TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Црвенковски нема да се откаже од премиерската функција

А1 - 20.03.2004

Премиерот Бранко Црвенковски нема намера да се откаже од својата функција или да ја стави во мирување додека трае предизборната кампањата, затоа што смета дека државата не смее да си дозволи да остане без претседател и без премиер, посебно по последните случувања на Косово.

Политичкиот маратонец пред нов предизвик

Дневник - 20.03.2004

БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ, КАНДИДАТ НА СДСМ Основната задача како претседател ја гледа во опстојувањето на стратегиските определби на државата - забрзување на евроинтеграциските процеси на Македонија и зачувување на мирот, стабилноста и на безбедноста Лидерот на СДСМ и премиер Бранко Црвенковски е пред ...

Без интеграција на Балканот Европа ќе биде нестабилна

Време - 20.03.2004

ЦРВЕНКОВСКИ ВО БРАТИСЛАВА Веројатноста за вклучувањето на балканскиот регион не смее да се постави како многу далечна и недостижна, за да не се случи првичната ориентираност кон ЕУ да бидат заменети со разочарување и фрустрација, рече премиерот Бранко Црвенковски пред учесниците на конференцијата ...

Источноевропските лидери велат - на Балканот му е потребен НАТО

Утрински - 20.03.2004

Меѓународна конференција во Братислава за засилување на безбедноста во Европа БРАТИСЛАВА - Лидерите од цела Источна Европа изјавија дека разгорувањето на насилството во Косово покажува дека НАТО мора да се интегрира во западнобалканската заедница.

Пратениците собираат потписи за Црвенковски

Време - 20.03.2004

КОАЛИЦИЈАТА "ЗАЕДНО" Четириесетина пратеници од партиите од коалицијата "Заедно" вчера се потпишаа за кандидатурата на Бранко Црвенковски за претседател на државата. Прв се потпиша генералниот секретар на СДСМ, Никола Ќурчиев, како овластен претставник на подносителот на листата.

Црвенковски не ја остава Македонија без премиер

Вест - 20.03.2004

Нема законски пречки да се стави во мирување премиерската функција на Бранко Црвенковски, изјавија вчера од кабинетот на премиерот и објаснуваат: "Формални пречки нема. Кога Македонија е во ситуација да нема претседател на државата, немаме намера да ја оставиме и без премиер.

Пратениците од владејачката коалиција ги депонираа потписите за Црвенковски

Утрински - 20.03.2004

На заедничка координација во Собранието Пратениците од владејачката коалиција вчера на заедничка координација во Собранието ги депонираа своите потписи за кандидатурата на премиерот и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски. Бидејќи група пратеници се отсутни, договорено е списокот да биде отворен уште ...

Бранко ќе бил чувар на генералниот курс

Вест - 19.03.2004

ПРЕМИЕРОТ ЦРВЕНКОВСКИ СО ЧИСТА СОВЕСТ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ "Претседателот на Републиката е чувар на генералниот курс на државата. "Претседателот на Републиката е чувар на генералниот курс на државата. Залудни ќе бидат многу од напорите на Владата и на Парламентот ако државата ги изгуби ...

Црвенковски: Можам да го зачувам генералниот курс на државата!

Утрински - 19.03.2004

Владејачките социјалдемократи во претседателската трка со партискиот лидер и актуелен премиер Соња Крамарска Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија Бранко Црвенковски ја потврди својата кандидатура на конвенцијата на партијата што се одржа во средата навечер.

Црвенковски сака да избега од премиерската на претседателската функција

Време - 19.03.2004

ВМРО-ДПМНЕ ТВРДИ Премиерот Бранко Црвенковски не исполни ниту едно од економските ветувања што ги даде пред парламентарните избори, поради што сега се обидува да избега на претседателската функција. Ова беше речено на вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ што ја одржа Трајко Славевски, член на ...

