TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ДПА е приватна партија на Тачи, обвини Махмути

Утрински - 07.04.2007

Кризата во владејачката ДПА се разгорува откако членот на партиското претседателство во оставка Бардиљ Махмути отворено го обвини раководство за неисполнување на предизборните ветувања и за „приватизација“ на партијата од страна на Мендух Тачи.

Киднапирање на дипломатски начин!

Вечер Прес - 07.04.2007

Пишува: Владимир ТУЛЕВСКИ На овој ден, сабота пред недела Велигден, веќе шеста година колумната ја започнувам со една и единствена по многу нешта доминантна вест, радосна вест за нашето спасение, успокоителна и широко духовно исполнителна: Христос воскресна! Големиот празник вечерва на полноќ ќе го ...

Груевски и официјално го предложи Арифхикмет Џемаили за нов министер за култура

Канал5 - 06.04.2007

Премиерот Груевски и официјално го предложи Арифхикмет Џемаили за нов министер за култура, по оставката на Илиријан Беќири. Премиерот Груевски и официјално го предложи Арифхикмет Џемаили за нов министер за култура, по оставката на Илиријан Беќири. Предлогот е веќе пристигнат во Парламентот.

Груевски ја дели Македонија

Утрински - 05.04.2007

Мислења Груевски мора да успее да ја подели Македонија со неговите одлуки да ги диференцира Македонците од Албанците ЕРМИРА МЕХМЕТИ Се случи и тоа: министерот за култура, под принуда на „неговиот шеф“, поднесе оставка поради одлуката да ја забрани претставата „Тито, сигурни дијаграми на копнежот“.

Ректорот Џемаили предложен за министер за култура

Дневник - 05.04.2007

Проректорот на тетовскиот универзитет Арифхикмет Џемаили е предложен за нов министер за култура , по оставката на неговиот сопартиец од ДПА Илиријан Беќири. Предлогот за нов министер Владата денеска ќе го достави до Собранието.

Тачи и Тачи ја спуштале топката во ДПА

Дневник - 04.04.2007

Повлекувањето на Бардуљ Махмути од ДПА било тема на вчерашната средба во Скопје на заменик-претседателот на ДПА Мендух Тачи и Хашим Тачи, претседателот на Демократска партија на Косово. Махмути беше член на првата влада на Хашим Тачи.

Има надеж за Македонија

Утрински - 04.04.2007

ЕДИТОРИЈАЛ ЕРОЛ РИЗАОВ Има надеж за Македонија. Се пројави критичната маса по која препекавме сите овие 15 транзициони години. Првпат демократската јавност во Македонија изврши силен притисок врз власта и изнуди оставка на министер.

Груевски- Не сум побарал забрана на претставата за Тито

Утрински - 04.04.2007

ВЕЛЕС - „Не сум побарал досегашниот министер за култура Илиријан Беќири да ја забрани претставата ’Тито, сигурни дијаграми на копнежот’. Напротив, откога ја видов информацијата дека се случило такво нешто, веднаш реагирав и многу набрзо повторно беше испратено писмо во кое се велеше дека забрана на ...

Средба Мендух Тачи - Хашим Тачи

Вечер Прес - 04.04.2007

Потпретседателот на ДПА Мендух Тачи вчера во хотелот "Александар палас" имаше куса средба со лидерот на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи. Од ДПА не откриваат детали. Велат дека размениле мислења на повеќе актуелни теми, а вчерашниот состанок доаѓа во континуитет на досегашните средби.

Јас не цензурирам

Вечер Прес - 04.04.2007

На новинарско прашање дали за оставката на министерот за култура Беќири дал наредба премиерот Груевски или Тачи премиерот рече дека ниту тој ниту пак Тачи го принудиле министерот да си даде неотповиклива оставка. - Неколку дена имавме контакт со раководството на ДПА и констатиравме дека за ...

