TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Високата плата не е гаранција за добра пензија

Утрински - 24.02.2007

Пензиите забетонирани на 27.000 денари, реакции од 500 корисници ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА Најголемиот број од пензионерите, околу 88 отсто, се со скромни и ниски примања. Овие пензионери реагираат дека не знаат како да преживеат. Но, реагираат и оние со повисоки пензии, кои се жалат дека државата не им ...

Стечај за фирмите што не плаќаат придонеси

Дневник - 23.02.2007

Во сите фирми што не можат да ги исполнат обврските и да ги платат придонесите за своите вработени треба да се отвори стечајна постапка, изјави министерот за труд Љупчо Мешков. Тој соопшти дека се прават напори за да се исчисти евиденцијата од осигурениците на кои не им е платен пензискиот придонес.

Трет пензиски столб од идното лето

Дневник - 23.02.2007

Третиот доброволен пензиски столб во земјава треба да профункционира од средината на наредната година . Во него може да членуваат лицата што веќе се осигурени во државниот фонд и во двата приватни, но и тие што немаат задолжително пензиско осигурување.

Стартуваа подготовките за третиот пензискиот столб

А1 - 22.02.2007

Македонија со помош на Европа ги стартуваше подготовките за третиот пензискиот столб. Моделот ќе биде скроен врз основа на искуствата од земјите од регионот. Во Бугарија седум години функционира доброволното пензиско осигурување, во Хрватска пет.

Трет доброволен пензиски фонд ќе профункционира до средината на 2008

Канал5 - 22.02.2007

Трет доброволен пензиски столб најдоцна до средината на 2008. Владата забрзано ги турка работите. Веќе се пишуваат деталите од Законот што ќе овозможи конечно и во Македонија граѓаните доброволно да осигуруваат пари за пензиските денови.

Приватните пензиски сметки празни за над 14 илјади лица

Утрински - 20.02.2007

Во КБ Прво пензиско друштво и во Нов пензиски фонд околу 11 отсто од членовите се со празни сметки ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА Околу 14.500 вработени кои се членови на приватните пензиски друштва на своите лични сметки за пензиски придонес немаат ниту еден денар уплата.

Близу 800.000 евра од пензиските фондови во акции на берза

Канал5 - 19.02.2007

Близу 800.000 евра инвестирале двата приватни пензиски фонда во акции на домашни компании. Иако почнаа плашливо процентот од парите што фондовите ги вложуваат во котирани фирми се зголемува. Засега инвестирале во шест компании. Меѓу нив три банки- Комерцијална, Охридска и Инвест банка.