Премиерот во потрага по нов премиер

Утрински - 19.03.2004

Вклучувањето на Црвенковски во претседателската трка сигнал за кадровски раздвижувања Непартиска личност не доаѓа предвид за премиерското место во СДСМ, бидејќи се коси со практиката за политичка влада - гласат првите информации по завчерашното кандидирање на Црвенковски за претседател на државата ...

Ако Црвенковски стане претседател, ќе имаме и нова влада

Време - 19.03.2004

СДСМ ЗАТВОРИ ЕДНА, АМА ОТВОРИ МНОГУ НОВИ ДИЛЕМИ Александра М. Митевска Откривањето на фаворитот на коалицијата „Заедно“ за претседателските избори е единствената дилема што завчера ја затвори премиерот и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, откако реши токму тој да се номинира во изборната трка.

ЦРВЕНКОВСКИ: БЕЗ ИНТЕГРАЦИЈА НА БАЛКАНОТ, ЕВРОПА ПОСТОЈАНО ЌЕ СЕ СООЧУВА СО НЕСТАБИЛНОСТ И КОНФЛИКТИ

Канал5 - 19.03.2004

“Не смееме да дозволиме веројатноста за вклучувањето на земјите од Балканскиот регион да биде поставена како премногу далечна и недостижна, за да не се случи првичната ориентираност кон ЕУ и иницијалниот ентузијазам да бидат заменети со разочарување и “Не смееме да дозволиме веројатноста за ...

Спасителите

Време - 19.03.2004

Георги Барбаровски Нацијата може да здивне. Нема веќе непознаници во изборниот ребус за шеф на државата. Решена е и најголемата енигма: Бранко Црвенковски се засука за да стане „чувар на генералниот курс на државата“ зашто, вели, залудни ќе биле напорите на Владата и на Парламентот ако државата ги ...

Костов за премиер, Бучковски за лидер на СДСМ

Дневник - 19.03.2004

шпекулации Министерот за внатрешни работи Хари Костов е најсериозен кандидат за премиерската функција доколку Бранко Црвенковски биде избран за претседател на државата. Но извори во СДСМ им даваат шанса уште на двајца министри - Никола Поповски и Владо Бучковски - да застанат на чело на Владата, ...

Црвенковски: Ќе го чувам генералниот курс на државата

Време - 19.03.2004

КОНВЕНЦИЈА НА СДСМ Александра М. Митевска Претседателот е чувар на генералниот курс на државата. Залудни ќе бидат напорите на Владата и на Парламентот ако државата ги загуби генералните ориентири. Убеден сум дека со искуството што го имам, со волјата и вербата со која располагам, можам да го ...

Бранко Црвенковски вети забрзан од кон ЕУ и НАТО

Дневник - 19.03.2004

СДСМ ИЗБРА КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ТРКА Македонија мора да избере претседател што ќе гарантира остварување на стратегиските определби на државата, рече кандидатот на СДСМ Ја прифаќам оваа кандидатура затоа што сум длабоко убеден дека во Македонија постојат и државотворен капацитет и ...

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува премиерот за бегство во кандидатура

Дневник - 19.03.2004

по кандидатурата на црвенковски За 14 месеци тој и неговата Влада не остварија ниту едно ветување, а сега бараат доверба, вели Александар Ѓорѓиевски, заменик-портпарол на опозициската партија Премиерот Бранко Црвенковски со претседателската кандидатура се обидува да избега од одговорноста што ја ...

Вицепремиерот е шеф на влада за време на изборната кампања

Утрински - 19.03.2004

Експертите велат дека Владата нормално функционира и кога првиот човек е претседателски кандидат Премиерите формално остануваат шефови на влади и тогаш кога учествуваат во изборна трка за претседатели на држава. Функцијата на првиот меѓу министрите во извршната власт не замрзнува, а за тоа нема ...

