Лозарите што имаат квалитетно грозје „смедеревка“ ќе добијат премија од 15 отсто од винарската визба „Тиквеш“. Визбата ќе им исплати бонус на сите производители чие грозје ќе има над 20 шеќерни единици. Според нашите информации, цената на килограм „смедеревка“ со 20 шеќерни единици ќе се зголеми од ...
Ист трактор на три откупни места покажа различна тежина, што е доказ дека некои откупувачи не' поткраднуваат, тврдат производители на грозје Лозарите од Тиквеш се жалат дека откупувачите на грозје им крадат дел од грозјето при мерењето на вагите во откупните пунктови.
Визбите од Тиквешкиот регион остануваат со многу помали количества винско грозје од планираното, иако официјално не сакаат да го признаат овој факт. Лозарите го предаваат грозјето во гајби на откупувачи од страна, бидејќи, како што велат тие, парите им ги плаќале во готово.
Винарските визби кај себе да ја бараат вината за извозот на винското грозје, а не кај лозарите, порачаа вчера од Федерацијата на фармери на Македонија. Од ФМФ истакнуваат дека во почетокот од минатиот месец предупредиле оти грозјето ќе биде извезено и ќе нема доволно за откуп ако визбите не ги ...
Во тиквешкиот регион од денеска стартува откупот на белите вински сорти грозје. И оваа реколта лозарите останаа незадоволни од ниските откупните цени, непроменети 15 години. Во тиквешкиот регион од денеска стартува откупот на белите вински сорти грозје.
Винарските визби, а не лозарите, се виновни за тоа што големи количества од грозјето од годинешната реколта заврши во соседните земји, смета Федерацијата на фармери на Македонија(ФФМ). - На 20 август јавно предупредивме дека количините винско грозје годинава ќе бидат намалени и дека ќе нема доволно ...
За ова знаат и одговорните од Владата и молчат, зашто сметаат дека им помагаат на лозарите да постигнат повисока цена, објаснуваат лозарите Македонското винско грозје ги минува границите на државава како трпезно во гајби, обвинуваат лозари од Тиквеш.
АНГЕЛ ДАНОВ Традиционално, вчера во Кавадарци беше празник на виното, ракијата и шегата. По седми пат од возобновувањето на „Тиквешкиот гроздобер“ се одржа винскиот карневал, во кој учествуваа над 600 учесници на 24 карневалски поставки.
Со традиционалната карневалска поворка во која учествуваа 24 поставки со над 600 учесници од Тиквешијата и гости од Вевчани, Струмица, Прилеп , Словенија, Бугарија и Србија, вчера во Кавадарци се одржа Тиквешкиот гроздобер, манифестација што веќе четврта година е членка на Европската асоцијација на ...