TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тасева: ЕСМ не смее да се продава како стар автомобил

Време - 25.02.2006

ОСТРИ РЕАКЦИИ НА НАЈАВИТЕ ДЕКА ТЕНДЕРОТ ЌЕ ЗАВРШИ ЕКСПРЕСНО Мирче Котевски Владата ќе се обиде за само десетина часа да го избере и да го промовира новиот сопственик на „ЕСМ-дистрибуција“, потврдија од Министерството за економија.

В понеделник нови протести против продажбата на ЕСМ

Утрински - 25.02.2006

Најава Здружението на граѓани "Глас на светлината" вчера повтори дека в понеделник ќе протестира пред Владата и низ улиците на Скопје против приватизацијата на ЕСМ "Дистрибуција". Протестот против продажбата на ЕСМ "Дистрибуција" ќе почне напладне пред платото на Владата со собир на активистите на ...

Со обиколка низ центарот против продажбата на ЕСМ

Вечер Прес - 25.02.2006

Здружението на граѓани "Глас за светлина" в понеделник ќе протестира пред Владата и низ улиците на Скопје против приватизацијата на ЕСМ дистрибуција. Протестот ќе почне на пладне пред платото на Владата, а учесниците на протестот потоа ќе тргнат во обиколка покрај Стоковната куќа "Илинден", улицата ...

Подружница Електродистрибуција

Вечер Прес - 25.02.2006

Советот на Општина Битола, покрена иницијатива за враќање на имотот од АД ЕСМ подружница Електродистрибуција - Битола. За таа цел на наредната седница се очекува и да биде донесена одлука за тоа. Имено, во изминатиов период одреден број средства од градот беа вложувани во трафостаници, објекти и ...

„Глас на светлина“ во понеделник на обиколка низ центарот на Скопје

А1 - 24.02.2006

Здружението на граѓани „Глас за светлина“ денеска повтори дека в понеделник ќе протестира пред Владата и низ улиците на Скопје против приватизацијата на ЕСМ дистрибуција. Протестот против продажбата на ЕСМ дистрибуција ќе почне на пладне пред платото на Владата со собир на активистите на ...

Брисел будно ја следи продажбата на ЕСМ

Дневник - 24.02.2006

ЕКСПЕРТСКИТЕ КРИТИКИ ГО ПРИВЛЕКОА ВНИМАНИЕТО Европската комисија будно ги следи приватизација на "ЕСМ дистрибуција" и подготовката на новиот закон за енергетика и наскоро ќе каже дали во предложениот закон има одредби што му гарантираат монополска положба на идниот газда.

Монополот на ЕСМ ќе се бетонира

Утрински - 24.02.2006

Продолжуваат забелешките на процесот и на моделот за продажба на ЕСМ †Дистрибуција" Со новите решенија, †Дистрибуција" ќе има ексклузивна лиценца Владата завчера и официјално го продолжи крајниот рок за доставување на понудите за купување на ЕСМ "Дистрибуција" за две недели, така што новиот термин ...

ЕСМ ќе се продаде во 24 часа!

Време - 24.02.2006

ВЛАДАТА ПОДГОТВУВА СЛОЖЕНА ОПЕРАЦИЈА Владата во само еден ден ќе ги оцени финансиските понуди и бизнис-плановите што до 15 март треба да ги поднесат потенцијалните купувачи на ЕСМ, ќе го прогласи новиот сопственик и со него ќе потпише купопродажниот договор! Ова е најновиот план на Министерството ...

Продажбата на ЕСМ се драматизира со уцени

А1 - 23.02.2006

Продажбата на ЕСМ почна да се драматизира во стилот на Ал Каеда. Извесни „Револуционерни сили“ пишуваат дека киднапирале двајца германски државјани маж и жена. „И даваме рок од 48 часа на Владата на Република Македонија да го повлече тендерот за продажба на ЕСМ, во спротивно, киднапираните ќе бидат ...

Нашиот план за продажбата за ЕСМ е подобар од вашиот- Бучковски против Мавровски

Канал5 - 23.02.2006

Владата не се откажува од продажбата на ЕСМ пред изборите, одговори премиерот Бучковски на пратеничко прашање од Спире Мавровски за моралот на владата - продажба во очи на избори. Владата не се откажува од продажбата на ЕСМ пред изборите, одговори премиерот Бучковски на пратеничко прашање од Спире ...

