TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

"Немате друга работа, па сте запнале за мојата зграда"

Вечер Прес - 19.03.2005

"Ова што го пишувате вие, не е ништо точно. Ви го кажале комшиите од љубомора. Јас си градам според дозволата, која ми е дадена и според тоа што е таму во проектот, разбираш. Во потполна грешка се и информациите од Министерството за транспорт и врски, кои ви рекле дека немам никакви документи.

Хрватски "Агрокор" го купува "Дијамант"?

Вечер Прес - 19.03.2005

Хрватски "Агрокор" ја купува фабриката за масло "Дијамант" од Зрењанин - велат во прехранбениот гигант од Банат. Имено, хрватскиот тајкун Ивица Тодориќ, сопственик на "Агрокор", кој неодамна стана сопственик и на белградски "Фриком", има намера да го купи најголемиот српски производител на масло за ...

"Транзиционите лидери" на Руфи Османи

Вечер Прес - 19.03.2005

По подолго отсуство, барем во македонските медиуми, жртвеното политичко јагне на двојката Џафери-Тачи од Демократската партија на Албанците, прексиноќа имавме можност да го видиме на малите екрани во емисијата "Светла точка" на ТВ Сител.

За читателите "Кукла..." со потпис

Вечер Прес - 19.03.2005

Авторката Оливера Николова, која за својот роман "Куклата на Росица" ја понесе годишната наградата на "Утрински весник" за 2004 година, вчера, точно напладне, во просториите на издавачот "Култура", се потпишуваше на секое нејзино купено дело.

"Мизар" на свирка во Велес

Вечер Прес - 19.03.2005

Култниот бенд "Мизар" вечерва ќе се претстави пред велешката публика, а местото на случување на живата свирка е клубот "БАБА". Почетокот на настапот е закажан за 23 часот, а цената на влезниците, чиј број е ограничен, а можат да се набават во клубот изнесува 150.00 ...

"Студентите" го стресоа лидерот

Вечер Прес - 18.03.2005

Последната трка од првата фаза во долгиот кошаркарски маратон донесе најмногу возбудувања, резултатски. Лидерот на табелата Вардар Осигурување се спаси од пораз во својот дом. Упорните гости од Струга постојано му "дуваа во уво" на домаќинот, а на 22 секунди до крајот ја режираа и резултатската ...

Уапсени двајца "должници" на КПУ Идризово

Вечер Прес - 18.03.2005

Завчера во Тетово се уапсени С.М. (28) и А.А. (51). По нив трагаше полицијата по распишани потерници од судот заради издржување казна затвор. Уапсените уште истиот ден со службено возило се спроведени во затворот во Скопје. Според МВР, С.М.

Омилената растителна "птица"

Вечер Прес - 18.03.2005

Со малку фантазија во необичната архитектура на цветот на стрелицијата навистина може да се препознае "птица" со долг зелен "клун" и портокалова “кикиришка". Цветот е толку убав и толку вонземски што воопшто не е за чудење што го нарекуваат рајски.

"Градска" и "Ортопедија" се селат во Воена болница?

Вечер Прес - 18.03.2005

Преселба на Градската хируршка болница и Клиниката за ортопедија во Воената болница, а пренамена на сегашниот објект на "Св.Наум Охридски" во центарот на Скопје за други потреби на јавното здравство. Судбината на депандансот на Ортопедија во населбата Јане Сандански, што би се ослободил со ваквата ...

Бојчевски го "стокмил" Поповски

Вечер Прес - 18.03.2005

Со завршните зборови на застапникот на обвинението и одбраната во Основниот суд Скопје 1 е затворен случајот против поранешниот државен секретар во Министерството за одбрана, Љубомир Поповски. По час и половина излагање на двете страни, Судот ослучи пресудата да ја соопшти во вторник.

Славиша со спот за "Љубовни акорди"

Вечер Прес - 18.03.2005

Славиша Киброски со екипата на неговата продукција К&К, го завршува снимањето на видеозаписот "Љубовни акорди", песната што ја испеа на интернационалниот фестивал "Еврофест 2004". Интересно е тоа што во самиот спот ќе има доста ефекти кои досега аудиовидео студиото К&К ќе ги употреби првпат.

Борјан и Амернис "го тријат" тавчето!?

Вечер Прес - 18.03.2005

Популарниот водител на Евро-зум кој се докажа и како успешен портпарол на Претседателот на Р. Македонија, Борјан Јовановски, реши да ја официјализира својата врска со секси-актерката Амернис Нокшиќи. Тие двајца се запознаа пред три години и оттогаш патиштата не им се разделија.

"Далерон јуниор" со поминат рок - фрлен во контејнер

Вечер Прес - 18.03.2005

Во контејнер за ѓубре, во центарот на Охрид, вчера се фрлени поголеми количества од лекот "далерон јуниор" со поминат рок. Кутиите со препаратот на словенечка "Крка", во контејнерот непосредно до амбулантата "Маларична", ги фрлило женско лице кое ги извадило од син "форд фокус" со скопска ...

