек.

СОМНИТЕЛНИОТ ПРИМЕРОК ОТИДЕ ЗА ЛОНОН

Вечер Прес - 22.10.2005

Вчерапопладне за Лондон тргна примерокот на вирус, најден во селото Могила, за кој постои сомневање дека можеби е птичји грип. До косовската граница, од каде ќе биде префрлен во Англија, примерокот ќе биде однесен со возило на ФАО, од каде ќе го преземат косовските ветринарни служби.

Кокошката од Могила ќе биде испратена во Лондон

А1 - 21.10.2005

Примерокот за анализа од сомнителната кокошка заедно со уште осум други мостри попладнево со возило на ФАО отпатува за Косово. Од таму со воен авион на УНМИК патува во светската лабораторија во Велика Британија , каде ќе се испитува дали кај сомнителниот примерок е присутен вирусот на птичјиот грип.

Србија загрижена поради птичјиот грип во соседството

А1 - 21.10.2005

Српскиот министер за здравство Томица Милосављевиќ изјави дека во Србија нема птичји грип и дека нема причини за паника поради појавата на оваа болест во соседството, но има причини за сериозна загриженост. „Птичји грип нема во Србија.

Да се ангажираат и невработените ветеринари

Време - 21.10.2005

ЗЕМЈОДЕЛСКАТА ПАРТИЈА ПРЕДЛАГА Ако се покаже дека во битолското село Могила има птичји грип, на земјава ќе и требаат најмалку три години за да се справи со оваа болест. Како што истакна портпаролот на Земјоделско-народната партија, Тони Михајловски, на вчерашната прес-конференција, државата не ...

Унгарија произведе прототип на вакцина

Утрински - 21.10.2005

Заштита БудимпеШта - Унгарските власти соопштија вчера дека произвеле прототип на вакцина против птичјиот грип, која покрај за живината е ефикасна и за луѓето. Унгарскиот министер за здравство, Јене Рац, изјави дека неговата земја успеала да произведе вакцина што би можела да ги заштити луѓето од ...

Се зависи од "лукавиот"?

Дневник - 21.10.2005

СВЕТОТ Е НЕМОЌЕН ДА СЕ СПРОТИВСТАВИ НА ПАНДЕМИЈА НА ПТИЧЈИ ГРИП Како што сите сказни почнуваат со зборовите "еднаш одамна си живееше еден цар", така и сите црни сценарија за можната пандемија на птичји грип имаат заеднички почеток: "На една мала фарма во Југоисточна Азија...".

Унгарија направила вакцина против птичјиот грип

Дневник - 21.10.2005

БУДИМПЕШТА Унгарските експерти произвеле вакцина против птичјиот грип, која може да ги заштити и птиците и луѓето, објави министерот за здравство Јене Рац, јави МИА. - Резултатите се прелиминарни, но можам со сигурност од 99,9 отсто да кажам дека вакцината дејствува против вирусот Х5Н1 - изјави ...

Смртен случај од птичји грип во Тајланд

Канал5 - 21.10.2005

Синот на тајландскиот фармер, кој пред два дена почина од птичји грип, е заразен со смртоносниот вирус Ха5-Ен1. Синот на тајландскиот фармер, кој пред два дена почина од птичји грип, е заразен со смртоносниот вирус Ха5-Ен1. Температурата на седумгодишното дете се спушти и тоа почна да јаде и да ...

Карантин во околината на Москва поради птичјиот грип

А1 - 20.10.2005

На сите фарми во околината на Москва што испорачуваат живинско месо во главниот град, воведен е ригорозен карантин поради опасност од птичји грип, соопшти денеска заменик-шефот на Одделението за прехрана на градските власти Виктор Ољховој.

Примерокот од Грција негативен на птичји грип

А1 - 20.10.2005

Резултатите од прелиминарните тестови за вирусот на птичји грип на примероците од грчкиот остров Хиос се негативни, соопшти Европската комисија, денеска во Брисел, не исклучувајќи ја можноста за присуство на вирусот во Грција.

Птичјиот грип не е опасен за човекот, тврди француски експерт

А1 - 20.10.2005

Птичјиот грип е болест кај животните и не претставува опасност по човековото здравје, тврди францускиот здравствен експерт Жан Бружер-Пику во интервју за весникот „Франс соар“. Болеста се пренесува кај птиците преку проголтување фекални материи, а грипот кај луѓето по правило преку вдишување, ...

