TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Георгиевски им честита на победниците

А1 - 15.09.2002

„33% од досега проверените резултати говорат за разликата од околу 80.000 гласови во корист на коалицијата „За Македонија Заедно““, рече сеуште актуелниот премиер на РМ, Љубчо Георгиевски на вечерашното обраќање до македонската јавност.

2:1 за коалиција „За Македонија заедно“

А1 - 15.09.2002

Неофицијално коалицијата „За Македонија заедно“ на овие парламентарни избори освои 62 пратенички мандата, ВМРО - ДПМНЕ и ЛП 31 пратеничко место, а ДУИ на Али Ахмети 13, ДПА 3 и 2 места за ПДП. „Очигледно е дека резултатите одат во наша корист, изјави Јани Макрадули, портпарол на коалиција „За ...

Георгиевски: „Победата веќе е јасна“

А1 - 13.09.2002

„Зошто главата горе? Затоа што направивме многу забележителни дела, направивме најголем број реформи - воведовме ДДВ, ги намаливме даноците, ја либерализиравме економијата“, изјави Љубчо Георгиевски на синоќешниот завршен митинг на владеачката коалиција ВМРО - ДПМНЕ и ЛП.

Георгиевски на татовци им вети подобри времиња за сертификатите

Утрински - 13.09.2002

Митинг на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП во Битола Гоце Каревски БИТОЛА - Премиерот Љупчо Георгиевски, кој е и носител на листата на кандидати за пратеници на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ - ЛП во Изборната единица 5, на завчерашниот митинг во Битола уште еднаш ја елаборираше аферата ТАТ и нејзиното праведно ...

Очекуваме Георгиевски прв да ни ја честита победата на изборите

Утрински - 12.09.2002

Портпаролите на коалицијата "За" го потсетуваат премиерот дека треба да има фер и демократски избори КАТИЦА ЧАНГОВА "Очекуваме Љупчо Георгиевски да биде првиот кој вечерта на 15 септември ќе се јави во нашиот Изборен штаб и ќе ни ја честита победата, со што ќе ја прифати и волјата на граѓаните.

Георгиевски: Охрид сега свети како центар на Балканот

Утрински - 12.09.2002

Митинг на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП во Охрид СИМОН ИЛИЕВСКИ ОХРИД - "Кога од Св. Стефан ќе погледнам кон Охрид нешто ме тера да се заљубувам во овој центар на духот и културата", рече Љупчо Георгиевски на митингот во Охрид на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП, што завчеравечер се одржа во Охрид.

Георгиевски: Изборната победа не смее да биде извалкана со ниту еден инцидент

Дневник - 11.09.2002

ВМРО-ДПМНЕ И ЛП ВО РАДОВИШ Повик до опозицијата и до меѓународните организации да се изјаснат за сето она за што сметаат дека треба уште да се направи, со цел на 15 септември да ги признаат резултатите Членовите и симпатизерите на партијата не смеат да направат ниту еден инцидент до 15 септември ...

Георгиевски: "СДСМ сака да ги придобие малограѓаните"

Дневник - 10.09.2002

ВМРО-ДПМНЕ И ЛП ВО СТРУМИЦА, ПРИЛЕП И ВО ГЕВГЕЛИЈА Со пласирање на малограѓанските обвинувања, целта на СДСМ е граѓаните на изборите да гласаат од завист и фрустрација, рече Љубчо Георгиевски Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, на прексиноќешниот митинг во Струмица ги обвини СДСМ и неговиот ...

Нова јавна изолација на Ахмети од ВМРО-ДПМНЕ и ЛП

А1 - 09.09.2002

Синоќешниот митинг во Струмица на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Либерана партија започна со јавна промоција на изјавата за политичка изолација на Али Ахмети, а носителите на лисит во сите изборни единици своерачно потпишаа изјава дека во идниот состав на парламентот нема да коалицираат со претставници ...