TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Градот и Центар повторно молчат за „Кермес“

Време - 15.04.2006

ПО УКАЗОТ ОД АНТИКОРУПЦИСКАТА Градоначалникот Трифун Костовски ќе чека Јавното обвинителство да се изјасни за случајот „Кермес“ и нема да го коментира ставот на антикорупциската комисија, која реши идната недела да побара кривично да се гонат Костовски и Виолета Аларова, градоначалничката на ...

За „Кермес“ се огласи „Гофи“ групацијата

А1 - 14.04.2006

Конечно во јавноста се огласи швајцарската фирма „Гофи“ груп, сопственик на „Кермес“ и на земјиштето околу старата скопска кафеана, фирма во која акции поседува и скопскиот градоначалник Трифун Костовски. „Гофи“ е испровоцирана од вчерашното барање на Антикорупциската за кривични пријави за ...

Кривично да се гонат Костовски и Аларова

Време - 14.04.2006

АНТИКОРУПЦИСКА ЗА „КЕРМЕС“ Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива до Јавното обвинителство кривично да се гонат Трифун Костовски, градоначалникот на Скопје, и Виолета Аларова, градоначалничката на општината Центар, затоа што, според комисијата, тие не ги извршиле службените должности и ги ...

Антикорупциска предлага казнено гонење на градоначалниците на Скопје и на Центар

Утрински - 14.04.2006

Државната комисија по петти пат расправаше за "случајот Кермес" Маневски потсети дека објектот чија некогашна површина изнесувала 160 квадратни метри ќе биде изграден на 3.000 квадрати Државната антикорупциска комисија по уривањето на "Кермес" најави дека ќе поднесе иницијатива до Јавното ...

Антикорупциска бара пријави за Костовски и Аларова поради „Кермес“

А1 - 13.04.2006

Кривична пријава за градоначалниците на Скопје и на Центар, Трифун Костовски и Виолета Аларова. Со уривањето на „Кермес“ и сечењето на дрвјата ги прекршиле законите, а личните интереси ги ставиле пред интересите на граѓаните. Затоа Антикорупциската бара казнено гонење на двајцата градоначалници.

Да не дозволиме да се крши законот за „Кермес“

Време - 13.04.2006

АНТИКОРУПЦИСКА Не можеме да дозволиме општината Центар и градската управа упорно да го кршат законот во врска со објектот на „Кермес“, рече вчера Михајло Маневски, претседател на антикорупциската комисија, откако беше урната старата зграда во Градскиот парк.

Случај Кермес: самоволие, личен интерес, вандализам – антикорупциската бара кривично гонење

Канал5 - 13.04.2006

Кривични пријави против скопскиот градоначалник Костовски и градоначалничката на центар Аларова – побара денеска антикорупциската комисија за случајот „Кермес“. Овој случај по петти пат се најде на дневен ред на Антикорупциската комисија – но поради игнорирањето на нивните препораки од Костовски, ...

Токарев: Уривањето на Кермес е вандалски чин

А1 - 12.04.2006

Вандализам - тоа се случи во градскиот парк, велат експертите. Не смеело ниту да се исечат дрвјата ниту, пак, да се урне старата скопска кафеана. Според професорот по заштита и ревитализација на културно историските објекти, Михаил Токарев, никаде во светот немало случај како Кермес, да се урне ...

Го снема стариот Кермес

Вест - 12.04.2006

ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ Барам да бидам амнестиран од какво било соучешништво во реализацијата на проектот ваков каков што е, изјави вчера градоначалникот Трифун Костовски по стартот на изградбата на новата кафеана Руините од некогашната градска кафеана Кермес во Градски парк во Скопје веќе ги ...

Булдожери го урнаа „Кермес“

Време - 12.04.2006

И ПОКРАЈ УКАЗИТЕ НА АНТИКОРУПЦИСКАТА Булдожери вчера ја урнаа старата зграда на „Кермес“ во Градскиот парк. Градилиштето на кое ќе се изгради новиот угостителски објект на „Кермес“, на три ката и поголем од досегашниот, го расчистуваа градежниците на „Илинден“.

„Кермес“ срамнет со земја

Утрински - 12.04.2006

Само за неколку часа уништени остатоците од некогаш култното скопско собиралиште Костовски: Во „Кермес“ е влезен приватен капитал. Времето ќе покаже дали објектот одговара на амбиентот и на потребите на граѓаните ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА Вчераутро беше решена судбината на стариот "Кермес".

Бизнисот пред законите, препораките, културата - градоначалникот го срамни стариот Кермес со земја

Канал5 - 12.04.2006

„Знаете ли што значи зборот Кермес? Кермес зачни забава во природа, оттаму името“, вели Бато. Со тажен тон и насолзени очи носталгичарот Бато ја започнува својата приказна за старо Скопје и неговото култно обележје кафеаната Кермес.

Збогум на стариот Кермес

Вечер Прес - 12.04.2006

Стариот објект на култната кафеана Кермес, во Градскиот парк, на чија локација треба да биде изграден нов угостителски објект, вчера беше урнат до темели. Според скопскиот градоначалник Трифун Костовски, кој е еден од сопствениците на Кермес, неодамнешниот апел на антикорупциската комисија, која ...

Костовски го урна Кермес

А1 - 11.04.2006

Стариот Кермес веќе го нема. Денеска го урна градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски. Ќе гради кафеана седум пати поголема од постоечката. Антикорупционерите го обвинија дека го користи Кермес за лични цели. Тој не порекнува; за него овој проект е бизнис во кој е влезен приватен капитал.

Костовски го урива Кермес - ќе гради нов, советниците и антикорупциска не го загрижуваат

Канал5 - 11.04.2006

Во Градскиот парк денеска почна уривањето на остатоците од објектот Кермес, на чие место треба да биде изграден нов поголем угостителски објект. Костовски не отстапува. Ќе го гради Кермес и покрај сериозните критики од антикорупциската комисија дека промените во проектот на Кермес се спротивни со ...

Мува на капата

Дневник - 10.04.2006

Доколку Трифун Костовски не се повлече сам, може да му се случи да биде натеран тоа да го стори: оние што го направија градоначалник (меѓу нив посебно Лигата за демократија и јас лично) нема да пропуштат да ја искористат можноста што ја дава новиот Изборен кодекс: да побараат тој - преку референдум ...