Стравот од зараза е предимензиониран

Време - 20.10.2005

СПОРЕД ЕУ Стравот од заболување на луѓето од птичји грип во Европа е предимензиониран, изјавија вчера претставници на Агенцијата на ЕУ за контрола на ширењето болести, во Стокхолм. - Ризикот за повеќето Европејци да се заразат од птичји грип е еднаков на нула - изјави Зузана Јакаб од Европскиот ...

ЕУ подготвена да испрати екипи за помош во Македонија

Вест - 20.10.2005

Европската Унија вчера и понуди на Македонија да испрати екипи кои би помогнале во борбата против птичји грип ако државата тоа го побара. ЕУ ја изрази својата подготвеност веднаш откако Ветеринарната Управа на Македонија соопшти дека едната мостра од пцовисна птица во битолското село Могила ...

Американците ни го подметнаа птичјиот грип

Вест - 20.10.2005

ЖИВИНАТА ВО МОГИЛА СЕ УНИШТУВА Селаните не даваат отпор при уништувањето на нивната живина, но се убедени дека во Могила птичји грип нема и дека сето ова е подметнато од Американците за да им се продаваат американските копани Ветеринарни инспектори засилени со голем број ветеринарни лекари и ...

Стравот од птичји грип кај луѓето преувеличен

Утрински - 20.10.2005

Според изјава од ЕУ Агенцијата на ЕУ за контрола на ширење на болести во Стокхолм соопшти дека стравот од заболување на луѓето од птичји грип во Европа е преувеличен. "Ризикот за повеќето Европејци да се заразат од птичји грип е еднаков на нула", изјави Зузана Јакаб од Европскиот центар за ...

Сите земји да назначат министер за птичји грип

Дневник - 20.10.2005

ПРЕПОРАКА ОД ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Обединетите нации вчера им препорачаа на сите земји во светот да назначат специјални министри за птичји грип за да се координираат активностите за одбрана од смртоносната болест, јави Ројтерс. Давид Набаро, координатор на ОН за реакции во случај на епидемии, предложи ...

На Хиос нема вирус на птичјиот грип

Канал5 - 20.10.2005

На грчкиот остров Хиос нема вирус на птичјиот грип. Сепак, за конечната оценка се неопходни дополнителни тестови во референтната британска лабораторија, соопшти постојаниот комитет на европската комисија за исхрана и здравје. На грчкиот остров Хиос нема вирус на птичјиот грип.

Ќе се бараат пари од Владата за птичјиот грип

Канал5 - 20.10.2005

Министерот за здравство Владо Димов денеска од Владата ќе побара еден милион евра, пари потребни за превентива од можна епидемија од птичји грип. Комисијата која ја следи состојбата со птичјиот грип изработила кои заштитни средства се потребни, можните лекови, вакцини, анти-вирусни терапии, ...

Меѓуресорна група за борба со птичјиот грип во Албанија

А1 - 19.10.2005

Албанските министерства ќе формираат меѓуресорна група што ќе го следи ризикот од избивање на птичји грип, соопшти Министерството за здравство во Тирана. Меѓуресорната група ќе биде составена од замениците-министри за здравство и земјоделство и тројца експерти од Светската здравствена организација.

Птичји грип во европска Русија

А1 - 19.10.2005

Руското Министерство за земјоделство денеска соопшти дека вирус на птичјиот грип е откриен во реонот на Тула, околу 300 километри јужно од Москва, напоменувајќи оти се стравува дека најверојатно станува збор вирус Х5Н1, кој е смртоносен по луѓето.

ОН: Секоја држава да именува министер за птичји грип

А1 - 19.10.2005

Владата на секоја држава треба да именува министер кој би ги координирал активностите и одговорите на заканите од птичјиот грип, пишува во денеска објавениот коментар координаторот на ООН за глобална подготвеност во случај на пандемија на птичји грип Дејвид Набаро.

Намалена потрошувачката на пилешко месо

А1 - 19.10.2005

Додека се врти птичјиот грип во соседните земји, кај нас работата се сврте во намалување на потрошувачката на пилешко месо. „Кај нас и во нашата фирма, потрошувачката на пилешко месо е опадната“, изјави Љупчо Ивановски, „Гица“ - Охрид.

Стравот од птичји грип кај луѓето во Европа е преувеличен

А1 - 19.10.2005

Агенцијата на ЕУ за контрола на ширење на болести денеска во Стокхолм соопшти дека стравот од заболување на луѓето од птичји грип во Европа е преувеличен. „Ризикот за повеќето Европејци да се заразат од птичји грип е еднаков на нула“, изјави Зузана Јакаб од Европскиот центар за превенција и ...