Славески: Црвенковски има симболични шанси за победа

Утрински - 19.03.2004

Прес на ВМРО-ДПМНЕ Најголемата опозициска партија е убедена дека претседателскиот кандидат Бранко Црвенковски има симболични шанси за добивање на довербата на граѓаните и за победа на вонредните избори. На вчерашната прес-конференција, ВМРО-ДПМНЕ го потсети премиерот дека не исполнил ниту едно свое ...

Ќе се повлече ли Црвенковски од премиерската функција за време на изборите?

А1 - 18.03.2004

Уставно и законски не постои ниту една правна пречка премиерот да ја извршува својата функција и во исто време да биде претседателски кандидат, ја толкуваат експертите новонастанатата ситуација по кандидирањето на премиерот Црвенковски за претседател.

Бранко Црвенковски во интервју за "Вест", објавено на 26 октомври во 2002 година

Вест - 18.03.2004

ВЕСТ: Се зборува дека подготвувате терен по две години да ја напуштите премиерската функција и да се кандидирате за шеф на државата? Црвенковски: Кога прифатив да бидам премиер, ја прифатив работата врз основа на една програма која ќе трае 4 години.

Ало, Тито, јас се кандидирам

Вест - 18.03.2004

СУДИР ВО ЛЕВИЦАТА Кандидатот на СДСМ за Претседател на државата се избира на конвенција затворена за јавноста Социјладемократскиот сојуз вчера на конвенција, која беше затворена за јавноста, избраше кандидат за претседателските избори.

И Бранко Црвенковски влегува во битка

Дневник - 18.03.2004

СИНОЌА СДСМ ГО ИЗБИРАШЕ СВОЈОТ ФАВОРИТ Лидерот Бранко Црвенковски, неколку часа пред синоќешната конвенција на која СДСМ го избираше својот претседателски кандидат, реши да се номинира и со тоа стана најверојатен кандидат на владејачката партија за претседателската трка.

Црвенковски сепак кандидат за претседател на државата

Време - 18.03.2004

СДСМ ЈА ОТКРИ „МИСТЕРИЈАТА“ Премиерот и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, е кандидатот на владејачката партија на вонредните претседателски избори. За ваквата одлука, како што неофицијално се дознава, Црвенковски го известил најтесното раководство на СДСМ на средбата во Владата, завчера доцна ...

Уште една година изгубена

Вест - 18.03.2004

Ако Црвенковски биде избран за претстедател, му престанува премиерската функција, го враќа мандатот и се отвора постапка за нов мандатар, што ќе значи распуштање на целата влада Официјалната номинација на премиерот Бранко Црвенковски за претстедателски кандидат, кој има сериозни шанси да ги добие ...

Црвенковски влегува во претседателската трка

Утрински - 18.03.2004

Конечно разрешени дилемите околу претседателскиот кандидат на СДСМ Премиерот Бранко Црвенковски, најверојатно, ќе биде претседателски кандидат на претстојните вонредни избори. Црвенковски својата конечна одлука завчеравечер им ја соопштил на своите најблиски соработници на состанокот на најтесното ...

Бранко Црвенковски претседателски кандидат на СДСМ

А1 - 17.03.2004

Бранко Црвенковски е единствениот кандидат на СДСМ за претстојните претседателски избори чија номинација ќе биде потврдена на партиската конвенција овде во Александар Палас. Предлогот Црвенковски да биде единствен кандидат на СДСМ со акламација беше прифатен од Централниот одбор.

Црвенковски со крупните инвеститори ќе преговара во четири очи

Вест - 17.03.2004

ТРЕТА ТРКАЛЕЗНА МАСА НА "ЕКОНОМИСТ" СО ВЛАДАТА "Се согласувам со оценките дека Македонија не најде вистинска формула успешно да се презентира пред странските инвеститори и пошироката јавност. Но ништо не може да ја афирмира земјата на тој начин како референтни инвестиции на реномирани компании кои ...