"Петсто ливчиња за петсто евра"

Вечер Прес - 17.03.2005

Две лица од албанска националност на денот на изборите, во 17 часот, дошле во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и им понудиле да продадат 500 гласачки ливчиња по цена од едно евро по ливче. За дополнителна сума двајцата се понудиле пополнетите ливчиња да ги стават во гласачките кутии.

Најчитани "Кодот на Да Винчи" и "Хари Потер"

Вечер Прес - 17.03.2005

Во светското испитување за најпродавани книги, со мали локални варијации, "Хари Потер" и "Кодот на Да Винчи" се најчитани во Западна Европа, Северна Америка и Јапонија. Писателката Бони Грир, во интервју за Би Би Си, вели дека е очајна и оти фактот дека на сите листи, освен на јапонската, воопшто ...

САД преплавени со "калашникови"!?

Вечер Прес - 17.03.2005

Во САД неодамна се уапсени и обвинети 18 лица за препродавање руско оружје со кое го преплавиле американскиот пазар. Меѓу уапсените има граѓани на Русија, Ерменија, Грузија и други земји од Источна Европа. Нивни водач е Ерменецот Артур Соломонјан.

"Жив чоек" стави клуч на "Славија 2005"

Вечер Прес - 17.03.2005

Драмски театар Скопје вчера настапи на четвртиот Меѓународен театарски фестивал "Славија 2005" во Белград, со претставата "Жив чоек" од Горан Стефановски, во режија на Дејан Дамјановски. Во претставата учествуваат актерите: Ирена Ристиќ, Милица Стојанова, Бранко Ѓорчев, Билјана Беличанец-Алексиќ, ...

Благица и "Елита" на македонски, Драган Вучиќ на грчки

Вечер Прес - 17.03.2005

Во битолската Издавачка куќа "Сенатор" се работи на издавање на нов албум со Благица Павловска. И, групата "Елита" по подолга пауза размислува за ново цеде, и постојат реални шанси тоа да се случи во догледно време. Драган Вучиќ ќе снима албум со нови грчки песни, со намера тој да се дистрибуира за ...

Фантомска дивоградба на "само" шест ката

Вечер Прес - 17.03.2005

"Во нашата држава секој може да прави што сака. Ако во центарот на градот некој започне да гради огромен објект без градежна дозвола, а притоа никој да не може да го стопира, тогаш е вистина дека урбаната мафија е насекаде околу нас", беше реакцијата на еден читател, кој се јави на нашиот дежурен ...

"Црна листа" на фирми со матни зделки

Вечер Прес - 17.03.2005

Воспоставување стриктни антикорупциски заштити при склучување договори за јавни работи, вградување заштитни принципи внатре во работата на компаниите, транспарентност во тендерската постапка, како и вршење ревизија врз поголемите јавни набавки од страна на независни ревизори, се само дел од ...

Мартина ќе снима спот за "Оган и лед"

Вечер Прес - 16.03.2005

Истоимената насловна тема од деби-албумот "Оган и лед" на младата Мартина, веројатно, наскоро ќе биде збогатена и со спот. Подготовките за албумот на кој ќе има 18 песни, 9 нови и исто толку стари, се во завршна фаза и тој деновиве треба да почне да се печати во австриската филијала на "Сони".

Бекам си направи музеј на "Вембли"

Вечер Прес - 16.03.2005

Дејвид Бекам ќе си отвори сопствен музеј на новоизградениот стадион "Вембли". "Плејмејкерот" на Реал (М) изнајми сопствена ложа за 10 години. Задоволството ќе го чини 4 милиони долари. Тој ќе користи суперлуксузна застаклена ложа, што ќе прима 20 гледачи, за да ги изложи предметите и фотографиите, ...

"Санос" со несекојдневен оглас?!

Вечер Прес - 16.03.2005

Во денешно време кога голем број граѓани седат дома како резултат на секојдневни отпуштања и прогласувања на технолошки вишоци, огласот што деновиве може да се прочита во пишаните медиуми, предизвика навистина огромен интерес.

Стевче Грозданов ја промовира "Lost love"

Вечер Прес - 16.03.2005

Стевче Грозданов, член на некогашното дуо "Коктел", од завчера во македонскиот етер е застапен со инструменталната тема "Lost love". Попрецизно, ова е втора негова соло инструменталка, по "Лешочки манастир". Интересно што "Lost love" ја посветува на познатиот радио- водител и новинар Драган Б.

