TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кисинџер: Воена победа во Ирак не е можна

Канал5 - 01.04.2007

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер (84), кој учествуваше во планот за повлекување на американските војници од Виетнам, денеска изјави дека проблемите во Ирак се посложени отколку самиот конфликт и оти воена победа веќе не е можна.

Половина од американските засилувања пристигнаа во Ирак

Макфакс - 01.04.2007

Багдад Половината од дополнителните американски војници пристигнаа во Ирак, јавуваат западните агенции. „Околу 3.000 американски војници, испратени во Ирак во рамки на дополнителните напори за стабилизирање на состојбата во земјата, веќе се пристигнати“, соопшти претставник на американската војска ...

Генералот Стојановски на конференција за Ирак во САД

Макфакс - 01.04.2007

Скопје Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски денеска заминува за САД каде ќе учествува на Конференцијата на Коалиционите сили за Ирак. Во фокусот на неколкудневната Конференцијата во Флорида ќе биде редефинирање на мисијата на коалиционите сили во Ирак, ...

Ирак во врвот по бројот на смртни казни

Макфакс - 01.04.2007

Лондон Ирак е меѓу водечките светски држави по бројот на извршени смртни казни, објави денеска организацијата за заштита на човекови права, „Амнести интернешенал“. Само во изминатата година, во Ирак убиени се 65 лица, меѓу кои има и две жени. Оваа бројка ја надминале само Кина, Иран и Пакистан.

Петмина убиени во експлозија во Багдад

Макфакс - 01.04.2007

Багдад Најмалку пет лица загинаа, а десет се ранети при експлозија на бомба во близина на државниот универзитет во Багдад, соопштија локалните власти. Истовремено улични борби се водат и во централното подрачје на Багдад, каде дошло до отворена престрелка меѓу американската војска и ирачката ...

Убиени петмина американски војници

Макфакс - 01.04.2007

Багдад Петмина војници на САД беа убиени во последните два дена во судирите во Ирак, соопшти денеска командата на американската армија. Тројца војници загинале кога нивното возило било погодено од бомба вчера во Багдад, при што загинале и еден ирачки преведувач.

Загинаа двајца британски војници во Ирак

Макфакс - 01.04.2007

Багдад Двајца британски војници загинаа во експлозија на бомба што синоќа се случи во јужната ирачка провинција Мајсан, соопштија британските безбедносни сили. Експлозијата се случи еден ден откако британската армија ја предаде безбедносната контрола во рацете на Ирачаните.

Гејтс со ирачките лидери за помирување во Ирак

Макфакс - 01.04.2007

Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс денеска во Багдад разговара со ирачките лидери за потребата од воспоставување процес за помирување во Ирак, во време кога бранот атентати го поткопува американскиот план за воспоставување безбедност.

Убиени тројца американски војници

Макфакс - 01.04.2007

Багдад Тројца американски војници се убиени, а еден е ранет во експлозија на бомба во Багдад, соопшти денеска американската воена команда во Ирак. Бомбата експлодирала крај пат по кој патролирале американските војници, наведе истиот извор.

Нов самоубиствен напад во Ирак – 14 загинати

Макфакс - 01.04.2007

Багдад Бомбаш самоубиец денеска се саморазнесе и уби 14 лица пред регрутен полициски центар североисточно од Багдад, соопштија ирачките сили за безбедност. Во инцидентот се ранети најмалку 20 лица. Нападот се случил во градот Мукдадија.

Најмалку 23 мртви во напад на северот на Ирак

Макфакс - 01.04.2007

Багдад Најмалку 23 лица загинаа, а 17 се ранети кога бомбаш самоубиец се разнесе денеска на еден погреб во северниот дел на Ирак, соопшти полицијата. Нападот се случил попладнето во местото Калис, во провинцијата Дилаја, за време на погребот на еден шиит.

Над 30 загинати во Ирак

Макфакс - 01.04.2007

Багдад Повеќе од 30 луѓе загинаа во најновите бомбашки напади ширум Ирак, јавија денеска агенциите, повикувајќи се на ирачките сили за безбедност. Во експлозии на автомобили – бомби во Мансур, западно од Багдад, и во центарот на Мосул, утрово загинаа шест лица, а десетици се ранети.

125 жртви во ...

Вест - 31.03.2007

Багдад, 31 март - Според последните податоци, најмалку 125 лица загинале, а повеќе од 150 се ранети во нападите на петмината бомбаши самоубијци на шиитските пазари во Багдад. Нападите извршени завчераприквечер во североисточен Багдад се најкрвавите во Ирак во последните неколку години.