Пак протести во Скопје

Дневник - 23.02.2006

"ГЛАС ЗА СВЕТЛИНА" Граѓанското здружение "Глас за светлина" в понеделник повторно ќе организира протест пред Владата за да го изрази незадоволството од планираната приватизација на "ЕСМ дистрибуција", јави МИА. Генералниот секретар на Здружението Ромео Јосифовски вчера соопшти дека учесниците на ...

Владата со ЕСМ продава и монопол

Дневник - 23.02.2006

ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА ВО КОРИСТ НА ИДНИОТ ГАЗДА Владата со закон му гради монополска позиција на "ЕСМ дистрибуција", која ќе функционира и по продажбата на оваа компанија. Ова се потврдува и со тоа што при подготовката на предлог-законот за енергетика воопшто не било побарано мислење од Комисијата ...

За Јани Макрадули и Глас за светлина менаџерите во ЕСМ се неспособни

Вест - 23.02.2006

Граѓанското здружение "Глас за светлина" следниот понеделник повторно ќе организира протест пред Владата, за да го изрази незадоволството од планираната приватизација на ЕСМ дистрибуција. Протестантите ќе поминат и низ петте раскрсници што досега ги блокираа.

Протест пред Владата

Време - 23.02.2006

В ПОНЕДЕЛНИК Граѓанското здружение „Глас за светлина“ в понеделник повторно ќе организира протест пред Владата за да го изрази незадоволството од планираната приватизација на ЕСМ-Дистрибуција. Според Ромео Јосифовски, генерален секретар на здружението, граѓаните што ќе излезат да го изразат ...

"ЕСМ" нема да се продава?!

Капитал - 23.02.2006

"ЕСМ" нема да се продава?!Владата најверојатно ќе се откаже од продажбата на ЕСМ дистрибуција, дознава “Тотал” „Проблемот со непопишаните имотите, преговорите за купопродажниот договор и изјавите на високи владини функционери околу висината на цената што ќе ја платат компаниите за купување на „ЕСМ„ ...

В понеделник пак со блокади

Вечер Прес - 23.02.2006

Здружение "Глас за светлина" на 27 февруари повторно ќе организира протест пред Владата за да го изрази незадоволството од планираната приватизација на ЕСМ-дистрибуција. Генералниот секретар на здружението Ромео Јосифовски, на вчерашната прес-конференција информира дека учесниците на протестот ќе ...

Бетониран е монополот за идниот газда на ЕСМ

А1 - 22.02.2006

Бетониран е монополот за идниот газда на ЕСМ. Експертите за А1 објаснуваат, владиниот модел за продажба на дистрибуцијата нема да го либерализира, туку целосно ќе го затвори пазарот. „Сите мислат дека ние ја продаваме дистрибутивната мрежа.

Што крие опозициската декларација против продажбата за дистрибуција?“

Канал5 - 22.02.2006

Власта го подели ЕСМ на производство, пренос и дистрибуција и се одлучи за делот Дистрибуција, откако остро реагираа и домашните експерти и Светската банка производството да не се продава. И опозицијата и власта излегоа со стратегии за продажба на ЕСМ.

“Глас за светлина” повторно ќе протестира пред Владата

Канал5 - 22.02.2006

Граѓанското здружение “Глас за светлина” денеска соопшти дека на 27 февруари повторно ќе организира протест пред Владата за да го изрази незадоволството од планираната приватизација на ЕСМ дистрибуција. Скопје, 22 февруари (МИА) - Граѓанското здружение Глас за светлина” денеска соопшти дека ...

Владата не отстапува од продажба на ЕСМ „Дистрибуција“

Утрински - 22.02.2006

Властите го игнорираа барањето на опозициските партии да се стопира приватизацијата Министерот Бесими вели дека е избран добар модел за приватизација кој ветува сериозен инвеститор НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Владата не отстапува од продажбата на ЕСМ "Дистрибуција" и покрај тоа што опозицијата здружено ...

Штип не му ги дава своите трафостаници на ЕСМ

Време - 22.02.2006

БИДЕЈЌИ СЕ КУПЕНИ СО ПАРИ НА ОПШТИНАТА „ЕСМ-дистрибуција“ треба да плати најмалку 4,1 милиони евра за стотината трафостаници во штипскиот реон, градени во последниве 25 години со пари од урбанистичката такса и на градежни парцели во сопственост на општината, побара вчера Општинскиот комитет на ...