Тито Петковски подготвен да се соочи и со Бранко Црвенковски

Дневник - 17.03.2004

ДЕНЕСКА КОНВЕНЦИЈА НА СДСМ Освен за првиот социјалдемократ, базата голема поддршка дала за Петковски, а на трето место е Бучковски Ако се почитува волјата на членството на партијата, реални се шансите јас да бидам кандидат за претседател на СДСМ, бидејќи добив поддршка од 100 општински организации ...

На Македонија и треба поагресивна инвестициска промоција

Утрински - 17.03.2004

Тркалезна маса на британски †Економист" за градење деловна стабилност во нашава земја ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА На Република Македонија и е потребна многу поагресивна инвестициска промоција, со цел да ги истакне постигнатите резултати, препорачаа вчера учесниците на Третата тркалезна маса на лондонски ...

Црвенковски го потроши времето во тактизирање

Време - 17.03.2004

СДСМ ДЕНЕСКА ЌЕ ГО ОТКРИЕ ИМЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ По тактизирањето со денови и ставањето на сите можни имиња во оптек, СДСМ денеска конечно ќе обелодени кој е кандидатот на партијата на вонредните претседателски избори.

БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ - ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ НА СДСМ

Канал5 - 17.03.2004

Членовите на Претседателството на СДСМ едногласно и со консензус одлучија лидерот Бранко Црвенковски да биде единствен кандидат на партијата за претседател на Македонија на претстојните избори, изјави партискиот портпарол Борис Кондарко по завршувањето Членовите на Претседателството на СДСМ ...

ЦРВЕНКОВСКИ: ВЛАДАТА ЌЕ ЈА СПРОВЕДУВА ЗАЦРТАНАТА ЕКОНОМСКА ПОЛИТИКА

Канал5 - 17.03.2004

Комуникацијата меѓу Владата и стопанствениците во Република Македонија не се одвива на задоволително ниво и во голем дел вината за ова е на страната на Владата и нејзините институции, рече премиерот Црвенковски обраќајќи се на третата деловна тркалезна ма Комуникацијата меѓу Владата и ...

Тито: Клучот не е кај Бранко

Вест - 17.03.2004

ПРАТЕНИКОТ ПЕТКОВСКИ ОДИ ДО КРАЈ "Тешко на таа партија што зависи од еден човек", вели Тито Петковски и тврди дека зад него стои поддршката на 100 разграноци од 104-те колку што вкупно има СДСМ Клучот кој ќе биде претседателски кандидат на СДСМ не е во рацетете на лидерот Бранко Црвенковски, изјави ...

Петковски во дуел со Црвенковски или со Бучковски

Утрински - 17.03.2004

Врвот на СДСМ се договараше за претседателски кандидат Соња Крамарска За синоќа беше закажано соочување меѓу потенцијалните кандидати за претседател од редовите на СДСМ. Денеска во 15 часот Претседателството на партијата ќе се состане и ќе му достави предлог на Централниот одбор за кандидати кои ќе ...

Државните институции не соработуваат доволно со стопанството

Време - 17.03.2004

ЦРВЕНКОВСКИ НЕЗАДОВОЛЕН Владата и нејзините институции во голема мера се виновни затоа што комуникацијата меѓу државата и стопанствениците не е на задоволително ниво, рече премиерот Бранко Црвенковски во своето обраќање, вчера, пред стопанствениците, пред државните и странските претставници на ...

Судството најголем кочничар за решавање на економските спорови

Дневник - 17.03.2004

БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ТВРДИ Не се мешаме во независноста, туку во ажурноста на судовите и затоа за реформите во овој сектор нема да се штедат пари, вели Црвенковски Судството станува најприоритетно прашање. Судовите се голема кочница во економскиот развој и мора нешто брзо и ефикасно да се направи.