Стотина загинати, стотици ранети

Дневник - 31.03.2007

Во бомбашки самоубиствен напад на пазар во багдадскиот кварт Шааб, населен главно со шиити загинаа 61 лица, а ранети се 40, соопшти ирачката полиција. Квартот во кој беа изведени нападите, беше меѓу првите што американски и ирачки сили ги претресоа во потрага по оружје и радикални борци, кои се ...

Крај на војната во Ирак?

Вечер Прес - 31.03.2007

Американскиот Сенат го поддржа предлогот САД во наредните четири месеци да почнат да ги повлекуваат силите од Ирак, пренесува МИА. Сенатот го одби барањето на Буш да се одобрат дополнителни 122 милијарди долари за операции во Ирак и Авганистан, и нареди повлекување од Ирак кое мора да почне во ...

Најмалку 125 луѓе загинаа во напади во Багдад

А1 - 30.03.2007

Најмалку 125 луѓе загинале, а повеќе од 150 се повредени во напади на петмината бомбаши самоубијци на неколку шиитски пазари во Багдад. Нападите биле извршени вчера приквечер во североисточниот дел од градот и се едни од најкрвавите во Ирак во последните неколку години.

50 мртви во напад во Ирак

Вест - 29.03.2007

МОСУЛ, 29 март (Ројтерс) - Вооружени напаѓачи навечер отвориле оган во сунитска област во градот Тал Афар во северозападен Ирак при што 50-тина луѓе загинале, во очигледна одмазда за претходен напад во некоја шиитска област, соопштија вчера ирачки владини претставници.

Буш се закани со вето на закон што бара повлекување од Ирак

Утрински - 29.03.2007

Американскиот Сенат бара март 2008 да биде краен датум за повлекување на борбените сили ВАШИНГТОН - Американскиот Сенат му се спротивстави на претседателот Џорџ Буш и се изјасни март идната година да биде краен датум за повлекување на борбените сили од Ирак.

Сенатот го поддржа повлекувањето на американските војници од Ирак

Дневник - 29.03.2007

Американскиот Сенат го отфрли амандманот со кој од законот за дополнително финансирање на американските воени сили во Ирак би се избришала одредбата за повлекување во рок од една година . Сенатот вчера со 50 гласови за и 48 против го отфрли амандманот на законот за дополнително финансирање од 122 ...

Најмалку 50 убиени во напад во Ирак

А1 - 28.03.2007

Најмалку 50 лица се убиени ноќеска во напад на вооружени групи во Тал Афар, на североистокот на Ирак, соопштено е во Багдад. Полициски, воени и медицински извори наведуваат дека нападот се случил во кварт каде живеат шиити, сунити и Туркмени во градот близу до границата со Сирија.

Американскиот Сенат усвои закон за повлекување од Ирак

А1 - 28.03.2007

Американскиот Сенат усвои закон кој содржи необврзувачки одредби за повлекување на воените сили од Ирак во рок од една година. Сенатот вчера со 50 гласови за и 48 против го прифати законот за дополнително финансирање во на американските воени сили во Ирак годинава со 122 милијарди долари, во кој се ...

Американците се за повлекување од Ирак

Дневник - 28.03.2007

Мнозинството Американци се за повлекување на американските војници од Ирак, покажуваат резултатите на најновата анкета на центарот за истражување Пју рисрч. Според анкетата, 59 отсто го поддржуваат нацрт-законот усвоен во Претставничкиот дом, кој предвидува повлекување на американските војници од ...

Буш ќе наложи вето на планот за повлекување од Ирак, соопшти Белата куќа

Канал5 - 28.03.2007

Американскиот претседател Џорџ Буш изрази разочарување дека Сенатот ја даде поддршката на планот за повлекување на американските сили од Ирак и ќе наложи вето на секој предло-закон во таа смисла, соопшти синоќа Белата куќа. Вашингтон, 28 март (МИА) - Американскиот претседател Џорџ Буш изрази ...

Најмалку 26 лица загинаа при напади во Ирак

А1 - 27.03.2007

Најмалку 26 лица загинаа при денешните серија напади во Ирак. Десет лица загинаа, а 25 се повредени при експлозија на автомобил-бомба во близина на ресторан на главниот пат северно од Рамади. Четворица цивили, меѓу кои две деца и една жена загинаа, а 14 се ранети при гранатирање на југозападниот ...

Анкета: Повеќето Американци се за повлекување на војниците од Ирак до август 2008

Канал5 - 27.03.2007

Педесет и девет отсто од Американците го поддржуваат усвојувањето на предлог-законот што предвидува повлекувањето на американскиот контингент од Ирак да заврши до август 2008 година, покажуваат резултатите од истражувањето на Pew Research Center објавени вчера во Вашингтон.