До крајот на неделава ќе се потпише договорот со "Цетис"

Вечер Прес - 16.03.2005

Купопродажниот договор за Печатницата на ликвидираниот НИП "Нова Македонија"со словенечки "Цетис" треба да се потпише до крајот на неделава. Како што дознаваме, сите пречки што во изминатите четири месеци го одложуваа склучувањето на оваа зделка вредна 2,6 милиони евра се надминати.

Зимската гардероба на "ликвидација"

Вечер Прес - 15.03.2005

Излозите на речиси сите бутици за облека и обувки низ градот деновиве се преплавени со известувања за намалување на цените. Тие се снижени најчесто за 20, 30, па и 50 отсто, а намалена е претежно зимската гардероба, иако во таа палета производи можат да се најдат и одделни парчиња од пролетна ...

Ограбена менувачницата "НН"

Вечер Прес - 15.03.2005

Завчераноќ двајца малолетници откако претходно го исклучиле алармот ја ограбија менувачницата "НН" лоцирана во строгиот центар на Скопје, во преминот меѓу ресторанот "Дал мет фу" и продавницата "Орка спорт". Провалниците дури имале време и да пијат кафе, што, впрочем, го потврдуваат и најдените ...

"ЕГЗИТ 05"

Вечер Прес - 15.03.2005

Традиционалниот фестивал "Егзит 05" и оваа година од 7 до 10 јули ќе се одржи на Петроварадинската тврдина. Свој настап на тврдината до сега го потврдиле "Фетбој Слим", Апокалиптика и Андерворлд". Цената на влезниците за комплет следење на Егзит чини 2.

"Мики Маус девојчето" станува кралица на скандалите

Вечер Прес - 15.03.2005

Во Америка но и во светото, копјата на публиката се кршат околу двете поп принцези Бритни Спирс и Кристина Агилера. Двете се тркаат која попрво ќе направи скандал, ќе ги преплави медиумите со своите синглови, спотови, но и глупости. И двете имале сличен почеток во светот на славните.

Супер Пипо ја "напаѓа" Соња Кински

Вечер Прес - 15.03.2005

Центарфорот на Милан, Филипо Инзаги (31), кој долго отсуствуваше од првиот тим и е далеку од формата од изминатите години, поради зачесетените повреди, на Апенинскиот Полуостров отсекогаш бил познат како голем заводник и пасиониран љубител на убави жени.

"Фауст" во хеви-метал издание

Вечер Прес - 15.03.2005

Премиерата на "Фауст- метал опера", која го претставува досега неостварениот спој на хеви метал музиката и опера, со громогласен аплауз е пречекана деновиве во Норвешка. Меѓутоа, некои оперски критичари, поради невообичаениот спој на музиката, сметаат дека авторите на операта, како и Фауст, ја ...

Големите "кристални глобуси" за Милер и Персон

Вечер Прес - 14.03.2005

Во една од најдраматичните завршници во историјата на Светскиот Куп, вчера во швајцарскиот ски-центар на патеката Ленцерхајде, беше означен крајот на годинешната скијачка сезона. Особено возбудливо беше во втората велесаломска трка, во која се решаваше кој ќе го освои Големиот кристален глобус кај ...

Освен информации, ќе "паѓаат" и стипендии

Вечер Прес - 14.03.2005

Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во април ќе организира саем за високо образование во Скопје. Идејата се наметна како потреба средношколците да се запознаат со богатата понуда на најстариот државен Универзитет и тоа преку информативни пакети што за време на манифестацијата ќе ги нудат ...

Покажете интерес, но не "убивајте се" од работа

Вечер Прес - 14.03.2005

На работа не секогаш цветаат ружи, тоа сите многу добро го знаеме. Проблеми секогаш има. Сепак, некои проблеми се помали, а некои поголеми и некогаш навистина е тешко да се решите што би било најдобро да направите. Колку далеку треба да се оди за да се добие работата на вашите соништа (или барем ...

"Халдол" за глава , "халдол" за уво, "халдол" за растројство

Вечер Прес - 14.03.2005

Го реформираме менталното здравје, отвораме дневни центри, а пациентите со најтешки психијатриски дијагнози и натаму се држат под контрола со застарена терапија, која не само што е токсична, туку предизвикува и медикаментозен паркинс, како нова пречка за посакуваната нивна ресоцијализација.

"Ел паис" ќе го купи "Л' Монд" ?

Вечер Прес - 14.03.2005

Еден од најтиражните француски дневни весници, лево ориентираниот "Л' Монд" основан во 1945, се соочува со проблеми, како и другите печатени медиуми. Со паѓањето на тиражот, кон крајот на минатата година "Л' Монд" беше принуден да отпушти одреден број новинари.

Реформи или "шлепување"

Вечер Прес - 14.03.2005

Оптимистички предвидената варијанта за позитивен одговор од Европската комисија на нашиот прашалник ќе мора да биде соочена со секојдневните укажувања од меѓународните фактори за најголемите пречки за полноправно членство во ЕУ.