Владата ќе му гарантира монопол на газдата на ЕСМ

А1 - 21.02.2006

Новиот газда на ЕСМ доби неочекуван бонус од Владата. Со закон ќе му го гарантира монополот на целата територија на земјава. Ниедна друга фирма нема да смее да се занимава со дистрибуција на струја. Новиот Закон за енергетика е скроен. Вчера министрите консултирале експерти.

Водите не се за продажба

Време - 21.02.2006

ВМРО-НП ВМРО-НП побара итно запирање на продажбата на ЕСМ со критика дека Владата сака по секоја цена да ја продаде Дистрибуција. Партијата побара и да не се продаваат хидроцентралите, како и Владата да побара од менаџерите на ЕСМ да го решат проблемот со наплатата.

Опозицијата со Декларација бара стопирање на продажбата на ЕСМ

Утрински - 21.02.2006

Приватизацијата на ,,Дистрибуција" ги здружи опозициските партии Во мандатот на наредната Влада нема да има продажба на доминантен пакет-акции на ЕСМ ,,Дистрибуција", се вели во Декларацијата Триесетина опозициски партии вчера побараа Владата неодложно да ја стопира приватизацијата на ЕСМ ...

Декларација против продажбата на ЕСМ

Вест - 21.02.2006

Вчера лидерите и претставниците на 31 опозициона политичка партија потпишаа Декларација против приватизацијата на АД ЕСМ - дистрибуција, која ќе биде доставена до Владата и до сите релевантни меѓународни институции. Со неа се бара Владата итно и неодложно да ја стопира приватизацијата на АД ЕСМ - ...

Било доцна да се повлече тиражот на гласникот за ЕСМ

Време - 21.02.2006

И ДИСТРИБУЦИЈА СИ ДАДЕ ПРОЦЕНА КОЛКУ ВРЕДИ Информацијата во интерниот месечен гласник на ЕСМ-Дистрибуција дека за компанијата се очекуваат финансиски понуди до 150 милиони евра, предизвикал паника меѓу менаџерите, но тиражот не е повлечен од употреба.

„Транспарентност“: Не сме добиле никакви средства од ЕСМ

Утрински - 21.02.2006

Демант "Транспарентност Македонија" ги отфрла обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека, наводно, добила 40.000 евра од "Електростопанство" и дека тие пари се искористени за промовирање на ставовите на Владата во врска со приватизација на ЕСМ.

Транспарентност: Не сме добиле пари од ЕСМ

Време - 21.02.2006

НЕГИРАНИ НАВОДИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ Невладината организација „Транспарентност“ ги демантира обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека наводно добила 40.000 евра од Електростопанство и дека тие пари се искористени за промовирање на ставовите на Владата во врска со приватизација на ЕСМ.

Не сме добиле пари од ЕСМ!

Вечер Прес - 21.02.2006

Транспарентност Македонија не добила никакви средства од Електростопанство или од која било институција или орган во државата и не промовира ставови на Владата по ниту едно прашање. Ова е одговорот на Транспарентност Македонија на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека оваа НВО добила 40.000 евра од ...

И Груевски би го продавал ЕСМ, но само делумно

Вечер Прес - 21.02.2006

Триесетина опозициски партии вчера потпишаа Декларација со која бараат Владата да ја стопира приватизацијата на ЕСМ дистрибуција. Тие наедно се обврзаа дека ако опозицијата добие мандат на следните избори, нема да го продаде мнозинскиот пакет акции на компанијата.

ЕСМ вреди 150 милиони евра?

А1 - 20.02.2006

ЕСМ вреди 150 милиони евра, пишува во официјалниот весник на компанијата. Во екот на тендерот ваквата објава помати нечии сметки. Зошто, кој и како напишал дека ЕСМ треба да се продаде за толкава сума? Раководството на Дистрибуција инстинктивно соопшти дека не стои зад написот.

Опозицијата со декларација бара стопирање на продажбата на ЕСМ

А1 - 20.02.2006

Се засилува фронтот против продажбата на ЕСМ Дистрибуција. 30 партии од опозицијата побараа од Владата итно стопирање на продажбата. Потпишаа декларација со која се обврзуваат ЕСМ да не смее да се продава во наредните четири години.

Нема да се плаќа за уличното светло што го нема

Вест - 20.02.2006

ЕСМ ЌЕ ГИ ОСЛОБОДИ ГРАЃАНИТЕ ОД ТАКСАТА ЗА ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ Сите жители на Скопје каде нема улично осветлување ќе бидат изземени од плаќање на комуналната такса во сметката за струја, изјави портпаролот на ЕСМ, Ленче Карапузовска.