Можно е кокошки во Могила да угинале од птичји грип

Време - 19.10.2005

ВЕТЕРИНАРИТЕ СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА ВИРУСОТ ВЕЌЕ СТАСАЛ Адријана Георгиев Велика Атанасовска Во Могила има сомневање дека еден од четириесетте примероци на угината живина е заболен од птичји грип. Од Ветеринарната управа истакнуваат дека утре или најдоцна задутре, сомнителниот примерок ќе биде испратен ...

Сомнеж за птичји грип

Вест - 19.10.2005

ВЕТЕРИНАРНАТА УПРАВА СЕ СОМНЕВА Ветеринарната управа, ако успее уште денес ќе испрати мостри од умрената птица од Могила, битолско која покажала сомнителни резултати за присуство на птичји грип во лабораторија во Велика Британија, но проблем е што нема директен лет Една од мострите од изумрена ...

Патниците во земји со птичји грип да избегнуваат контакт со птици

Утрински - 19.10.2005

Националната комисија за следење на птичјиот грип им порачува на граѓаните Пилешкото месо слободно може да се консумира доколку е добро термички обработено ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА Лицата кои патуваат во земји каде што веќе се регистрирани жаришта на птичји грип кај птиците потребо е да внимаваат да не ...

Пцовисаната кокошка од Могила ќе се испитува во Лондон

Утрински - 19.10.2005

Странски експерти ќе извршат анализа дали пцовисаната птица во Битолско била заболена од птичји грип Битолското село Могила од вчера е под карантин и се преземаат сите противепидемилошки мерки како превентива ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА Една од 40.

ЕУ бара планетарна акција против птичјиот грип

Утрински - 19.10.2005

Министрите за надворешни работи на ЕУ вчера го прогласија ширењето на смртоносниот вирус од Азија во Европа за глобална закана Потребна е широка меѓународна соработка со цел да се спречи ширењето на вирусот. Комисија на ЕУ треба да изготви построги правила за превенција ЛУКСЕМБУРГ - Министрите за ...

Вирусите не се "убиваат" со ќорци

Дневник - 19.10.2005

Љубица Балабан Додека нашите здравствени и ветеринарни власти се натегаа која опрема, во колкави количества и колку пари да побараат за заштита од птичјиот грип, додека преведуваа стручни соопштенија на "народен јазик", смртоносниот вирус затропа и на нашите порти.

Птичји грип во Македонија?

Дневник - 19.10.2005

угината кокошка ОД МОГИЛА НА АНАЛИЗА ВО БРИТАНИЈА Македонските ветеринарни експерти вчера го забележаа првиот сомнителен случај на птичји грип од Македонија во битолското село Могила. Мостра од угинатата кокошка се уште не е испратена на анализа во лабораторијата во Велика Британија, бидејќи вчера ...

"Рош" ќе им дозволи на другида произведуваат "тамифлу"

Дневник - 19.10.2005

Швајцарската фармацевтска група "Рош" потврди дека ќе го зголеми производството на антивирусниот лек "тамифлу", кој се смета за ефикасен против птичји грип, а и ќе им даде лиценца на други фирми да го произведуваат лекот за да се задоволат потребите, јави МИА.

Птичјиот грип стаса до Грција

Дневник - 19.10.2005

НА жИВИНАРСКА ФАРМА НА ОСТРОВЧЕ ВО ЕГЕЈСКО МОРЕ Грција воведе вонредни мерки на островите во Егејско Море, откако кај пцовисана мисирка на островчето Инусис беше откриен вирусот на птичји грип, јави Макфакс. Со дополнителни анализи треба да се утврди дали вирусот е Х5Н1, кој може да биде смртоносен ...

Граѓаните стравуваат од можна појава на птичјиот грип експертите смируваат

Канал5 - 19.10.2005

Граѓаните се уплашени од можното ширење на птичјиот грип , градските аптеки денеска преполни со народ. Луѓето бараат лекови за да се заштитат од обичниот грип. Граѓаните се уплашени од можното ширење на птичјиот грип , градските аптеки денеска преполни со народ.

ЕУ: Птичјиот грип претставува глобална закана

Канал5 - 19.10.2005

Ширењето на птичјиот грип од Азија до Европа е сериозна, глобална закана која бара широка меѓународна координирана акција на унијата со специјализираните органи на обединетите нации, заклучија министрите за надворешни работи на ЕУ земјите на итниот состанок во Луксембург.

