TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Батлер ми ја зеде американската виза

Време - 24.07.2004

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ТВРДИ Лоренс Батлер, амбасадор на САД во Македонија, му ја одзел американската виза на Љубчо Георгиевски. „На овој чин на Батлер гледам како на континуитет на неговата политика да уништи се за што се бореше Република Македонија во кризата во 2001 година.

САД му ја одзеле визата на Георгиевски

Утрински - 24.07.2004

Екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ во немилост на Американците Амбасадата на САД во земјава му ја одзела американската виза на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски. Георгиевски вчера се обрати со соопштение до јавноста, во кое информираше за настанот и притоа го обвини американскиот амбасадор ...

Батлер му ја поништи визата на Љубчо

Дневник - 24.07.2004

Љубчо Георгиевски, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, вчера соопшти дека амбасадата на САД му ја одзела десетгодишната виза. Не наведувајќи ги причините за ваквата санкција, тој наведува дека овој чин се поклопува со настаните во Струга.

Одземена американската виза на Љубчо Георгиевски

А1 - 23.07.2004

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски денеска соопшти дека добил известување од Амбасадата на САД во Скопје дека му е одземена американската виза. „И покрај тоа што овој чин се поклопува со вчерашните настани во Струга, сметам дека г-динот Батлер со ова не ќе може да го прикрие ...

Никој не го кани Георгиевски на митингот

Утрински - 23.07.2004

Опозицијата се двоуми Опозицискиот блок партии предводен од ВМРО-ДПМНЕ и од "Третиот пат" на 26 јули, денот кога во Собранието треба да започне дебатата по пакетот-закони за децентрализацијата и територијалната организација на државата, во 10 часот ќе го блокираат парламентот во обид да ги спречат ...

Георгиевски се потпиша за референдум

Утрински - 23.07.2004

ИНИЦИЈАТИВА Скопје - Поранешниот македонски премиер Љупчо Георгиевски се потпиша на иницијативата на Светскиот македонски конгрес за распишување референдум во врска со територијалната организација на Македонија. Тој, засега, не добил официјална покана за митингот пред Собранието што го најави ...

Граѓаните треба да и кажат „не“ на Владата

Време - 23.07.2004

ГЕОРГИЕВСКИ И ГРУЕВСКИ НА ИСТА ЛИНИЈА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ Лидерите на двете спротивставени страни во ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Љубчо Георгиевски, вчера застанаа на иста линија за иницијативата за референдум против новата територијална поделба.

Георгиевски: Уште чекам покана за протестот пред Собранието

Вест - 23.07.2004

Пратеникот Љубчо Георгиевски вчера се потпиша на иницијативата за распишување референдум контра одлуката за децентрализацијата и територијалната поделба. Георгиевски рече дека се уште не добил покана за да учествува на протестниот митинг пред Собранието, а за ова вината ја фрла на актуелното ...

Груевски и Георгиевски се потпишаa за референдумот

А1 - 22.07.2004

За само неколку дена откако здружениот опозициски фронт ја поддржа иницијативата за референдум бројот на граѓаните кои се потпишале е зголемен за над 20.000, односно досега се собрани 80.000 потписи, сепак само половина од потребните.

Опозицијата подготвува земјотрес во Скопје

Дневник - 22.07.2004

НА 26 ЈУЛИ ЗАКАЖАН ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕТО против териториЈалната поделба На митингот ќе учествува и Љубчо Георгиевски, но неизвесно е дали ќе добие збор Опозициски партии, здруженија на граѓани, невладини организации, истакнати поединци и граѓани ќе организираат голем народен митинг на 26 јули, ...

Скопје ќе стане Дебар

Дневник - 22.07.2004

ЉУБЧО Георгиевски Ако се донесе законот за територијалната организација, уверен сум дека по неколку години Струга, Кичево, Гостивар, Куманово и Скопје ќе личат на денешниот Дебар, бидејќи дотогаш Али Ахмети етнички ќе ги исчисти тие места, рече Љубчо Георгиевски пред своите приврзаници во Битола.

И Љубчовистите дел од големиот митинг

А1 - 21.07.2004

И крилото на Љубчо Георгиевски ќе биде дел од големиот митинг, против територијалната поделба најавен за 26 јули, што ќе го организира обединетата опозиција. Митингот има за цел да го спречи почетокот на собраниската расправа за пакетот закони за децентрализација.

Георгиевски во Прилеп на разговори за децентрализацијата

А1 - 21.07.2004

Со цел консолидирање на состојбите и надминување на кризата во ВМРО-ДПМНЕ и разјаснување на состојбите околу владиниот предлог за новата територијална организација доцна попладнево во работна посета на Прилеп престојува Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Етнички ѕидови

Дневник - 21.07.2004

Со новата територијална поделба власта подига ѕидови во земјава поголеми и од тие во Израел. На охридскиот договор постојано се додаваат анекси на веќе затворени прашања, кои не произлегуваат од духот на договорот - рече поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: „Не сум правел никаков пазар со Ахмети во 2001 година“

А1 - 20.07.2004

„Она што сега се случува со Струга и Скопје, по 2008 ќе се случи и со Кичево и Куманово, со што ќе се оствари целта на Ахмети за етнички чисти територии. Не сум правел никаков пазар со Ахмети во 2001 година“, изјави Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: „Приоритет е спречување на донесувањето на овој закон“

А1 - 19.07.2004

Случајно или не вечерва во Струга се појави промоторот на идејата за размена на територија и население, Љубчо Георгиевски. Сега не е време за консолидирање на ВМРО-ДПМНЕ, вели тој, туку за организирање на отпор. „Во овој момент ние сакаме консолидација нашите редови, но овој момент најмалку бркаме ...

Георгиевски ја почна последната битка за спас на ВМРО-ДПМНЕ

Дневник - 19.07.2004

СЕДНИЦА НА ЉУБЧОВИСТИТЕ Приврзаниците на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, вчера одржаа конститутивна седница на Централниот комитет на која е најавено дека ќе ја бијат последната битка за спас на партијата. На седницата се расправало и за организирање отпор против владиниот ...

Георгиевски ќе го предводи митингот на опозицијата на 25 јули во Скопје

Утрински - 19.07.2004

Партијата во формирање, ВМРО-Народна, вчера во Скопје одржа конститутивна седница на Централниот комитет Ова ќе биде најсилната порака, зашто блокадите и свирежите, иако се корисни, ја раситнуваат силата на опозицијата, изјави Георгиевски Гордана Дувњак Екс-премиерот Љупчо Георгиевски ќе го ...