Тетовскиот проректор Арифхикмет Џемаили ќе биде министер на култура- Груевски и Тачи се договорија

Канал5 - 03.04.2007

Арифхикмет Џемаили е предлогот на ДПА за нов министер за култура по оставката на Илиријан Бекири. Со понудата на Мендух Тачи - актуелниот проректор на тетовскиот универзитет да раководи со култура, се согласил и премиерот Груевски.

Груевски: Беќири ја призна одговорноста

Вест - 03.04.2007

ПРЕМИЕРОТ ЈА ПРИФАТИ ОСТАВКАТА НА МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА На вчерашниот брифинг во Владата на Македонија портпаролот Ивица Боцевски информираше дека премиерот Никола Груевски вчера и официјално ја добил и ја прифатил оставката на министерот за култура Илирјан Беќири.

Беќири само епизода од кавгата на Тачи со Махмути

Дневник - 03.04.2007

Чашата се прелеала кога Тачи во интервју за албанска телевизија изјавил дека лидерот Џафери нема достоен противкандидат, со што му укажал на Махмути каде му е местото Желбата на Бардуљ Махмути да биде претседател на ДПА предизвикала претконгресни партиски пресметки кои завршија со негово заминување ...

"Приклештен сум да поднесам оставка"

Вест - 03.04.2007

МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА ИЛИРЈАН БЕЌИРИ СО ДЕКЛАРАЦИЈА ДО ЈАВНОСТА По скандалот со забраната од Министерството на култура до националните институции за учество во претставата "Тито, сигурен дијаграм на копнежот", чија премиера се одржа во саботата, и по најавата за оставка, министерот за култура ...

Министерот Бекири поднесе оставка, вели бил принуден

Утрински - 03.04.2007

Груевски ја испитува одговорноста и на други функционери во Министерството за култура БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Министерот за култура, Илиријан Беќири, си поднесе оставка на функцијата по скандалот со забраната на театарската претстава „Тито“, чија премиера, сепак, се одржа викендов во Битола.

Оставка за мал земјотрес во ДПА

Утрински - 03.04.2007

ЕДИТОРИЈАЛ СОЊА КРАМАРСКА Нема дилема дека скандалозниот потег на министерот за култура, Илиријан Беќири, да се обиде да ја забрани театарската претстава „Тито, сигурни дијаграми на копнежот“ оправдано повлече црвен картон. Тоа беше логичен завршок на една избрзана и необмислена одлука што ...

Груевски ја прифати оставката на Беќири

Дневник - 03.04.2007

Министерот за култура Илиријан Беќири вчера поднесе оставка, а премиерот Никола Груевски ја прифати, како морален чин на одговорност на министерот , кој се обиде да го забрани изведувањето на претставата „Тито, сигурни дијаграми на копнежот“.

Министерот Беќири очекувано поднесе оставка

Време - 03.04.2007

ДРАМА ВО ОСТАВКАТА ПО ДРАМАТА СО ПРЕТСТАВАТА „ТИТО“ Јас, Илиријан Беќири, докажан како консеквентен застапник на демократските вредности и немилосрден одбивач на комунистичките „вредности“, приклештен сум да поднесам оставка од функцијата - министер за култура при Владата на Македонија.

Махмути долета од Швајцарија за да се сретне со Тачи

Време - 03.04.2007

ОТКАКО ЈА НАПУШТИ ПАРТИЈАТА Бардуљ Махмути, неформалниот челник на ДПА, кој завчера си поднесе оставка од партијата, вчера допатувал од Швајцарија во Македонија за да се сретне со Мендух Тачи, потпретседателот на партијата, дознаваме од партиски извори.

Оставката на Беќири не значи и реконструкција

Вечер Прес - 03.04.2007

ДПА набрзина се консолидира по оставката на Беќири и заминувањето од партијата на еден од доскорешните главни фронтмени Бардуљ Махмути Наскоро не треба да се очекува дополнителна реконструкција во владиниот кабинет, смета лидерот на НСДП Тито Петковски.