ВИРУСОТ НА ПТИЧЈИОТ ГРИП ОТКРИЕН ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ НА ЕВРОПСКА РУСИЈА

Канал5 - 19.10.2005

Руското Министерство за земјоделство денеска соопшти дека вирус на птичјиот грип е откриен во реонот на Тула, околу 300 километри јужно од Москва, напоменувајќи оти се стравува дека најверојатно станува збор вирус Х5Н1, кој е смртоносен по луѓето.

Места на појавување на птичјиот грип

А1 - 18.10.2005

Податоци за мерките што се презеле и местата на појавување на вирусот Х5Н1 што предизвикува птичји грип: - Светската здравствена организација објави дека се можни нови појави на птичји грип во Европа и пошироко, но реалната закана за човековото здравје останува засега во Азија.

ЕК забрани увоз на птици од Грција

А1 - 18.10.2005

Европската комисија забрани увоз на живи птици и продукти од живина од Грција, како превентивна мерка откако вчера на грчкиот остров Хиос беше регистриран случја на птичји грип на приватна фарма, обајавија денеска грчките медиуми.

„Рош“ го зголемува производството на лекот против птичји грип

А1 - 18.10.2005

Швајцарската фармацевтска група „Рош“ соопшти денеска дека ќе го зголеми производството на антивирусниот лек „Тамифлу“, што се смета за ефикасен против птичји грип. „'Рош' е подготвен да ги разгледа сите варијанти со секоја влада и со компаниите кои се заинтересирани за препаратот 'Тамифлу', ...

Намалена продажбата на пилешко месо

А1 - 18.10.2005

Продажбата на пилешкото месо во земјава е намалена за 20 до 30 проценти, откако птичјиот грип почна да се шири кон европските земји. Најпогодени се домашните производители на пилешко месо . Велат, штетите се огромни, ќе пропаднеме и ќе треба да ставиме клуч на фабриките ако ваквата ситуација ...

ВМРО-НП: Владата да формира центар за заштита од птичји грип

А1 - 18.10.2005

ВМРО-Народна партија денеска предложи Владата да формира центар за менаџирање со кризи за заштита од птичјиот грип, во кој би влегле претставници од министерствата за земјоделство, за здравство и за внатрешни работи. Тоа тело би требало да воспостави мониторинг врз живинарските фарми во земјава, да ...

Поарно птичја паника отколку птичја памет

Време - 18.10.2005

АДРИЈАНА ГЕОРГИЕВ Сто и педесет милиони луѓе ќе умрат ако мутира вирусот на птичји грип и ако почне да се пренесува од човек на човек. Светот се наоѓа пред епидемија за која никој не знае како да се сопре. Единствено што може е навреме да се подготви за неа и да се обиде да ги ублажи ...

Ако мутира вирусот, ќе биде страшно

Време - 18.10.2005

СВЕТОТ ПРЕД ЕПИДЕМИЈА НА ПТИЧЈИ ГРИП Ако мутира вирусот на птичјиот грип и ако почне да се пренесува од човек на човек, Светската здравствена организација (СЗО) прогнозира дека ќе го обиколи светот и за само неколку месеци ќе предизвика смрт кај неколку милиони луѓе.

Птичјиот грип во Мкаедонија се спречува со вакцина за птичја чума

Вест - 18.10.2005

ВЕТЕРИНАРИТЕ ЈА ИСКОРИСТИЈА НЕ ИФОРМИРАНОСТА НА ЛУЃЕТО ЗА ЛИЧНА ЗАРАБОТУВАЧКА Вакцина против птичји грип не постои, па домашните егзотични птици што луѓето ги носта во приватните ветеринарни амбуланти добиваат вакцина пестикал која заштитува од чума Ветеринарите викендов заработија многу пари од ...

Преглед на секој што ќе се врати со кивавица од Турција

Дневник - 18.10.2005

ЗАШТИТНИ МЕРКИ ПРОТИВ ПТИЧЈИОТ ГРИП Лицата што патуваат во Романија, Турција и во други земји каде што има жаришта на птичјиот грип треба веднаш да се јават на лекар ако по враќањето во земјата добијат зголемена телесна температура и кашлица.

