TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Русија е европски првак во кошарка

А1 - 16.09.2007

Кошаркарите на Русија освоија златен медал на Европското првенство во Шпанија, откако во вечерашното финале ја совладаа репрезентацијата на Шпанија со 60:59 (11:22, 20:12, 15:15 и 14:11). Најефикасен во руските редови беше Андреј Кириленко со 17 поени и 5 скокови, а кај Шпанците најрасположени беа ...

Кошарка: Русија и Шпанија во финалето

А1 - 15.09.2007

Репрезентациите на Шпанија и Русија ќе играат во финалето на Европското првенство во кошарка во Шпанија. Кошаркарите на Шпанија до финалето дојдоа со победата од 82:77 над Грција. Натпреварот на актуелниот светски и веќе поранешниот европски првак, беше извонредно напнат и возбудлив.

Хрватска и без победа во најдобриот октет

Дневник - 13.09.2007

Иако три пати се поразени во 2. круг, Пркачин е оптимист дека можат да победат во четврт-финалето Со четврт-финалните дуели, во кои Шпанија и Русија се фаворити на хартија против своите ривали, денеска почнува елиминациската фаза од Европското кошаркарско првенство во Шпанија.

Шпанските кошаркари чесно до четврт-финалето на ЕП

Утрински - 13.09.2007

Шпанија чесно го одигра последниот меч од втората фаза и го совлада Изреал со 99:73, со што и' овозможи на Хрватска влез меѓу осумте најдобри и покрај поразот од Русија од 70:83. Израелците се надеваа дека можат до сензација до средината на третата четвртина, кога Шпанија со серија од 10:0 стигна ...

Израел ја измачи Шпанија и ја уплаши Хрватска

Време - 13.09.2007

КОШАРКА Кошаркарската репрезентација на Израел по поразот од Шпанија (73-99) не успеа да избори пласман во четврт-финалето на Европското првенство (ЕП), но нивната добра игра долго ќе остане запаметена и во таборот на актуелниот светски шампион и кај целата спортска јавност во Хрватска.

ЕП: Шпанија, Русија, Грција и Хрватска во четврфиналето

А1 - 11.09.2007

Русија го завери пласманот во четвртфиналето со убедливиот триумф против Хрватска, со 83:70. На Хрватска пласман во четвртфиналето и обезбеди Шпанија која го совлада Израел. Најдобар во руската репрезентација беше Андреј Кириленко со 20 кошеви и 8 скокови, а кај Хрватите Давор Кус, кој постигна 17 ...

Шпанците и Русите се гледаат во финалето

Утрински - 11.09.2007

Домаќинот на ЕП и актуелниот светски првак Шпанија ја прекина серијата победи на Русија со убедливиот триумф од 89:69, а и двете репрезентации веќе се пласираа во четврт-финалето. Но како две најсилни репрезентации кои имаат по само еден пораз се гледаат како дел од финалето во недела.

Спанулис ги „скоцка“ Хрватите

Дневник - 11.09.2007

Со тројка од осум метри и со звукот на сирената, бекот на Хјустон и' донесе победа на Грција Грција ја совлада Хрватска со 81-78 со тројката на Василеос Спанулис од 8 метри во последната секунда од најдраматичниот натпревар завчера на Европското првенство за кошаркари во Шпанија.