Владата останува на зацртаните политики со ММФ и СБ

А1 - 16.03.2004

Комуникацијата меѓу Владата и стопанствениците во Република Македонија не се одвива на задоволително ниво и во голем дел вината за ова е на страната на Владата и нејзините институции, рече премиерот Црвенковски обраќајќи се на третата деловна тркалезна маса што во соработка со Владата на Република ...

Црвенковски се уште калкулира

А1 - 16.03.2004

Бранко Црвенковски ќе чека до последен момент пред да открие дали ќе се кандидира на претседателските избори. На само еден ден пред одржувањето на партиската конвенција тој не е подготвен да каже кој ќе биде претседателскиот кандидат на СДСМ.

За да не им се налутат, ги кандидирале сите

Вест - 16.03.2004

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2004 ОПШТИНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НА СДСМ НА МАКА "Зошто ние да го кркаме стапот, за нас сите се добри", ни рекоа во неколку ограноци на СДСМ кои вчера до партиската централа во Скопје ги испратија списоците со своите предлози за кандидат за шеф на државата.

Црвенковски тактизира, Бучковски и Петковски во мртва трка

Дневник - 16.03.2004

ВО СДСМ НЕИЗВЕСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ ФАВОРИТ Клучот е кај Црвенковски и од него зависи кој ќе биде претседателскиот кандидат на СДСМ, вели Владо Бучковски Бранко Црвенковски, Владо Бучковски и Тито Петковски ја имаат најголемата поддршка од членството на СДСМ за претседателски кандидат.

Црвенковски го доби гласот на базата, останува да реши

Утрински - 16.03.2004

Врвот на СДСМ влезе во финално договарање за кандидатите за претседателската трка Соња Крамарска Лидерот на СДСМ го добил гласот од базата и сега на него останува да реши дали ќе влезе во претседателска трка - гласат неофицијалните информации по завчерашното истовремено заседавање на сите 104 ...

Кандидатот на СДСМ ќе се знае во среда

А1 - 15.03.2004

Номинациите на општинските организации на СДСМ за претседателски кандидат само ја продолжија неизвесноста за партискиот адут со кој ќе настапат на вонредните избори за шеф на државата. Најголем дел од нив се одлучиле да ги предложат сите најсериозни партиски кандидати за претседател Црвенковски, ...

БУЧКОВСКИ: ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ НА СДСМ ЌЕ БИДЕ ПОЗНАТ В СРЕДА

Канал5 - 15.03.2004

Министерот за одбрана Владо Бучковски денеска не сакаше да одговори дали ќе биде претседателски кандидат на СДСМ, нагласувајќи дека не сака да шпекулира, бидејќи има повеќе евидентирани кандидати, и оти одлуката ќе се знае в среда.

Бучковски и Петковски во финалето?

Дневник - 15.03.2004

КОМБИНАТОРИКИ ВО СДСМ Од внатрепартиската трка ќе се откаже и Илинка Митрева Министерот за одбрана Владо Бучковски и пратеникот Тито Петковски ќе водат најжестока војна на задутрешната конвенција за избор на партиски кандидат од СДСМ за шеф на државата.

Кандидатите на СДСМ на "гласање" во разграноците

Утрински - 15.03.2004

Синоќа членството на социјалдемократите синхронизирано се изјаснуваше Во игра и натаму се Црвенковски и Бучковски, но се очекува работите да бидат појасни денеска За синоќа во 18 часот беа закажани истовремени конференции во сите 104 разграноци на СДСМ, со цел да се изјаснат кого сакаат да го видат ...

„Малите“ не даваат бланко-поддршка за кандидатот на СДСМ

Време - 15.03.2004

ПАРТИИТЕ ОД ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА НЕ СЕ ДОГОВОРИЛЕ Помалите партии од коалицијата „За Македонија заедно“ одбиле да му дадат бланко-поддршка на претседателскиот кандидат на главната коалициска сила, СДСМ. Тоа, како што дознаваме, се случило во петокот на средбата во премиерскиот кабинет на која на ...