Ниту еден Романец не заболел од птичји грип

Дневник - 18.10.2005

БЛАГОДАРЕНИЕ НА БРЗАТА РЕАКЦИЈА НА БУКУРЕШТ Во Романија нема регистрирано случај на заболен човек од птичјиот грип, изјави министерот за здравство Еужен Николаеску, јави МИА. Тој најави дека годинава од грип ќе бидат вакцинирани околу 1,5 милион луѓе, пред се, населението од поплавените подрачја и ...

Од денeс и формално забрана за лов на птици

Вечер Прес - 18.10.2005

Забрана за лов на птици, карантин за домашната живина и набавки со кои ќе се засили потребната палета лекови, средства за заштита и вакцини за обичен грип за евентуална пандемија. Ова се мерките кои ги сапкуваа Ветеринарната управа и Комсијата на Министерството за здравство за заштита од птичјиот ...

Во Романија нема заболен човек од птичји грип

А1 - 17.10.2005

Во Романија нема регистрирано случај на заболен човек од птичјиот грип, соопшти денеска романскиот министер за здравство Еужен Николаеску. Тој најави дека годинава од грип ќе бидат вакцинирани околу 1,5 милиони луѓе, пред се населението од поплавените подрачја и реонот каде е откриен птичјиот грип.

Регистриран првиот случај на птичји во Грција

А1 - 17.10.2005

Грција доцна попладнево објави дека го регистрирала првиот случај на птичји грип. Вирусот е најден на фарма за мисирки на островот Хиос близу границата со Турција. Еврокомесарот за здравство соопшти и дека вирусот откриен во Романија е еднакво опасен и смртоносен како и тој најден во ...

Смртоносен вирус во Романија, умираат птици во Косово и во Бугарија

Време - 17.10.2005

ПТИЧЈИОТ ГРИП СЕ ПОБЛИСКУ ДО МАКЕДОНИЈА Вирусот на птичјиот грип што беше регистриран кај птици на живинарски фарми во Романија бил ист со смртоносниот вирус Х5Н1 што беше најден во Турција и во Азија. Турција вчера ги отфрли информациите дека во земјата се јавило ново жариште на птичјиот грип ...

Птичјиот грип би убил 50.000 Британци, тврди владин советник

Вест - 17.10.2005

ЛОНДОН, 17 октомври (Ројтерс) - Велика Британија е подготвена за пандемија од птичји грип којшто би можел да убие 50 илјади луѓе во државата, соопшти главниот медицински офицер во владата Лијам Доналдсон. Неговите коментари следеа откако завчера беа објавени резултатите од лабораториските тестови ...

Циркуски гулаби не смеат да се вратат во Бугарија заради птичји грип

Вест - 17.10.2005

СОФИЈА (Ројтерс) - Една група гулаби кои настапуваат со бугарски циркус добиле забрана да се вратат дома поради појавата на птичји грип во Турција. Дваесет гулаби неколку месеци биле на турнеја низ Турција со циркусот "Балкански и синови", каде настапувале и коњи и сибирски тигри.

Карантин за живината, забранет лов за дивите птици

Утрински - 17.10.2005

Македонија презема мерки против птичјиот грип кој во регионот мутира и станува смртно опасен Фармерите ќе мора да ги стават домашните птици во карантин, а на ловџиите од денеска ќе им се стави вето за лов на диви птици. Ова се двете основни мерки што Ветеринарната управа како предлог ќе ги достави ...

Романија во карантин става цели региони

Утрински - 17.10.2005

Откако беше потврдено постоењето на птичји грип Досега во Романија се вакцинирани 20.000 луѓе, а само во местото Чеамурлија де Јос се уништени 17.000 домашни птици БУКУРЕШТ - Властите во Романија продолжуваат со уништување на илјадници птици, откако во регионот Делта беше потврдена појавата на ...

Ново жариште во Романија, заврши инкубацијата во Турција

Дневник - 17.10.2005

ЕВРОПА СЕ БРАНИ ОД ПТИЧЈИОТ ГРИП Непосредно откако лабораториските истражувања покажаа дека вирусот на птичјиот грип во Романија е од истиот тип како тој во Турција, откриено е ново жариште на болеста во делтата на Дунав, во селото Лакулуј де Мик во областа Тулча, јави МИА.

Паника!

Вечер Прес - 17.10.2005

Енигмата наречена "птичји грип" почна да ја тресе и нашата земја. Навистина, се уште, не сме во состојба на паника како што е случајот во некои соседни држави по евидентирањето на оваа болест кај птици во Романија и Турција. Меѓутоа, како што одат работите, на добар пат сме паниката и нас да не ...