Илиријан Беќири поднесе оставка

А1 - 02.04.2007

Министерот за култура си поднесе оставка. Премиерот ја разгледал и веднаш ја прифатил. Оставката на Беќири е последица на скандалозната одлука да ја забрани претставата „Тито, сигурни дијаграми на копнежот“. Во оставката Беќири наведува дека е приклештен да поднесе оставка, но е докажан ...

Паѓа министерот за култура

Вест - 02.04.2007

ПО ОБИДОТ ЗА ЦЕНЗУРА ДПА вчера индиректно призна дека го менува министерот за култура Илирјан Беќири поради обидот да цензурира претстава ДПА е решена да го повлече министерот за култура Илирјан Беќири поради скандалот со забраната на претставата за Тито.

Министерот за култура си поднесе оставка

Канал5 - 02.04.2007

Илиријан Бекири поднесе оставка- отстапи од челната позиција во Министерството за култура по осуммесечна министерска кариера. Илиријан Бекири поднесе оставка- отстапи од челната позиција во Министерството за култура по осуммесечна министерска кариера.

Министерот за култура ќе биде сменет поради скандалот со „Тито“

Утрински - 02.04.2007

Во Владата потврдија дека премиерот Груевски и Тачи од ДПА веќе се консултирале за судбината на Бекири. Заминувањето од функцијата предизвика потреси во ДПА БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Министерот за култура, Илиријан Беќири, ќе биде сменет на првата наредна владина седница поради скандалот со забраната на ...

Маршалот изврши десант во ДПА

Дневник - 02.04.2007

Министерот за култура Илиријан Беќири денеска ќе поднесе оставка до премиерот Никола Груевски, како морален чин по одлуката со која ја забрани претставата „Тито, сигурни дијаграми на копнежот“ . Неофицијално дознаваме дека премиерот ќе ја прифати оставката.

Министерот за култура поднесе оставка – можни други разрешувања

Макфакс - 02.04.2007

Скопје Оставка од функцијата поднесе денеска министерот за култура Илиријан Беќири, а неофицијално, можни се други разрешувања во Министерството и во Владата. Оставката на Беќири доаѓа по случајот со попречувањето на изведбата на претставата “Тито, сигурни дијаграми на копнежот“.

Груевски ја прифати оставката на министерот Беќири

Макфакс - 02.04.2007

Скопје Македонскиот премиер Никола Груевски ја прифатил оставката на министерот за култура Илирјан Беќири, изјави денеска владиниот портпарол Ивица Боцевски. Тој прецизираше дека во наредните неколку денови, премиерот ќе се консултира со раководството на Демократската партија на Албанците (ДПА), за ...

Собранието ќе расправа за нов министер за култура

Макфакс - 02.04.2007

Скопје Македонското собрание денеска треба да се изјасни по Владиниот предлог за нов министер за култура да биде досегашниот проректор за настава на Државниот универзитет во Тетово Арифхикмет Џемаили. Џемаили, член на Демократската партија на Албанците (ДПА), треба да дојде на местото на ...

Арифхикмет Џемаили нов министер за култура

Макфакс - 02.04.2007

Скопје Нов министер за култура од денеска е Арифхикмет Џемаили од Демократската партија на Албанците (ДПА). Македонското Собрание со 63 гласа го поддржа владиниот предлог за нов министер за култура, откако минатата недела министерот Илирјан Беќири поднесе оставка по обидот да ја забрани претставата ...

Собраниска расправа за нов министер за култура

Макфакс - 02.04.2007

Скопје Македонското Собрание, претпладнево, расправа по владиниот предлог за нов министер за култура, откако досегашниот министер Илирјан Беќири поднесе оставка. Министерот Беќири оставката ја поднесе минатата недела по обидот да ја забрани претставата „Тито, сигурни дијаграми на копнежот“.