Понудите за "ЕСМ дистрибуција" ќе стигнат две недели подоцна

Дневник - 20.02.2006

СЕ ПРОЛОНГИРА ТЕНДЕРОТ ЗА ПРОДАЖБА НА "ЕСМ" Александар Димишковски Четирите компании кои се во трка за купување на "ЕСМ дистрибуција" бараат пролонгирање на рокот за доставување на понудите за две недели. Според информацијата објавена на интернет-страницата за приватизацијата на "ЕСМ" тие бараат ...

Понудите за ЕСМ на 15 март

Вест - 20.02.2006

РЊЕ, ЕНЕЛ, ЕВН И ЦЕЗ БАРААТ ВЛАДАТА ДА ГО ОДЛОЖИ КРАЈНИОТ РОК ЗА ПРОДАЖБА НА ДИСТРИБУЦИЈА Германската РЊЕ, италијанската ЕНЕЛ, австриската ЕВН и ЦЕЗ од Чешка бараат одложување на рокот за достава на финансиските понуди за ЕСМ дистрибуција за две недели, бидејќи до 1 март годинава немале доволно ...

Компаниите бараат пролонгирање на рокот за доставување на понудите

Утрински - 20.02.2006

Ќе има нов рок за понудите за ЕСМ „Дистрибуција" Компаниите што се во трка за купување на АД ЕСМ "Дистрибуција" бараат пролонгирање на рокот за доставување на понудите за две недели, односно наместо на 1 март, крајниот рок да биде 15 март.

Заврш(е)ни сметки

Дневник - 20.02.2006

Александар Димишковски Некоординираноста и недоследноста на Владата во изминативе десетина дена ги собори и ги надмина сите аргументи што до сега беа изнесени "за" и "против" продажбата на "ЕСМ дистрибуција". Од игрите околу цената, преку можноста да се урне тендерот, па до тајноста на ...

Директорите си го забранија гласникот на ЕСМ

Време - 20.02.2006

ПОРАДИ ТЕКСТ ЗА ПРОДАЖБАТА Паника кренале менаџерите во Електростопанство на Македонија (ЕСМ) во петокот, откако излегол гласникот ЕСМ, весник што го издава самата компанија. Тие наводно биле лути што без нивна согласност во весникот излегол текст со наслов дека за приватизацијата на акционерското ...

Одложувањето на тендерот- за опозицијата криминал, за власта ништо ново

Канал5 - 20.02.2006

Нарушувањето на тендерските рокови за ЕСМ со петнаесетте дена плус што им се дадоа на инвеститорите за доставување на понудите не било владино тактизирање и кроење на амбиент за повлекување од продажбата, туку редовна пракса на меѓународни тендери, е објаснувањето на министерот за економија Фатмир ...

Антикорупциската да направи ревизија на работењето на ЕСМ

Дневник - 20.02.2006

барање на ВМРО - ДПМНЕ Целите за продажбата на ЕСМ се коруптивни, лични и партиски и се обид да се покријат многубројните неправилности и незаконитости направени во ЕСМ од 2002 година до денес, особено од 1 септември 2005 година, рече претседателот на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, ...

Антикорупциската комисија да ја преиспита работата на ЕСМ

Време - 20.02.2006

ВМРО - ДПМНЕ Антикорупциската комисија и Државниот ревизор да ја преиспитаат работата на Електростопанство (ЕСМ) од 2002 година до денес, а Уставниот суд да се изјасни за иницијативата за поништување на законот за преобразба на ЕСМ, побара ВМРО-ДПМНЕ.

Владата да се откаже од продажба на ЕСМ

Вечер Прес - 20.02.2006

Претседателот на ДА, Васил Тупурковски, е загрижен од развојот на настаните во пресрет на парламентарните избори, за кои тврди дека се претвораат во "жестока борба за власт и манипулација со граѓаните". На вчерашната прес-конференција, тој апелираше до Владата да се откаже од продажбата на ЕСМ ...

Пролонгирање на рокот за уште две недели

Вечер Прес - 20.02.2006

Четирите компании - кандидати за купување на АД ЕСМ - Дистрибуција бараат пролонгирање на рокот за доставување на понудите за две недели. Така, наместо на 1-ви идниот месец, германската РВЕ, италијанската ЕНЕЛ, австриската ЕВН и чешката ЧЕЗ, бараат дополнителни уште 15 дена за да ги достават своите ...