TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Порече протестираше за пат

Вест - 29.11.2005

Поречанци вчера чукнаа на вратите на сите институции и компании од кои бараат да им изградат пат низ резерватот Јасен, со што ќе се поврзе Порече со Скопје. Патот што поречанци го користеа до 2003 година е потопен при полнењето на акумулацијата на хидроелектраната "Козјак".

Поради „Јасен“ Порече умира без пат

Време - 29.11.2005

ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА Мирче Котевски Не излажаа дека многу брзо ќе ни изградат нов пат, откако ни го потопија стариот, а веќе три години не оставија отсечени од светот, велат огорчено жители од поречкиот крај. Некои од нив вчера со протест пред Владата, Собранието и зградата на ЕСМ побараа државата ...

ЕСМ ќе им изгради пат на Поречани, но бара дозвола од Владата

Утрински - 29.11.2005

Стотина поречани вчера пред државните институции Поречани, кои протестираа вчера пред државните институции барајќи да им бидат прифатени барањата за покус пат до Скопје, останаа без конкретен одговор. Претставниците од поречкиот крај, кои се незадоволни поради тоа што до Скопје минуваат и 200 ...

Поречани добија ветување за пат

Дневник - 29.11.2005

ПО ПРОТЕСТНИОТ МАРШ НИЗ СКОПЈЕ Собранието на седница ќе дискутира за изградба на пат низ резерватот "Јасен", а Јавното претпријатие Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) е подготвено да го изгради. Тоа се ветувањата што Поречани ги добија по вчерашните протести пред ЕЛЕМ, Собранието и Владата.

Нова надеж за патот Скопје-Порече

Вечер Прес - 29.11.2005

Нова надеж за Поречани, е исходот од вчерашните протести на околу петстотини скопјани по потекло од Порече, кои бараа од Владата и од "Електрани" на Македонија да го доизградат патот од Скопје до Порече, кој беше прекинат со полнењето на акумулационото езеро "Козјак".

Поречани добија поддршка за патот низ Јасен

А1 - 28.11.2005

Протестот е успешен. Задоволни, поречани си отидоа откако од ЕСМ и Собранието добија поддршка патот до родниот крај да поминува низ резерватот Јасен. Претседателот на Парламентот им ветил дека спорниот пат ќе го ставел на дневен ред пред пратениците.

Владата ќе се соочи со протест на 20.000 Поречани

Време - 28.11.2005

ОД ЗДРУЖЕНИЕТО ПОРЕЧЕ НАЈАВИЈА Членовите на здружението „Порече“ најавија дека 20.000 Поречани денеска ќе одржат предупредувачки протест доколку Владата не прифати да се воспостави сообраќајна комуникација од Скопје кон Порече.

Поречје повторно на протест - државата да си го исполни долгот

Канал5 - 28.11.2005

Жителите на скопското село Поречје денеска повторно на протест со старото барање, државата да си го исполни долгот кон нив и да им направи пат до главниот град. Протестираа од ЕСМ, потоа пред Собранието, и на крај пред Владата.